Решен статусот на преостанатиот дел од поранешните професионални војници

Процесот за решавање на статусот на професионалните војници конечно добива своја завршница. Најдоца до месец февруари ќе завршат вработувањата и ќе се реши судбината на уште 140 семејства. Професионалните војници велат дека, со предлог- законот на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе добијат посветла иднина.

-Во име на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, јас и колегата Талат Џафери, до Собранието на РМ поднесовме предлог- закон за измена на Законот за служба во АРМ, со кој предлагаме да се овозможи вработување на сите професионални војници на кои им престанал работниот однос по основ на навршување на максимална старосна граница. На еден начин ова претставува континуитет, но во исто време и конечна разрешница и завршување на процесот на решавање на статусот на професионалните војници, кој започна најпрво со решавањето на статусот на војниците кои се на служба во Армијата, близу 4.000 луѓе, продолжи со решавање на статусот и вработување на професионалните војници кои беа евидентирани во Агенцијата за вработување на 31.12.2013 година како невработени лица и сега го завршуваме со третата група со вработување на сите останати војници на кои работниот однос во АРМ им престанал по основ на навршување на максимална старосна граница, истакна Емил Димитриев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Одредбите од Законот се многу прецизни, вели Димитриев и го регулираат начинот на нивното вработување со конкретни рокови.

-Во законот е предвидено вработувањето на овие од прилика 140 поранешни професионалани војници да заврши најдоцна до крајот на месец февруари 2016 година. Претходно треба да поднесат барање, крајниот рок за поднесување на барањето за нивно вработување во Министерството за одбрана е крајот на месец јануари 2016 година. Се надевам дека ова решение е на задоволство на оваа категорија на луѓе која за нас е значајна, бидејќи извршувала исклучително важни работи за државата и дека решаваме човечки судбини на 140 семејства.

За овој предлог-закон, очекуваат поддршка и од опозицијата.

-Тие во исто време имаат поднесено Закон, но не знам од кои причини во нивниот Закон во делот на фискалните импликации имаат ставено 2 милиони денари на годишно ниво, што значи вработување на од прилика 14 луѓе, а нашиот Закон предвидува буџетска импликација 54 милиони денари на годишно ниво, што решава проблем на 140 луѓе. Сметаме дека опозицијата треба да го искористи овој наш предлог, да го поддржи и едногласно да го изгласаме во Собранието.

172500Untitled-1

-Ова е еден од најсреќните денови во нашите животи. Со овој потег и лично залагање на Димитриев и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се решава и затвора едно горчливо прашање во врска со професионалните војници кои беа со нерешен статус. Сакам да искажам голема благодарност. Со ова добиваме решавање на нашиот статус и посветла иднина, истакна Марјано Горбански, претседател на Координативното тело на отпуштени професионални војници.

Реакција на МЗ: Ова се инвестициите во здравството – граѓаните знаат, а СДСМ нема долест да зборува

Дали може да се изведе заклучок дека здравството тоне, во услови кога Македонија е рангирана на 16-то место во Европа, пред сите земји во регионот ? Овој извештај е презентиран во Брисел и е еден од најрелевантните извештаи за состојбата на здравството во европските земји. На база на што се извлекува овој заклучок? На база на анкети, на лично искуство или на база на желба за политички напад по секоја цена? Онака, колку да се каже, колку да се вети, колку да се дограбат до власт. Од алчност, или од интерес, стои во реакцијата на Министерството за здравство.

Текстот на реакцијата ви го пренесуваме интегрално:

Колку пари чинеше лекот клопидогрел пред да се воведе методологијата за единствени цени на лековите? Овој лек од 1419 денари (големопродажна цена) сега чини 490 денари. Лекот амлодипин (еден од најчесто употребуваните лекови) од 130 денари, со најновото намалување на цените на лековите ќе чини 46 денари. Што станува со појаките антибиотици како таблетите Трицеф?

Цената на овие таблети од 1260 денари со најновото намалување изнесува 540 денари.

Каде завршуваа овие пари? Во чиј џеб? Дали тие го финансираат или имаат интерес Заев како лидер на опозиција да не ја говори вистината и да обвинува без основ?

Дополнително, дали во Македонија имаше државна кардиохирургија? Дали сите претходни министри ја ветувале, вклучително и сите министри од СДСМ? Дали имаше детска кардиохирургија во Македонија? За волја на вистината, детска кардиохирургија не ни планирале да направат.

