ПО НАЛОГ НА ЗАЕВ И СДСМ: Политичките нарачки за Катица Јанева се поважни од сè

Katica-Janeva-Skandalozna-izjava

Со секој чекор кој Специјалното јавно обвинителство го презема, само ја потврдува политичката позадина на постапките. А непрофесионалноста на нивното работење повторно доаѓа до израз, со оглед на тоа што во денешното соопштение заборавиле, или намерно изоставиле да одговорат на многу значајни прашања. Со тоа само потврдуваат дека политичките нарачки за Катица Јанева се поважни од сè.

Дали имало потреба од блиндирано возило или не?

Дали постапката за набавка на блиндираното возило е согласно закон или не ?

Дали е испорачано тоа што е договорено и исплатено од страна на Министерството за внатрешни работи или не?

Дали некој се стекнал со противправна имотна корист и колкава е истата?

Сите овие прашање се елементи кои би можеле да укажат на евентуално постоење на кривично дело, се разбира доколку истото е сторено.

Одговорите на сите овие прашања ги нема во денешното соопштение на Катица Јанева. Ги нема затоа што станува збор за политичка нарачка чија основна цел е да се дефокусира јавноста од скандалозната аболиција на Заев.

Тоа што нарачателите на политичките истраги на Катица Јанева сакаат да го сокријат е дека државата и безбедносните служби не располагаа со соодветни возила за обезбедување на неопходниот степен на заштита на ВИП личности кои доаѓаат во земјава. СДСМ остави хаос во сите области, па така и во оваа.

Единствено што остана во колективната меморија е атентатот врз Претседателот Глигоров кој, спротивно на сите безбедносни стандарди се превезуваше во незаштитено возило, добиено на подарок од лица со дебели конекции во подземјето.

Безбедносните процедури и стандарди кои се применуваат во Европа и светот налагаат размена на информации и сознанија во однос на заканите, но и мерките кои треба да се преземат за обезбедување на ВИП личностите. Тоа значи дека за одредена личност, службите кои се домаќини треба да одговорат на барањата и да обезбедат соодветна заштита.

Пред набавката на блиндираниот мерцедес, МВР располагаше единствено со возила стари по 20 години кои не ги задоволуваа минималните безбедносни стандарди.

Во таква ситуација гостите кои пристигнуваа може или да одлучат да ја заобиколат Република Македонија или земјава да плаќа исклучително високи суми за изнајмување на возилата.
Прв кој беше превезуван во набавениот блиндиран Мерцедес беше Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун уште во јули 2012 година.

Оттогаш возилото е редовно користено од Одделот за заштита на определени личности и објекти го како главно возило за високи гости-странски делегации при нивната посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв и втор степен на безбедносни мерки на обезбедување (претседатели на држави, премиери на влади, заменици претседатели, заменици претседатели на влади, министри, и др.)

Меѓу гостите кои го користеа мерцедесот се :

– Делегација – комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе 17.9.2012 година;
– Делегација – претседателот на Р Србија Томислав Николиќ 26-28.10.2012 година;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 22-28.1.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Словенија Борут Пахор 16-17.7.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Хрватска Иво Јосиповиќ 4-5.9.2013 година;
– Делегација – претседателот на Р Полска Бранислав Комодовски 10-11.9.2013 година;
– Делегација – заменик-претседателот на СР Виетнам Нгуан Ти Доан 1-3.12.2013 година;
– Делегација – премиерот на Р Унгарија Виктор Орбан 5.12.2013 година;
– Делегација – премиерот на Р. Србија Ивица Дачиќ 26.1.2014 година;
– Делегација – министерот за надворешни работи на Р. Грција и претседавач на ЕУ Евангелос Венизелос 19-20.2.2014 година;
– Делегација – генералниот секретар на НАТО Андреас Фог Расмусен 22.5.2014 година;
– Делегација – претседателот на Собранието на Канада Ендру Шер 31.8.-3.9.2014 година;
– Делегација – премиерот на Р Хрватска Зоран Милановиќ 9.9.2014 година;
– Делегација – премиерот на Р Турција Ахмет Давутоглу 22-23.12.2014 година.
– Делегација Претседател на Р. Хрватска – Колинда Грабар Китаровиќ 12-13.04.2016 година,
– Делегација Претседател на Р. Чешка – Милош Заман 09-10.06.2016 година
– Делегација, Претседател на Р. Србија – Томислав Николиќ 16.09.2016 година

Меѓу последните превезувани во блиндираниот мерцедес беше и Пјетро Паролин, државниот секретар на Светиот престол од Ватикан.

Освен за странските ВИП гости, блиндираното возило, исто така, често се користи и во случаи кога останатите блиндираните возила со кои се превезуваат личностите што согласно со Уредбата за обезбедување се под постојано обезбедување, се во неисправна состојба.

На денешното соопштение реагираше и поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска:

Jankuloska-FB-SJO

-Соочени со се погласните критики за нивното партиско дејствување, денес од СЈО заради исполнување на желби и нарачки од СДСМ, се обидоа да го свртат вниманието со отворање на измислени истраги без никакви аргументи. 

Како по правило, партиските гласила на СДСМ финансирани од СОРОС оркестрирано, во хор се ставија во функција на мегафони, кои не почуствуваа потреба да побараат став од никого од посочените личности и институции. 

СЈО може да отворат уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи. Но, тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема да ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, ниту ќе го компензира недостатокот на професионален капацитет, морален кредибилитет и крајно проблематичен интегритет на Катица Јанева и нејзиниот партиски тим во СЈО, напиша Јанкулоска на Фејсбук.

Милчин за збогатувањето на олигарсите од Макпетрол: Сорос учествуваше со шверцот на конвои нафта со цистерни преку Деве Баир

Milcin-Sekerinska

Во својата денешна колумна, платеникот на Сорос со месечна плата од 3.600 евра Владимир Милчин пишува за шверцот на нафта во кој олигарсите на СДСМ украдоа милијарди долари.

