Спасов: Со измените на Законот за пензиско решен е проблемот на 645 пензионери

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во врска со прашањето од пратеникот Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ кое се однесува за враќање во примена на Законот за старосно осигурување на земјоделците којшто бил во примена од 1978 до 1988 година и за решавање на проблемот на неколку десетици земјоделци рече дека е со цел да се регулира стажот на осигурување на земјоделците кои биле осигурани по овој Закон кој траел од 1978 до 1988 година.

– Вакви измени се направени во Законот за пензиско од 2012 година и практично одредбите важеле шест месеци, односно од 8 август 2012 до 8 февруари 2013 година. Со овие измени коишто ги има направено оваа Влада на Законот за пензиско решен е проблемот на 645 пензионери коишто го имаат регулирано стажот врз основа на овие одредби кои веќе престанале да важат и се стекнаа со право на пензија, истакна тој.

Спасов посочи дека повеќепати особено во Струмичко имаат разговарано со земјоделците коишто имаат ваков проблем, односно бараат враќање на одредбите на чл. 259 од Законот за пензиско коишто траеле во периодот од август 2012 до февруари 2013 година. – Моментално во фаза на разгледување е детална информација која што влезе во владина процедура. Очекуваме комисиите на Влада, меѓутоа и Економскиот совет на Владата на РМ да ја разгледа оваа информација и да дефинира став, рече Спасов.

Појасни дека ова е сосема различно од новиот проект на Владата на РМ за којшто исто така во постапка се изработка на конкретни законски измени, проектот за откуп на стаж за работниците коишто во минатото работеле во компании коишто не им го платиле стажот, а повеќе не постојат, односно згаснале поради стечај, ликвидација или најразличен друг основ.

– Со овој проект право ќе имаат сите работници коишто работеле, а не им бил исплатен стажот по повластена стапка да можат да си го откупат стажот на рати и со тоа да се стекнат со услови за исполнување на старосна пензија и да обезбедат сигурна старост во иднина, истакна министерот.

Во тој контекст додаде дека се работи за две различни мерки, меѓутоа во секој случај и за ова прашање кое што денес го поставивте би сакал да ве информирам дека имаме во соработка со МЗШВ изработено анализа која што е во владина процедура. – После разгледување од страна на сите владини комисии и Секретаријатот за законодавство би излегле со конкретен и дефинитивен став, рече Спасов.

На прашање од пратеникот Тренов за функционирањето на комисиите кои вршат конзилијарен преглед на граѓаните кои бараат да остварат помош и нега од трето лице – паричен надоместок од околу 4.700 денари рече дека со измените се воведе законски основ да се формираат комисии коишто ќе одат на терен и ќе вршат преглед на самите баратели во рамки на нивните домови.

– Такво право остваруваат околу 30.000 граѓани во Република Македонија. Измените на Законот кои се направени во август 2014 година беа во насока на отстранување на можностите за манипулација на самиот систем за остварување на ова парично право кое што треба да биде насочено за оние најранливите категории коишто се со инвалидност или одредена попреченост и за паричен надоместок којшто треба да им помогне во остварување на нивните потреби со оглед на поголемиот број на случаи коишто беа утврдени како резултат на постоечката поранешна постапка на остварување на ова право само со медицинска документација која што можеше да биде и од страна на матичен лекар во соработка со Министерството за здравство се воведе нова процедура за сите оние граѓани коишто бараат да остварат помош и нега од трето лице пред да го остварат правото да имаат обезбедено позитивен наод и мислење од тричлена конзилијарна комисија од тројца лекари во рамките на терцијарните здравствени установи, односно во рамките на клиниките во РМ со самите измени дефиниравме комисии да имаат практично во сите делови од РМ, рече Спасов.

Меѓутоа, како што додаде, со измените се дефинираше и процедура за оние лица коишто по првичната медицинска документација и сознанија се неподвижни се воведе законски основ да се формираат комисии коишто ќе одат на терен и ќе вршат преглед на самите баратели во рамки на нивните домови.

