ФОТО: Еве како поминуваат предавниците на Македонија

поминуваат640

Повеќе пратеници на СДСМ се повредени откако демонстранти упаднаа во Собранието и физички ги нападнаа откако СДСМ и албанските партии преку државен удар се обидоа да воспостават контрола врз Собранието и на сила да ја спроведат Тиранската платформа.

pominuva

sekerinska

zaev-1

Заев против народот со огнено оружје

повред-1

Обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев извадило огнено оружје при немирите во Собранието кои следуваа денеска по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.

Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти.

По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ.

Во Собранието освен пратениците се присутни и новинарски екипи.

Закон за јазиците ќе има: Заев не се откажа од двојазичноста и Тиранската платформа на Еди Рама

Zaev-pres-vo-Sobranie

Откако прво од собраниската говорница денеска повика на пуч и на избор на нелегитимен претседател на Собранието на Република Македонија, надвор од собранискиот деловник и процедура, спротивно на Уставот, веднаш потоа лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди дека не се откажува од двојазичноста и најави закон за јазици.

-Точно е дека ќе има закон со кој ќе се унапреди употребата на јазиците на албанската етничка заедница и на другите етнички заедници – рече Заев на прес-конференција во Собранието и додаде дека тоа ќе било во согласност со практичната потреба на граѓаните Албанци.

Во првата точка од платформата од Тирана, која Заев ја прифати, се бара македонскиот јазик да не биде единствен официјален јазик во Република Македонија и се бара целосна јазична еднаквост на целата територија на Македонија, односно Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија.

– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија – стои во првата точка од тиранската палтформа.

Димовски до Заев: Одземање на правото на говор на пратеник значи одземање на право на говор на народ кој гласал

Ilija-Dimovski-Sobranie

Член 85 од Деловникот на Собранието на РМ во својот став 1 вели – Претседателот на Собранието се грижи говорникот да не биде прекинуван или со друга постапка да не биде ограничуван во слободата на говорот, истакна пратеникот Илија Димовски на денешната конститутивна седница.

-Господине Заев, се обидовте со убави зборови да упатите многу закани од ова Собрание. Јас сакам искрено да ве замолам да не се обидувате да го одземете основното право на пратениците на говор. Знаете зошто? Заради тоа што одземање на правото на говор на пратеник, значи одземање на право на говор на народ кој гласал – прва работа. Втора работа, да ве замолам многу искрено и многу човечки да не се обидувате да направите државен удар. Ве замолувам искрено, да не мислите дека избор на претседател на Собрание, надвор од процедурите, надвор од оваа сала, надвор од оваа зграда, ќе е нешто што ќе направи добро за Македонија. Ве замолувам да разберете дека нити тој претседател ќе биде аирлија претседател, нити таа влада ќе биде аирлија влада, заради тоа што на таков начин ќе ја дотолчите и ќе ја дотерате до крај поделеноста којашто и ден-денеска, за жал, е на високо ниво во Македонија – подвлече Димовски.

Можам да разберам, рече Димовски обраќајќи му се на Заев, дека сте под притисок на многу луѓе коишто се надеваат на функции и на позиции, но вие ја носите одговорноста.

-Затоа што ако пратениците не зборат, не дај боже, ќе дојде време народ да зборува, а тоа не е добро ни за вас, ни за нас, ни за некој друг. Тоа ќе направи најголема штета за Република Македонија – потенцираше Димовски.

Милошоски до Заев: Кога се јавивте за збор, мислевме ќе ја отфрлите Тиранската платформа

Antonio-Milososki-Sobranie

Во Република Македoнија 60 дена имаме маса народ што протестира и е незадоволен. Во Република Македонија имаме една многу поларизирана ситуација најмалку што треба да се направи е како било чекор надвор од Деловникот и надвор од законите, потенцираше пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница.

-Кога господинот Заев првпат побара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат нивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана – нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

– Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи, немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и неостварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата – додаде Милошоски.

На крајот тој рече дека пратенците кога говорат во Собранието, говорат во името на своите гласачи, замолчување пратеник да го оствари своето право на говор значи замолчување на народот.

Ѓорчев до СДСМ: Народот вика НЕ за платформата, имате 500.000 народ на улица!

Vlatko-Gjorcev-Sobranie

Со оваа платформа која што ја приредивте на Р. Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ. Македонскиот народ со сооднос 3: 1 и повеќе од тоа и вика „НЕ“ на оваа влада и оваа платформа. Оваа влада уште не избрана има ситуација каде што 500.000 луѓе се на улица, кои што ротираат секој ден.

Со овие зборови денеска пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ им се обрати во собранието на пратениците од СДСМ.

Ѓорчев запраша од кои причини конститутивната седница трае толку долго, кога досега тоа не било случај.

-Затоа што во 2006 година ние ве победивме, 45 пратеници со 33. Сега имате пораз кој што е 51 наспроти 49. Имате пораз кај македонскиот народ од 100.000 разлика . Имате пораз кај турската етничка заедница, кај српската етничка заедница, пораз кај бошњачката етничка заедница, кај влашката и ромската заедница. А со оваа платформа која што ја приредивте на Р.Македонија имате масовно незадоволство на македонскиот народ . Македонскиот народ со сооднос 3: 1, и повеќе и вика „НЕ“ на оваа влада, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека се наоѓаме во важни денови и моменти за македонската државност и додаде дека од настаните кои претходеа и настаните кои што следат ќе зависи иднината на Р. Македонија.

