ФОТО: Груевски со сопругата на прием кај Обама

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски е во неколкудневна посета на САД.

Gruevski-Obama-so-soprugiteГруевски се сретна со американскиот претседател Барак Обама, а двајцата беа во придружба на своите сопруги.

На примот кој го приреди претседателот на САД за лидерите на земјите учесници на Генерално Собрание на ООН, се фотографираа Барак и Мишел Обама со Никола и Боркица Груевски.

ФОТО: Груевски оствари средби со Македонците кои живеат и работат во Њујорк

Премиерот Никола Груевски придружуван од владин тим е во неколкудневна посета на САД.

iselenici1

Денес тој оствари средба со Македонците кои живеат и работат во Њујорк и со нив разговараше за повеќе теми.

iselenici22

Средба со овие иселеници оствари и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

iselenicii66

iselenicii33

Инаку, Груевски претходно разговараше и со Македонците кои живеат во Охајо.

iselenicii44

iselenicii55

Продолжува караванот на Саеми за вработување

Во присуство на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски и градоначалникот Марјан Ристески денеска во просториите на ЦК „Марко Цепенков“, Агенцијата за Вработување на Република Македонија денеска го започна вториот по ред караван на Саеми за Вработување низ државата, каде на сите граѓани им се овозможува шанса преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавачи. Првата дестинација на овој нов караван на Саеми за вработување беше градот под Марковите кули.

„Денеска го започнавме вториот по ред караван на Саеми за вработување, а како за нов почеток го одбравме Прилеп. Како што можевме да видиме од првиот караван каде во склоп на Саемите за Вработување ја обиколивме Македонија и посетивме осум градови меѓу кои Скопје, Неготино, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Куманово и Тетово, успеавме да ја намалиме невработеноста во државата, да помогнеме на голем број граѓани да го пронајдат своето ново работно место и на работодавачите да го зголемат бројот на своите кадри, а со тоа и квалитетот на нивните услуги и производи за сите заинтересирани да го пронајдат она кое што го бараат и со тоа да ја подобрат својата иднина и кариера“, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави одлуките на големите компании, да инвестираат во прилепскиот регион.

„Се радувам што една компанија како Гентерм ќе работи и произведува во овој регион, а со тоа ќе овозможи нови работни места за Прилепчани, кои сè почесто освен што бараат работа, користат владини мерки за намалување на невработеноста во Македонија“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ги посети штандовите на работодавачите и поразговара со нив.

„Со самиот факт што на овој саем учествуваа 40-тина компании и информацијата дека добивме повеќе од 2000 ЦВ-а, говори дека овој саем е успешен. Караванот Саеми за вработување продолжува оваа година со една и единствена цел: Да се намали невработеноста во Македонија“, посочи Диме Спасов, Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

Следниот саем за вработување се најавува во Велес на 7-ми октомври.

ВИДЕО: Шилегов попушти со нервите – го брка Пишев од говорница

Портпаролот на опозициската СДСМ, Петре Шилегов ја покажа својата дрскост и насилнички однос во Парламентот кога како да се наоѓа на имотот од својот дедо доаѓа на собраниската говорница и го брка пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев кој во неколку наврати го разобличи владеењето на опозицискиот лидер, Зоран Заев во Струмица каде преку поклонување на милионски тендери на своите роднини противзаконски се стекнал со огромно богатство.

Ова е сосема очекувано, бидејќи откако за 15 месеци не одење на работа 34-те пратеници на СДСМ земаа по 96,300 денари месечно, односно поделија 50 милиони денари народни пари и откако шпионирајќи и уценувајќи ги институциите во сопствената држава објавувајќи незаконски стекнати телефонски разговори т.н. бомби им пукнаа во сопствените раце и не им успеа планот за нелегитимен и насилен начин за доаѓање на власт, опозициските кучиња жедни и алчни по власт, која 10 години никако да успеат да ја добијат.