-Граничните премини беа тесните грла. Колоните од цистерните со нафта на преминот Деве Баир се протегаа до Ќустендил и беше неопходно да се забрзаат процедурите. За тоа беше неопходно и политичко влијание во Софија (Сорос) и координирање на лице место (Џон Фокс, ангажиран од Сорос) за да можат цистерните да ја преминуваат границата во колони, а не една по една, пишува Милчин.

Тој директно ја признава јавната тајна дека Џорџ Сорос директно учествувал во шверцот на нафта преку Деве Баир од 1992 до 1995 година. На овој начин се збогати и шефот на Макпетрол Андреја Јосифовски кој приватизираше 124 бензински пумпи низ цела Македонија.

andreja josifovski

Инаку, пред две години беше медиумите објавија дека олигархот и тајкун Јосифовски има највисоки месечни примања во Македонија, односно цели 35.000 евра месечно.

Јосифовски се жали дека во Македонија има режим, дека нема слобода и неговата телевизија Телма секој ден право социјални стории за сиромашните, а тој има месечна плата од 35.000 евра односно 1.000 евра дневно секој ден 365 дена во годината.

josifovski-plata

Програмата на неговата ТВ Телма секој ден ги промовира платените активисти на Сорос и хулиганите на таканаречената Шарена револуција.

Во денешната колумна, на тој начин Милчин ја открива поврзаноста на Сорос со шверцот на нафта во цели колони цистерни во период од 1992-1995 година, како и поврзаноста на Макпетрол, Владимир Милчин и Андреја Јосифовски во тој период.

dzordz-soros

НАПРАВИ ХАОС И ПОБЕГНА: Заев се скри во зајачка дупка

zaev-karta-golema-albanija

Молкот е злато. Така велеле старите од дамнешни времиња. Во сегашноста, пак, ова е девиза на СДСМ. Буквално и фигуративно – девиза. Молкот е злато и треба да им донесе злато, т.е. девизи. Евра, долари, франци во замислената им Влада, не е битно. Со молкот околу албанската платформа, партијата купува време од творците на платформата, на чиешто создавање кумуваше токму Заев. Па, и редно е основоположникот на новата албанска кауза по толку мака и да ќари нешто од рожбата. Купуваат време со надеж дека сето тоа солено ќе го наплатат кога ќе дојдат на власт и ако дојдат. И додека чекаат, изговорите им се бедни. Виновни за социјалдемократското лутање да ти биле поштите и мандатот…

Сите си кажаа. Власи, Роми, Турци, Срби и, секако, Македонци. Ама само дел. Минаа повеќе од две недели по божикната честитка во форма на албанската платформа на ДУИ, Беса и Алијансата, а СДСМ и натаму си молчи ли молчи околу прифатливоста. Мудро? Кој знае, поверојатно и не така мудро туку повеќе калкулантски, а уште поверојатно и не е така лесно да дадете став за нешто на што сте му кумувале. Замислете си само да го прашате кумот: Што мислиш за кумчето, ќе го биде ли? Одговорот се подразбира, но во СДСМ тоа не смее да биде јавно срочено, особено не кај манипулантите и извртувачите од „Павел Шатев“, каде што сѐ уште трае журката за „ќарените“ 70.000 албански гласови од изборите. И додека на сите им е јасно дека врхушката на СДСМ би си ја продала и сопствената мајка (татковината се подразбира) за да дојде на власт, нивните јуришници се најдоа на нова мака. Како ли сега да го оправдаат молкот за едно толку важно прашање? Минаа денови, недели. И… Еурека! Ама онаа сдсмовската. Навика си е навика, па како и секогаш, мрзливите стратези не се измачија. Им требаше цела една недела за да ја смислат втората глупоштина, а таа уште полоша од првата. Проблемот наречен пошти се преобрази во желба за мандат. Таксират…

Виновни се „Македонски пошти“, и точка…

ademi-zekiri-zaev-albanski-miting-sdsm

Пред десетина дена партијата излезе со крајно ретардиран одговор. Верувале или не, а поверојатно е второто, но од СДСМ да ти чекале официјално да ја добијат платформата за да ја коментираат. Поинаку не можеле, нормално. Тука се целосно во право. Сериозно, па и би било фер од Ахмети, Касами и Села да му испратат и оригинална копија од платформата на тој што им ја овозможи. Да, Заев по сите правила би требало да добие оригинал укоричен во позлатена рамка. Си ја заслужи. А и мотивот не беше шега. Сето ова само за да Агим (на албански има исто значење со Зоран) владее со побратимите Еди и Хашим, коавтори на платформското писание. Не му е лесно.

Арно ама, најверојатно, проблемот да ти бил во „Македонски пошти.“ Помалку веројатно е дека потписниците на платформата се осмелиле да не го чествуваат најзаслужниот лик за неа, кому неофицијално Хашим Тачи му подготвува специјален медал, поголем и од оној на сеалбанскиот херој Владимир Милчин. Вака, и подобро за душевното здравје на врхушката на новата антимакедонска партија на Заев, би било да се тешат дека писанието заглавило во некое депо на „Македонски пошти.“ Апаши. Па, и не би им било првпат. И сами знаете дека честитките за Нова година сѐ уште пристигаат, нели.

Така, очебијно е дека маката и исчекувањето на СДСМ да ја добие пустата платформа сѐ уште траат. Со нив и неможноста да ѝ одговорат на македонската јавност што мислат за неа. Содржината ја знаат и во кооперација, но принцип си е принцип. Греота, сигурно не им е лесно да живеат во очекување, постојано да гледаат кон портирницата и да го чекаат човекот кој ѕвони двапати. А поверојатно, оној кој „со душа“ го очекуваат е токму потписник на платформата. Да, несоницата се должи на очекувањето на добар абер од Али. Каков и да е. Не мислиме на нарачка од Али Експрес, туку на нарачка од скопскиот рид која Заев се надева дека нашиот Али не ќе може да ја одбие. Ама дојде и инаугурацијата на Трамп. Проклети, бавни македонски и брзи американски пошти…

Пречка за ставот е сонот на Заев?

crpnatite-svajcarija

„Неизвесноста“ во прикаската за добивањето на платформата за, конечно, СДСМ да го каже ставот, кој го знаеме сите, сѐ уште трае. Исто како и секој лош филм со бедно сценарио и уште полоша режија. Арно ама, врхушката на антимакедонската партија не се надева на „Златна малинка.“ Јок. Малинка не, ама мандат да. Нивна целосна сатисфакција би бил еден обичен мандат, и тоа ќе ги „отвори“. Нејсе што во тоа никој и не се сомнева.

