Заев со закани до бизнисмените што не му кревале телефон

Zaev-Nova-TV

Опозицискиот лидер Зоран Заев повторно го потврдува бесот и безизлезноста во која е заглавен, па вчера вечер на гостувањето во емисијата „Нова дебата“ на тапет ја стави и целата македонска економија.

– Не е лесно да си девет години во опозиција, на телефон не се јавуваат, не пак некој да помогне финансиски – рече Заев, кој посочувајќи дека самиот ја финансирал целата партија до сега, упати уценувачко-заканувачка порака до бизнис заедницата дека „веќе не му требаат“.

„ЦеДе, флаери, чинат пари, можеби не многу за една партија голема како СДСМ, ама чини. Месечните трошоци за одржување на оваа голема партија се огромни. Ова не прави прилично растеретени од бизнисмените. Една и пол година сум сам“ додаде Заев кој посочи дека бизнисмените од Македонија го оставиле сам да се бори со интригите и игрите во кои се вплеткал и никој не сака да го финансира. „Фала им, сега веќе не ми требаат“ – потенцираше Заев.

Се поставува прашањето, дали поради тоа што бизнис заедницата увидела дека нема иднина немањето програма со конкретни активности и проекти и служење исклучиво со манипулација го натерало Заев да посегне по соработка со странски служби и шпионирање на својата држава.

Зарем овој човек западнал во толкав очај, за да игнорирањето од бизнисмените го заменил за антидржавни активности? Очигледно да. Затоа посакуваме што поскоро завршување на оваа погубна политика и расчистување и казни за сите што прават штета на Македонија.

Верушевски поставил син на УДБА-ш за шеф на кабинет на Заев?

UDBA

Првообвинетиот во аферата „Пуч“ – Зоран Верушевски, го поставил синот на истакнат оперативец – кодош на УДБА за шеф на кабинет на Зоран Заев.

Udba-Iskaznica

Според извори од партијата, Зоран Верушевски и Бранко Црвенковски на Заев му го наметнале ова кадровско решение, како логистичка поддршка на активностите за кои веќе подолго време преговарале со странска тајна служба и биле финансирани од соседна држава. Станува збор за кадровско решение, кое добило високи оценки од страна на поранешните структури на државната безбедост, пред се, поради дебелото кодошко досие на таткото – оперативец на УДБА во внатрешноста на Македонија.

Кој е шефот на кабинет на Заев и дали навистина потекнува од семејство кое кодошејки сограѓани во минатото успевало да дојде до високи општествени позиции, нашите извори во СДСМ не сакаа да ни откријат.

Аболицираниот криминалец З.З. ги крие разговорите помеѓу судиката Кацарска и Фиат Цановски, но хакерска група дошла до нив?

fiat-Canovski

Аболицираниот криминалец З.З. ги крие разговорите помеѓу судиката Кацарска и Фиат Цановски, но хакерска група дошла до нив?

Според членовите на оваа хакерска група, тие располагаат со снимки кои Заев ги поседувал, но не ги објавувал, со што го обвинуваат за прикривање на докази за незаконско работење, бедејќи во истите се соддржеле цврсти докази за противзаконско работење, обид за поткуп и притисоци кон судските органи од страна на високи функционери на опозицијата.

Како што веќе објавивме, Зоран Заев продолжи да објавува искреирани материјали кои ги добил во соработка со разузнавачот Зоран Верушевски, странски разузнавачки служби и нивни агентури во земјава.

Ниту денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која ја презентираше петтата „бомба“ не помина без низа контрадикторности во кои Заев самиот го погази она што го говореше на претходните свои излагања.

Заев, кој на првата прес-конференција тврдеше дека прислушувани биле сите по ред, освен премиерот Никола Груевски и шефот на УБК Сашо Мијалков, денеска во јавноста пушти повеќе искреирани аудио материјали, за кои тврди дека се разговор меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Од сето ова, сега произлегува дека всушност Груевски бил најприслушуван, со што повторно се поставува прашањето како е можно Груевски самиот себеси да се прислушува, исто како и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков? Заев повторно потврди дека Груевски бил прислушуван од странски центри, бидејќи нема никаква логика разговорите да се снимени по наредба на самиот премиер или шеф на УБК.