Откако не им успеа црното сценарио, СДСМ немајќи што да понуди на народот продолжуваат со своите узурпаторски методи преку искажување на паника, нервоза и страв поради престојниот 10-ти по ред пораз кој ги очекува во април идната година. Оваа реакција на партискиот портпарол, пратеникот Шилегов ја покажува нивната нервоза која никако не успеваат да ја сокријат.

Мирка Велиновска: Дали воопшто сте свесни што направивте?

На дуелот во Њујорк, во седиш­тето на Светската организација, лидерите на двете суперсили излегоа на говорницата со два различни концепта

Обама:
ООН е организација во која ќе се бранат демократските принципи и во која САД се подготвени во иднина да учествуваат со 50 отсто свој кадровски капацитет во светските мировни мисии.

Путин:
ООН е создадена по трауматското искуство со фашизмот и со идеја за свет што меѓусебно ќе соработува по принципот на компромисност и договори, а се претвори етапно во организација што служи за заверка на „бараната“ одлука, од што се гледа дека „некои држави“ во ООН гледаат лево сметало што им се испречува на патот

Putin-ObamaКако заврши шаховскиот меч организиран во чест на 70-от роденден на ООН

Замрачувањето на црвената месечина како да се совпадна симболично со крајот на сонот на САД за илјадагодишно владеење со светот. По два нокаута на домашна почва, и тоа од кинескиот претседател Си Џинпинг во Сиетл и папата Франциск во Конгресот, Барак Обама се сретна со Владимир Путин во шаховска партија на светската говорница на нациите во Њујорк. Во улога на активни „кибицери“ беа речиси сите водачи на нациите што имаат своја држава. Овој пат резултатот на мечот однапред беше познат. На сите им беше јасно дека американскиот претседател ќе ја загуби партијата, но дека поразот ќе биде колосален мат во 10 точки (потези), барем најверните приврзаници на политиката на сила не можеа да поверуваат.

Своевремено холивудскиот глумец Мет Дејмон ужаснато ја искоментира појавата на Сара Пејлин во трката за претседателски избори како републикански кандидат со зборовите: „Замислете ја оваа домаќинка од Алјаска, која мисли дека диносаурусите исчезнале пред 4 илјади години, да треба да се сретне со Владимир Путин“. Е па, се сретнаа токму на јубилејното генерално заседание на ООН и во миг кога човештвото веќе цапна со една нога во хаосот.

Повеќето се свесни за тоа, но Обама преправен во пејлинка очигледно не е. Барем така му беше структуриран говорот, како бајка за волшебникот од Оз и наивната Дороти против вештицата од исток. Беше тоа презентација на зашеќерена холивудска биографија на добрата американска светска политика на сомилост, солидарност, хуманитарна работа што ја нарушуваат силите на злото, разни амбициозни и себични диктатори што сакаат да владеат со светот или со своите држави. Режијата на неговиот настап, драмските паузи по секоја реченица смислена да создаде впечаток проследена со нарачани аплаузи од „сериозните партнери“, како во забавните ТВ-емисии во кои на публиката ѝ се кажува кога да аплаудира, само го постигна спротивниот ефект. Ги истакна несигурноста на американскиот претседател и неговата немоќ да се справи со дрскоста на ладнокрвниот планер и стратег Владимир Путин. Имено, тој го предизвика противникот уште пред самиот меч со понуда што овој не може да ја одбие, ама која не смее ни да ја прифати. Во првите извештаи за мечот, токму американските аналитичари го нарекоа Русинот бестрашен велемајстор во стратегиските игри, со напомена дека, за разлика од Обама, прво тивко создава резултати на терен, а потоа зборува. Тоа значи дека Американецот на шах-партија со светски велемајстор оди со знаење на „не лути се човече“, а и тоа го игра со иле.