Во новопечената „Зона на самракот“ на поранешна Бихаќка, како во евтин научнофантастичен филм, раководството исчезна без трага и глас. Истовремено и без никакво објаснување, ги снема сите. Заев, Шекеринска, Шилегов, Рената, станаа невидливи… Ах, испарија и Адеми и Мухи. Дали можеби сите се на портирница чекајќи ја платформата за да дадат став? Тешко, но, за среќа, се најде еден нивни војник за да ја објасни дилемата.

Не платформата, Заев и компанија да ти го чекале мандатот. Ова јасно и гласно го кажа нивниот Бочварски во вторникот. Не кажа дали ја добиле и официјално, но затечен од новинарите, тој се збуни, подголтна и си кажа што му рекле да каже. Немале да го обелоденат ставот за платформата сѐ додека не го добиеле мандатот. Е тогаш, кога ќе добиеле, среќни од „дешавката“ која ја чекаат и сонуваат цели 10 години, ќе се смилуваат и ќе ни соопштат што мислат за промената на името, на химната, на знамето. Порано не, за да пукнеме од мака, нели. Иако сите знаат што мислат. Истовремено, ќе ни кажат што мислат и за двојазичноста која ја пропагираше токму Заев. Далеку пред тоа и да им „текне“ на Ахмети и на Села. Со Касами беа добро координирани од чадорот, така што тој си знаел за сѐ. Исто како и за федерализацијата. „Не знаеја“ само Македонците што гласаа за нив. Да, истите оние Македончиња што јасно и гласно го слушаа муртинскиот спасител како го кажува сето тоа, но „неверните Томи“ не поверуваа оти „куририте“ и „републиканците“ лажеа. Е сега, дел се свестиле дека згрешиле. Време беше…

Несудениот мандатар скриен во зајачка дупка

zaev-albansko-zname

И така, Заев си чека да стане мандатар. Сонот, конечно, ќе му бил исполнет. Прво градоначалник, па в.д. претседател на СДСМ, па претседател, кој во меѓувреме исто како менторот Сорос доби месијански комплекс и се самопрогласи за спасител (макар муртински), а сега го чека врвот на својата кариера. Да, Заев чека и сака да стане мандатар. Парадоксално, но високата, највисоката позиција во кариерата ја чека на најниска надморска височина. Истиот тој Заев чека да стане мандатар или така се надева, скриен во зајачка дупка. Исчезнат и скриен од светот само за да не дај боже некој случајно го праша за став за платформата на Албанците која тој ја оформи и чиишто предуслови ги создаде. Замислете само колку е тешко лично да создадете нешто, толку големо, макар и грдо како платформата, а да не смеете да си ги земете заслугите за неа. Велат дека така се чувствуваат масовните убијци, кои најчесто законот и ги фаќа поради нивната желба – на светот да му ги откријат „заслугите и делата.“ Веројатно, така се чувствувал и доктор Виктор Франкенштајн. Иако, велат дека докторот имал чувство на срам.

Нашиот несуден мандатар, пак, во меѓувреме, со неизмерна желба за власт се крие во зајачка дупка. Соодветно на презимето, ќе речат многумина. Арно ама, така скриен и заштитен од јавноста, тој можеби успева да го „скрие“ ставот за платформата, кој го знаат и малите деца на улица, но истовремено заборава и дека молкот значи силно одобрување. Социјалдемократското криење на работите под тепих и закопување на неизреченото во тишината носи само еден, едноставен збор и констатација. Ќе дадат сѐ, ќе ја надминат платформата и ќе ги збунат и Албанците со понудата. Толку громогласен молк одамна не сте чуле, ниту толку силно ехо кое на ова би следувало од Македонците. А Македончињата? Тие доследно ќе си молчат до крај. Не верувате? Прашајте ги Мухи, Адеми и Касапи…

Пандов: Сите ќе се изненадат кога ќе се изјасни Заев

Години наназад кога сакате да ги слушнете или прочитате ставовите на СДСМ, вели аналитичарот Александар Пандов, проверено најточните информации ги имаат нивните Соросови платеници, Фрчковски, Геровски, Тричковски и Ордановски.

Пандов:Многу често, посочениве ликови се и креатори на политиката на СДСМ. Чисто за потсетување дека многу порано пред да го промовира швајцарскиот кантонален модел, Геровски промовираше федерализација, а Фрчковски нудеше премиерско место по клуч на Албанец. Оттука, јасни се ставовите на СДСМ околу сеалбанската платформа и покрај тоа што откако таа се појави во јавност, СДСМ го снема од јавност. Повторно тука се нивните медиумски мегафони, кои не што не виделе точка која не би можеле да ја исполнат и договорат, туку целата таа платформа им била и мала рамка, па истата и би ја доградиле. Повторно и повторно пред очи на целата македонска јавност гледаме како овие изроди лицитираат и се наддаваат со македонските национални интереси. Во целиот циркус создаден од Заевата понуда за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен на ниво на цела Македонија и федерализацијата на државата, па преку зголемувањето на влогот на албанските политички партии со платформата и барањето за промена на името, знамето и химната на државата и прифаќање на сето тоа од нивната Соросова медиумска коњаница, верувам дека, сепак, последниот влог е оставен за нивниот лидер Зоран Заев. Во остварување на неговата желба за доаѓање на власт повеќе пати ни докажа дека не постојат лимити и ограничувања, не постојат државен и национален интерес. Постои само личен и партиски. Затоа е за очекување дека кога, конечно, Заев ќе се изјасни за платформата сеалбанска, целата македонска, а и сеалбанска јавност ќе биде изненадена од понудата на Заев.

