Колумна на Латас: КАРИКАТУРА

Latas-Kolumna

Знае да биде незгодно кога човек ќе се заљуби во сопствената карикатура.

Читам деновиве дека граѓанин нашол неактивирана бомба зад зградата на владата, до ресторанот Жабар, и ладно ја земал и ја однел дома. Ни страв ни срам.

Да види што и како има во неа. Да не е тука материјалот од телефонските разговори кои ги имал Заев, а не ги објавил… оние што ќе ја урнеле владата на Груевски за три дена. А таа се уште е тука.
Поминаа 35 бомби пута по десет разговори, а Заев и понатаму е опозиција во сенка. Да, во сенка на Милчин, Орданоски и нивните зомби соросоиди.

Откако граѓанинот ја размонтирал, и видел дека ни тука го нема експлозивот што ќе ја бутне владата, ја пријавил бомбата во полиција. Не ни помислил да му ја врати назад на Заев, кој и онака има полна соба такви ќор фишек бомби за сувенир.

Заради Заев луѓето веќе немаат страв од бомби. По неговите бомби сега поимот бомба веќе не е страшен, никого не плаши и луѓето бомбите почнаа да си ги сфаќаат како играчки. На заебанција. Како што го сфаќаат и него. Што би рекле во Скопје – цреп.

Па самиот факт дека е во тим со Шилегов и Шекеринска значи по дифолт дека е шарлатан и кримоген тип, лузер кој имал лош натален хороскоп. Доволно е, за почеток, да им ги видиш фаците на лигавиот Шилегов и ладната трајна на Шекеринска, и да ти стане јасно дека кај нив се е сомнително. И дека лошотилакот и злобата им се карактер.

Со високиот притисок на Шилегов, неговата потреба да живее живот на влекач кој чека некој нешто да фрли на земја за да има што да јаде, и постојаната потреба да се направи зло за да се спаси денот… не ни може да се очекува креативна акција. Влекачот, помеѓу останатото, ја има и таа маана да не гледа повисоко од нозете на тие што чекорат околу него. И да ги следи нивните чекори, каде и да го водат тие.

А чекорите се на Рада Ладнатрајна. Според инстиктот на Шилегов таа, по дефиниција чекори кон парите, и тоа е добра препорака за гуштерот Шилегов да оди по неа. Да и се упикува, лигави, да ја фали нејзината невидлива убавина, и од никого чуена елоквентност. А кога ќе стасаат до парите, Шилегов знае што понатаму.

Гуштерот Шилегов не се влече по чекорите на Заев. Јасно му е каде оди тој.

Јасно му е дека приказната на Заев е завршена. Дека е тој сега препуштен на судбината, на добрата воља на Груевски и трпението на дипломатите.

Од Судот и од Груевски му зависи дали судскиот процес за прислшувањето, но и за криминалот низ Струмица ќе му почне утре, за месец дена, или ќе биде аболиран. Дали ќе одговара само тој, или заедно со него бате Вице, и пар блиски им ликови.

Од дипломатите му зависи дали Груевски ќе го прифати како партнер за разговори, како и за аболицијата која ја бара Заев како услов за преговорите, или за сериозни преговори ќе се чека неговиот наследник, идниот шеф на СДСМ.

А колку повеќе се одлговлекува почетокот на судењето, толку позицијата на Заев во СДСМ е полоша. Со време разбираат дека целиот овој циркус што го прави Заев со злоупотреба на партијата е за да се спаси себеси од судење. И ништо друго. Да го сочува тоа што го украл, и кога ќе дојде време да се врати комплетно во Струмица.

Патем, да го спушти СДСМ најниско, на бандаши, и да го предаде во рацете на Милчин и соросоидите за понатамошна употреба.

Затоа во СДСМ почна операцијата за спас на партијата од заложништво на струмичкиот криминален клан Заеви, и проституирање на партијата за парите што ги даваат Милчин и соросоидите. Буткање на партијата во раце на Канвас, со нивните школи за демонстарции, уривање институции и уличен тероризам.

Убиќу те гаде на крају параде, што би им рекол поетот на Заев и Милчин.

Да, вистина е дека има тројца кандидати за нов шеф на СДСМ: Стево Пендаровски, Гордан Георгиев и Игор Шема Ивановски. Што се однесува до мене, мислам дека ВМРО би се усреќил со изборот на Стево Пендаровски. Таков мајка не раѓа повторно.