Дали СДСМ инвестираше над 100 милиони евра за реконструкција на јавни здравствени установи и исто толку за набавка на нова најсовремена медицинска опрема?

Дали за вас е недостаток на опрема фактот што 55% од сите апарати што во моментот се користат во јавните здравствени установи низ државата се набавени во периодот од 2010 – 2015 година*. Денес има вкупно 12 апарати за компјутерска томографија, а дополнителни 4 апарати (наменети за Клиниката за неврологија, Клиника за детски болести, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ и поликлиника Јане Сандански) се веќе набавени и во тек е испорака. Набавивме 70 нови амбулантни возила за службите за Итна медицинска помош низ државата, што претставува сериозно зајакнување на овие служби кои претходно функционирале со вкупно 106 возила. Веќе се набавени 6 нови дигитални мамографи наменети за: Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, Штип, Куманово, Прилеп, Кочани и Велес, а дополнително отпочнавме постапка за набавка на нови мамографи за општите болници во Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Македонска Каменица.

Граѓаните не плаќаат сè повеќе во земјата, туку граѓаните сега добиваат во јавно здравство услуги какви што порано биле достапни само во приватно здравство.

Граѓаните денес имаат Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, спинална хирургија.

Првпат после повеќе неуспешни обиди во изминатите 50ина години, во Република Македонија функционира Клиника за државна кардиохирургија, инвестиција вредна 140 милиони денари. Со отворањето на оваа клиника, како и со ширењето на мрежата на интервентна кардиологија низ државата овозможивме навремено добивање на овие здравствени услуги, кои многу често значат спасување човечки животи.

Да не го спомнуваме лекувањето во странство, кое во времето на СДСМ значеше 20% од цената на чинење на интервенцијата. Сега граѓаните на кои им е потребно плаќаат максимум 200 евра за лекување во странство.

Со Законот за здравствено осигурување, од партиципација за здравствени услуги се ослободени*: деца со посебни потреби, корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита или друго семејство, душевно болни лица сместени во психијатриска болница и ментално ретардирани лица без родителска грижа. Дополнително, при користење на болничко лекување, од партиципација за истото се ослободени пензионери со пензија пониска од просечната.

Дали за вас е недостаток на кадар фактот што овозможивме над 2000 нови вработувања во јавните здравствени установи, а дополнително ќе се трансформира работниот однос на над 2000 волонтери кои биле ангажирани во јавното здравство. Ова е историски најсилно зајакнување на човечките потенцијали во здравството.

СДСМ никогаш не ни размислувал за стручна доедукација и усовршување на македонските доктори во странски медицински центри, или пак ангажирање странски доктори во Република Македонија.

Од друга страна, ние овозможивме едукација во реномирани медицински центри на речиси 2000 здравствени работници, за првпат во историјата на македонскиот здравствен систем овозможивме специјализации на македонски доктори во странство, и тоа во Германија, Словенија, Хрватска, Србија.

Паралелно, досега ангажиравме над 160 доктори-специјалисти од различни медицински области од САД да работат “рамо до рамо“ со македонските доктори.

Ги зголемивме платите на сите доктори-специјалисти од универзитетските клиники, клинички болници и општи болници за речиси 25% (два пати по 9,6% и дополнително 4% од зголемувањето на платите на јавна администрација).

Комплетно ја реконструиравме болницата во Охрид, отворивме целосно нов современ објект за Клиниката за гинекологија во Скопје, овозможивме комплетна реконструкција на поликлиника Букурешт во Скопје, најсовремен Дијагностичко-ургентен центар во Тетово, нов објект за Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, според врвните светски стандарди. Во завршна фаза е изградбата на ПЕТ-Центарот кој ќе биде прв од ваков тип во јавното здравство во регионот, а до крајот на годината ќе отпочнат градежните работи за уште еден сериозен инвестициски циклус кој опфаќа нов Ургентен центар во Куманово, реконструкција на болниците во Прилеп и Битола, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Македонија воопшто не се наоѓа на последно место во Европа, туку се наоѓа на високото 16-то место од вкупно 36 рангирани земји според рангирањето на европскиот здравствен потрошувачки индекс, кое се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравствените системи во Европа*. Впрочем, фактот што на презентацијата на резултатите од рангирањето присуствува и еврокомесарот за здравство, доволно говори за кредибилитетот и релевантноста на ова рангирање за Европската унија.