– За оние лица коишто бараат надоместок за помош и нега од трето лице, а само што излегле од болничко лекување со документацијата од болницата можат без конзилијарен преглед и мислење од комисија да остварат надоместок за помош и нега од трето лице, така да има неколку постапки во овој случај и сите комисии коишто се вклучени од клиниките во РМ се трудат максимално да ги завршат навреме прегледите, да извршат прегледи на сите баратели и во нивните домови и нема некој посериозен застој во однос на решавање на предметите, рече Спасов.

Во контекст на тоа додаде дека интензивно ја следат состојбата со цел да не се предизвика одредена дестабилизација на системот, а и одредени барања да не чекаат подолг временски период.

Хојт Ји: Власта да го реши прислушувањето, СДСМ да се врати во Собрание

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји го повтори повикот до македонските власти да се справат со случајот со прислушувањето, како и повикот до опозициската партија СДСМ да се врати во Собранието, пренесува МИА.

Ји говорел на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом во средата вечер, заедно со Сузан Фриц, раководител на одделението за Европа и Евроазија на агенцијата УСАИД.

– Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време ние и нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се разреши кризата. Загрижени сме и за растечките разлики меѓу етничкото македонско малцинство и етничката албанска заедница. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија останува важна за да се постигне траен мир и стабилност во регионот. Со новата Владата во Атина, ги поттикнуваме двете страни да постигнат заемно прифатливо решение на таканаречениот спор за името кој го блокираше напредокот на земјата во евроатланските интеграции, изјави заменикот помошник државен секретар.

Ји се осврна и на целиот балкански регион, велејќи дека американски приоритет останува да се работи на интегрирањето на регионот во НАТО и во Европската Унија, оценувајќи дека сепак оваа американска визија е под закана како никогаш до сега по крајот на Студената војна, поради кризата во Украина. Ји додаде дека е точно дека процесот на проширување и интегрирање во Европската Унија е забавен, поради инсистирање на Унијата на воведување повисоки, построги стандарди за идните земји членки.

Управителката Фриц од УСАИД исто така кусо се осврна на програмите кои оваа Агенција ги врши во регионот и во Македонија, пред се во областа на политичките програми и слободата на медиумите.

– Во Македонија програмата на УСАИД за поддршка на медиумите промовираше независност на медиумите, истражувачко новинарстгво и еден сервис за проверка на факти кој досега објави над 1.000 критички анализи на медиумски текстови, рече Фриц.

Конгресменот Грегори Микс побара да слушне од Ји која е стратегијата на Стејт Департментот за обезбедување на енергетската иднина на регионот и изрази загриженост од најавите дека Грција сака да биде дел од руските планови за спроведување на природен гас преку Балканот.

Ји рече дека приоритет за Европската Унија е да се изгради систем на гасоводи кој ќе овозможи увоз на гас од повеќе разни извори на гас, но и инвестирање во обновливи и домашни извори на енергија. Ји додаде дека САД внимателно ги следат настапите и изјавите на руските дипломати на Балканот и не се согласуваат со неодамнешната оценка на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека за Русија, идните проширувања на НАТО ќе се сметаат за провокативен чин.

Куриозитет на седницата на Комитетот беше настапот на Џо Диогарди, кој служеше четири години како конгресмен од изборна единица од Њујорк и беше претставник на албански лоби организации во Вашингтон. Во својот настап Диогарди говореше за режимот на Милошевиќ, ја обвини Македонија за расизам кон Албанците цитирајќи забелешки од Ерван Фуере и побара федерализација на Македонија, побара поддршка за сменување на партијата на Хашим Тачи од власт во Косово и го обвини поранешниот американски амбасадор во Косово за прескапата изградба на автопатот меѓу Албанија и Косово, пред да биде замолен да го приврши обраќањето.

Косотв: Заев ја внесе шпионажата во дневната политика

Зоран Заев ги обесчести доказите и ги обезвредни само за да не биде осуден. Не знам како него ќе го осудат, а еве се докажа и дека издал државна тајна, истакнува Сотир Костов, колумнист во „Дневник“, во своето гостување во Алсат-М телевизија.