Заев на денешната прес-конференција  пушти искреиран материјал во кој според него Груевски бара од министерот Јанакиески да обезбеди почитување на законот во сите општини, без разлика на политичка и национална ориентација.

Првиот човек на СДСМ во јавноста пушти креиран материјал во кој според него Груевски изразува сомнеж дека има потплатена судијка, исто како и креиран материјал во кој според него, Груевски му вика на Јанакиески дека Фијат Цановски сам си кажал јавно дека го прекршил законот за градењето на зградата.

Експертите и познавачите велат дека лицемерието на Заев и обидот за манипулација и конструкција се гледа и преку тоа што не се објавуваат и разговорите помеѓу Цановски и судијката Кацарска и помеѓу членови на СДСМ и Фијат. Дополнително, по заканите кон новинарите од пред некој ден, денеска Заев испрати закани и кон амабасадорите, судиите и обвинителите дека поседува материјали за нив.

Кога случајот „Космос“ е во прашање, јавноста е веќе запознаена дека Цановски ги извршуваше градежните работи спротивно на законот и дека мерките за обезбедување на почитување на законот беа донесени согласно законските прописи. Дури и самиот Цановски кажа дека го прекршил законот, бидејќи како што рече имало „отстапувања во гаражниот простор, за 1,43 метри од она што стои во основниот проект“.

По донесувањето на решението за отстранување на објектот „Космос“, Цановски поднесува елаборат за фактичка состојба до општината со кој што потврдува дека објектот е изграден спротивно на издаденото одобрение за градба. Со овој чин, самиот Цановски призна дека работел против законот.

Исто така, во тој период Цановски имал долг 3 милиони евра за комуналии за градба кон Град Скопје. Во тоа време и Градежниот инспекторат потврди дека Цановски градел спротивно на одобрениот проект и законот. Од општината тогаш беше констатирано дека има и отстапувања во однос на габаритот и димензиите, како и конструктивни отстапувања

СТАВ: Заев со петто ништо од спектакуларната бомба

Zaev-Bomba-5

Од спектакуларните наслови и суперлативните најави на самоубиствените бомбашки активности на опозициската СДСМ и нивниот лидер Заев, претставени на платеничките соросоидни портали можеме да забележиме едно бесмислено фалење на едно големо „ништо“ и обид да се испере Заев од калта во која што е длабоко пропаднат и потонат.

Zaev-Bomba-5-1

На прес-конференциите на Заев грбот го чуваат матни ликови со криминални досиеја, пропаднати политички кариери, изгубени избори во низа и изгубено достоинство и влијание во местата од кај што потекнуваат, односно од кај што со наредба од ЦК ги присилува да стојат, уценувајќи ги дека има компромитирајќи снимки од нивните разговори.

Очигледно преплашениот Заев се заплете во сопствената мрежа и панично и забрзано почна да објавува од т.н. бомби во кои веруваат сè помалку од луѓето од неговото најблиско опкружување. Бидејќи на нивната денешна сеанса не се појавија главните ликови од партијата, ниту потпретседателката Шекеринска, ниту пак претседателскиот кандидат Пендаровски, а портпаролот Шилегов го нема никаде во кадар додека Заев си играше со интелектот на народот и ја извртуваше вистината обидувајќи се постапувањето на власта согласно уставот и законите да го претстават како нешто криминално и штетно.

Но, откако и петтиот обид на бомбардерот Заев заврши безуспешно, катастрофално и разочарувачки, платеничките портали се обидоа да одработат и го извлечат максимумот од дното во кое е заглавен. Бидејќи, Заев со своите настапи сè повеќе и повеќе се бламира и ја губи и така малата доверба која ја има во партијата. Од ден на ден кризата и безидејноста во опозициската СДСМ е сè поизразита и паниката во која што се наоѓаат не можејќи да му објаснат ниту на сопственото членство бидејќи од долго најавуваните криминални активности на власта и величањето на наводни бомби нема апсолутно ништо освен теми за чаршиски муабети.

