ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со неаргументирани и неиздржани пријави до ЈО базирани на манипулации

СДСМ продолжува со своите правно неаргументирани и неиздржани пријави базирани на манипулации, до Јавното обвинителство, со цел да ја дефокусира јавноста од скандалозното и деструктивно сценарио што го спроведува Зоран Заев, се вели во пишаната реакција на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
vmro-dpmne500

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека денес таа задача да парадира пред камерите му беше доверена на Дамјан Манчевски, човекот кој јавноста го знае по две работи – првата е аферата со паркинзите во Куманово, каде неговата фирма доби тендер од околу 400 илјади евра од неговиот сопартиец и градоначалник на Куманово, и второ по тоа што за најголем свој успех го смета фактот дека е десна рака на Радмила Шекеринска и аминџија на сите нејзини погубни политики.

– Ете со ваков човек СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста. СДСМ наместо да прави алиби за штетата која и ја нанесува на Македонија и на граѓаните, треба да одговори на десетиците прашања кои јавноста ги има кон нив, а се поврзани со секојдневните лаги кои ги пласираат и сами си ги демантираат, стои во реакцијата.

Нивното сценарио, според ВМРО-ДПМНЕ, е целосно разобличено.

– На сите им е јасно дека СДСМ направи крајно низок обид да се добере до власт по секоја цена, без поддршка од народот, без избори, користејќи креирани и сечени материјали добиени на криминален начин од некој кој не и мисли добро на Македонија. Ете ова е вистината за СДСМ и нејзините деструктивни политики кои кај граѓаните воопшто не поминуваат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО СТОРИЈА: Кој е бе овој лудак што пред ЕУ ги крши законите? Ѕид на сообраќајниот срам пред ЕУ – А таму?!?

На популарната Фејсбук група „Ѕид на сообраќајниот срам“, корисниците секојдневно објавуваат фотографии од сообраќајни прекршоци кои ги прават граѓаните и со тоа јавно се осудуваат постапките на несовесните учесници во сообраќајот.
Денес, двајца корисници имаа фотографирано возило Ауди, со регистерски ознаки СК5951АЦ, со следниве коментари:

Слика 1:
Вака ли се паркира и тоа баш пред Европска унија? Срамота!

Dzid na soobrakjajniot sram 1Слика 2:
Типов си паркирал ем на тротоар, ем на пешачки. За вакви „фраери“, мали се сообраќајните казни! Локација: ЕУ инфо-центар. Баш има со што да се пофалиме пред Европската унија.

Dzid-na-soobrakjajniot-sram-2-1На сликава 2, стои коментар: Кој е бе овој лудак, што пред ЕУ ги крши законите и мува не го лази?

Е кој е де?
Типов, набргу се појави!
И навистина крши закони пред ЕУ и мува не го лази.

Dzid na soobrakjajniot sram - ZAEV 1Dzid na soobrakjajniot sram - ZAEV 2Zaev pred EUZaev pred EU 2

Ах бре Зоране, Зоране…глупост, до глупост!

Ефтов: СДСМ и СОРОС во нов скандал – афера „Фабрика 2“

Опозицискиот новинар и аналитичар, Васко Ефтов открива нов скандал во кој директно се вклучени СДСМ и фондацијата СОРОС. Ефтов, кој важи за еден од главните поддржувачи на СДСМ во медиумскиот простор, посочува дека е евидентна појавата на нова афера во која е вклучен СДСМ под раководство на Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Во интервју за Утрински весник, Ефтов истакнува дека постојат поголем број регрутирани новинари кои се организирани во одредена групација која тој jа нарекува „Фабрика 2“, која пак има за цел да го исплука и медиумски да го линчува тој што не размислува како нив и нивните наредбодатели, оснодно да имаат жестока критика кон Владата и безрезервна поддршка за СДСМ.

Групацијата која била во тесна соработка со СДСМ, според Ефтов е координирана од еден центар во кој силно влијание имал и уредникот на албанската Алсат ТВ, Мухамед Зекири.

– Не гледам назнаки дека некој во СДСМ има лидерски амбиции да го наследи Заев. Повеќе гледам тактика да биде оставен Заев да потоне со својата погрешна стратегија. Но, мислам дека е видлива една друга тенденција, а тоа е обидот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска преку формирање „фабрика 2“ да го исплукаат и медиумски линчуваат секој што не размислува или не се согласува со нивната политика. Не треба да бидеме наивни и да не гледаме дека во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани многу новинари кои беа дел и од проектот „фабрика 1“ на Владо Бучковски. Во најголем дел, во тој проект „фабрика 2“ се регрутирани новинари кои работат во медиуми финансирани од Фондацијата „Сорос“, новинари кои се блиски на таа Фондација или новинари кои работат на проекти финансирани од странски грантови. Анализата на уредувачката политика на Алсат М остава простор за сомнеж дека дел од уредувачкиот тим на телевизијата е битен фактор во тој проект „фабрика 2“. Случајно или намерно, името на главниот уредник на Алсат М, во анкетите на опозицискиот неделник „Фокус“, беше споменато како иден директор на Македонската радио-телевизија, во случај опозицијата да ја преземе власта во државата. И лани, кога беше аферата со Македонска банка, и денес Алсат М се јавува како носач на авиони за политиката на Зоран Заев, вели Ефтов во интервјуто за Утрински весник.