-Тоа требаше на суд да оди. Тоа требаше многу сериозна работа да биде. А не вака, кликни-клипче, кликни – овој прашува, оној одговара. Не, сериозен претендент за власт, да симне некој од власт, ќе постапеше како Бранко во 2001-ва. Секоја чест! Отиде во Собранието и објави. Сетете се и таму аболиции паѓаа. Како за Заев падна аболиција, рече Костов.

Тој обвинува дека овој човек ја воведе шпионажата во дневната политика.

-Кога дома седам и пишувам колумна, а доцнам и ќе ми префрлат нешто што не е во моја должност да направам викам „Ќе ве обесам“, „Ќе ви направам ова или она“. Завршувам, доаѓаат ме гушкаат децата знаат дека не сум таков. Во штабови кога сум работел, кога сме губеле сум викал „Овој ќе го одерам“, „Овој ќе го обесам“. Јас убив некого? Најдовме некого во ендеците?, вели тој во Алсат-М.

Тој потенцира дека во разговорите кои Заев ги објавува има многу малку упаѓање во збор, како што тоа реално се случува кога двајца разговараат. Тоа според него алудира на copy-paste.

-Заев влета во една авантура, спиралата на пропастот СДСМ да ја префрли на спирала на пропаст на државата. Господинот Героски рече „нема стратегија уште докрај“, па зошто нема, секој ден Заев ја менува стратегијата. Господине Героски, вие сте влијателен човек посочете му на господинот Заев да се врати во Собранието, најголемата моќ во демократијата е таму, рече Костов.

Костов: Заев манипулира и неморално објавува приватни разговори

Не си дозволувам Заев да ме манипулира со неговите ристички трикови од Шопенхауер, Аристотел или не знам кој, што многу вешто ги изведува, истакнува Сотир Костов, колумнист во „Дневник“.

Тој гостуваше во Алсат-М телевизија, заедно со уредникот на ПлусИнфо и Слободен печат, Бранко Героски.

Потенцира дека материјалите кои СДСМ ги објавува се разговори кои се дискретни по телефон меѓу две лица, а не на форум или партиско тело, Влада или митинг.

-Луѓе, тоа е приватната сфера! Не си дозволувам Заев да ме манипулира. Знаете ли дека доказот не смее да биде гибнат освен од надлежен орган. Вие се уште верувате дека тој не чепкал по доказите? Тој самиот кажа „овде кратевме вака, овде моравме да исфрлиме Сотир и Васко збореле нешто секси“. Па не смеете да гибате. Тоа е правен нихилизам. Не чинел обвинителот, кој да го избере? Зоран Заев да го избере обвинителот? За нив не чинел Парламентот. За Владата да не им чини ги разбирам, па тој сака да седне таму. Не го поддржувам, ама го разбирам што тој ја напаѓа оваа Влада. Тоа е политичка борба, арена каде што треба да се бориме. Ама знаете што? Мора малку морал да има, рече Костов.

Оваа ситуација според него е револуционерен макијавелизам. Заев, вели, ги употребува средствата на Макијавели и по методите на француската револуција на Робеспјер.

Во рудникот Алшар пронајден досега непознат минерал!

Во рудникот Алшар во кавадаречко, истражувачки тим предводен од професор Боев открил нов вид на досега непознат минерал.

-После 30 години истражувачка дејност на локалитетот Алшар, дојдовме до нов минерален вид од групата на талиумските минерали и тоа е 55-иот минерал на Талиумот. Ова е значајно откритие во фундаменталниот дел од науката. Ова откритие немаше да биде возможно доколку во последен момент не ги добивме лабораториите кои беа донесени со програмата од Владата на Република Македонија, а со тоа се овозможија ваквите откритија, изјави професор Боев.

Целото интервју од вестите во Канал 5 можете да го погледнете во видеото:

Вечер – Ексклузивно: Ахмети достави список – бара од Косово да уапси 50 лица за Гошинце

Во нападот на караулата кај Гошинце стојат војници и команден кадар од поранешната 113 бригада на УЧК, покажуваат информациите со кои располага „Вечер”. За мотивите засега никој не може да потврди дали станува збор за борба за превласт меѓу политичкото и военото крило во партијата или пак има исклучиво финансиска позадина.