Прво, лузер е. Второ говорник кој никој не го разбира, и кога ќе тргне да фрфља и пелтечи само на Геровски му е јасно што сакал да каже, па пишува колумна во која го дообјаснува. Единствено, тоа тиковите шизофрени на Стево неможе да ги објасни.

А можам да замислам, пред избори, кога ќе почнат да му ја пуштаат ВМРО-овците изјавата дека пола милион граѓани на Македонија биле роботи и овци од бачило. Милина. Просто да го посакаш за противник. Го пушташ да збори, или барем да се труди тоа да го направи, а таман тргнал – му пушташ видео со изјавата за овците… И тој почнува нагласено да трза со тиковите, нервозно и панично дека пак ќе биде неразбран лузер.

За потпрeтседател на СДСМ треба да се постави Сашо Орданоски. Да.

Со тоа соросоидите ќе добијат достоен наследник на Рада Ладнатрајна. И подoбар дури. Поголем лажов од него тешко ќе најдете во државава, а и лицемер богами.

Се продава себе за новинар, интелектуалец као со добри врски во дипломатијата. Патем, од новинарска плата во беднииот нискотиражен Форум заработи куќа во Бардовци од брат-брату, по процена, барем милион евра. Во времето на СДСМ стана главен уредник на МТВ без да има завршен факултет, а беше веќе возрасен човек. Мораа да го сменат, по систематизација без школо неможе да ја држи таа функција.

Лицемерно, деновиве изјавуава дека го смениле заради бунтовништво. Иди бе браон главо празноглава, поработи уште малку за крвавите косовски пари на Ветон Сурои. Од тие крвави косовски пари Ордaноски живее со децении, им го пуши на косовските олигарси и нивните криминалци, како што ги правдаше и величеше и во случајот со терористите од Куманово, кои за него се жртви на македонската полиција.

Да ти се огади живот во кој мораш да бидеш во исто општество со вакви.

Со лицемерот Сашо Орданоски кој кариера гради ја напаѓајќи ја Мирка Велиновска, заборавајќи дека на нејзиното рамо плачел кога го фатиле девестиран и нацуцулен во надразнето машко друштво, и го избркале од дома. Никој, освен Мирка, не сакал да го прими ни на муабет. Им се гадело од него, од Сашо Орданоски.

Има и друго, има уште но, засега да застанам на ова. Животот е долг, има време.

И токму тој профил, како Сашо Орданоски, е соодветен за потпретседател на СДСМ со кого би шефувал Стево Пендаровски. Лепотица и Звер.

Бидејќи сопругата на Сашо Орданоски е дел од овдешната европска дипломатијата тој, ноќе, добива инсајдерски информации какви никој друг нема. Дури ни ЦИА.

Имено, он дознал дека дефектот со владиниот авион кој принудно слетал во Цирих бил намештаљка. Уствари, тоа било трик. До Цирих имало место кое се вика Хорген, каде се распослани сомнителни банки и фирми за оф-шор тајно банкарство, каде со сигурност парите ги криеле Миле Јанакиевски и Груевски. Па Груевски, под притисок на ситуацијава и страв од смена, лажно пријавил дефект на авионот за да слета во Цирих, и да скокне до тој Хорген да види како стои со парите, и да ги скрие дур е време…

Да, така пишува и објавува Сашо Орданоски, браон глава како последица од долготарен престој во задникот на косоварите.

Замислете, Груевски морал да пријави лажен инцидент на ВИП владин авион за да може да скокне до Цирих. Поинаку никако неможел да стаса до таму, па морал со настан кој е виден и забележан во цела Европа, да обезбеди тајност на својата посета на Цирих.

Која будала е овој Сашо Ордансоки, човече.

Тој истиот пушти бува дека уствари Груевски е руски соработник, избраник на Путин, и затоа Западот треба да го собори. Кога Груевски изјави дека стратешки партнер на Македонија се САД и Европската унија, а не Москва, бајлаков Орданоски напиша дека – тоа не е изјава на Никола, туку дека некој му ја подметнал… Монти Пајтон, човече :))

Па да бил писмен како што не е, Орданоски можел да се сети дека токму Груевски во 2008 година потпиша Договор за стартешко партенрство со САД, единствен таков во регионов. Тонч.

