Груевски: Ќе спроведеме попис на населението според највисоки стандарди

Имаме намера да спроведеме попис на населението во Македонија. Ги правиме сите напори да спроведеме попис според највисоки меѓународни стандарди, попис што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, кај ниту еден граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект.

Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на собраниска седница на прашање на пратеничката Роза Топузова Каревска.

Груевски посочи дека во меѓувреме подготовките за спроведување на пописот се одвиваат во два правци – во правец на електронско поврзување на матичните евиденции за во најголем дел пописот да биде електронски и во таа насока веќе има резултати.

– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите што постојат матични евиденции во Македонија и со тоа нашите проценки се дека околу 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори, рече Груевски.

За оној дел кој ќе биде рачно теренски направен, оние преостанати 30 проценти кои ќе треба теренски да бидат поставени како прашања на граѓаните, нагласи Груевски, исто така се прават одредени подготовки.

– Клучната работа во овој дел е да се изврши набавка на т.н. fingerprint или електронска проверка на биометриските податоци на тој што треба да се попише за да се потврди дека тој е во земјата и дека тој е тој кој го дава одговорот на прашањето. Без такво нешто секогаш би имало сомнежи дали навистина човекот што требало да одговори одговорил, дали одговорил некој друг итн., потенцира Груевски.

Појасни дека се разработува една поширока анализа и шема како да се комплетира проектот кој подоцна би поминал на владина седница и би се реализирал.

– Сега е во фаза на подготовка тој проект. Значи, ги правиме сите напори да подготвиме изведба на попис по највисоки меѓународни стандарди, попис којшто нема да влее сомнеж кај никого и за којшто во секој момент ќе може да се обезбедат докази дека навистина тој кој ги дал одговорите е лицето кое е запишано, попис кој ќе биде на терен помалку оптоварувачки и за анкетарите и за оние кои ги одговараат прашањата бидејќи ќе имаат значително помал број прашања што ќе треба да ги постават затоа што поголем дел од прашањата ќе бидат електронски преземени од матичните евиденции кои постојат, додаде премиерот Груевски.

Нов оглас за средства од ИПАРД

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе го објави годинашниот втор јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД програмата.

Огласот ќе трае до 15 септември годинава.

Финансиските средства се наменети за мерката 101 – инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на европските стандарди, за мерката 103 – инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба, како и за мерката 302 – диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата или нејзините работни единици од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Новиот закон за општа управна постапка носи позитивни новини за граѓаните

Законот за општа управна постапка беше донесен заедно со Законот за прекршоци и законот за парнична постапка. Како и другите два закона и овој закон носи големи новини кои се од интерес за граѓаните и за фирмите кои се појавуваат во управната постапка.

Со донесувањето на Законот за општата управна постапка, комплетно се заокружи системската легислативна рамка на реформата на јавната администрација, а која започна со носењето на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници. За разлика од овие два закона кои ја регулираат положбата и статусот на вработените во јавната администрација, нивната стручност, професионалност и други прашања поврзани со нивниот работен однос, новиот Закон за општата управна постапка е процесен закон кој има за цел да обезбеди побрзи, поедноставни, поефикасни и поекономични управни постапки.

-Се работи за закон кој што обезбедува голем број на позитивни работи за сите странки кои доаѓаат во допир со државните институции. Сите институции интензивно работат на усогласување на законите за формирање на еден правен амбиент да може да се ползува законот за општа управна постапка и паралелно со градење на кадровите капацитети, во однос на обука на сите вработени за применување на овие нови форми и начела кои што се од голем интерес и за граѓаните и за стопанските субјекти кои се предодредени на соработка со државните институции, истакна Александар Ѓорѓиев, портпарол на Влада.

Новиот ЗОУП ќе донесе голем број на позитивни работи за граѓаните и за странките. Тој има за цел да ја минимизира “бирократијата”, непотребниот формализам и одолговлекувањето на постапките преку досегашните заклучоци за прекин, да ги скрати роковите за донесување на актите, итн. Со тоа законот ќе обезбеди и намалување на потребното време и административните трошоци на сите учесници во постапките.