ИСИЛ е алатка, а не непријател

Се работи за Сирија и нејзината борба со ИСИЛ (ДАЕШ) и рускиот предлог да се создаде една заедничка светска коалиција за војна со најновиот еквивалент на фашизмот што му се заканува на светот. Ова најмногу зашто САД со своите обиди за коалиции целосно крахираа на реалниот фронт. Во што е финтата, односно блефот на Путин со кој го ничкоса Обама и му ги покажа на светот лицемерноста и фингерајот на американската политика? Па, во тоа што со понудата за коалицирање го натера да „каже“ дека ИСИЛ е американска алатка за остварување на своите глобални интереси, а не непријател. Автоматски со тоа, а преку предвидливата одбрана на Обама со продавање розова верзија за американските илегални воени потфати, особено по падот на СССР, кога се добија апсолутна превласт над светските институции, Путин му ја покажа на светот голотијата на императорот што лани арогантно кажа дека и тој и државата му биле црпнати од бога, па затоа прават што сакаат, кога сакаат и кому сакаат. Со говорот Обама потврди дека и лани, а и годинава, американскиот естаблишмент смета дека најголеми непријатели на САД биле и се: во 2014 година еболата, Русија и ИСИЛ, а во 2015 година Русија, Кина и ИСИЛ. Рече дека војните што ги водеше Америка во неговите мандати всушност биле за доброто на народите, за нивната слобода, а против тираните што ги поробувале додека обоените револуции што ги организираа американските НВО-мрежи биле хуманитарна логистичка помош да се артикулира гласот на внатрешно поробените народи. Заклучокот сам по себе е видлив ако се загледате во картата на светот. Америка не поднесува тирани што таа не ги поставува или кои не ја слушаат. Одлично ѝ одеше со Пиноче и воените хунти во Латинска Америка, како што е во совршено хармонични односи со диктаторите во кралствата на Блискиот Исток, особено на Арапскиот Полуостров и во далечна Азија. На сите други точки или извршува воени инвазии или организира преврати со помош на „цивилниот сектор“, кој го организира, екипира, обучува и финансира американската влада.

Аматерска глумажа

Третата греда на која се сопна Обама беше неговата аматерска глумажа околу обновата на студената војна и политиката на наметнување санкции. Тој имено се обиде да одглуми невиност, одбивајќи дека цел му е отстранување или маргинализирање на Русија во светските собитија, па и нејзино разнебитување со стимулирана внатрешна помош. Рече дека военото заобиколување на Русија со секакви штитови, ширењето на НАТО до руските граници, не било против Русија, а е со фини побуди. За спротивните тврдења ги обвини фантазиите на медиумите и домашната опозиција. Се разбира, сосема заборави на својата неодамнешна изјава дека оние што го величеле и му се восхитувале на Путин сега, по воведувањето на санкциите кон Русија, мора да видат дека оваа држава била светски изолирана, слаба и немоќна. Ја спомна и Украина. За нејзиниот нарушен суверенитет ја обвини Москва, нормално заборавајќи дека во суверената држава токму Вашингтон организира НВО-воен преврат и со странска воена интервенција воспостави вонуставен режим. Слично како во Македонија во 2001 и во 2015 година.
Сѐ на сѐ, Обама рече дека во принцип е за здружена борба против Исламската држава, ама сака Башар ел Асад да падне сега и веднаш. Со што докажа дека суетата му е поважна од суштината и општиот интерес.

Очигледно е дека целата збрка во регионот и нарушувањето на светските односи доаѓаат како американска лична одмазда за надигрувањето во азилот за Едвард Сноуден, за блокирањето уште една злоупотреба на Советот за безбедност преку резолуција за Сирија што на САД требаше да им ја завери агресијата врз уште една стратегиски важна држава и заради анексијата на Крим пред очите на империјата.

Сепак, врв на лицемерието на Барак Обама и тотално разголување на американската политика и нејзиното поимање на светот како приватен ранч на стотина аздисани моќници беше неговото толкување на трансатлантскиот и транспацифичкиот договор, кои ги турка американската влада, не како капитулација на државите на светот пред корпорациските интереси на САД, туку како заштита на правата на работниците и нивното достоинство, односно како алатка за искоренување на сиромаштијата.