Плус, дека шест години по ред ЕУ и САД, па и НАТО со свој потпис тврдат дека оваа влада е прозападна, и дека ги исполнува стандардите на ЕУ и НАТО… Дури и кога некој би сакал, не би можел да ја претвори Македонија во антизападна држава барем во идните пет-десет години. А и тогаш би било можно само со косовска агресија врз Македонија затоа што овде САД и Брисел се доживуваат како патрони на Приштина и Тирана.

Значи, не е тајна дека Орданоски има политички амбиции. Но, иако Сорос подземјето има големи финансиски и дипломатски ресурси, со оглед на лимитираниот интелектуален капацитет на Сашо Орданоски, тој би можел во најдобар случај да му биде потпретседател на Пендаровски. За жал на Стево кој, сепак, не заслужува таква казна.

Но, тоа е последица од нивниот колективен синдром: како Љубе Бошкоски, и Заев, Шекеринска, Шилегов… Пендаровски и браоноглавиот Сашо Орданоски да се заљубени во сопствените карикатури. Тоа им се најубавите фотографии, скоро како селфи фото.

Што би рекол Зајко – Цитатите од изјавите на Зоран Заев се организирана кампања против мене :)

Извор: Вечер
Пишува: Драган Павловиќ – Латас

Соросоидите веќе бираат министри без знаење на Заев :-)

Milcin-SOROS

Милчин се огласи на Фејсбук:

На својот ФБ-профил Катерина Колозова пишува дека предлогот за експертска влада бил само трик на дел од НВО-ата кои се гребат за неколкуте опозициони места во преодната влада. И ја завршува пресудата: „Не е никаков идеализам во прашање“. Така, паушално, без ниту еден пример, без ниту едно име, Колозова обвинува дел од невладиниот сектор за кариеризам и калкуланство.

Обвинувањето е како излезено од курирската кујна. Најпрвин етикета, потоа пресуда, без докази и без адреса. Значи, кои се тие кои се гребат за места во преодната влада, Катерина? Колку што разбирам, НВО-а не можат да бидат министри, министри можат да бидат само индивидуи, луѓе со имиња и презимиња! Ајде, извади ја на виделина твојата листа, зашто вака смрди на инсинуација. Вака, на пример, таа може да се однесува и на оние кои, дури и да сакаат, не можат да бидат министри. Мислам на Ѓунер Исмаил, Љубомир Фрчкоски и Владимир Милчин, на кои, бидејќи лустрирани, им е забрането да извршуваат јавни функции. Те потсетувам на ова за да си ја прочистиш листата која со нетрпение ја очекувам. Една од причините за моето нетрпение е таа што верувам дека во тој миг ќе стивне неспокојството во редовите на опозицијата дека тоа „идеалистите“ од невладините ќе им одземат некој ресор. Ќе стивне пред да се разгори. Не плаши ја, Катерино, опозицијата со невладините организации! За невладините организации кои пристапија на коалицијата „Граѓаните за Македонија“ не е најважно дали преодната влада ќе биде експертска или партиска, туку тоа дека преодната влада ќе треба да ги преземе неопходните мерки за слободни, фер и демократски избори. Тие мерки вклучуваат проверка и чистење на избирачкиот список, нов јавен обвинител и МРТ да стане јавен сервис.

Да, има причини да се биде скептичен за можноста во Македонија да се формира навистина експертска влада. Но, има уште повеќе причини да се биде скептичен за повеќепартиска преодна влада во која премиер би бил Никола Тодоров. Треба ли да те потсетам дека повеќе илјади граѓани протестираа и ја бараа неговата оставка по трагичната смрт на малата Тамара? Тодоров ги упропасти двата ресора во кои беше министер, образованието и здравството и неговото министерување во идната влада би било мајтапење со граѓанскиот револт.

Но, да се вратам на прашењето. Најпрвин ги плашиш партиите и едните НВО-а дека другите НВО-а само се гребат за ресори. Потоа ги плашиш НВО-ата (претпоставувам оние кои се во коалицијата „Граѓаните за Македонија“) дека ќе се извалкаат доколку соработуваат со опозицијата во уривањето на Груевски и предлагаш нешто како хибернација додека владата за национален спас, на чело со Тодоров или некој сличен, не ги испере институциите од гревовите на Груевски и тајфата!