На иста линија е и колумнистот Сотир Костов, кој јавно праша зошто молчи Заев. Го потсети и дека политичар што молчи, а не дејствува во судбоносни моменти, не може ни да води модерна политика ниту да зборува за демократија.

Костов: Kаде си ти? Чекаш молчешкум да добиеш шанса да бидеш мандатар, премиер и државник што ќе ја води Македонија? Тешко на политиката и на демократијата со тебе, кој едноставно не ги одбира, не му сече главата. Потешко на сдсмовците со тебе, со лидер што се крие. Најтешко на сите нас со „државник“ како тебе, кој не знае кога треба да го крене гласот за Македонија. Зоране Заев, јави се!

И новинарот Дарко Јаневски потврди дека работите полека се склопуваат. Така, од една страна го имаме СДСМ, кој со двојазичноста го отвори патот за платформата, од друга страна Грците, кои велат дека веќе ни упатиле предлози за промена на името, од трета страна Србите, кои преку Дачиќ ни се заканија дека едвај чекале да дојде на дневен ред некое прашање од наш интерес.

Јаневски:И го имаме Бушати, кој ни дообјасни дека во таа држава со ново име, кое Грците великодушно ни даваат да си го избереме од нивните предлози, ново име ќе има и мнозинскиот народ. И пак доаѓаме до платформата во која се вели дека итно треба да се реши спорот за името за да влеземе во НАТО и во ЕУ. Во спротивно… се знае. Е, сега, додајте го кон ова и оној кодош од Британија кој бил политички комесар во британската амбасада во РМ, Тимоти Лес, кој бара поделба на нашата држава и целиот мозаик е склопен. Се разбира, потсетете се и на сѐ што беше направено во овие две и пол години (и кој сѐ учествуваше во тоа) за да се спушти мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот од 63 пратеници на сегашните 51 и сѐ си доаѓа на свое место.

Владиката Тимотеј застана во одбрана на атеистот Сорос, кој финансира кампањи за ЛГБТ и против абортус

Vadika-Timotej

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј ги нарече „лудории“ ставовите на Отец Ивица Тодоров од скопската епархија на МПЦ, со кои ги разобличува начините на делување на Џорџ Сорос и неговата мрежа на невладини организации кои ги финансира.

На својот фејсбук профил Отец Ивица Тодоров напиша:

„Целта (на Сорос) е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!“

slika ivica todorov status

Тој додава и дека „сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре.“

Овој коментар на Отец Ивица Тодоров од скопската епархија на МПЦ, владиката Тимотеј го прокоментира како „лудорија“ за порталот „Плус Инфо“ кој го надополнува Тимотеј и дополнително заклучува дека Отецот Тодоров со својот коментар се ставил во служба на хајката против соросовите невладини која ја организирала власта.

timotej

За потсетување, на гласилото на СДСМ/Сорос „Плус Инфо“ покрај владиката Тимотеј, редовно место преку колумни да ја шири својата пропаганда добива и т.н. отец Давид Нинов од расколничката црква на Вранишковски, формирана со антимакедонски идеи и од политички причини.

Викиликс откри како Сорос се меша во христијанските организации

Добро познато е дека меѓу невладините кои се финансирани од Сорос насекаде во светот, па и во Македонија, има и такви кои се силни борци против забраните за абортус и за правата на ЛГБТИ заедницата, што се коси со верувањата на Црквата. Покрај тоа, Сорос како што сведочат и тајните документи кои протекоа и ги објави Викиликс, има и долгорочна стратегија за директно мешање во црковните работи и на католичката црква и на правосланите цркви.

„Декларираниот опонент на се што е Христијанско, либералниот „филантроп“ Џорџ Сорос инвестира големи суми во христијанските „корисни идиоти“ за да го смени наративот на христијанскиот морален дискурс во Америка“ – ова го пишува во својот есеј за Џорџ Сорос свештеникот Роберт Сирико за влијателниот „Вашингтон Тајмс“.

soros washington times

Еден од примерите за кои се зборува во протечените документи се стотиците илјади долари кои Сорос ги донирал на т.н. верски организации кои, како што пишуваат американските медиуми, се христијански само во името кое го носат и во ништо друго. Во објавените документи многу изричито стои дека целта на мрежата на невладини кои ги финансира Сорос е да се мобилизираат 10.000 луѓе да делуваат како активисти во промоција на идеите на Фондацијата отворено општество под превезот на христијанството и граѓанските организации.

Невладините христијански организации кои ги финансирал Сорос, според објавените документи на Викиликс, имале за цел да се спротистават на црковните лица кои се против Сорос. Хакираните мејлови според американските медиуми, покажуваат дека радикалниот „филантроп“ сака да ги промени гледиштата на Христијаните и црквите ширум светот, користејќи измами, манипулации и пари.

Конечно, парите на Сорос биле употребени и за да се промовираат одредени свештени лица како експерти кои ќе ги бранат ставовите на Сорос во најголемите медиуми како УСА Тудеј, Њузвик, Сиенен, Енбиси, Бостон Глоуб, Вашингтон Пост, Бостон Глоуб и Гардијан.

slika soros

Парите на Сорос им помогнале на „Христијанските“ групи да обезбедат поддршка за екстремистичката политичка агенда на Сорос меѓу христијанските заедници кои речиси сигурно немале поим дека „христијанските невладини“ биле финансирани од анти-христијански екстремист како Сорос, пишуваат медиумите во Америка.

Неодамна исто така беше разоткриена и шемата на делување на Сорос во Грузија, земја во која евро-скептицизмот расте и во која 84% од населението се православни христијани, односно Православната црква е организацијата која има најголема доверба меѓу Грузијците. Токму затоа, Сорос гледа прилика преку инфилтрирање во незините редови да ја спроведува својата мисија која во случајот е одвојување на Грузија од источниот блок и предавање на нејзината иднина во рацете на Европа.

Некои експерти ја обвинуваат токму црквата во Грузија за евро-скептицизмот, бидејки дел од клирот смета дека Европа и Западот се закана за автентичната култура и традиција на оваа земја.