Интересно е дека Обама речиси воопшто не се осврна на јубилејот на ООН. Колку да не е без ич, само ја соопшти својата „визија“ за идната ООН како организација во која ќе се бранеле демократските принципи и дека САД биле подготвени во иднина да учествуваат со 50 отсто свој кадровски капацитет во светските мировни мисии. Оти досега дејствуваа мировно само преку НАТО или самостојно. Што би рекол Амди Бајрам, сега им се мота во глава воено да се присутни на планетава 150 отсто.

Излев во 10 точки

Наспроти идеолошки структурираниот настап на Обама, Владимир Путин во 10 точки ја објасни руската визија за тековните собитија, понуди реални излезни решенија и наедно жестоко ја нападна американската политика на доминација и диктат со „виткање рака“. Во повеќето од нив, а во согласност со јубилејот, ги истакнуваше клучната улога и важноста на единствената светска организација покрај СТО што го сочинува темелот на светот пресоздаден по двете светски војни во 20 век. Тој го отвори пакетот прашања за претстојните реформи во ООН сообразени со новите реалности на мултиполарноста.

1. Потсети дека ООН е создадена по трауматското искуство со фашизмот и со идеја за свет што меѓусебно ќе соработува по принципот на компромисност и договори, а се претвори етапно во организација што служи за заверка на „бараната“ одлука, од што се гледа дека „некои држави“ (се мисли на САД) во ООН гледаат лево сметало што им се испречува на патот.

2. Раскантувањето на ООН и нејзината легитимност преку прескокнување на процедурите и неуважување на одлуките и заклучоците, особено во моменти кога треба да почне нејзината трансформација, е многу опасно. Води кон свет во кој, наместо заеднички труд, ќе владее егоизмот, а ќе резултира во свет со повеќе диктати а помалку еднаквост, без слобода и демократија. На крајот тоа ќе биде свет со еден или двајца господари и протекторати или територии контролирани и управувани однадвор. Што е минато, а не смее да стане иднина.

3. Сите сме различни и тоа мора да се испочитува. Никој не мора да се приспособува само на еден модел за развој или управување што го одредил и одобрил некој како единствено исправен. Ние имаме такво искуство од времето на СССР и познато ви е како заврши. Ако не сакате да учите од туѓите искуства и од минатото, ќе учите на своето сега.

4. Дали воопшто сте свесни што направивте? Праша Путин без да ги именува САД и веднаш го даде одговорот: „Одговорот лебди во воздухот, зашто политиката што е убедена во сопствената посебност сѐ уште не се сменила“.

5. Насилната (интервенционистичката) промена на власта (режимите) во држави што сте ги избрале за своја цел по дефиниција создава институционален и политички вакуум и при промената на власта отвора простор за упад на екстремисти од сите бои и сорти.

6. Сега сме соочени со ИСИЛ, еквивалент на нацифашизмот во Втората светска војна. За да го поразиме моравме да формираме светска коалиција во која сите бевме различни по политички убедувања и интереси. Ама дејствувавме заедно, ставајќи ги општите над парцијалните интереси. Еве сме сега пред истиот предизвик. Муслиманите во оваа борба се клучен фактор. Верските поглавари мора да укажуваат на штетноста од манипулација со сектаријанството, кое води до братоубиствени војни. Сириската влада, Башар ел Асад и сириската армија се реален фактор, кој единствено се бори на терен со ИСИЛ и не може да се елиминира зашто некој така сака од каприц.

7. Светот преку ООН треба да им понуди економска помош за изградба на државите од регионот уништени во војни. Така најбрзо ќе се елиминираат бегалската криза и масовното мигрирање. Помошта доброволно да се понуди, а државите засегнати од девастацијата самостојно и слободно ќе одлучат дали ја сакаат или не.

8. Решавањето на украинската криза е можно ако некои не го опструираат договорениот мински процес преку опструкции, сплетки и ходничарење.