-Може и надвор од сите правила да изберете претседател на Собрание, па една запирка од платформата кога нема да реализирате, ќе нема кој да свика седница на Собрание . Македонија нема да има Собрание, рече Ѓорчев.

Патриотските здруженија со порака до Заев: Нека не ве лаже ѓаволот да преземете некои мерки контра Македонија и нејзинот народ

Patriotski-zdruzenija

Испровоцирани од обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој од собраниската говорница порача дека со албанските партии ќе избереле претседател на Собранието во друга сала, а ако требало и на скалите на Собрание, патриотските здруженија му порачааа да не ги лаже ѓаволот да преземат некои мерки контра Македонија и нејзинот народ.

Македонските патриотски здруженија повторно го повикаа народот да излезе уште помасовно на протестите со цел да ја спаси својата држава од влегување во сценарио од кое нема враќање назад.

Од М.П.З. Славчо Абазов велат дека застануваат зад унитарноста на независна Македонија и дека никаква Тиранска платформа не прифаќаат

Македонското патриотско здружение, Славчо Абазов, Кочани, застанува зад унитарноста на независна Македонија, никаква Тиранска платформа не прифаќаме, која е наметната од туѓа држава и никако промена на државните симболи, спремни сме да застанаме на браникот на државата и да ја браниме со сите расположливи средства, пишува во нивниот Фејсбук статус.

 

Од патриотското здружение од Прилеп, Пере Тошев, велат дека многу пати биле навредувани и омаловажувани од структури на општеството кој што и мислат лошо на Македонија а во последниве денови најголема навреда за Македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“, за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција чии што траги од нивните активности се видливи и ден денес во секој град на Република Македонија, се вели во нивниот статус.

patriot-1

Фејсбук статус на М.П.З. Пере Тошев од Прилеп

Почитувани пријатели Македонци и Македонки !!!

Протестираме веќе два месеци со поддршка „За заедничка Македонија“. Многу пати сме биле навредувани и омаловажувани од некои структури на општеството кој што и мислат лошо на Македонија а во последниве денови најголема навреда за Македонштината е формирањето на Здружението „Легија на честа“, за да биде појасно ова здружение нема патриотски мотиви туку е составено од членови на т.е. Шарена револуција чии што траги од нивните активности се видливи и ден денес во секој град на Република Македонија. Ние како Македонско Патриотско Здружение Пере Тошев и како дел од Македонскиот Национален Фронт во Република Македонија, нема да дозволиме да се повторуваат сликите од пред неколку години со фрлање на боја по државни институции, фарбање на споменици на дејците кои што оставиле трага во Македонската историја. Сега ни треба обединување на Македонците за зачувување на унитарноста на државата, обединување за отфрлање на наметнатата Тиранска платформа, а не фарбање на очи.

patriot-2

Ние сме спремни и делуваме, нека не ги лаже ѓаволот да преземат некои мерки контра Македонија и нејзинот народ.

Ќе се одговори жестоко без пардон бидејќи на луѓето им е дојдено преку глава.

Да живее Република Македонија !!!

МПЗ „Тодор Александров“ вчера го повика целиот македонски народ да се приклучи на протестите „За заедничка Македонија”, да се отфрли Тиранската платформа и да се создаде агенда и платфрма за семакедонско обединување за заштита на Република Македонија и македонските национални интереси.

patriot-5

patriot-4

patriot-03

Заев се закани од Собранието: Ќе се избере спикер овде или во МАНУ

Zaev-Sobranie

Претседателот на , од собраниската говорница најави прес-конференција во Собранието на која ќе одговори на сите прашања, откако рече дека одлуката за избор за претседател на Собранието ќе се случи наскоро.

– Претседател на Собранието ќе биде избран во оваа сала, во друга сала, на скалите, во амфитеатар на Правниот факултет, во МАНУ – рече Заев во неговото излагање на говорницата, од каде што го повика преседавачот на седницата Трајко Вељаноски да не ги крши Деловникот, законите и Уставот на РМ и да дозволи продолжување на седницата и по 18 часот, да одзема право на збор во согласност со Деловникот доколку некој ја крши процедурата и да дозволи со пратенички потписи да се смени дневниот ред на седницата, односно со гласање да се дозволи да се премине на точката избор на претседател на Собранието.

Повик до пратениците од СДСМ: Ајде на избори, да видите што мисли народот за вашата Тиранска платформа! (ФОТО)

pred-8

Преку излепени плакати, граѓаните ги повикуваат пратениците на СДСМ да излезат на избори и да видат што мисли народот за нивната Тиранска платформа.

Преку прифаќањето на антимакедонската Тиранска платформа, пратениците на СДСМ директно одат против македонските државни интереси и директно учествуваат во тргувањето со македонското нацинално тквио, поддржувајќи платформа направена во туѓа држава, за туѓи интереси која според експертската јавност директно го нарушува унитарниот карактер, независноста и сувереноста на Македонија.

pred

pred-1

pred-2

pred-3 pred-4

pred-5

pred-6

pred-7

„За Заедничка Македонија“ со предупредување до Заев: Не ни помислувај да одиш против народот!

Protest-Za-zaednicka-Makedonija-2

Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ упати директна порака до лидерот на СДСМ, аболицираниот криминалец и заштитник на Тиранската платформа, Зоран Заев.

„Заев, директно до тебе:

Не ни помислувај да одиш против народот. Не ни помислувај да одиш против Деловникот и Уставот.

А ако помислиш, ако помислиш да одиш против најголемите граѓански протести во историјата на Македонија… народот ќе зборува. Многу погласно отколку досега. Бидејќи народот е газда во сопствената држава.

Па, повели, пробај.“