Али Ахмети, во понеделникот, при посетата на Приштина доставил список на кој имало 50 лица кои учествувале во нападот на караулата кај Гошинце или пак биле нивна логистика и побарал од косовските власти тие да бидат лоцирани и уапсени.

Во понеделникот тој се сретна со косовскиот вицепремиер Хашим Тачи и претседателот на косовското Собрание и поранешен шеф на илегалната ШИК на Косово, Кадри Весељи на која, барем според официјалните информации кои беа лиферувани во јавноста, се дебатирало за билатералните односи меѓу двете држави, моменталната безбедносна состојба и положбата на албанското население. За инцидентот кај караулата во Гошинце речиси немаше ниту збор.

Ahmeti-Taci-Kosovo

Според косовските медиуми, средбата имала и „затворен дел” каде Ахмети доставил список со околу педесетина лица за кои имал информации дека учествувале или биле поврзани со нападот на караулата и со заканите на градоначалникот на Липково, Садула Дураку, кој според нашите информации на своја рака допатувал во Приштина на средбата за лично да бара гаранции за неговата безбедност.

– Нашите извори ни потврдија дека Ахмети донел листа со 50 лица која ја предал на косовските власти, а за кои се претпоставува дека учествувале во инцидентот кај Гошинце. Ахмети ги убедувал косовските власти дека зад нападот стои Командант Хоџа иако тој јавно се огради од тоа, пишува приштинскиот весник „БотаСот”.

Овие информации вчера експресно, уште пред да излезе печатеното издание на весникот категорично ги демантираше шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук каде тврдењата на „БотаСот” ги нарече шпекулации, дезинформаци, клевета и аматеризам.

– Пишувњата на „БотаСот” се тешка клевета. На состанокот не е доставен никаков список, изјави Груби за „Вечер”.

Останува нејасно како ДУИ официјално нема информации за тоа кој учествувал во инцидентот, а од друга страна има листа со поранешни членови на УЧК кои стојат зад нападот и заканите. Истото се однесува и на мотивите за инцидентот за кои ДУИ тврди дека не ги знае.

– Ние сме политичка партија а не полиција, кусо одговори Груби.

Еден ден по нападот на караулата „Вечер” објави дека станува збор за кулминација на незадоволството и судирот меѓу военото и политичкото крило во оваа партија, борба за превласт со финансиска позадина.

UCK

Според нашите информации, како водачи на групата се јавуваат Мирсад Ндрецај, кој самиот се огласи и ја презеде одговорноста и Мухамед Красниќи, познат како командант Малишева. За време на конфликтот во 2001 година двајцата се во редовите на 113 бригада на УЧК каде командант е Сами Ушкини, а негов заменик Малич Ндрецај, роднина на Мирсад. Красниќи е командант на единицата за специјални задачи во склоп на бригадата, додека Ндрецај е командир на одделение и е под директна команда на Красниќи.

Овие двајца стојат и зад заканите кон Дураку, кој во 2001 година соработувал со нив, па затоа тој, според нашите информации, неповикан се појавил на средбата во Приштина барајќи од Тачи, Весељи и Ахмети да му ја гарантираат безбедноста.

Нашите извори тврдат дека токму затоа, Ахмети се сретнал само со Хашим Тачи и Весељи бидејќи сметал дека тие двајца се уште имаат авторитет кај поранешните членови и ветерани на УЧК, а не и со премиерот Иса Мустафа и претседателот на Косово, Атифете Јахјага.

Меѓутоа овие информации исто така веднаш ги демантираа од партијата, оценувајќи ги како невистини и шпекулации.

-Потпретседателот Дураку не добивал закани од лицата кои вие ги посочивте. Тој не добивал никакви закани. Средбата во Приштина имаше сосема друг карактер од оној што вие го наведовте, рече Груби.

Она што официјално е потврдено од македонското МВР е дека во нападот учествувале македонски и косовски државјани од кои освен Ндрецај идентификуван е и Сулејман Османи (55) од селото Брест кој е во бегство, а кај кого беше најден дел од украденото оружје од караулата.