9. Туркањето со транспацифичкиот и трансатлантскиот договор ги докажува самодоволството, ароганцијата и намерата на една избрана група избрани што се амбицирале да ги пренапишат и постојните правила на игра без присуство на СТО. Ова ќе води во нова финансиска и политичка катастрофа преку трговска фрагментација на светот.

10. Климатските промени во делот што ги предизвикува човечката неодговорност кон планетата се предизвик што допрва нѐ очекува. Русија се обврза до 2030 година да го намали ефектот на стаклена градина за 70-75 отсто од нивото регистрирано во 1990 година.

Сѐ на сѐ, впечатокот од двобојот на титаните е следен: на Обама, чиј говор ги заспа и присутните и новинарите, му ракоплескаа оние што прифатиле американски диктат дури и за вакви тривијалности. Аналитичарите имаа мака да разберат што всушност сакал да каже глумецот. Путин не го прекинуваа со аплаузи. Сите го слушаа внимателно, освен Украинците, на чело со Порошенко. Тие на заседанието дојдоа со две задачи: едната шаблонизирана, демонстративно во знак на протест да ја напуштат салата кога ќе говори Путин, а втората да предложат одземање на правото на вето на Русија во Советот за безбедност. Дали се толку неписмени или навистина им дале улога во сценарио за демонтирање на ООН оние што ја сметаат за лево сметало на планот за апсолутна власт врз планетава е равенка без непознати.

Владимир Путин во 10 точки ја објасни руската визија за тековните собитија

За пријателското и мирољубиво воено опкружување на Русија од страна на САД фино говори отворањето повеќе воени бази во слободна Европа, разместување на ракетниот штит по должината на границите со Русија, а кој наводно беше за одбрана од милитантниот Иран поставен како маршрута во домино-војните на Блискиот и Средниот Исток, а за сардисување од сите страни на Русија, Индија и Кина и, секако, роуд-шоуата на американската војска по европските автопатишта. Освен ваквите манифестации, следуваат и поопасни. Во Шкотска тукушто илегално вплови атомската подморница на САД, а од Исланд е побарано да дозволи американска војска да му го брани небото од руските авиони. Шкотска е вчудовидена. Лондон молчи немоќно, а Исланд одлучно го одби „добронамерниот“ ем слободарски американски предлог.


Ватикан тукушто, (темпирано) со посетата на папата Франциск на САД и говорот во ООН, обелодени каков притисок му вршел американскиот амбасадор пред јунската посета на Путин во папството. Ватиканскиот „Џес Бејли“ барал од папата да го укори Путин за својата политика, заборавајќи дека Ватикан не барал од Вашингтон да му го пополни безбедносниот вакуум или арогантно да му попува третирајќи го како свој протекторат.


Кога бродот тоне…

Токму на Барак Обама му се случи, и тоа во последната година од владеењето, да го нокаутираат во низа повеќе светски авторитети. Резултатот од тоа е бегалскиот бран на верни американски политички партнери, за кој народот вели „кога бродот тоне, глувците масовно мигрираат“. Прво, среде конгресот го исчука папата Франциск, говорејќи за човечкото достоинство и вампиризмот на корпоративниот капитализам. Потоа дојде нокаутот од кинескиот претседател Си Џинпинг, кој од Сиетл му порача дека не му паѓа на памет да ѝ се извинува на Америка за кинеската армија и нејзините дејства за заштита и одбрана на територијалниот интегритет на Кина, наедно потсетувајќи го дека САД се само една држава со утврдени граници, па во рамките на светските правила, нивната сила и ингеренции на Пацификот завршуваат кај Хаваи. Потоа, нормално, на Обама му се изредија Латиноамериканците и Иран, чии претставници традиционално имаат извонредни суштински и интелигентни говори со голем број квалитетни иницијативи. И на ова јубилејно заседание најзагревота беа европските лидери, кои се занесуваа дека се ексклузивни претставници на супериорната западна цивилизација. Тие кутрите во живо гледаа симулација на пад на „шестото римско царство“ или четвртиот рајх. Ваквото урушување на моќта што не е способна да ги решава проблемите што самата ги создавала сега, како домино-ефект ќе ги зафати послушните европски протекторати и провизориуми од држави што се повеќеслојно дезориентирани заради немање компас или зашто не умеат да го користат. Интересно ќе биде балканското (и македонското) транзитирање без компас.