Тука на помош доаѓаат финансиите на Сорос кој преку невладина организација наречена Центар за Развој и Демократија од Тбилиси има за цел да ангажира свештени лица „како важни партнери во промовирање на поголемо разбирање и поддршка за евро-интеграциите“. За таа цел оваа невладина спонзорирана од Сорос е медиумски активна преку портали и весници спонзорирани од Сорос и преку добропознатата шема на промовирање експертски мислења на темата има за цел да „тренира“ православни свештеници кои ќе влијаат врз грузиските православци кон омекнување на нивните анти-ЕУ ставови.

Владици на МПЦ-ОА се за абортус и за ЛГБТИ?

Имајќи ги предвид сите овие јавно достапни факти, секој има право логично да извлече заклучок: каков бенефит би имало било кое свештено лице да ги брани операциите на манипулантот Џорџ Сорос.

Уште едно легитимно прашање е дали поддржувајќи и бранејќи го Сорос се бранат и начините за неговото влијание во религиозните организации и манипулирање со верниците, односно дали поддржувајќи го и бранејќи го Џорџ Сорос, свештениците го поддржуваат финансирањето на ЛГБТИ и анти-абортус организациите кои Сорос ги финансира.

Инаку, декларираниот атеист Сорос за себе смета дека е некаков вид на Бог:

-Се сметав себеси за некој вид на Бог. За волја на вистината, носев со мене некои потентни месијански фантазии со мене уште од детството, за кои мислев дека мора да ги контролирам, во спротивно имав чувство дека може да ме внесат во проблеми, ова за себе го напиша милијардерот Џорџ Сорос.

soros god printscreen

-Сигурно е некој вид на болест кога се сметаш себеси за некаков Бог, создател на сѐ, но се чувствувам комфорно откако научив да живеам со тоа, дообјаснува Сорос.

Ристовски: Единствената причина заради која што Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот

Spiro-Ristovski-pres-VMRO

Катица Јанева шести ден се крие и не коментира ништо околу срамната и скандалозна одлука да се повлече од предметот „Пуч“ и директно да се стави во заштита на аболицираниот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Видео и интегрален текст од прес конференција на Спиро Ристовски

„Почитувани,

Катица Јанева шести ден се крие и не коментира ништо околу срамната и скандалозна одлука да се повлече од предметот „Пуч“ и директно да се стави во заштита на аболицираниот Зоран Заев.

Го нема ниту Зоран Заев, да побара преиспитување на одлуката, укинување на аболицијата и враќање на предметот во суд каде ќе се докаже дали е одговорен за криминалот или не.
Додека Катица Јанева и Зоран Заев се кријат и молчат, целата јавност ги очекува одговорите зошто Ѕвонко Костовски потпишал спогодба со судот и го признал делото?

Дали на Ѕвонко Костовски, според Катица Јанева му се лежело во затвор или истиот бил соочен со бројни докази и заради тоа признал и се спогодил за пониска казна?

Дали скајп комуникацијата меѓу обвинетите во случајот „Пуч“ е измислена или е обезбедена во рамки на истрагата и ги потврдува нивните мотиви?

Овие прашања за жал остануваат неодговорени од страна на Заев и Катица, а целата јавност го знае одговорот.

Почитувани,

Единствената причина заради која што Катица Јанева ја донесе одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите. Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја заштити и неа и нив во иднина.

Зоран Заев повторно беше фатен во криминал, а Катица Јанева наместо да го гони се стави во негова заштита.

Наместо да одговори на овие прашања, Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО.

Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев.
“

Куноска до Фрчкоски: Се уште умира да биде на функција, иако од неа секогаш си заминуваше испрскан со својата безнадежност

Kunovska-za-Frckovski

Адвокатката Јагнула Куноска за Љубомир Фрчкоски од СДСМ во 2006 година во дневниот весник Шпиц изјави:

Jagnula-Kunovska

– Тој лингур, кој за себе мисли дека е најобразованиот, само затоа што оние што не му одговараат ги нарекува будали; дека е најубав, само поради тоа  што главата му е почетвртаста од истото такво тело; кој се перчи дека е млад, само заради тоа што лани повторно се ожени;  дека е на врвот на македонската интелегенција и дека е најумен од сите ( експерт за се и сешто ) поради тоа што носи голема чанта , која при одот му удира од десното колено; кој сопствената екстравагантност, сведена на мааалски манир, ја смета за своја доблест и ја зрачи од себе посебно кога пуши пура, обидувајќи се најсекси да ја префрла од едниот на другиот крај на устата, подџвакувајќи ја…, веќе одамна по телевизии и дневни весници изигрува дежурен пироман и специјализиран „расипувач на забави“.

Е, тој „натчовек“ од Гете, кој се препотува секогаш кога не може да ја скрие сопствената несугурност и за миг станува како полеан со вода преку решето врз глава – додолец, се уште умира да биде на функција, иако од неа секогаш си заминуваше испрскан со својата безнадежност. Откако остана да си биде она што беше пред тоа, почна да мраази се што е за почит, а да ги љуби оние кои не ги почитуваа, но им се потпикнал под кожа како пијавица, пардон, советник или претендира да им биде тоа, а кога некој од нив навреме ќе го прочита и ќе го отфрли, фрла по него со дрвја и камења, плачејќи како некоја тужибаба . Со срцка , така му е името, во 1990 година заедно бевме во Форумот за човекови права…

Успешна година за Град Скопје: Реализирани капитални проекти во сите општини – еве што ќе се гради во 2017

Koce-Trajanovski-otcet-2016

Изминатава 2016 година беше успешна за Градот Скопје, година во која реализиравме голем број капитални проекти во сите 10 општини на територијата на Скопје со кои значително ќе се подобри квалитетот на животот на жителите, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на денешната прес-конференција на која даде отчет за реализираните проекти во изминатата година.

Во општина Кисела Вода во 2016 година ја започнавме реконструкцијата и проширувањето на третата фаза на бул. Борис Трајковски, на потег од Стаклара до влезот на Пинтија, проект кој целосно ќе се реализира оваа година. Во 2016 година го започнавме и проектот за пробивање на бул. Србија до ул. Христо Татарчев, чија реализација ќе биде завршена оваа година. Во 2016 година ја реконструиравме улицата Народни Херои.  За оваа 2017 година е предвидена изградба на улицата Есенинова, која ќе ги поврзе Кисела Вода и Аеродром.