Она со што навистина ме исплаши Катерина е заклучокот дека таа најмногу се плаши од заминувањето на Груевски. Со нејзините заложби за немешање на НВО-ата во политиката само го продолжува животот на Груевски и агонијата на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Готово е Заев, готово е!

Zaev-pekol

Готово е Заев, готово е! Ова му го порачува владејачката партија на опозицискиот лидер.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Готово е со твоето мрачно и штетно сценарио, јасно ти е тоа и на тебе, а веќе им е јасно дури и на оние луѓе околу тебе кои секојдневно ги лажеш и манипулираш со ветувања за функции и власт.

Тоа што ти Заев спадна на дереџе да водиш политичка битка со креирани и сечени материјали во кои главни аргументи ти се паркети, пенџериња, плочки покажува дека ти си очаен политичар без идеја, кој ништо добро не може да понуди за граѓаните и за државата.

Заев, твоите прес конференции се претворија во килава сапунска серија во која воајеризмот е највидлив, а тоа е најдобар доказ дека и ти и раководството на СДСМ знаете дека е готово со креираните материјали. Целокупниот имот на сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ е јавно објавен на транспарентен начини и доследно пријавен во надлежните институции.

Денешниов прес е само начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали на раководството на СДСМ кои се документирани и поткрепени и за кои постојат сериозни основи за недоследност и противправност.

Не може Шилегов кој само пред дваесет дена навредуваше храбри полицајци во Куманово, кој лично одлучувал за стотици тендери на владата на СДСМ, кој вели дека има милион евра, да ја замајува јавноста и да не го бара клучниот одговор, а тоа е како ти Заев направи богатство од 25 милиони евра, од кај Ви се парите да купувате луксузни викендици во Грција на прва линија на море во вредност од стотици илјади евра, како Шекеринска има 5 стана која сама на себе ги издава и како секој ден во шаторите доаѓате со возен парк од џипови, поршиња, корвети, мерцедеси и друг луксуз од над 2 милиони евра.

Пет месеци ја малтретирате јавноста за денес да пуштате разговори за паркети и купатила. Срамота за вас и за вашата безидејност и занесеност.

Готово е Заев, готово!

За еден месец вработени 1216 луѓе преку проектот „Македонија вработува“

Makedonija-Vrabotuva

Вкупно 1.216 лица се вработиле во првиот месец од спроведувањето на проектот „Македонија вработува“. Очекувам оваа динамика на вработувања уште повеќе да се забрза во следниот период, истакна денеска во Скопје премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

-Проектот „Македонија вработува“ оди одлично. Со првиот месец вработени се 1.216 луѓе кои претходно биле невработени. Тоа е идентично како четири фабрики со по 300 и неколку луѓе или една голема од 1.216 луѓе. Се обидувам пластично да пренесам што значи за еден месец да бидат вработени 1.216 лица. Овој проект го најавивме во март, веднаш потоа следуваа законски измени кои ги усвои Парламентот и тој стапи на сила на 27 април, така што досега се вработени 1.216 луѓе. Јас верувам дека овој проект понатаму ќе продолжи со ваква и уште посилна динамика бидејќи првиот месец се уште сите не ги знаат условите, а сега веќе полека сите ги дознаваат тие услови коишто се за вработување, рече Груевски по пуштањето во употреба на двојно тениско игралиште во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Тој подвлече дека ова е проект кој е директно насочен кон зголемување на вработеноста, односно на намалување на невработеноста во РМ, но е и директна помош пред се на домашните компании во државата.

– Од околу 980 компании коишто аплицирале да бидат дел од овој проект, околу 780 се мали компании со број на вработени до 10, додека околу 200 се со над 200 вработени. Така што ова се параметри кои покажуваат дека овој проект им помага, особено на малите и средни компании во Република Македонија, посочи премиерот Груевски.

За здрава младина, таеквондо симулација денеска во кампот на Чуварите на демократијата

Taekvondo

За да алармира за штетноста од пушењето цигари, денеска на Светскиот ден за борба против пушењето, УМС на ВМРО-ДПМНЕ во кампот на Чуварите на демократијата организира низа спортски и едукативни активности.