Кој кого влече за нос

Прокси-војните, или војните на далечинскo, односно војни со посредници во кои крвават и гинат регрутирани и мобилизирани прашинари, а нарачателот ги соколи од дистанца, скриен и „со чисти раце“, се американска направија. Така е создадена Ал каеда, користејќи ги Талибанците во Авганистан. Така од поразените сунити во армијата на Садам Хусеин (секуларист и шеф на БААС-социјалистичката партија), ЦИА и Пентагон го формираа јадрото на ИСИЛ, која прво како одмазда крвнички и бестијално го разгради Ирак, а потоа по налог тргна на Сирија со намера да го отстрани секуларниот шеф на БААС-социјалистичката партија, Асад и шеф на државата избран на легални плурални избори, кои САД не ги признаа заради неочекуваниот резултат. Во Сирија затоа нема автохтона организирана опозиција, а платениците што ги обучуваше и вооружуваше, сите, минус петмина, прејдоа на страната на ИСИЛ. Арчот само за последниот обид чини половина милијарда долари. Затоа Путин му порача на Обама да не ги смета за глупави овие крвожедни луѓе што цицаат човечка крв, оти на крајот ќе мора да се праша кој кого фактички контролира и влече за нос.

Извор: Нова Македонија
Автор: Мирка Велиновска

Пишев до Шилегов: Заев му доделил тендер на својот татко во вредност од околу 5 стана

Трети ден како опозицијата го критикува предлог законот за јавните набавки. Ќе посочам пример какви јавни набавки тие сакаат, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев во репликата кон говорот на пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

-Петре, момче, да ми ти кажам еден уникатен пример за неколку јавни набавки на твојот лидер и твојата партија каде што си портпарол ти. Овој уникатен пример за јавни набавки е во светски рамки. можно е да има само во Северна Кореа, но таму не можев да проверам, таму нема медиуми, барем не толку многу  како тука кој ги имате вие и СОРОС, рече Пишев.

Тој нагласи дека во Струмица има пример каде градоначалникот и опозициски лидер им дал тендери на своите брат или татко.

-Зоран Заев е единствен опозиционен лидер и градоначалник во овој свет каде делел тендер на својот татко, својот брат, својот братучет, неговата снаа.

Попрецизно, Зоран Заев, лидерот на СДСМ на својот татко му дал тендер во вредност над 25 милиони денари, или околу 500.000 евра или во вредност од 5 стана, рече Пишев.

Ципрас и Коѕиас не учествуваа на состанок во Њујорк поради Република Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за надворешни работи Никос Коѕиас не учествуваа на состанокот посветен на борбата против насилниот екстремисам и таканаречената „Исламска држава“, организиран од страна на американскиот претседател Барак Обама.

Грчките медиуми јавуваат дека неучеството на Ципрас и Коѕиас се должи на „мал дипломатски инцидент“, поради тоа што Македонија на состанокот е претставена под уставното име Република Македонија.

Со оглед на тоа што Грција е само набљудувач на состанокот, затоа што не учествуваше минатата година, грчкиот премиер нема право да интервенира, што значи не може да поднесе приговори.

Според грчки извори, грчката Амбасада во САД побарала од Стејт департментот и Белата куќа да го сменат нашето име во ПЈРМ. Сепак, како што јави вчера МИА, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд го одбила барањето на Грција со образложение дека САД од Ноември 2004 година ја признаа Република Македонија под уставното име.