Во општина Аеродром во 2016 година започнавме 2 капитални проекти кои се уште се реализираат, а тоа се изградбата на бул. АСНОМ и втората фаза од проектот за реконструкција и проширување бул. Трета македонска бригада. Во 2016 година го изградивме и паркот кај последната автобуска станица број 5, кој се простира на 100.000 квадратни метри  и е најголемиот парк во Скопје по Градскиот парк. За 2017 година е предвидена реконструкција и  проширување на ул. Васко Карангелевски.

Во Гази Баба во 2016 година го изградивме најголемиот кружен тек во Скопје помеѓу улиците 16 Македонска бригада и Коце Металец, го изградивме натпатникот на бул. Александар Македонски помеѓу населбите Инџиково и Хиподром, а ја завршивме и првата фаза од проектот за проширување на улица Маџари. Во 2017 година е предвидена реконструкција и проширување на бул. Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант.

Во општина Чаир во 2016 година ја започнавме реконструкцијата на бул. Христијан Тодоровски Карпош во делот на Чаир, на потегот од булеварот Џон Кенеди до улицата Рокомија, која ќе заврши оваа година. Во тек се градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улиците Џон Кенеди и Кемал Ататурк. Во 2017 година ќе започне реализацијата на проектот за проширување на улицата Никола Карев.

Во општина Бутел во 2016 година започна изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до улицата Натанаил Кучевишки (прва фаза), која ќе заврши оваа година. Минатава година ја завршивме изградбата на атмосферската канализација на улица Боца Иванова, додека за 2017 година е предвидена реконструкција на дел од улицата Александар Ударевски.

Во општина Шуто Оризари во 2016 година го завршивме капиталниот проект за изградба на нов водоснабдителен систем во општината Шуто Оризари, додека за 2017 година ќе се изгради нова атмосферска канализација по должината на улицата Индира Ганди.

Во општина Ѓорче Петров во 2016 година заврши пробивањето на бул. Партизански одреди од кружниот тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, со што овој булевар е изграден во целата негова предвидена должина. Во 2016 година се прошири и проби улицата Борис Сарафов, како и дел од улицата Ѓорче Петров.

Во општина Сарај во 2016 година целосно ги реконструиравме улицата број 5, како и главната улица во Шишево, а ја започнавме и реконструкцијата на првиот дел од главната улица во Сарај, која ќе заврши оваа година. Во 2017 година планираме да ја започнеме реконструкцијата на вториот дел од улица Сарај, како и главната улица во село Глумово.

Во општина Карпош во 2016 година ја започнавме изградбата на фекалниот колектор по должината на  бул. Партизански одреди, на потег од ул. Московска до бул. 8 Септември, како и проширувањето на крстосницата помеѓу бул. Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Васил Чакаларов, чии реализации ќе завршат оваа година. Минатата година го изградивме и третиот дел од паркот Македонија, кој е лоциран спроти студентскиот дом Гоце Делчев. Во 2017 година ќе започне изградбата на кружниот тек на бул. 8 Септември кај Хубо Маркет.

Во општина Центар во 2016 година ја започнавме првата фаза од проектот за реконстуркција и проширување на улицата Тодор Александров, која треба да заврши оваа година, додека за 2017 година е планиран почетокот на проширувањето на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со бул. Свети Климент Охридски до турбо кружната крстосница кај Католичката црква – кажа градоначалникот Трајановски.

Покрај овие проекти, градоначалникот Трајановски се осврна и на инвестициите во преостанатите сфери, како што се образованието, екологијата, културата, спортот, социјалата и други области.

ВИДЕО: Дали ЦИА го потврди крминалот на СДСМ со шверц на нафта кон Србија?

CIA-SDSM

Во еден од објавените документите на ЦИА од 1995 година, во кој се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македонија пишува како власта од тогашната СДСМ на чело со своите врвни функционери земала мито за кршењето на ембаргото

Илјадниците документи на ЦИА поврзани со Балканот кои деновиве излегоа во јавноста откриваат , но и ја  потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзини високи функционери во шверцот со разни стоки и кршењето на ембаргото кон Србија во 90-те, но и откриваат дека земале надомест за „завршената работа“.

Во еден од објавените документите на ЦИА од 1995 година, во кој се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македонија пишува дека тогашната власт на СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото.

„Македонскиот министер за надворешни работи му призна на шефот на мисијата на САД во Скопје дека неговата држава не може да применува строги санкции кон Србија. Врвни македонски функционери, вклучувајќи ги премиерот Црвенковски, министерот за финансии Миљовски и министерот за транспорт Бузлевски – добиваат мито за обезбедување  лажни документи и документи за транспорт“, пишува во извештајот.

Извештајот открива и како функционирала шемата.

„Многу македонски фирми користат лажни документи за да ѝ помогнат на Србија да ги избегне санкциите, пишувајќи се себе како краен импортер на стоките, во принцип наменети за Србија и како извор на извозот кој е од Србија. За паричен надомест, овие фирми се задолжени за подготовка на документите, складирање и транспорт на стоката”, пишува во извештајот.

CIA-SDSM

Документите потврдуваат и дека шверцот бил од енормни размери.

„Со мал прекин во почетокот на јули, секоја недела во текот на последниот месец околу 1 200 полни камиони, двојно повеќе отколку во периодот јануари–март (околу 635 камиони и околу 130 вагони) влегле во Србија”.

„Главните непрехранбени продукти кои се увезуваат во Србија се метали, текстил, хемикалии и средства за подмачкување (лубриканти). Други увозни стоки кои се забележани од есента 1994 година вклучуваат: машини, машински делови, компјутери и сателитска опрема. Во текот на средината на јули, набљудувачите воочиле 9 пратки со компјутерска опрема“, стои во извештајот.

Дополнително во извештајот пишува дека Македонија увезувала нафта на свое име, а потоа истата нафта продолжувала кон Србија.