Со која доблест СДСМ зборува за платформи кога во 2005 година за здравство биле одвоени само 606.715.000 денари, а за 2016 година буџетот за здравство е 10 пати поголем и изнесува 6.496.989.000 денари.

Граѓаните препознаваат кој работи посветено и во нивен интерес, а кој само зборува.

Пандов за Заев: A отвори уста, изговара лага

Кога се работи за Заев, можеби, најинтересното е што за голем дел од неговите лаги дознаваме по неколку дена, а многу често и по неколку часа, вели аналитичарот Александар Пандов.

„Сведоци сме дека во период од еден ден Заев трипати ги има менувано своите ставови и искази, а, по правило, партијата има потреба со соопштение да го дообјаснуваа тоа што сакал да го каже лидерот. И тоа сѐ додека е на домашна сцена – на луѓето што ги следиме политичките збиднувања, ни е забавно и смешно. Човекот си е, едноставно, палјачо облечен во костум, кој секое негово појавување во јавност го користи за да истресе некоја зелена. Дека е трчи-лажи и дека а отвори уста изговара лага, знаеме, а, верувам, знаат и во СДСМ. Срамот во даденава ситуација е што ликов појде во Израел, па оттаму почна да нѐ лаже и нас, ама и домаќините, па ги доведе во ситуација да мораат да се правдаат и да објаснуваат дека кажаното од страна на Заев нема никаква допирна точка со темите за кои е разговарано и дека само поради тоа што Македонија ја сметаат за пријателска земја го пречекале и лидерот на македонската опозиција. Бламирање! Да имаше барем малку образ, најпонизно ќе ѝ се извинеше и на македонската јавност, а и на Израелците. Ама Заев е ѓон и без „кичма“, па повторно следуваше само уште едно бледо соопштение од неговиот тим за односи со јавноста. Вистински за жалење се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во преговарачкиот тим. Замислете да треба да се договарате со ваков лик. Човек никогаш не може да биде сигурен дека тоа што си го договорил ќе важи утре. СДСМ барем малку да беше демократска партија, овој лажго и шарлатан одамна ќе го испратеше на македонското политичко буниште, но поради тоа што е немоќна и неспособна да го направи тоа, тогаш на 24 април в година тоа ќе го направи македонскиот народ…“ – вели Пандов.

АНАЛИЗА: Патолошките лаги на оксиморонскиот спасител

Решија ли „државниците“ да ја уништат државата што не можат да ја владеат? Во стилот на кооперациски швалер, кој не може ни насон да се приближи до срцето на посакуваниот женски објект, опозиционерите го продолжија деценискиот филм, кој вели – тоа што не можеш да го имаш: демолирај го, разнебити го, лажи, накодоши го и згази го! Водени од логиката дека во таква, лоша форма, полесно ќе ја добиеш во владение. Поевтино…

Analiza-Zaev-patoloski-lazgo

Телекомци, антидржавници или патолошки лажговци? Народот и експерската фела се во дилема – кое од овие имиња би било соодветен, но доминантен синоним за македонската опозиција, т.е. за СДСМ?

Реалноста налага сите новокомпонирани имиња да се и повеќе од соодветни. Првото поради талентот за телекомуникации со кој измолија тешки пари за себе од „Маѓар телеком“ и направија немерлива штета на работничките права на сопствениот народ создавајќи монополи со кои ги оштетиле за многу, многу милиони.

Второто име, исто така, едноставно, се лепи на партијата. Подлогата за перфектната симбиоза е создавана со децениски минат труд. Црнилата на транзицијата се дел од првата деценија владеење, препишани на „папата“, поради кои тој и си замина од кормилото на бродот што тонеше. Тука е и промената на името и на знамето. Небаре така СДСМ се исчисти од гревовите во минатото. Водството го продолжи амнестираниот чирак, кој веќе две години со сета сила ги урива позициите на државата и создава протекторат, а покрај него и најдобрата ученичка, која гордо и „без одговор на некои прашања“ ги презеде заслугите за катастрофалната територијална организација (читај албанизација), настрана кириите, фингираното сценарио со непризнавање изборни резултати, петардоидните „бомби“ и финалните лаги за и од Израел.