На пример, Со законот за прв пат системски се уредува водењето на постапка преку еден јавен орган, односно едношалтерски систем кој ќе овозможи на барање на странките сите управни дејствија во конкретната постапка да ги спроведе тој јавен орган. На пример, во постапката за остварување на право за социјална парична помош, странката ќе се обрати само до Центарот за социјални работи од своето подрачје, а понатаму сите управни дејствија во постапката, односно прибирањето на факти, исправи и други докази, и тоа од Управата за јавни приходи, Управата за водење на матични книги, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско осигурување и Министерството за внатрешни работи, ќе го изврши Центарот за социјални работи во име и за сметка на странката.

Органот кој ќе го прими иницијалното барање, во овој случај центарот за социјални работи, е должен во рок од три дена да ги побара документите и доказите од другите органи, а другите органи ќе има рок од три дена истите да ги достават. Странките ќе приложуваат само докази од лична природа како што се лекарски уверенија, елаборати, свидетелства, дипломи и други лични документи.

ФОТО: Соросоидите видоа нови очила за сонце – нив дефинитивно им требаат очила за вид

Соросоидните медиумски мрчатори кои секојдневно ја трујат јавноста и бесрамно и лицемерно одработуваат за нивните тутори СДСМ продолжуваат да пропаѓаат уште подлабоко од дното во кое го закопаа нивното т.н. новинарство. Тие денеска се обидоа да направат дрска и безобразна манипулација, која само покажува на кое „дереџе“ е падната безидејната македонска опозиција, па мораа да се служат со вакви ниски, ступидни и лажни вести за да ја дезинформира јавноста.
libertas

Имено, дел од опозициските медиуми како Мактел и Либертас попладнево објавија „вест“ дека премиерот Никола Груевски се појавил со нови очила во Собранието на Седницата за пратенички прашања. Соросовите портали тврдат дека на фотографијата се гледале очила за сонце оставени до премиерот, за кои уште и прашуваат дали биле “обични и купени по просечна цена“.

За каква ниска и смешна манипулација се работи потврдува самата фотографија, на која очила за сонце гледаат само опозициските медиуми, бидејќи до премиерот Груевски нема никакви очила, туку слушалки какви што имаат сите претставници во Законодавниот дом пред себе.

За опозициските платеници очигледно нема граници кога лагите и манипулациите се во прашање, но овој пример се чини дека досега е најеклатантниот за тоа со какви измислици се служат опозициските мегафони во обидот да одработат за СДСМ.

lazat

За иронијата да биде уште поголема, порталот на Ацо Кабранов оди доттаму во лагите што дури и пишува дека веројатно се работело за нови очила, а не оние со кои премиерот бил фотографиран на одмор во Израел, а за кои истите тие портали измислуваа дека вределе илјадници долари.

Овој обид за манипулација на јавноста дефинитивно влегува во еден од најглупавите на соросовите платеници и покажува каква паника, шок и безсознание владее во опозицискиот блок по безуспешните уцени, безефектните бомби и безнадежната иднина по сите самоуништувачки дејствија кои ги спроведуваат во континуитет.

slusalki

Опозициските медиуми по којзнае кој пат на дело се фатени како манипулираат со граѓаните, но македонскиот народ многу пати досега покажа дека знае да ги препознае ваквите манипулации преку кои директно се навредува неговата интелигенција, поради што опозицијата веќе девет години е казнувана на изборните соочувања, но сепак продолжува да ги потценува граѓаните.

Овој последен пример воедно покажува колку ниско треба да се спуштат “професионалните“ новинари на Заев  за да ги исполнат хировите на најтесното раководство на СДСМ и притоа не само што ги кршат основите новинарски стандарди и правила, туку одат и дотаму што прават будали од себе во одработувањето за опозицијата.

Груевски: Градиме патишта повеќе од кога било

Во Република Македонија во моментот турбо се градат патишта, а само за изградба на трите автопатишта Скопје-Штип, Кичево-Охрид и Гевгелија-Смоквица-Демир Капија се вработени над 2.000 луѓе, нагласи премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со изградбата и рехабилитација на автопатиштата, експресните и локалните патишта во земјава.