Од министерството информираа дека во рамките на истрага е контактирано со косовската полиција со која се разменети информации, како и со други безбедносни агенции. (О.Ч.)

Извор: Вечер

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Наумоски му се помоча на СДСМ

До официјалниот Фејсбук профил на порталот Журнал.Нет пристигна видео со порака од наш читател кој тврди дека го снимал опозицискиот активист Никола Наумоски како уринира на ѕидот на Штабот на ОО СДСМ Центар.

Zurnal-Pismo

Очигледно по неуспешниот референдум за ГТЦ, активистите на СДСМ се гневни поради претрпениот пораз и неможноста да ги мобилизираат граѓаните за поддршка на нивните активности, Наумовски не додржа и по неуспешниот референдум во Центар му се помоча на штабот на СДСМ во оваа општина.

Да потсетиме, Никола Наумоски е братучедот на Радмила Шекеринска и главен претставник на партиските здруженија на СДСМ, кој направи низа инциденти и напади врз новинари.

Опозицискиот активист пред пет дена, додека Антонио Димитриевски ја подготвувал својата емисија која оди на радиото, прво бил вербално испровоциран, а потоа и физички нападнат од Никола Наумоски, братучед на Радмила Шекеринска и активист на соросовите организации „Плоштад Слобода“, „Распеани Скопјани“, „Паркобрани“ и др.

Истиот Наумоски, пред повеќе од месец дена вербално му се закануваше на новинарот на Сител, Љупчо Златев. „Свињо една, си дошол од Кавадарци тука да ми се правиш главен“, вака Наумоски му се обрати на новинарот на Сител, Љупчо Златев кој професионално следеше настан на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Латас: Вчерашните „бомби“ на Заев ќе му се удрат од глава во судската постапка

Главниот и одговорен уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас во централните вести посочи дека вчерашната прес конференција на СДСМ во која беа објавени одредени сознанија, документи и имиња се врв на заглавување на Зоран Заев и СДСМ во самата афера, кои ќе му се удрат од глава на Зоран Заев, во судската постапка.

-Вчера СДСМ имаше прес-конференција исклучително битна за нив и нивните гласачи, особено за нивното партиско раководство сегашно и поранешно. Објавени се одредени сознанија, документи и имиња кои досега во овие два месеци се врв на заглавување на Зоран Заев и СДСМ во самата афера од своја рака, истакна Латас.

Имено, рече тој,  објавени се документи кои во судската постапка ќе му се удрат од глава на Заев и СДСМ со кои тој докажува дека со такви документи располага, дали се тие оригинали или не ќе видиме допрва, треба да докаже и од каде му се.

– Трета работа се објавуваат разговори кадешто по документите се гледа дека се прислушкувани, барам според Заев, и Црвенковски и Шекеринска и Зоран Заев, но ние досега не видовме ниту еден разговор од страна на СДСМ, додаде Латас.

Тој потенцираше дека за јавноста е битно да ги види и двете страни и дека би било нормално кога веќе Заев дошол до прислушкувани разговори и од Црвенковски, Шекеринска и од самиот него да ги даде на ВМРО-ДПМНЕ и тие да одберат што од нив е интересно за јавноста и да ги објават.

На тој начин, посочи тој, граѓаните ќе имаат шанса и можност демократски да одберат што за нив е порелевантно.

Од обраќањето на Драган Павловиќ Латас може да се заклучи дека допрва јавноста ќе се запознае со откривање на нови дополнителни информации поврзани со делувањето на СДСМ и Заев од кое што ќе се срами цело СДСМ и ќе се урне главниот столб на Заев и неговите структури дека Власта прислушкувала.