Камперите ќе имаат можност да се запознаат со боречката вештина таеквондо, преку теакеводно симулација која ќе биде презентирана од страна на доктор Борче Костовски, кој воедно е и претседател на таеквондо федерацијата.

-Ние како претставници на таеквондо клуб „Бутел“ и претставници на македонската таеквондо федерација тука сме да дадеме поддршка и да го подигнеме нивото на самосвест и здравствено просветлување, особено кај младината. Затоа што здравата младина е наш императив, истакна Костовски.

Костовски подвлече дека младите се заинтересирани да ја учат оваа боречка вештина како дека е многу значајно младите да се градат во здрави и активни личности.

Груевски: СДСМ ќе бира премиер и министри само ако победи на избори

Gruevski-Izjava

СДСМ треба да научи дека можност за избор на министри и влада се добива само на избори и со поддршка на мнозинството од народот, оти тоа е суштината на демократијата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за пишувањата на медиумите блиски на опозицијата дека ќе биде договорена техничка влада во која тој нема да биде премиер, а ќе биде формирана егзекутивна комисија, која ќе функционира како влада.

– Со внимание ги следат сите овие шпекулации кои ги продуцира СДСМ и медиумите блиски до нив и понекогаш се чудам на нивниот начин на пуштање шпекулации и создавање на нереални амбиции и нереални очекувања. Размислувам како да одговорам. Доколку одговорам многу сериозно некој може да помисли дека има некоја вистина во однос на создавање преодна влада каде министри и премиер ќе одберат СДСМ. Ако одговорам само со насмевка може да бидам погрешно сфатен и затоа ќе кажам дека СДСМ треба да научи дека министри и премиер ќе може да бира тогаш кога ќе победат на избори и кога ќе ја добијат поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија. Се дотогаш нема да имаат можност ниту за министри во владата, за ниту премиер затоа што ја немаат потребната доверба од мнозинството граѓани. Тоа е основната работа во една демократија, изјави Груевски по пуштање во употреба на две двојни тениски игралишта во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Запрашан дали ги смета како можен компромис евентуални предвремени избори кои би се одржале после Нова година, премиерот Груевски рече дека засега такво нешто не планира.

Верушевски прислушувал 16 години, зошто СДСМ го штитела и криела овој шпиун?

Ljubco-Zaev

На најавите на кодошот и уценувач, Зоран Заев дека ќе почне да емитува креирани материјали и за Љубчо Георгиевски, реагираше ВМРО-Народна партија која посочи дека Георгиевски поседува материјали против СДСМ и Црвенковски кои што му ги доставувал Верушевски.

ВМРО – Народна партија јавно ги повикува челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер, се вели во соопштението на ВМРО-НП.  Од партијата велат дека во некоја наредна фаза ќе проговорат и за документите кои Зоран Верушевски му ги давал на Георгиевски. Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер Бранко Црвенковски, стои во соопштението.

Ова отвора една нова димензија на дејствувањето на Верушевски и неговата мрежа во полза на СДСМ. Ако Верушевски му давал на Љубчо Георгиевски снимки од Бранко Црвенковски и други политичари и тоа било во периодот 2003-та и 2004-та година, а имајќи во предвид дека Георгиевски во 24 Вести пред два месеци кажа дека Верушевски и другите двајца осомничени од ПУЧ го извршиле снимањето на телефонските разговори од „Големото уво“ кое беше откриено во 2001-ва, а кое опфаќаше материјали две години пред тоа, ова значи дека практично Верушевски снимал од 1998 та година, а можеби и пред тоа, во континуитет.

Тоа значи дека и новинарите, и медиумите и политичкиот естаблишмент бил под целосно прислушкување на мрежа организирана од Верушевски. Главното прашање кое се поставува е зошто СДСМ и нејзиното раководство му овозможило закрила и заштитништво на Верушевски како нивен кадар и со што толку е уцената СДСМ и какви материјали крие Верушевски.

-Јас сум 90 посто убеден, еве оставам 10 посто, дека оној дел во кој се министри и функционери на ВМРО е снимано од СДСМ. Цело време викам УДБА за да го заштитам СДСМ. Еве ви кажувам СДСМ снима, што сакате друго да ви кажам, изјави лидерот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во интервју за 24 Вести.

Лидерот на ВМРО-НП рече дека истата тројка која тогаш ја отворила аферата „Големото уво“, сега се истите луѓе поврзани со делови и структури на СДСМ.