Патот од Миладиновци-Штип, истакна Груевски, 90 отсто веќе е пробиен и голем дел од работите се завршени. Градбата, потсети, е почната во 2014 година, а се планира да се заврши до 2017 година. Засега, рече, работите се одвиваат со добра динамика.

Осврнувајќи се на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково во должина од   25, 9 километри, за кој се предвидени 14, 6 милиони евра буџет со средства од Европската банка за обнова и развој, чиј почеток на градба беше во септември 2013 година, а се очекува да биде завршен во мај 2016 година, премиерот Груевски појасни дека проектот е поделен во три фази.

– Првата фаза од 6,3 килoметри е комплетно завршена, во втората за 8,9 километри градежните работи се реализирани околу 70 проценти и се очекува да бидат завршени до декември 2015 година, додека третата фаза од 10,7 километри веќе изведувачот има почнато со работа и се реализирани 10 проценти од работата, образложи Груевски.

За рехабилитација на патната делница Кочани односно Превалец-Македонска Каменица-Делчево, подвлече тој, во должина од 30 километри се проектира и треба да заврши во август годинава, по што почнуваат процедуралните работи за градба односно за изнаоѓање изведувач, по што се очекува во 2016 година да започне градбата, а да заврши во 2018 година.

– Проценетата вредност е околу 10 милиони евра за  овој пат, а ќе се реализира со средства од Светска банка, информира тој, додавајќи оти се очекува во наредните недели да се склучи и договор за надзор, а градежните работи, како што рече, да почнат април-мај 2016 година и да траат 24 месеци.

Работите течат и околу експресниот пат со четири ленти Куманово граница со Бугарија односно делница Ранковце-Крива Паланка, информира Груевски.

– Во моментот се преговара со меѓународни финансиски институции за обезбедување средства. Во нашата програма тој беше предвиден да се гради  2017 година, но правиме напори тоа да биде на почетокот на следната година. Се работи за пат од 26 километри и широчина 12,5 метри. Буџетот за овој пат е предвиден да биде околу 78 милиони евра, а ќе се финансира со средства од меѓународни финансиски институции и очекуваме да започне следната година, наместо 2017 година како што ветивме во нашата програма, рече Груевски.

Следниот месец се очекува почеток на градба за реконструкција и проширување на одредени делови од патот Моклино-Смоларе и Дојран-Николиќ.

– Во тек се и други градби, споменав за патот Скопје-Миладиновци за кој се предвидени 206 милиони евра, а 90 проценти од трасата е пробиена, се работи на земјени работи. Завршени се сите сите армирано-бетонски потпорни ѕидови, се работи на бетонирање на три мостови, осум натпатника, четири потпатника и пет виадукти. Вкупниот прогрес на градежните работи оди според утврдената динамика и само на овој пат се ангажирани преку 600 работници на траса, информираше премиерот Груевски.

За рехабилитацијата на автопатската делница Неготино – Демир Капија во должина од 8,8 километри, за што е предвиден буџет од околу 9 милиони евра, се очекува да се отпочне со градежни работи во мај 2016 година, а дотогаш, посочи тој, да стане оперативна ИПА 2 програмата и да заврши постапката за избор на градежна и компанија за надзор. Времетраењето на градбата ќе биде 12 месеци од мај-јуни 2016 до истиот период 2017 година.

За експресниот пат со четири ленти Штип – Радовиш во должина од 38 километри се планираше градбата да почне во 2017 до 2019 година, појасни Груевски и изрази надеж дека може да започне и порано. Според сегашните сознанија, подвлече, вредноста е околу 65 милиони евра.

– По комплетирање на проектната документација, би требало да се заокружи и финансирањето и некаде следната година да започне градбата и да биде завршен во период од околу две години, рече Груевски.

Тој информира дека во однос на експресниот пат со четири ленти Штип-Кочани во должина од 26 километри и проценета вредност од околу 53 милиони евра во тек е изработка на проектот, по одредени анализи и консултации направени и со градоначалниците на Кочани и Штип.