„Македонија исто така увезува и нафтени продукти за Србија, во овој сегмент недостасуваат податоци за да можеме да го потврдиме бројот. Во текот на март и април 526 возни цистерни ја поминале македонско-српската граница кај Табановце, според корпусот на ОН во Македонија, повеќето од нив веројатно биле со нафтени продукти.”

За шверцот кон Србија и кршењето на ембаргото сведочеше и Љубомир Магаш, српски криминалец кој активно учествувал во шверцот. Како што сведочи Магаш, партнерите од Бугарија во шверцот со нафта им купиле подарок, два автомобили „мерцедес S 600“ – популарно наречени слонови, како подарок за успешната соработка.

Тој сведочеше и за Љубомир Фрчкоски, дека бил клучен играч за непречен шверц и дека освен нафта се шверцувале и цигари, кои биле дел од сиџирот организиран од Милошевиќ.

-Ми се јави Фрчкоски и ми рече дека нафтата вечерва не може да помине од одредени причини. Веднаш му се јавив на Драган Стошиќ, ексдиректорот на „Симпо“ од Врање, кој беше врската меѓу мене и Македонците. Му објаснив дека ме чекаат во Србија и дека ќе се посомневаат ако пратката задоцни. Ми одговори „Не се секирај, пратката утре ќе помине, оти вечерва треба да пројде пратка со цигари“. Прашав „Кои, бе цигари, кој е поважен од нас во оваа работа“, а тој ми рече „Цигарите на Марко Милошевиќ“, раскажува Магаш.

Сомнежот во народот за шверцот со секаков вид стока и кумувањето на СДСМ во сето тоа веќе е и официјално потврден. Сега останува да видиме дали СДСМ како партија јавно ќе повика на истрага против своите некогашни функционери? Дали ќе побара парите да им бидат вратени на граѓаните? Зошто судејќи по бројот на композиции кои секојдневно минувале, се работи за многу пари.

Балканските соросоиди се приклучуваат во војната со Трамп и американската администрација

Soros-Fico

Соросоидите од Балканот се приклучуваат и ги поддржуваат протестите против новиот американски претседател Доналд Трамп и американската администрација. Поранешната сопруга на албанскиот премиер Еди Рама, Делина Фицо, во интервју за една албанска телевизија вели дека протетестите во САД  се организирани од група граѓани кои работат на промоција на женските права и човековите права. Но, токму Фицо до 2021 година ќе го има главниот збор во распределбата на околу 9,5 милиони евра што преку американската агенција УСАИД ќе им бидат дадени на соросовите организации во Македонија затскриени зад терминот „невладини“ кои наводно ги штитат граѓанските права.

Во интервјуто Фицо вели дека неколкуте марша во Америка против Трамп имале цел да го афирмираат зачувувањето на правата на жените, но и човековите права воопшто.

Тоа не беше реакција на  изборите во Америка туку се однесуваа на зачувување на правата на жените и  човековите права. На овие протести учествуваа голем број жени, но и мажи кои природно ги поддржуваат правата на жените и  човековите права.  Протестите беа масовни, само во Вашингтон имаше три пати повеќе учесници отколку што имаше на самата инагурација. Интересен е бројот на учесници и дискусиите кои се развија. Луѓето се собраа на плоштадите и се правеа пресметки според густината на луѓето. Според информациите, на протестите во целиот освет учествувале повеќе од милион луѓе. Она што исто така е интересно да се спомене е дека поголемиот број од луѓето кои беа на овие протести имаат право на глас. И покрај фактот што Доналд Трамп победи на изборите, сепак другиот кандидат Клинтон имаше повеќе гласа од него. Па така луѓето кои ги поддржуваат женските права и човековите права гласаа за Клинтон, вели Фицо.

Фицо вели дека постои ризик за остварување на правата на ЛГБТ заедницата и правата на жените по изборот на Трамп.

Знаете, ова е малку необично за Албанија но и за САД затоа што ова е необичен настан за поддршка на правата на жените иако тоа е општество во кое постојат многу движења за промоција на човековите права и фактот дека во САД нема поголеми проблеми со остварувањето на правата на жените. Дебатите во САД се на многу повисоко ниво на пример учеството на жените во трговијата на пример. Имајќи го предвид влијанието на г-динот Трамп врз судството и конзервативните чекори кои ги најави постои можност од поголем ризик за остварување на правата на жените и ЛГБТ заедницата. Иако неодамна Обама направи неколку чекори понапред кон промоција на нивните права, додава Фицо во интервјуто.

Протестите се организирани од една група на граѓани кои работат на промоција на женските права и човековите права. Тоа се групи кои се активни кога станува збор за големите и значајните човекови права но и групи кои се активни кога станува збор за помалку значајни прашања. Значи ова е акција на мировните групи кои се залагаат за човековите права. Соодветно тука учествуваа и познати личности од јавниот живот што ни го потврдува фактот дека овие луѓе исто така се засегнати и загрижени з аиднината и иднината на човековите права, вели екс сопругата на Рама.

За потсетување Фицо можноста за распределба на 9,5 милиони евра до невладините на Сорос во Македонија преку УСАИД ја добива врз основа на тендер завршен во септември минатата година, кога целата работа е завршена поради можната смена на администрацијата во САД.

Политиката на УСАИД е парите за т.н. невладини во секоја држава да му ги додели на еден конзорциум, кој потоа слободно располага со нив. Во Македонија тендерот го доби Ист вест менаџмент институт (East West Manegement Institute – EWMI) – глобална НВО, за која не треба да се образложува дека е поврзана со Сорос – во партнерство со четири организации во РМ: Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), Фондацијата „Отворено општество- Македонија“ (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Формално, Ист вест менаџмент институт е независна непрофитна организација, која работи на зајакнување на демократските општества преку здружување на власта, граѓанското општество и приватниот сектор да изградат одговорни, кадарни и транспарентни институции, кои им служат на граѓаните и работат за нивно добро. Во неа Делина Фицо ја извршува функцијата директор за програми за граѓанско општество на глобално ниво и е одговорна за регионот на Југоисточна Европа. Инаку, се работи за втора по ред сопруга на Еди Рама, со која тој ја почна врската во 1991 година. Подоцна стапиле во брак, кој траел околу шест години, при што живееле на неколку различни адреси – во Тирана, во Париз или во Германија. Последното заедничко појавување им е во 1997 година, а потоа Рама оди во Париз, додека Фицо заминува во САД на стипендирани студии. Според албанските медиуми, никогаш не беше разјаснето зошто парот се разделил. Сепак, разводот поминал мирно и премиерот и Фицо останале пријатели. Делина потоа стапува во брак со сегашниот министер за локална самоуправа на Албанија, Бледи Чучи.