Третото, патолошки лажговци, произлегува токму од фреквенцијата на лагите. Стручњаците велат дека овој тип лажговци многу лесно се препознаваат затоа што постојано ги менуваат приказните. Имено, не можат да запаметат што зборувале претходно, да ја вклопат лагата во новата ситуација, па, едноставно, измислуваат нова приказна. Носителот веднаш се чувствува загрозен и реагира многу бурно и непресметливо на секое прашање. Патолошкиот лажго може да биде многу шармантен и да освои широка публика, меѓутоа, многу често во основата на патолошкото лажење лежи чувството на помала вредност…

Проблемот за новиот синоним, пак, е повеќе лингвистички отколку етички или реален. Замислете ја кованицата телекомски патлошколажговски антидржавници, која најдобро ги опишува?

Очајничка класика: Закани место извинување за лагите

За познавачите, последните две лаги се само неминовно, логично и очекувано продолжение на пикантериите во биографијата на лидерот. Би било изненадување доколку тој првпат го прави ова. За негова жал, лагите и демантите се секојдневие и неразделив дел од неговата политичка кариера. Тоа што сите реално се прашуваат е дали за последните лаги, кои се први само во однос на тоа што се однесува на политичари и на настани од друга држава, повторно ќе следува нов демант. Следното прашање е уште пореално: ќе се демантира самиот себеси или, сепак, повторно ќе го демантира сопствената партија? Второто, најверојатно, отпаѓа, па сме во очекување на почестото самодемантирање, кое премина во класика. Во новосоздадениот, интригантско-заканувачки стил, неговата партија, за промена, не го демантираше. Само го повтори составеното од лидерот и кусо, во мафијашки стил, соопшти: „Тие што не сакаат да разберат, ќе дојде момент кога ќе разберат“. Место да најдат начин да го извадат лидерот од самосоздадениот хаос, па макар и да се повикаат на погрешна интерпретација на медиумите, кои и така ги одбрале сами, кои се подобни, тие и покрај два силни деманта од стратегиски пријателска странска држава, се закануваат и продолжувате со небулозите. Психологијата, пак, најдобро ги објаснува дејствата. Не барајте логика кај очајникот, доколку ја практикувал немало да дојде до тој степен и позиција…

И додека неговите медиуми трагикомично ја воспеваа неговата храброст, глорификувајќи ја решителноста на лидерот, кој, замислете – без никаков страв дошол во Ерусалим?! (небаре Заев застана во првите борбени редови на Израел, а според бомбашкото искуство, сепак, од страната на Палестинците) „спасителот“ сѐ подлабоко тонеше во демантите на сопствените домаќини. Прво пристигна демант од Министерството за внатрешни работи, разобличувајќи ја првата лага дека тој добил какви и да е докази. На средбата се зборувало за општи прашања, соопштија од кабинетот на Шалом. Студениот туш и жешката шлаканица пристигна од амбасадорот Орјан, кој негираше средба со некаков втор човек на Мосад, која никогаш не ни била планирана. А опозицијата не отстапи. Фатени со рацете во горчливиот мед, место извинување, лиферуваа закани. Спасителот, дефинитивно, сфати дека Ерусалим не е Муртино кога наспроти кратките нозе на нивната лага, се појави долгата рака на Мосад. Бадијала, ниту таа не ги премисли очајниците.

Традицијата го победи спасителското

Волкот може да го смени влакното, но карактерот никогаш. Ова би било најкусото објаснување на случувањата во Тел Авив и Ерусалим. Земјите ги спојува исконот на Израел и на Македонија, велат теолозите и историчарите. Летањето не може да влијае толку негативно врз човековото здравје, констатираат лекарите. Лажењето на една територија, не ја менува навиката на друга, толкуваат лаиците. За волја на вистината, истиот тој лидер од февруари оваа година (кога почна со „бомбите“, а и од порано) кажа куп лаги. Најмалку десетина. Секое ново интервју и излегување во јавност донесе нов самодемант. Истиот тој човек беше фатен во лага дека немал средби со премиерот Груевски. Го демантираше токму премиерот, а потврда беа снимките на „Јутјуб“ за странските служби. Имале, ни помалку ни повеќе, четири средби.