Аферата за која говори Ефтов, потсетува на „Фабрика“ во која тогашната влада на СДСМ ангажираше новинари. Медиумите тогаш пишуваат дека дел од нив се Борјан Јовановски, Сабина Факиќ, Герман Филков. Ова не е прв случај каде се забележува тесната соработка на новинари со СДСМ.

Јавноста веќе имаше можност да слушне за новинарката Оливера Трајковска која има фирма со пратеничката на СДСМ Софија Куновска, за Роберт Поповски кој е директор на прес службата на СДСМ, како и Весна Ковачевска-Трпчевска.

„Фабрика 2“, новата афера на повидок, покажува дека опозицијата иако декларативно се залага за слобода на говорот, на дело го покажува спротивното. СДСМ со своите постапки се демантира покажувајќи дека контролира и финансира новинари кои одработуваат за партиските интереси на лидерот на СДСМ, Заев.

Спасов: Се зголемувaат субвенциите за енергенси за ранливите категории

Зголемување на износот за субвенционирање на потрошената електрична енергија и други енергенси за затоплување за примателите на социјална помош најави министерот Диме Спасов при денешната посета на Јегуновце.

Според Спасов, овој проект за подршка на семјствата што добиваат социјална помош започна во 2010 година како одговор од Владата на економските проблеми предизвикани од светската економска криза и европската должничка криза со што околу 10 илјади семјества почнале да добиваат по 600 денари за оваа намена додека од 2012 година ова сума била зголемена на 700 денари месечно за семејство. Согласно планот на Владата и дадените ветувања, додаде министерот Спасов, овој надоместок од средината на годината се зголемува за дополнителни 100 денари.

– Се зголемува истиот надоместок на 800 денари почнувајќи од јули оваа година. За реализација на овој проект обезбедени се средства во износ од 81 милион денари што е значителна и дополнителна парична помош за примателите на социјална парична помош и дополнителн подршка од државата за надминување на предизвиците со кои што се соочуваат, изјави Спасов.

Во однос на тоа дали Министерството за труд и социјална политика има доволно средства за покривање на најавеното зголемување на социјалната помош за 10 наместо како што беше планирано за 5 проценти, министерот Спасов рече дека оваа разлика ќе биде надоместена од внатрешната заштеда во Министерството на годишно ниво со екектронската исплата на средствата до корисниците со што се намалуваат поштенските и други трошоци како и со примената на системот за заштита од злоупотреби на социјалната помош.

Спасов најави и продолжување на мерките за бесплатно бањско климатско лекување и бесплатни викенди за пензионерите што досега го искористиле околу 27.430 пензионери.

– За оваа година планирано е на бесплатно бањско климатско лекување да се испратат околу 5.500 додека на бесплатен викен околу 3500 пензионери. Покрај лицата со пониски пензии како критериум годинава ќе се зема предвид и бодувањето односно овие мерки да ги користат лицата со инвалидност и пензионираните рудари што работле во подземен ископ, рече Спасов.

Над 10.000 вработени во МВР ќе добијат повисоки плати за 20 проценти

Над 10 илјади вработени во МВР, полициски службеници и овластени службени лица, во рамки на усогласувањето на платите со вработените во Царинската управа, како дел од програмата за работа на Владата, ќе добијат зголемување за околу 20 проценти на основната плата до крајот на 2017 година.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовска, нагласи дека со ова усогласување, што е резултат на партнерскиот дијалог со синдикатот, ќе се признае и посебната улога на МВР во општеството заради ризиците, функциите кои ги врши и специфичните задачи во кои не се вклучени други структури на јавната админситрација.

– Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава, појасни Јанкулоска, додавајќи оти усогласувањето ќе продолжи и во наредните 2 години.

Таа истакна дека ако дојде до покачување на платите на останатите вработени во администрацијата, тоа ќе важи и за вработените во МВР односно тоа ќе биде дополнително покачување независно од процесот на усогласвуање на платите.

Според Јанкулоска, од 2006 година наваму со новото покачување платите во МВР се повисоки за над 25 проценти, а тоа заедно со бројните инвестиции во опрема и подобрување на условите за работа, подвлече, најдобро го покажува позитивниот однос на Владата кон вработените во МВР.

Таа најави дека е во завршна фаза и донесување нов Колективен договор за вработените во МВР.

 

Министерката Јанкулоска напомена дека преку конструктивена дебата со полицискиот синдикат вработените имаат добиено и други придобивки, меѓу кои ги спомена одредбите за пензионирање под посебни услови по сила на закон со навршување на 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста, при што старосната пензија се утврдува во висина од 80 проценти од просечната месечна нето плата што работникот ја остварил во текот на најповолните 10 години од пензискиот стаж. Се осврна и на постигнатиот договор за зголемување на надоместокот за прекувремена работа за време на празник и генерално земено право на надоместок за прекувремена работа за работниците во МВР кои вршат посебни должности и овластувања подолга од 190 часа годишно.