-Каква е конекцијата меѓу тие тројца, Верушевски, Костовски и Лазаревски со делови и структури на СДСМ, не можам до крај да ви кажам, но дел од раководството ја фаќа таа јадица. Во која држава го има тоа? 90 посто сум убеден во приказната дека Верушевски, Костовски и Лазаревски се дел од структурите кои снимале по сопствен ќеф и волја. Кога е тој момент кога се поврзале со СДСМ не го знам и не ме интересира. Но, таа тројка е истата тројка која го отвори „Големото уво“. Мене не ми требаат дополнителни факти… И мене ми направија Пуч тогаш. И тоа пред кризата во 2001 година. Тие се истите луѓе, потсети Георгиевски.

Лидерот на ВМРО-НП потоа посочи дека сите треба да се плашат дека може да бидат објавени.

-Треба сите да се плашиме. Ако некој таму структури решиле да го снимаат министерот, личната секретарка на премиерот и сите тие таму, значи не се сомневам дека може да ме снимаат и мене и тебе и сите. Не смееме тоа да го дозволиме. И треба после ова навистина треба да видиме како ова е решено во западниот свет да ги донесеме сите законски консеквенци за да не ни се случува повторно, додаде Љубчо Георгиевски во телевизиско интервју.

Отука останува дилемата кој ги снимал македонските политичари изминатите 16 години, и поради што Верушевски ја придоби закрилата од СДСМ. Според ова, единствената влада која успеа да го разбие незаконското прислушкување на Верушевски е актуелната, а претходните не само што биле жртви, тие не успеале ниту да го санкционираат или пак тоа нив така им одговарало.

Експертите сметаат дека соопштението на ВМРО-НП значи дека Верушевски снимал цело време, и ако имал материјали што му ги дал на Георгиевски значи снимал и во време на СДСМ, но веќе е познато и за јавноста дека Верушевски беше тој што му ги овозможи материјалите и од „Големото уво“ во 2001 на Црвенковски, тоа значи дека постои еден контуинитет.

-Под број еден тоа е поттикнато од заканите  од Заев и СДСМ дека ќе бидат објавувани разговори на господинот Љупчо Георгиевски од друга страна пак соопштението на Георгиевски и на неговата Народна партија јасно укажува дека господинот Верушевски и неговите банда во континуитет од 2001 година и претходно вршеле прислушување во Република Македонија. Значи тоа се истите тие луѓе кои што ја отворија аферата Големо уво. Да се присетиме и дека и госпоѓата Мирка Велиновска имаше изјави во кои што тврдеше дека била повикувана, во стан во Аеродром, претпоставувам во истиот стан  во кој што бил и господинот Георгиевски  каде што биле покажувани и видео материјали  и телефонски разговори помеѓу во тоа време врвот на СДСМ и Владата, затоа што тоа е период 2002-2006 кога СДСМ е на власт. А како што сме сведоци и сега, повторно истата таа група  на Верушевски и на тие агенти кои што сега се во притвор, односно во затвор се истите тие луѓе кои го прават прислушувањето, вели аналитичарот Александар Пандов.

Експертите додаваат дека оваа влада го открила Верушевски, по што се поставува прашањето зошто разузнавачот претходно бил толериран и зошто бил заштитуван?

УМС на ВМРО-ДПМНЕ со низа активности за Светскиот ден за борба против пушењето

UMS-Neloski

Секоја година на 31 мај се одбележува Светскиот ден за борба против пушењето, со што се потенцираат сите здравствени ризици поврзани со употребата на тутунот, а се промовираат начини и решенија за борба против оваа зависност.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по тој повод денеска организира низа спортски активности и натпревари, со цел да се истакнат здравствените придобивки од здравиот начин на живеење и штетноста на пушењето.

-Денес по повод Светскиот ден против пушењето, како Унија на млади сили тука во Кампот на демократијата заедно со Чуварите на демократијата ќе организираме низа на спортски активности под мотото „Остави цигара, приклучи се кон спортот“ со кое ќе се обидеме на еден начин да им укажеме на сите млади луѓе повеќе да спортуваат, да ги остават цигарите и едноставно да го прифатат спортскиот начин на живот, истакна Владимир Нелоски, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека на секои два часа ќе се организираат различни турнири и натпревари помеѓу младите луѓе, но воедно ќе има и предавања за здравиот начин на живот и спортување, како и за штетноста на цигарите.