На истите тие средби Заев му кажал на Груевски дека прислушуваните материјали се од странски служби. Дента на објавувањето на „Пуч“ кажа дека се оставени од „загрижени граѓани“, за по неколку часа да се „поправи“ дека ги добил од домашни служби. Се сеќавате дека Заев не го познавал Верушевски? Истото тоа го потврди и неговиот портпарол, за лидерот, фатен со писмото до него, да се премисли и каже дека го знаел, настрана што му барал странска виза за работа, директно од европски премиер од „сестринска“ партија… Ги слушал сите 26.000 снимени разговори?! Пресметката покажа дека за тоа би требало да одвои минимум 30 години. Владата ќе паднеше за три дена по објавувањето на „бомбата“, а поминаа осум месеци и падна само дожд. Заев обвинувањата до премиерот Груевски и до поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, за раководење на евентуалното прислушување, ги темелеше на фактот што „нормално“ немало снимени разговори со нив. Шест дена потоа тој лично пушти разговор на кој беше снимен токму Мијалков, а потоа десетици со претходен наратив за двајцата. Следува уште најмалку толку самодеманти на кажани „факти“. Навиката не се менува лесно. Зошто би ја сменила израелската почва? Бадијала и подобните медиуми. Тие само пренесуваат.

Пандов: A отвори уста, изговара лага

Aleksandar-Pandov

Кога се работи за Заев, можеби, најинтересното е што за голем дел од неговите лаги дознаваме по неколку дена, а многу често и по неколку часа, вели аналитичарот Александар Пандов.

ПАНДОВ: Сведоци сме дека во период од еден ден Заев трипати ги има менувано своите ставови и искази, а, по правило, партијата има потреба со соопштение да го дообјаснуваа тоа што сакал да го каже лидерот. И тоа сѐ додека е на домашна сцена – на луѓето што ги следиме политичките збиднувања, ни е забавно и смешно. Човекот си е, едноставно, палјачо облечен во костум, кој секое негово појавување во јавност го користи за да истресе некоја зелена. Дека е трчи-лажи и дека а отвори уста изговара лага, знаеме, а, верувам, знаат и во СДСМ. Срамот во даденава ситуација е што ликов појде во Израел, па оттаму почна да нѐ лаже и нас, ама и домаќините, па ги доведе во ситуација да мораат да се правдаат и да објаснуваат дека кажаното од страна на Заев нема никаква допирна точка со темите за кои е разговарано и дека само поради тоа што Македонија ја сметаат за пријателска земја го пречекале и лидерот на македонската опозиција. Бламирање! Да имаше барем малку образ, најпонизно ќе ѝ се извинеше и на македонската јавност, а и на Израелците. Ама Заев е ѓон и без „кичма“, па повторно следуваше само уште едно бледо соопштение од неговиот тим за односи со јавноста. Вистински за жалење се претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во преговарачкиот тим. Замислете да треба да се договарате со ваков лик. Човек никогаш не може да биде сигурен дека тоа што си го договорил ќе важи утре. СДСМ барем малку да беше демократска партија, овој лажго и шарлатан одамна ќе го испратеше на македонското политичко буниште, но поради тоа што е немоќна и неспособна да го направи тоа, тогаш на 24 април в година тоа ќе го направи македонскиот народ…

Оксиморонското предание на „спасителот“

Можеби непримерно за политичар „црпнат од Бога“, но кршејќи ја директно, безобразно и без покајание деветтата Божја старозаветна заповед, и тоа на свето место како Ерусалим, лидерот на опозицијата стана нов оксиморон. Во Македонија оксиморонот гласеше бомбаш-преговарач, две неспоиви улоги и личности фузирани во една. Во Ерусалим, пак, истиот тој лидер стана спасител „кој зборува во името на сатаната“. Така барем, според Стариот завет се толкува лагата и причината за нејзино раѓање. Во Стариот завет се вели: Од каде потекнуваат сите лаги и измами? –Од Сатаната, кој Господ Исус Христос го нарекува „ Лажго и татко на лагата“. „Кога лага зборува, своето го зборува“. (Јн. VIII, 14).

Во сета турли-тава, Заев, сепак, направи нешто ново. Преседан. За првпат во 24-годишната историја на државата, странска земја демантираше македонски политичар. За срамот да биде поголем, за првпат странска држава потврди дека македонски политичар лажел во два случаја. Во контекст на зборуваното на средба и, воопшто, околу одржана средба со некого. Македонската историја стана побогата за еден настан. Негативен, но прв. Исто како и бојкотот на изборни резултати, објавување незаконски здобиени разговори, странски инициран договор меѓу македонски етнички партии, амнестирање близок партиски член, самонаплаќање кирија од стотици илјади евра, партија што водеше антикампања против албанизација на Кичево и Струга со селски средини. Како и првата транзиција на фабрика, првата пропаст на штедилница, име, знаме. Сите овие црнила за првпат во Македонија. Инвентивна партија, нема збор…

Извор: Неделник Република бр.164

КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ: Кукавички бара одложување на изборите

Заев призна дека ја нема подрдшката од народот и бара одложување на изборите бидејќи е свесен дека ќе загуби

Се потврдија сите информации дека СДСМ ја нема поддршката од народот и дека на следните избори ќе доживее дебакл. Вчера тоа кукавички, но прецизно и јасно го призна и Зоран Заев, барајќи одложување на изборите, во изјава дадена за телевизија 24 Вести.