Претседателот на македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски, здравиот социјален дијалог со МВР, придонесе да се отпочне со процес на усогласување на платите. Обемната компаративна анализа на работни тимови од синдикатот и МВР, потенцира тој, вроди плод.

– Во својата висока професионалност, посветеност на работата, енормните ризици, опасноста, стресот и провокациите со кои се судруваат во секојдневното работење, моите колеги го заслужуваат ова зголемување на плкатите, рече Климовски, изразувајќи благодарност до Владата.

Ова покачување ќе ја зголеми мотивираноста во извршувањето на службените обврски, ќе овозможи и реализација на актите кои се во завршна фаза на донесување во МВР односно на новиот Колетивен договор во МВР.

– На меѓународен план овој процес ќе придонесе македонсктие полицајци да бидат меѓу подобро платените од овој регион.

Истекува рокот за откуп и закуп на државни станови, поднесени 1.000 барања

Над 1.000 барања за склучување договори за откуп, пренос или за закуп на станови во сопственост на државата кои што се користат бесправно се доставени до денеска до Министерството за транспорт и врски.

За откуп на станови се доставени 769 барања, 188 за пренос, а 28 за закуп, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Рокот за можноста граѓаните да достават барање и да се изјаснат за начинот на користење на државните станови истекува денеска. Барања се поднесуваат до АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според податоците на ресорното Министерство и на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, во државава има над 2.500 станови, коишто се користат безправно, односно се дивовселени дадени под закуп до 2006 година или се општествени станови.

Корисниците на становите кои нема да достават барање ќе ја изгубат можноста за сопственост, односно по автоматизам ќе добијат решенија за закуп.

Во изминатиот месец тимови на државното станбено претпријатие пред граѓаните корисници на државни станови ги презентираа условите за откуп и закуп.

Според Законот за домување што стапи во сила на 7 јануари годинава, граѓаните до денеска треба да достават само барање, а целата останата документација ќе им биде средена по службена должност.

Висината на закупнината се определува во зависност од примањата на семејството што го користи станот, а за социјално ранливите категории, корисници на социјална помош ќе нема закупнина.

Нерегулираниот статус на становите кои се користат бесправно по основ на сопственост или закуп, според плановите на Министерството за транспорт, треба да се реши до септември годинава.

ФОТО: Графити Стојанче+УЧК се појавија во Скопје

Скандалозниот статус на претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов во кој гордо рече  дека тој сака заедно со УЧК да оди против власта на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика реакции кај граѓаните. Утрово низ Скопје осамнаа графити со кои граѓаните јавно покажаа што мислат за ваквите изјави на Ангелов.

Покрај тоа што дел од граѓаните синоќа на социјалните мрежи го изразија својот револт за овој последен настап на Ангелов, дел од нив и на ваков начин, со графити, го искажаа своето мислење.

s_angelov (1)

Инаку, Ангелов вчера реплицирајќи му на новинарот Драган Павловиќ- Латас, рече дека тој е подготвен со УЧК и командантот Валтери од ветераните на УЧК да оди против власта и Латас. Притоа, тој го замоли уредникот на Алсат-М, Мухамед Зекири да му организира и ТВ емисија со командантот Валтери.

По објавувањето на неговиот статус се огласи и Основачот на Здружението на ветерани на УЧК кој рече дека е подготвен за дебата.

ТМРО: Мешањето на ЕУ ја прави Македонија протекторат

За ТМРО одлучувањето и мешањето на меѓународната заедница за внатрешни прашања на една независна држава се вика протекторат, реагира оваа политичка партија со сооштение до јавноста во врска со вчерашното отпочнувањето на преговорите меѓу претставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Брисел, под покровителство на Европарламентот, а за решавање на политичката ситуација во земјава.

– Немањето капацитет и изнесувањето на секој проблем надвор од својот двор не е добро за имиџот на земјата и тоа подразбира странско мешање за секој случај и иден отворен проблем. Веројатно нема друг пример каде Европската унија решава внатрешен проблем во некоја европска држава, се вели во реакцијата на ТМРО.

Раст на индустриското производство од 3,1 отсто

Индустриското производство во февруари годинава бележи раст од 3,1 отсто во однос на февруари лани, а во првите два месеца растот е 2,1 отсто во однос на овој период лани, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 13,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2 осто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, бележи пораст кај Енергијата за 5,9 проценти, Капиталните производи за 26,8 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 27,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3 отсто.

Генерал Стојани – Фејсбук атракција

Стотици коментари и јавни осуди против Стојанче Ангелов, или Генерал Стојани, како што го нарекоа корисниците, се појавија синоќа на социјалната мрежа Фејсбук, откако Ангелов изјави дека посакува со УЧК и командант Валтери да оди против власта.

Најзастапени беа фотографии на кои Стојанче е претставен во униформа на УЧК, а според коментарите, може да се заклучи дека неговите довчерашни другари не бирале зборови за да го искажат нивното незадоволство кон ваквите, речиси секојдневни, испади на Ангелов.

stojance