31-ums

Како што додаде Нелоски, во текот на целиот денешен ден пушењето ќе биде забрането за сите присутни.

Во светот има над 1,1 милијарда пушачи, од кои 200 милиони се жени.

Во Република Македонија се регистрирани околу 700.000 пушачи, а годишно се трошат 11 тони цигари или 5, 5 килограми тутун по глава на жител.

ВИДЕО: Тепачка меѓу камперите на СДСМ пред Влада

SDSM-Kamp-Tepacka

Физичка преметка во кампот на СДСМ пред Владата, помеѓу нивни членови и симпатизери, се случила доцна во ноќта во саботата, потврдуваат за Нетпрес очевидци на настанот.

tepackaaa

Според сведоштвата и материјалите кои ги доби порталот, имало закани, пцуења, викање, како и чкрипења со автомобили. Вревата на улицата ги разбудила околните станари во близина на Владата.

Очевидците кажуваат за Нетпрес дека две групи на млади момчиња, од по десетина, физички се пресметале во кампот на СДСМ, при што во улога на медијатори и помирувачи пристигнале и функционери на партијата кои сакале да го сокријат инцидентот од затекнатите минувачи и околните станари, како и да спречат негово ескалирање.

– Атмосферата беше вжештена, пред физичката пресметка. Како и секоја вечер, се конзумира многу алкохол, но во саботата се случи и она што беше само прашање на време. Две групи на млади луѓе од кампот се степаа меѓу себе. Едвај ги раздвоија. Тие меѓусебно се навредуваа и етикетираа, се обвинуваа дека не ги бивало, и спомнуваа некакви партиски крила, кој на чива страна бил во партијата, раскажува очевидец на настанот.

Тој за Нетпрес вели дека на местото на тепачката дошол и Миле Зечевиќ, со цел да ги смирува.

-Тој беше заедно со свои луѓе тука во кампот, додава очевидецот.

Ова јасно може да се види и до снимките и видео материјалите до кои дојде Нетпрес, а очигледно е дека се снимени по завршувањето на самиот инцидент. Од материјалите, со кои се потврдува сведочењето на очевидците дека навистина дошло до тензична ситуација пред владата во кампот на СДСМ, се гледа како Зечевиќ се обидува да ја смири тензијата, но и да ги вразуми скараните страни. Други пак, велат дека токму неговите луѓе ја почнале тепачката и тоа физички пресметувајќи се со делот на камперите на СДСМ кои негодувале на однесувањето на Заев и немањето на ефекти од неговото дејствување.

vladatepackaa

Луѓето кои подобро ги познаваат состојбите во СДСМ се изрични дека ваквиот инцидент е резултат на фрустрацијата и негодувањето кое постои од работењето на Заев, како и преголемите очекувања што тој ги создаде, а кои не се исполнуваат. Главната причина за разочарувањето во кампот на СДСМ е тоа што неговите бомби немаат ефект и не ја предизвикуваат очекуваната реакција во јавноста, и она што Заев им го ветувал дека многу брзо ќе дојдат на власт. Раздорот покажува дека камперите на СДСМ се неединствени и дека Заев не може да ја исконтролира ситуацијата ниту во сопствениот двор.

Инаку таквото разочарување е надополнето со огромни количини на алкохол кој се конзумира во кампот на СДСМ пред владата, а некои велат дека таму има и кознумирање на недозволени психотропни сустанци, и сето тоа доведува до вакви инциденти кои само го покажуваат неуспехот на Заев да го сврти вниманието со креираните разговори како и немоќта на СДСМ да парира со квалитетна политичка понуда, пишува Нетпрес.

Рекорден раст на извозот и вработувањата во економските зони

Ekonomski-zoni

Македонија стана магнет за привлекување странски инвестиции. Нови фабрики никнуваат во слободните економски зони, се зголемува извозот и што е најважно, се отвораат нови работни места.

Потврда за ова стигна и од реномираната „Ернст и Јанг“. Во спроведеното истражување за новоотворени работни места од странски инвеститори, земјава се најде во топ 15 држави и тоа со најголем напредок. Растот изнесува 223%. Од 1.556 работни места кои странците ги креирале во 2013-та година, лани е достигната бројка од 5.020.