Заев во изјавата бара одложување на изборите закажани за 24 април и на тој начин признава дека СДСМ катастрофално лошо стои со поддршката помеѓу јавноста, што го покажаа и последните анкети кои утврдија двојно помал рејтинг на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ и три пати поголема поддршка на Груевски во однос на Заев.

Со оваа своја изјава, Зоран Заев бара директно кршење на договорот од Пржино, чии потписници се тој и неговата партија.

Ова е најголем доказ за демотивацијата и очајот, кои владеат во СДСМ, каде се’ погласни се поделбите и тензиите меѓу членството на партијата, кое е свесно дека нивното раководство ги доведе до нов пораз, и тоа повеќе не може да се сокрие, колку и Заев, Шекеринска и Шилегов да се обидуваат да внесат некоја надеж во која ниту самите не веруваат.

Со својата денешна изјава, Зоран Заев едноставно капитулираше. Барањето за одложување на изборите го покажува кукавичкото лице на Заев и ги демантира на дело сите лажни тврдења за некаква наводна сила на опозицијата, коментираат познавачите.

Граѓаните го прочитаа антидржавното однесување на СДСМ и мрачното сценарио на оваа партија, па затоа очигледно и не им даваат поддршка. Барањето за одложување на изборите е доказ дека СДСМ губи и тоа со сигурност и со голема разлика.

Колумна на Влатко Ѓорчев: Kориста за СДСМ од штетите врз економијата и стандардот

Раководството на СДСМ, едноставно, не сака да се договори за предвремени парламентарни избори. Зошто? Затоа што се свесни дека убедливо, убедливо ќе загубат.

И затоа тактиката е да ~ се нанесе што повеќе штета на Република Македонија. По секоја цена. По цена на максимално девалвирање на сопствената држава. По цена на суспензија на институциите, предизвикување на проблеми од секаков вид. По цена на воведување пракси и практики какви што нема никаде во светот.

По цена на газење врз меѓународниот углед, по цена на компромитација на државноста. По цена на губење финансиски средства од меѓународните програми во кои учествува Македонија. По цена на блокада на државата и блокада на државните институции. Да ја укинат државата кога веќе не можат да ја водат и владеат.

Објавуваат војна на волјата на народот, кој не сака и не сака да ги гласа. Едноставно, не сака да им испорача мнозинство и победа на избори. Не поминуваат кај народот и тоа е тоа. Им пречи тврдоглавоста на граѓаните во одбивањето на СДСМ. Им пречат континуираните плебисцити на кои народот референдумски му вели „не, не и не“ на нивниот СДСМ.

Да, народот има еден куп поплаки, жалби и приговори за Владата, но едноставно не гледа ама баш никаква перспектива во политиките и гарнитурата на СДСМ. Народот сака состојбите во Македонија да бидат подобри, да има повисок животен стандард. И гледа дека тоа постепено се случува. Чекор по чекор, област по област.

Народот гледа кој се бори за Македонија, а кој се обидува да напакости со сета сила и на сите начини. Луѓето ја разбираат играта на СДСМ и неговите први виолини. Гледаат дека ваквиот и денешен СДСМ веќе одамна ја помина црвената линија во насока на постепено атрофирање на државноста и институциите.

Луѓето не ги знаат сите детали во моменталните заткулисни игри. Не ги знаат сите зборови, закони, членови, ставови, поглавја и амандмани во актуелните преговори. Но, кристално јасно ја гледаат големата слика. Без потреба од лупа или двоглед гледаат дека СДСМ е во отворен обид да се докопа до власт без народен, изборен, демократски легитимитет.

И во таа нивна антидемократска намера потребите на граѓаните воопшто не се важни. Тие не влегуваат во власта за да донесат некој закон кој ќе направи нешто добро за Македонија. Не се тука да донесат некој нов инвеститор, да отворат некоја фабрика, да решат некој проблем.