– Градбата се очекува да почне крајот на оваа година и да заврши 2017 година. Очекуваме јавниот повик за изведба да биде во октомври годинава, што значи некаде во декември да започне градбата на овој експресен пат во источниот дел на Република Македонија. Во меѓувреме се расчистуваат имотно-правните односи, истакна Груевски.

Тој додаде оти напредуваат работите и за изградбата на автопатот Кичево- Охрид кој, како што рече, треба да заврши во 2018 година.

На дополнителното прашање од пратеникот Владимир Ѓорчев дали ќе продолжи владината поддршка за изградба на мали и локални патишта, кои се значајни за граѓаните, како и за железничката инфраструктура за набавката за возовите, патнички и товарни вагони, Груевски дециден дека изградбата на локалните патишта била во фокусот изминатите години, за што, како што рече, бевме и доста критикувани од опозицијата.

– Сега кога се градат автопатишта повеќе отколку што кој било очекуваше, таа критика престана, но ние не застанавме со градбата, рехабилитација или реконструкцијата  на локалните патишта во РМ. Во овој наш мандат од август 2006 година до јули 2015 година изградени, реконструирани, тоа се најчесто целосно реконструирани околу 700 километри локални патишта во РМ. За период од неполни 9 години, од кои оваа година градиме 46 нови локални патишта во 38 општини во РМ, во вкупна должина од 57 километри и вредност од 7 милиони и 200 илјади евра. Тоа е само за оваа година. До крајот на оваа година сите овие ќе бидат изградени, досега се завршени 17 патишта, 21 се во градба, а останатите ќе започнат и ќе завршат до крајот на оваа година, истакна премиерот Груевски.

За железничката инфраструктура тој потсети дека се набавени нови 6 патнички возови односно гарнитури (локомотива со неколку вагони) во вредност од 24 милиони евра.

– Едниот е готов и почната е постапката за пристигнување во Македонија. Останатите сукцесивно, дел по дел ќе доаѓаат до крајот на оваа односно почетокот на следната година. До јануари 2016 година треба да пристигнат сите шест гарнитури на патнички возови, направени согласно најнапредните светски стандарди  за правење патнички возови. Со тоа ќе се заокружи и замената на голем дел од сегашните патничките возови во РМ. Според некои проценки дури две третини. Владата во моментот размислува и за  заокружување на овој проект и за набавка на нови патнички возови во иднина. Тоа го анализираме и не исклучуваме дека ќе одиме и на 100 отсто замена на патничките возови во РМ, потенцира Груевски.

Потсети дека се набавени и 150 товарни вагони и оти сите се ставени во погон.

– Заедно товарните и патничките возови се инвестиција која можеби 50 години не се направила во Македонија за инвестирање во возови, патнички и товарни. Планираме и понатаму набавка на патнички возови, нема да застанеме тука, на локомотиви, на некои од нив ќе се прави репарација. Продолжуваме со модернизација во овој дел, истакна премиерот Груевски одговарајќи на пратеничко прашање.

Груевски: Креираната политичка криза влијаеше на економијата – се трудевме тоа да биде колку што е можно помалку

Креираната политичка криза во изминатите месеци имаше свое влијание врз економијата. Ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помалку, но неизбежно беше да има свое влијание, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев, пренесе МИА.
– Некои од инвеститорите ги одложија своите  одлуки па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни – јули, околу разговорите за надминување на кризата дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив се уште ги немаат донесено и работиме со нив, но некои веќе ги донесоа и ги објавија одлуките во јуни и во јули. Но, тоа можеше да биде во март, во февруари и ќе беше но поради состојбите одлучија да почекаат да видат што ќе се случи. Точно е и тоа дека безмалку сите роудшоуа во првата половина од годината ги одложивме, од причини што моравме да бидеме фокусирани на домашната креирана криза од страна на опозицијата и да се трудиме колку што е можно побрзо таа да биде надмината, рече Груевски.

Само едно или две претставувања на бизнис потенцијалите на Македонија, според премиерот, се одржале од почетокот на годината. Министрите задолжени за инвестиции одржувале состаноци и презентации, но и тие, како што рече премиерот, биле во една непријатност бидејќи секаде прво требало да ги објаснуваат домашните кризни состојби, а потоа да прејдат на економскиот дел и на предностите што Македонија ги нуди за странските инвеститори. 