„Ова укажува дека Македонија е во сериозен подем на отворање нови работни места како резултат на странските инвестиции“вели премиерот Груевски.

За споредба, просечниот раст на новоотворени работни места како резултат на СДИ на ниво на Европа изнесува 12%. Вкупно биле креирани 185.583 работни места.

Компаниите во ТИРЗ работат со полна пареа

Компаниите во слободните економски зони работат со полна пареа. Последните податоци покажуваат дека во првите пет месеци извозот од ТИРЗ е зголемен за 25% во однос на ланската година која беше рекордна. Достигната е сума од 553 милиони евра, а само во мај од 120 милиони евра, што е позитивен чекор за подобрување на трговскиот биланс.

„Владините политики се правилно насочени. Треба да остане Фокусот на решавањето на проблемот со невработеноста и на привлекувањето странски инвестиции, но и на натамошното подобрување на бизнис-климата. Во тој правец треба да се превенираат и елиминираат сите обиди за создавање политички кризи кои би ги одвратиле инвеститорите“ – смета Груевски.

 Податоците укажуваат дека е задржан позитивниот тренд. Лани извозот од зоните беше за 52% повисок во однос на претходната година, а компаниите од ТИРЗ креираа една третина од вкупниот извоз на земјава.

Нови компании почнуват со работа

Нов инвестициски циклус почнува во слободните економски зони. Повеќе компании се во финална фаза од изградбата на своите фабрики, што значи и отворање нови работни места. Три нови капацитети се во скопски Бунарџик. Италијански „Дијатек“ за два месеца веќе треба да почне со производство, а инвестицијата вредна 10 милиони евра носи 200 вработувања. Во исто време и „Капкон“ треба да почне со пробно производство на инфлатори за воздушни перничиња, а фабриката треба целосно да биде готова до крајот на август. Се работи за американска инвестиција од 18 милиони долари која ќе отвори 400 работни места, но инвеститорот во фиока има и други планови за земјава.

slika 1

„Ние планираме да ги прошириме активностите во Македонија и да отвориме технички центар. Во него ќе ја лоцираме инженерската поддршка за автомобилската индустрија, а во тоа ќе бидат вклучени локални инженери“ – рече првиот човек на компанијата, Али ел Хач.

Нови работни места ќе отвори и италијанската „Текнохозе“, која подолг период работи во слободната зона во Скопје, и која по примерот на „Џонсон Мети“ и „Џонсон Контролс“ се реши да реинвестира во земјава и да гради нов погон. Планирани се уште 150 работни места.

„Со ова вложување вкупната инвестиција ќе достигне 15 милиони евра, а производството ќе се зголеми за четирипати“ – вели менаџерот на компанијата, Џовани Поповиќ.

Дисперзирани инвестиции за рамномерен развој

Нови капацитети никнуваат во повеќе градови од земјава. Холандска „Антура“ ги отвори вратите, наскоро со работа почнува „Маркард“ во Велес, а финишира изградбата на фабриката на „Техникал Текстајлс“ во Штип. Германците во градот на текстилот ќе отворат 1.000 работни места, а дел од работниците се веќе на обука. Уште две компании, „ОДВ Електрик“ во охридско – струшкиот регион и „КСС“ во Кичево од браунфилд се трансформираат во гринфилд инвестиција, со што ќе се создадат услови за 2.000 нови вработувања. Со новите компании земјава прерасна во центар за автомобилската индустрија. „КСС“, која се занимава со производство на воздушни перничиња, веќе ги воведе производните линии за Порше, Шкода, Фолксваген и Сузуки, а во следниве два месеца ќе почнат да работат и за Тојота, Ауди, Хјундаи, Фиат и Сеат. По „Кромберг и Шуберт“, Пелагонија добива уште еден гигант. Американската компанија „Гентерм“ инвестира во Прилеп и отвора 1.000 работни места, а уште 250 работни места во овој град ќе отвори германската „Акомпласт“.

Владата ги засилува активностите за привлекување нови СДИ. На оглас се бараат уште двајца промотори за САД и Канада, а паралелно продолжува и отворањето слободни економски зони. Почнуваат градежни работи во зоната во Делчево, а во дел од зоните во исто време се гради инфраструктурата со новите погони.

Извор: Лидер.мк