Тие сакаат да влезат за да тргнат во политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Не во натпревар на избори или во натпревар на идеи, туку во жестока пресметка, во прогон и во политичка хајка. Не во натпревар на сработени проекти, туку да ги реализираат своите закани, да воведат страв во Македонија и да се пресметаат со изборната волја на 500.000 полнолетни македонски граѓани.

Kој е ефектот од целата византиска игра на СДСМ? Само повеќе го нервираат народот. Ги засилуваат интензитетот на иритацијата кај граѓаните. Ако некој мислел да седи дома, ако некој мислел да се пасивизира од разни причини, тогаш ова антидемократско однесување на СДСМ го поттикнува на став, на гласање, на несогласување. Макар и со куп приговори кон проблемите во државата, со својата изборна волја и демократско гласање да се спротивстави на институционалниот пуч кој постепено ја турка партијата што сака 100 отсто власт со одвај 10 отсто поддршка меѓу народот.

СДСМ веќе отворено оди против економијата. Буквално со месеци трае нападот врз македонската економија, која покажува необична жилавост. Со рацете и со нозете се трудат да ја повлечат надолу, да ја втурнат државата во рецесија и инфлација, да ги избркаат инвеститорите. За СДСМ да види корист од таа општа штета.

Зошто? За да ~ напакостат на државата, на Владата, на ВМРО-ДПМНЕ. Да удрат, да направат да биде што полошо. Да најдат наратив за нивните тези и лаги. Да ги покријат фабриките што се отвораат секој месец. Да ги засенат оние случувања кои треба да донесат аир и ќар за оваа држава, со вработувања за овој народ.

Сакаат да не биде темата колку фабрики затвориле премиерите на СДСМ. Да се заборави на гробарите на македонското стопанство. Да се заборави транзицијата и приватизацијата. Да се заборави дека ниту еден, буквално ниту еден од тројцата премиери на СДСМ не отвори ниту една, буквално ниту една фабрика.

Затоа се удира врз економијата. Се напаѓа стабилноста. Се оди кон целта стопанството да липса, да покаже замор, да попушти врз тежината на политичката криза предизвикана од СДСМ.

Затоа во моменталните преговори СДСМ, едноставно, не сака договор. Ги саботира преговорите. Самите претставници на СДСМ даваат нивни, сдсмовски предлози, од кои се откажуваат по неколку дена. Предлагаат нешто, ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи, па после СДСМ се откажува од својот предлог.

И така нема договор. СДСМ оди со нови и нови барања, со инфлација на уцени и желби, само затоа што се плаши од соочување на изборите. Во меѓувреме сакаат што повеќе да се влошат состојбите во Македонија – од економијата, преку кризата на институциите, до политичките состојби и меѓународната позиција.

Тоа е таа тактика и стратегија на нанесување на што поголема штета на државата. Но, нивниот проблем се граѓаните. Нив нема да можат да ги заобиколат во одлучувањето. Сите понтонски мостови, сите бајпаси и сите нивни саботирања на македонските позиции и економијата ќе треба да поминат низ филтерот на народното мислење, преку гласање и изјаснување. А во тој дел сликата е позната.

Пишува: Влатко Ѓорчев за Дневник

Владините инвестиции во патната инфраструктура овозможуваат ангажман на 3000 работници

Во моментов во тек е изградба на 4 автопатски делници во должина од 155,7 километри. Само на овие четири автопатски делници се ангажирани 2.320 лица.

Се работи на изградба на автопат Демир Капија-Смоквица – ангажирани се 650 работници,  изградба на автопат Миладиновце – Штип (автопат Гоце Делчев)- ангажирани се 570 работници, изградба на автопат Кичево –Охрид  (автопат Мајка Тереза)- активно работат 1000 лица, рехабилитација на автопатска делница Велес-Катланово (Скопје) во оваа фаза се ангажирани 100 лица.

Само на овие четири автопатски делници се ангажирани 2.320 лица.  Дополнително, во изградбата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци се ангажирани над 400 лица, кои моментално работат на изградба или реконструкција на 111 км за кои се инвестираат над 40 милиони евра.

Овие над 400 работници се ангажирани на поголем број на патни правци меѓу кои и: Велес-Кадрифаково, Битола – Ресен- Буково, Тетово- Брвеница- Чегране- Гостивар, Ново Село – Маврово, Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово, Дојран – Николиќ и други.