– Најголемите напори беа концентрирани таа криза да се надмине што е можно порано затоа што тоа, пак, ќе ни ослободи простор за привлекување инвеститори и ќе ни влее повеќе доверба во политичката стабилност во Република Македонија, рече Груевски, истакнувајќи дека продолжуваат напорите за привлекување странски инвестиции и во иднина, кои, сепак, даваат сериозни резултати. 

И покрај кризата, американската компанија „Леар“, рече тој, веќе објави дека во полошкиот регион, најпрвин со браунфилд инвестиција во Гостивар, а потоа и со гринфилд инвестиција во Тетово ќе вработи до 3.000 луѓе. – Тоа е многу сериозно особено што оваа бројка се однесува на директни вработувања, а дополнителни се индиректните вработувања, изјави Груевски. Ова е една најголемите компании што влегува во Македонија, според број на вработени. 

Посочи на „Кондело“ од Италија, на ОДВ Електрик во зоната на Струга – Охрид, на градењето нов капацитет во Пробиштип…

– Во фаза сме на договарање со уште неколку значајни компании. Во наредните неколку месеци очекуваме да ги објават своите одлуки. Некои од нив веќе градат. Тие не се само одлична можност за вработување туку и одлична можност за соработка на домашните компании со нив кои би можеле да станат нивни добавувачи, рече Груевски.  

За таа цел е организиран голем состанок помеѓу претставниците на странските компании и домашните кои имаат потенцијал да станат нивни партнери, а веќе од оваа есен е планиран проект за правење дополнителни напори за поврзување на странските со домашните компании. Груевски смета дека домашните компании би можеле да произведуваат одредени делови кои тие ги купуваат од надвор од компании од други држави.

– Тоа ќе биде подолгорочен проект, рече премиерот. 

Груевски смета дека хајката на опозицијата против странските инвестиции е „крик на немоќ“. – Зошто кога тие го имаа мнозинството од граѓаните немаше ниту една гринфилд инвестиција во Македонија, а сега ги има во поголем број, рече премиерот Груевски. 

Прашања постави и пратеничката од ДОМ, на која писмено ќе и биде одговорено. Првото прашање беше за законот за зеленило, а второто се однесуваше на влијанието врз здравјето на луѓето во Пробиштип и околината од страна на новата топилница. – Секоја тешка индустрија е загадувачка, не може да биде зелена. Нема зелена технологија за малку пари, рече Поповска, која смета дека на Македонија воопшто не и треба тешка индустрија.  

Претходно пратеникот од ДПА Ернад Фејзулаху, кој не постави директно прашање до ниту еден од претставниците на Владата, обвини дека Тетово е загадено и има недостиг на вода.

Бошков: Укинувањето на давачките- помал товар и за хонорарците и за работодавачите

Одлуката на владата за укинување на давачките за хонорарците предизвика низа реакции во јавноста. Според претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков, укинувањето на пензиското и здравственото осигурување за хонорарците ќе значи помал товар за пресметките, односно хонорарците ќе знаат како да си ги пресметаат своите услуги и персоналниот данок.

-Секако, тие самите одлучуваат што ќе прават со своето работно место, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување. На овој начин точно ќе знаат каква е калкулацијата, или сами да влезат во пензискиот столб или да останат во таква ситуација во каква што се, смета Бошков.

Од друга страна, според Бошков, за работодавачите двоен е бенефитот. На долг рок точно ќе знаат како да го водат бизнисот, односно да ја применат стратегијата за водење на бизнисот.

-Истовремено, веднаш имаат техничко олеснување за водење на бизнисот, бидејќи не ќе мора да прават калкулации на оние на кои им исплаќаат хонорари, да можат да се договараат дали ќе биде повисока или пониска сумата, дали ќе влегуваат во сивата зона- чисто и лесно како што беше досега, така мислам и дека треба да остане, нагласува Бошков.