Граѓаните не ја поддржуваат политиката на деструкција

Експертската јавност, дури и оние аналитичари кои во јавноста важат за отворени поддржувачи на опозицијата, се согласни дека дебаклот на рефендумот во општина Центар за ГТЦ е најдобар тест за тоа дека граѓаните не ги одобруваат политичките бомби на лидерот на опозицијата Зоран Заев.
sdsm 1

Бомбите на Заев, како тие за Центар и тие на ниво на целата држава  не вродуваат со успех и не и помагаат на опозицијата да го зголеми својот рејтинг меѓу народот. И самите опозициски поддржувачи признаваат дела неуспехот на референдумот во Центар не е пораз само за Жерновски, туку е и пораз за СДСМ и Заев и неговото бомбашко сценарио.

Но, неуспешниот референдум во Центар откри и длабока поделеност во опозицискиот блок, кој излегува со неодржливи тези. Дека бомбите немаат ефект говореше и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски кој смета дека поразот на Жерновски е пораз на опозицијата и политичките бомби на Заев.

-Ова не е пораз само на Жерновски, да не се лажеме. Ова е пораз за целата фрагментирана и поделена опозиција. Ова е пораз на бомбите за Центар, ова е шамарчина од која свират ушите. Ова е потсетување дека нема иднина со монополизирана опозиција, дека критиката е повеќе од потребна и дека суштински треба да се преиспита актуелното политичко делување, напиша Мицковски.

По неуспешниот референдум тој додаде дека “сега ќе слушаме како борбата продолжува, и тоа е така, но денес, докажавме дека не сме ништо подобри од тие што сакаме да ги смениме…’

-Покажувањето веднаш со прст кон Жерновски, е само уште еден во серијата докази, дека капацитет за такво нешто, во моментов не постои, додава поддржувачот на опозицијата.

Аналитичарите се согласни дека опозицијата треба да ја смени тактиката и начинот на дејствување. Граѓаните го поддржуваат градењето и создавањето, а не деструкцијата на Заев. Според новинарот Васко Ефтов,  резултатот од референдумот е сериозен удар за опозицијата бидејќи и покрај сите нејзини “бомби“, нивниот резултат во општина Центар е минорен.

-Прво јас им честитам на граѓаните, бидејќи бројка од 41 отсто во еден ден како што е недела, без некоја посериозна кампања на власта е убава бројка. Што значи дека граѓаните го положија тестот на демократијата, но сепак ова е сериозен предизвик да не речам удар за политиката на СДСМ, бидејќи таа успеа само за 400 гласа во однос на вториот круг од претседателски избори, да го зголеми резултатот во општина Центар, тоа е одвај 2.5 проценти. Што значи дека на сите тие силни “бомби“ не успеа да го зголеми изборниот резултат во општина Центар и треба да се направи анализа зошто е тоа така“ – изјави Ефтов, додавајќи дека СДСМ очигледно нешто треба да менуваат.

Референдумот за ГТЦ е неуспешен затоа што ја немаше потребната излезност за законскиот цензус од 50%. Шеесет проценти од граѓаните не ја поддржаа идејата на СДСМ и Жерновски за блокирање на реновирањето на ГТЦ.

Собранието го изгласа продолженото породилно на 15 месеци за повеќе деца

Собранието на Република Македонија денеска ги донесе измените на Законот за работни односи со кои се продолжува породилното отсуство за мајките кои ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш, пренесува МИА.

Измените беа донесени со 63 гласови и ниту еден против и воздржан, а предвидуваат наместо 12 месеци породилното отсуство дат трае 15 месеци за мајките кои ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш.

Поддршка од пратениците, без ниту еден против и воздржан, добија и измените и дополнувањата на Законот за архивски материјал кој овозможува значително поедноставување на канцелариското работење и растоварување од обврските на приватниот сектор.

Според измените, правните лица се поделени во две групи – првата, со максимум 49 вработени има единствена обврска да го архивира материјалот од трајна вредност за државата, науката и културата, и втората со 50 и повеќе вработени која има обврска да води единствено основна евиденција.

Правните лица со најмногу 49 вработени се должни да донесат план на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал. Во случај на престанок на работа, правниот субјект е должен да го предаде архивскиот материјал на својот следбеник или доколку нема, на Државниот архив.

Собранието на денешното продолжение на седницата ги донесе и измените на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и измените и дополувањата на Законот за спорт.