Истовремено оваа година продолжи реконструкцијата и на локалните патни правци. Се реконструираат 46 локални патишта во 36 општини во вредност од 7,2 милиони евра, од кои 32 локални патни правци се завршени со должина од 42,96 км и вредност од 4,85 милиони евра а во тек е реконструкција на 14 локални патни правци во должина 13,70км и вредност од 2,13 милиони евра. Во рамки на градежните активности на локалната патна инфраструктура се вклучени до 200 лица.

izjava-gjorgjiev

-Интензивната изградба на патната инфраструктура, автопатите, магистралните, регионалните, локалните патишта е од извонредно значење за овозможување на подобри услови за комуникација на граѓаните и унапредување на условите за функционирање на бизнис заедницата. Но, особено е битно дека со овие инвестиции се придонесува кон општиот економски развој на земјата, а исто така особено значајно е што се отвораат нови работни места. Во овој момент во инвестициите во изградбата на патиштата се ангажирани околу 3.000 работници, а имајќи во предвид дека следната година се очекува проширување на голем дел од проектите како и воведување во работа на нови патни правци се очекува овој број дополнително да расте, што значи отворање на дополнителни нови работни места и вработување на нашите граѓани, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Од Владата информираат дека инвестициите во патната инфраструктура претставуваат еден од владините приоритети и во тој контекст во 2016 година ќе се продолжи со изградба и рехабилитација на патните делници во сите региони во државата за што веќе се дефинирани проекти и финансиски средства за реализација на проектите.

Потврда од ЕК: Извештајот за напредокот на Македонија ќе се објави в четврток

Извештаите за напредокот на Република Македонија и на другите земји­-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија, се очекува да бидат, конечно, објавени в четврток (5 ноември), јавува дописникот на МИА од Брисел.

Иако не сакаше официјално да потврди, портпаролот на Еврокомисијaта Маргаритис Схинас, денеска не негираше дека конечното објавување на годишните извештаи за прогресот ќе се случи идната недела, со оглед на тоа што се чека одржувањето на парламентарнтие избори во Турција, земја­кандидат што поради бегалската крзиа сега е најважна за Брисел. ­

– Следете внимателно – порача портпаролот Схинас за информацијта дека еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, ќе ги објави извештаите в четврток.

За Република Македонија, тоа значи дека до четврток напладне, за кога се очекува Хан да ги презентира извештаите пред Еворпскиот парламент, ќе биде неизвесно дали ќе добие седма последователна препорака за отворање на преговорите за членство во Унијата.

Според најавите, дотогаш, доколку има напредок во преговорите меѓу четирите политички партии во земјата за усвојување на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, се очекува ЕК да додели препорака за преговори. Во случај на продолжување на преговорите, тогаш се очекува Хан да соопшти условена препорака со усвојување на точките од договорот, додека во случај на целосен крах до четврток на политичките преговори во Македонија, тогаш земјата ќе остане без препорака.

Кавга меѓу Јовановски и Цаневска: Престани да ја злоупотребуваш општина Центар!

Перјаникот на опозициската СДСМ, Борјан Јовановски денес преку статус на својот Фејсбук профил распали по Катерина Цаневска, портпаролката на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Јовановски преку статус на Фејсбук директно ја обвини Цаневска дека ја злоупотребува општина Центар за свои лични интереси и воедно ја повика да престане да го прави тоа.

Borjan-KaterinaОд досегашните  коментари под неговиот статус може да се процени дека на пошироката јавност не и е познато за што точно станува збор, но со сигурност може да се каже дека продолжуваат превирањата и несогласувањата во опозицијата.

 

Груевски: Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност (ВИДЕО)

Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност и видливо дело наменето за граѓаните, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Никола Груевски споделувајќи снимка направена со дрон од изградбата на автопатот Миладиновци-Штип.

Новиот автопат Скопје – Штип забрзано се пробива, за поквалитетно поврзување на источна Македонија, за економски напредок и поквалитетен живот на граѓаните. Продолжуваме со реални дела да ја покажуваме нашата посветеност кон напредокот, обезбедување на услови за развој и подобар стандард, напиша Груевски.

Погледнете го видеото што го објави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски:

Нашите ветувања и дадениот збор стануваат реалност и видливо дело наменето за граѓаните. Новиот автопат Скопје – Штип за…

Posted by Nikola Gruevski on Friday, October 30, 2015