Успешноста на проектот Македонија вработува е една од главните причини поради кои се укина законот за хонорарците. Бошков вели дека секогаш е добро кога работниците добиваат социјална сигурност, загарантирано работно место, бидејќи понатаму можат да си го планираат животот за некои посигурни цели.

Работодавачите, со проектот кој помага при вработувањето ќе имаат цел да бидат стабилни, да можат да напредуваат со повеќе вработени. Генерално, ова е многу добра мерка за целото општество, тврди претседателот на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

ФОТО: Се интензивира изградбата на националниот гасовод

Првиот километар од националниот гасовод е завршен. Работите течат со утврдената динамика, велат надлежните на економски.мк.

unnamed1-450x600

Главната траса од гасоводот Клечовце – Штип почна да се гради во март. Долга е 61 км и чини 75 милиони долари. Парите се обебедени – 60 милиони долари се поранмнување на клириншкиот долг со Русија и 15 милиони долари од буџетот. Траса ја гради руската компанијата Стројтранс гас и ќе биде готова до јуни наредната година.

Стартот на изградбата на гасоводот е плод на долгогодишна и макотрпна работа. Прво низ преговори со руската страна да се утврди клириншкиот долг. Договорот за порамнување беше потпишан во 2010 година. Потоа уште речиси пет години трае преговорите за сите останати деталите за изгрдбата на гасоводот.

unnamed-1-450x600

Гасификацијата е едно од предизборните ветувањата на Владата дека гас ќе биде доведен до скеој дом. Мрежата ќе се шири на тој начин што постоечкиот гасовод Крива Паланка Скопје ќе се приклучи на новиот кај Клеовце. Од Скопје ќе с егради мрежа кон Тетово, Гостивар Кичево, стуга до границата со Албанија. Од Штип гасоводот ќе се шири преку Кавадарци Прилеп Битола и Охрид од запад и преку Радовиш до Гевгелија и грчката граница и Струмица, Ново село до бугарската граница од исток.

Вкупната инвестиција во гасоводната мрежа изнесеува 150 милиони евра. За гасификација на скопскиот, источниот и западниот регион ќе биде изгрдена мрежа од 650 километри.

Ќе има присилна наплата доколку граѓаните и фирмите не ги платат долговите за РДТ

Од УЈП апелираат граѓаните и фирмите кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи  Управата за јавни приходи ќе отпочне постапки за присилна наплата со блокирање на трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци.

Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса https://etax.ujp.gov.mk.

Исто така, граѓаните можат да ги користат новите услуги на УЈП за електронско плаќање на радиодифузната такса со безготовинска картичка Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.

Постапката за регистрација за електронско плаќање и проверка на состојбите за РДТ преку https://etax.ujp.gov.mk е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.

Циц дел од злосторничко здружување: Градоначалникот на Куманово обвинет за рекет за градежни дозволи?!

Градоначалникот на Куманово,  Зоран Дамјановски – Циц добил кривична пријава за злосторничко здружување со вработени во општината, судии, јавни правобранители, нотари и вработени во катастарот заради наводна вмешаност во издавање градежни дозволи.

Имено, МВР има поднесено кривична пријава против гореспоменатите лица, откако во истрагата било утврдено дека постојат основи на сомневање дека го оштетиле Буџетот на РМ, и тоа преку здружување, со тоа што биле издавани дозволи за градба, за да подоцна од страна на инвеститорите се направени одредени отстапувања од основниот проект.

Градоначалникот на Куманово во изјава за Кумановски Муабети додава дека пријавата била примена во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје, но, надлежниот Обвинител, откако оценил дека нема елементи за кривичните дела за кои се гонат десетте лица, предметот бил препратен во Јавно Обвинителство во Куманово.

Во препраќањето на предметот, како што објави НОВА, дошло до одреден судир на надлежности, па Обвинителство го вратило предметот во Скопје, за да Јавниот обвинител одлучи кој е надлежен да ги гони осомничените.

Градоначалникот на Куманово во изјавата тврди дека се работи за класична хајка против него, но Дамјановски нема објаснето зошто со никаков повод излегува јавно да се правда за нешто што сеуште не е ниту покренато како обвинение. Очигледно, кој си ја има мувата на капата прв вика иш.