НОВ СКАНДАЛ: Нема роднина на Циц што не е вдомен во локалните институции во Куманово

Во Куманово нема роднина на градоначалникот Дамјановски што не е вдомен во локалните институции. Братучеди, кумашини, цели семејства вработени во општината и локалните институции во Куманово, кои Дамјановски ги претвори во ДООЕЛ Дамјановски.

Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции. Братучеди, кумашини, цели семејства вработени во општината и локалните институции во Куманово, кои Дамјановски ги претвори во ДООЕЛ Дамјановски.

Додека Општината Куманово се дави во долгови, општинските претпријатија врзуваат едва крај со крај, а граѓаните се жалат поради неработа и нефункционирањето на локалната власт, нема роднина на Дамјановски и нема близок соработник на Дамјановски чија фамилија не е вработена во локалните институции. Во општината, јавните претпријатија и училиштата нема канцеларија каде нема роднина на Дамјановски и неговите најблиски соработници.

За способните нема место во општинската администрација, единствен критериум за вработување е партиската книшка на СДСМ роднински и пријателски врски со Дамјановски. Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и СДСМ.

Општина Куманово се дави во проблеми, граѓаните редовно бараат решавање на со години натрупаните проблеми, а градоначалникот Дамјановски и институциите под општината не превземаат ништо за решавање на проблемите на граѓаните. Во Куманово се погласни се размислувањата дека неможе да се очекува општината и локалните институции да ги решаваат проблемите од причина што и општината и локалните институции се претворени во места за згрижување на роднините и блиските луѓе на Дамјановски. Јавните претпријатија велат кумановчани се претворени во приватни компании на Дамјановски и неговите соработници. Сите други граѓани во Куманово за локалната власт се граѓани од втор ред.

Како што велат граѓаните на Куманово, примерите за тоа се огромни.

Сопругата на првиот братучед на Дамјановски Билјана Дамјановска е финансовата директорка на ЈП Водовод додека пак нејзиниот сопруг, братучед на Дамјановки, Горан Дамјановски е вработен во јавното претпријатие Пазаришта во кое работи и кумашинката на Дамјановски Маре Костовска инаку мајка на претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово Мартин Костовски кој пак работи во општината Куманово. Во Јавното претпријатие Водовод работи братучетката на Дамјановски Мери Јанковска, па се стигнало да се вработи и синот на фотографот во општината Ангел Јакимовски, чија мајка инаку братучетка на сопругата на Дамјановски Ленче Јакимовска е вработена во градинката Ангел Шајче со што Дамјановски успеал да ја згрижи целата фамилија Јакимовски.

Во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ се сместени првиот братучед на Дамјановски Момчило Дамјановски, кумата на Дамјановски Верче Трлин,  како и кумашинот на Дамјановски, Драган Живиќ, чија сопруга пак е вработена во основното училиште Толи Зордимус а во економското училиште е вработена ќерката од братучед на Дамјановски, Елена Крстевска. Згрижен е и поранешниот директор на јавното претпријатие Куманово гас Никола Денковски. Сопругот на првата братучетка на Дамјановски Момчило Дамјановски после директорувањето во јавното претпријатие е оставен таму, сега како советник.

Во општината каде веќе работат синот и ќерката на братучедите на Дамјановски Нена и Емил Ташевски, како архитект и општинска администрација, е вработен и поранешниот директор на Водовод, кумашинот Виктор Божиновски, сега во улога на раководител на правниот сектор, а неговата сопруга е секретар во основното училиште 11 Октомври.

Граѓаните на Куманово велат дека ова е само мал дел од примерите за кои како што велат може да се говори со часови. Едноставно Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и само неговите најблиски имаат право и на вработувања и на привилегии од општината, а останатите се дават во проблеми и се граѓани од втор ред.

Ова е списокот на помошници на специјалната јавна обвинителка

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го објави списокот на предложени кандидати за нејзини помошници.
Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители, а Јанева го замоли да биде изгласан во најкус можен рок.

Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетево, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал.

Станува збор за Обвинителот Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев.

СДСМ се подготвува за 20 октомври – кои се можните нови министри?