Очигледно, времето посветено на овој воајеризам, послушништво на странските служби, помагање на душманите на македонскиот народ и прислушување на разговорите на државниот врв, наместо за надминување на кризата во внатрешните редови и изработка на програма со која евентуално би можеле да бидат пандан и одговор за програмата, проектите и активностите кои ги спроведува власта за доброто на народот.

Затоа, од маестралните, спектакуларните, грандиозните и фасцинантните настапи на Заев, како што се обидуваат да ги претстават соросоидните порталчиња суперлативите може да се видат само во нивните натписи, бидејќи од она што го понуди Заев може да се види дека тој се служи со  политички воајеризам, беспоштедно уценување и антидржавна шпионажа која со сигурност ќе го одвее онаму каде што заслужува, онаму од каде што пред неколку години го аболираа.

ЕКСКЛУЗИВНО: Кодошот Милчин на нова цицка на Сорос – Станува директор на Битолска млекара!?

Milcin-f

Докажаниот кодош и странски финансираната антидржаван афигура, Владимир Милчин, според информации од социјалните мрежи, станува директор на Битолска млекара!?

Имено, заради одличните резултати постигнати во водењето на ФОО, Џорџ Сорос, откако ја купи Битолска млекара, реши својот најдобар, односно најпослушен службеник да го префрли и постави во директорската фотеља во Битола.

Milcin-Sloboden-Pecat

Очигледно Заев не го чита неговиот „Вест“

sledi

Опозицискиот лидер Зоран Заев не само што не знае дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно кон крајот на 2012 година ги изгласаа измените на Законот за комуникациите, туку очигледно не го чита ниту неговиот „Вест“, кој пред само неколку дена пишуваше токму за ова. Continue reading

Паника и страв во СДСМ: во 14 часот избрзана петта „бомба“ на Заев

SDSM-panika

Откако првите 4 „бомби“ на Заев не ги исполнија очекувањата на СДСМ, односно истите не одекнаа помеѓу граѓаните како што очекуваа тие, партијата ја менува тактиката и почнува со избрзани и панични реакции.  Загриженост во редовите на партијата носи и вчера објавената анкета на американската ИРИ, според која лидерот на СДСМ има шест пати понизок рејтинг од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, паниката и стравот во редовите на третата по големина политичка партија во Македонија се зголемија по синоќешните внатрепартиски негодувања и караници, па откако Заев увидел дека има се помалку поддржувачи во своите редови, во панична реакција свикал итна прес-конференција за денес во 14 часот, на која ќе ја објави и петтата „бомба“.

Поради ова, четворица членови на Центаралниот одбор на партијата веќе и јавно почнале да негодуваат, бидејќи, Заев ја напуштил предвидената динамика на објавување на „бомбата“ и самоволно се однесувал во целата ситуација.

Најгласна во негодувањата била извесна Сања Лукаровска, член на потесното партиско раководство, ќерка на актерот Ѓокица Лукаревски,  која својот револт го изразила со бојкот на прес-конференциите на Заев.

Исто така, не може да се сокрие и нездоволството на Радмила Шекеринска и срамот што е застаната позади „лидерот“. Шекеринска на прес-конференциите изгледа загрижено и на неколку наврати ги превртуваше очите на одредени глупости кои ги „тресеше“ Заев.

Паниката во СДСМ аналитичарите ја оправдуваат со фактот што партијата не ја доби поддршката за незаконското објавување на незаконски прибавените материјали од страна на меѓународниот фактор, нешто на што Заев и соработниците многу се надевале.