Во биографијата на Фицо на професионалната социјална мрежа „Линкедин“ стои дека таа студирала албански јазик и литература на Филолошкиот факултет во Тирана, а потоа на приватниот универзитет „Њу скул“ во Њујорк, каде што станала магистер за непрофитен менаџмент во 1999 година. На истиот универзитет, во 2005 година Фицо магистрирала политички науки. Во однос на работното искуство, на профилот на Фицо е наведено дека една година работела како програмски директор на проект на организацијата „Ворлд лрнинг“ за религиозна хармонија во Албанија. Потоа Фицо работела за меѓународната компанија за развој „Хемоникс интернешенел“, која работи за билатерални и мултилатерални донатори и приватниот сектор за менаџирање проекти во земјите во развој. Организацијата примарно конкурира за договори од УСАИД и менаџира проекти што покриваат технички сектори. Од 2010 година до денес Фицо е вработена во Ист вест менаџмент институт, како директор за програми за граѓанското општество. Слично како и во Македонија, во Албанија во наредниот период ќе бидат поделени девет милиони долари за одредени проекти

Фицо, која е активистка на граѓанското општество и сопруга на министерот за локална самоуправа Бледи Чучи, ќе менаџира со девет милиони долари од УСАИД, дадени за правдата во Албанија. Фицо е директорка на програмата на граѓанското општество во Ист вест менаџмент институт, чиј донатор е и фондацијата на Сорос – пренесоа минатиот месец албанските медиуми.

Инаку, парите определени за проектите во Македонија ќе им се делат на невладини организации без оглед на промената на администрацијата во Вашингтон. Минатата година беше распишан и оглас за вработување осум лица во проектната канцеларија на Ист вест менаџмент институт во Скопје.

Kонзорциум дели десетици гранта

Дејствувањето на Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија изминативе години и реакциите што ги повлече изминатиов период се добро познати. На чело на втората организација членка на конзорциумот Фондација „Метаморфозис“ се Бардил Јашари и Филип Стојановски. Пред да дојде во оваа организација, Јашари работел во Фондацијата „Отворено општество“, а „Метаморфозис“ во моментот го финансира порталот што се занимава со проверка на тоа колку се вистинити вестите во Македонија , како и за медиумите на албански јазик . Главно се занимаваат со медиумите што не се под контрола на Сорос. Исто така го финансира и медиумот на албански јазик , чиј главен уредник е Елида Зилбеари – член на Одборот на „Метаморфозис“. Во моментот „Метаморфозис“ има отворен повик за 7 гранта во максимална висина до 120.000 долари во областите на доброто владеење, антикорупција, владеење на правото и слично.

Третата членка на конзорциумот, организацијата АДИ Гостивар, е најголема невладина организација кај Албанците во Македонија, а нејзиниот основач и прв човек е Алберт Муслиу, често присутен во јавноста и како политички аналитичар и редовен брифер на дипломатите во земјава. Во моментот АДИ доделува 4 гранта од по 15.000 долари за младински НВО и неформални младински групи.

Сорос му дава пари на Институтот и решава за нивна распределба

Интересно е да се наведе дека Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос во однос на Ист вест менаџмент институт се јавува во двојна улога. „Отворено општество“ се јавува, прво, како донатор на средствата потребни за функционирање на Институтот.

Нејзиното име може да се најде на листата со донатори објавена на неговата официјална интернет-страница. Истовремено, од друга страна, Фондацијата „Отворено општество“ во Македонија ќе се јави и како членка на конзорциумот што ќе решава за поделбата на парите што ги дава УСАИД за невладини организации во нашата земја.

ЗАЕВ ЈА ОДЛАГА КАЗНАТА: Судски процес за „Поткуп“ одложен за 23 февруари

Zaev-so-advokati-pred-sud

Судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој претседателот на СДСМ Зоран Заев е обвинет за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев, е одложен за 23 февруари. Одбраната побара изземање на обвинителот од случајот.

Адвокатите на Заев го оспорија застапувањето на јавниот обвинител Владимир Милошевски, а откако него го замени обвинителот Златко Биковски го оспорија и неговото застапување.

Според одбраната на Заев, на Милошовски му е истечен шестмесечниот мандат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Приложија одлука на Советот на јавни обвинители објавена во Службен весник, а според која Милошевски бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

– Имаме ситуација во која обвинител нема овластувања да презема какви било дејства во име на ОЈО за организиран криминал и корупција и не може да застапува обвиненија на ова обвинителество, рече адвокатот на Заев, Филип Медарски.

Милошевски пред судот изјави дека нема пречка тој да го застапува обвинението за случајот „Поткуп”, но адвокатите најавија дека ќе ги оспорат сите негови дејствија кои што тој би ги преземал во овој судски процес.

По паузата за консултации Милошовски беше заменет од обвинителот  Биковски чие застапување според одбраната на Заев, е спорно затоа што бил дел од злосторничко здружение кое монтирало политички процес против лидерот на опозицијата, а исто така бил обвинител и во случајот „Пуч“.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска, по ова, даде пауза од два часа за да може Вишото јавно обвинителство да донесе одлука по барањето на адвокатите на Заев. Одбраната, пак, побара наместо два часа, судот да им даде од еден до три дена за да го комплетираат барањето за изземање на Биковски со докази.

Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено на барање на Заев. И тогаш неговата одбрана побара  обвинителот Милошевски да биде изземен, наводно, поради тоа што тој бил под истрага на Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинението во случајот „Поткуп“, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.