Наумов, Иванова, Ременски, Тевдовски, Кирацовски како владини функционери?

Кои се кадрите со кои СДСМ ќе конкурира пред премиерот Никола Груевски за три недели, а кои ќе треба да ги направат првичните подготовки за изборите во април?

Dnevnik-Naslovna-1Иако официјално не се говори за имиња на министерот за труд и социјала и заменик-министрите во пет министерства што треба да бидат избрани до 20 октомври, внатре во СДСМ, според партиски извори, веќе наголемо се говори кој ќе седне во владата.

Кругот е стеснет на неколку имиња кои се повторуваат меѓу локалните организации и тоа од поранешниот разузнавач Кире Наумов, преку Фросина Ременски и Александар Кирацовски, поранешната пратеничка Цветанка Иванова, членот на Извршниот одбор Драган Тевдовски… Сепак, социјалдемократите сè уште не можат до крај да ги искристализираат кадровските решенија поради разногласието на различните струи кај нив. Особено изразен бил судирот меѓу „скопското“ крило и најтесните соработници на Заев.

Комбинаторики

Иако претходно тврдеа дека нивните имиња за позиции во извршната власт се шпекулација, високи партиски извори брифираат дека Иванова сж е уште е кандидатот со најголеми шанси за министер за труд и социјална политика, како и Кирацовски од Битола, кој се споменува како иден заменик-министер за информатичко општество и администрација.

Иванова има послаба поддршка од локалните организации во Скопје и во Куманово, кои ч забележуваат дека е премногу блиска со Заев. Кирацовски, пак, има два конкурента – генералниот секретар Оливер Спасовски (исто се споменува и како конкурент на Иванова, но само како резервна варијанта), и Тевдовски, доктор по економски науки. Тевдовски за ова место всушност е резерва, тој првично се споменуваше како заменик-министер за финансии. Сепак, последнава недела за ова место се слуша името на Наумов ако тој преку скопскиот и кумановскиот разгранок не го излобира местото во безбедносните сектори.

За заменик-министер во земјоделство, пак, се споменува Татјана Прентовиќ, која е задолжена за земјоделските политики на СДСМ.

МВР најголем проблем

Најголем проблем за СДСМ е да го утврди кандидатот за министерската позиција во внатрешни работи. За тоа постојат два аспекта. Првиот е дека, според договореното меѓу политичките лидери, овој министер ќе биде технички, ќе го предложи СДСМ, но за него одобрение треба да дадат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова би значело дека кандидатот што ќе го одреди Заев мора да биде прифатлив и за власта, што значи дека треба да игра со некој што не е чисто партиски или барем не е дел од најтесното раководство на СДСМ. Вториот аспект е тоа што и социјалдемократите меѓу себе не се единствени за ова прашање.

За секторот безбедност интерес има Наумов, а во својот тим го нуди и Пивоваров. Тие веќе имаат луѓе и со кои работат на терен. Втората опција е струјата на Ременски, за која во партијата велат дека повеќе е поврзана со невладиниот сектор и оти ако не е лично таа кандидат, тогаш би застанала зад решение од овој сектор, особено зад блиска личност и колега од Факултетот за безбедност.

Што договорија на 15 јули?

Според договореното од 15 јули меѓу партиските лидери, на 20 октомври 2015 ќе биде назначен нов министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ и по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички. Тогаш ќе биде назначен нов министер за труд и социјални политики, по предлог на СДСМ. СДСМ ќе добие и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество.

ВМРО-ДПМНЕ пак, ќе добие заменички места во МВР и во труд и социјала. Овие заменик-министри ќе имаат целосно право во своите министерства да ги прегледуваат и да стават вето на сите законски, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите. Сите гореспоменати нови министри и заменик-министри ќе останат на своите позиции во новата влада, која треба да се назначи 100 дена пред избори и која практично ќе има надлежност само за изборните прашања.

Извор: Дневник
Пишува: Катерина Нешкова