Креаторите на бакшиш-новинарството продолжуваат со автоголови

zoran-zaev

СДСМ продолжува да си дава автоголови. Во походот до деструктивно сценарио, кое веќе им беше срушено, прават клучни грешки, наидуваат на потсмев кај јавноста и ја губат и онака разнишаната доверба кај народот.

Предпоследниот настап на Заев беше скандалозен, со оглед на тоа што тој веднаш направи вештачки поделби на новинарите на професионални и пропагандни медиуми, односно оние медиуми кои се негови неистомисленици.

За експертите и познавачите на состојбите во политиката и новинарството, овој потег на Заев беше квалификуван како една од неговите најголеми грешки.

Од друга страна, СДСМ и Зоран Заев во тесна соработка со СОРОС, директно раководат со поголем број на медиуми во Македонија.

Изминативе 20 години СОРОС на Владе Милчин дава по 5 до 6 милиони евра на годишно ниво за своите пропагандни медиуми.

mmmilcinnn

Според официјалните и јавно достапни извештаи, за 20 години медиумите кои ги бранат политиките на Бихаќка од СОРОС добиле неверојатни 93 милиони евра.

Со овие пари Милчин, кој е екс-член на високото раководство на СДСМ, финансира медиуми и невладини организации чија главна цел секогаш е да ја напаѓаат владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше поткрепено и со изјава на самиот Милчин, кој призна дека има директна контрола на поголем број македонски медиуми.

Од официјалните извештаи, исто така може да се види кои медиуми и уредници добиваат огромна сума на финансии од СОРОС.

Еве дел од медиумите финансирани од СОРОС:

„Слободен печат“ и „ПлусИнфо“ на Бранко Героски

bbgeroooo

 Индиректно е финансиран и порталот „Либертас“ на Ацо Кабранов

acokabranovvv

Пари од СОРОС добива и А1 Он на екс-новинарите од А1 телевизија, Катерина Цаневска Арсовска и Предраг Петровиќ

katec

ppredraggg

„Фокус“ на Јадранка Костова

jadrankakk

„Бриф“ на екс-новинарката на А1 и опозициска пратеничка, Ленче Николовска

llenceeeeeeeeee

Овие лица, блиски до опозицијата, земаат огромни суми на пари за да ги бранат интересите од „Бихаќка“.

Но, СДСМ смета дека јавноста може да се потценува. Македонските граѓани не заборавија дека токму за време на владеењето на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.

За потсетување, со „Фабрика“ раководеше Петар Арсовски и Зоран Јачев од „Транспарентност“ на Слаѓана Тасева.

fabrikaaaa

Дел од оваа афера беа новинари кои до денес работат во интерес на СДСМ.

Борјан Јовановски

bjovanovskiii

Горан Теменугов

ttemenugovv

 Сабина Факиќ и Герман Филков

sabinagermannn

Александар Чомовски

cccomovskiii

СДСМ нема кредибилитет да говори на оваа тема. Партијата на Заев нема кредибилитет да зборува за состојбата во македонското новинарство. Нивни функционери имаат заеднички фирми со новинари. Опозициската новинарка Оливера Трајковска и советничката на СДСМ во Град Скопје и висок партиски финционер на опозициската партија, Софија Kуновска се бизнис-ортачки, покажаа информациите од скандалот кој во јануари минатата година го објави весникот ДНЕВНИК.

sofija-oki

Новинари блиски до СДСМ, сами признаваат дека покрај СОРОС, тие се финансирани и од Зоран Заев. Тоа го призна јавно новинарот Сашо Ивановски-Политико кој откри и дека Милчин лично бирал кои колумнисти можат да објавуваат колумни на тој портал.

СДСМ постави новинари за пратеници и портпароли. Двајца новинари од А1 телевизија станаа народни избраници од опозицијата.

Ленче Николовска и Сафет Бишевац беа на пратеничките листи на СДСМ. Се уште постои дилема дали нивните имиња на листа биле трампа за попуст за политичко рекламирање во телевизијата на Велија Рамковски, како што говореше Љубе Бошковски за новинарката Анета Додовска, исто така од А1 телевизија.