ДИК: Емисијата на хартии од вредност и државни записи не е поврзана со организација на изборите

DIK

Државната изборна комисија на вечерашната седница со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучила дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

– Државната изборна комисија на вечерашната седница постапувајќи по барањето на министерот за финансии за донесување одлука согласно член 48 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучи дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Одлуката на Државната изборна комисија е конечна, се вели во соопштението од Државната изборна комисија.

ДИК одлучи: Наумов од СДСМ не смее да ја блокира исплатата на плати, пензиии и социјала

Kire-Naumov-SDSM

Дополнителниот заменик министер за финансии предложен од СДСМ, Кире Наумов, нема право на вето по однос на аукцијата која Министерството за финансии ќе ја одржи утре, ова е одлука на Државната изборна комисија.

Со ова е спречен обидот на СДСМ да ја парализира државата и да ја стопира и блокира исплатата на повисоките пензии, повисоката социјална помош, плати на администрацијата, изградбата и реновирањето на патишта, болниците и училишта.

Одлуката на ДИК е конечна. Тоа значи дека утрешната аукција на која треба да бидат запишани државни хартии од вредност во износ од околу 100 милиони евра ќе се одржи според планираното.

Груевски: Ако трошевме расипнички, нема да сме 4-ти најмалку задолжени во Европа

Gruevski-pratenicki-prasanja

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање денеска истакна дека доколку власта се однесувала недомаќински и расипнички, како што тврди опозицијата, Македонија не би била четврта најмалку задолжена земја во Европа, податок кој го објавила Европската канцеларија за статистика, Евростат.

– Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде во Владата државниот долг што го остави СДСМ беше речиси 40 проценти од БДП, а сега е 36 проценти од БДП што долг понизок од тогаш, но и долг кој според Евростат е четврт најнизок долг во Европа, по Естонија, Луксембург и Бугарија, рече премиерот.

Ние, додаде тој, сме околу 9 години во Владата и доколку сме работеле недомаќински и расипнички тогаш ќе имавме некој од поголемите долгови во Европа веројатно, како што рече, четврто највисоко задолжена земја.

– Но реалноста не е таква. Јас знам дека правите големи напори да докажете дека сме ја презадолжиле земјата, дека имаме огромно задолжување, поголемо според другите земји. Не само што јас ви кажувам дека тоа не е така, туку тоа го покажуваат и податоците на сите државни институции, а го потврдува и Евростат, истакна премиерот.

Според него, еврообрзницата била планирана уште при проектирањето на Буџетот.

– Приказната дека сте спасиле нешто е политичка, можеби се обудувате да ја продадете пред граѓаните, но, всушност ништо не сте спасиле. Станува збор за делумно издадена обврзница за периодот од декември до јуни-јули наредната година, потоа која и да е Влада ќе мора да издаде нова бидејќи тоа е планирана работа, потенцира Груевски.

Истакна дека задолжувањата се правеле биле за капитални инвестиции во полза на граѓаните и оти притоа се внимавало да не се дојде до високо задолжување. Ниската задолженост, рече, меѓу другото, е резултат и на предвременото раздолжување во 2007 и 2008 година, што овозможило да се преброди полесно должничката и економска криза.

Премиерот одговараше и на прашање колку чинело последното роуд шоу во Кина.

– Таму не бевме на роуд шоу туку учествуваме на Самит на 16 земји Централна и Источна Европа и НР Кина. Јас ја искористив таа прилика и да направам и презентација со моите соработници пред околу 150 компании кои покажаа интерес за инвестирање во Македонија, рече Груевски.

Привлекувањето на инвестиции, рече тој, не е лесно оти ако било така тоа ќе го направела и Владата на СДСМ.

Во последните години направени се крупни реформи и постигнати резултати и услови кои, како што рече, Македонија може да понуди. Без тоа, рече премиерот, Македонија не би имала што да презентира.

Според него, благодарение на презентациите, директните комуникации, рекламите во медиумите… голем број странски компании инвестирале во Македонија и вработиле и ќе вработат голем број лица.

Груевски: Владата се грижи за земјоделците и прави напори за навремено исплаќање на субвенциите

Gruevski-Sobranie

Во попладневниот дел на собраниската седница на која се поставуваат пратенички прашања, Панче Орцев од СДСМ побара од премиерот Никола Груевски да одговори дали субвенциите на земјоделците им се исплаќаат навреме.

Оваа Влада, како што рече премиерот Никола Груевски вистински се грижи за земјоделците воведувајќи ги субвенциите како една од формите за помош и поддршка на земјоделците.

Владата, како што рече, прави максимум напори субвенциите да се платат навреме и во најголем дел се плаќаат навреме.

– Тогаш кога имало одредени задоцнувања главно биле заради доцнење на одредени податоци коишто треба да се соберат или пак понекогаш се случуваше и кога самите земјоделски здруженија бараат одлагање на некои рокови, на пример за пријавување на субвенциите што пак поместува и рокови за исплата на субвенциите. Но тоа им е потребно и тие тоа самите го бараат. Така и оваа година ред по ред се исплаќаат сите ветени субвенции, рече Груевски.

Наредни за исплаќање, како што информира, се субвенции за производителите на млеко и тргнувајќи од денеска во наредните две до три недели очекуваме околу 6.000 производители на млеко да добијат субвенции.

– Втората група се производителите на полјоделски производи. Околу 10.000 производители на полјоделски производи тргнувајќи од денеска во наредните две до три недели треба да ги примат своите субвенции. На овие две групи заедно отприлика треба да им биде исплатено околу 8,5 милиони евра во наредните две до три недели. И да се исполни тоа што им било ветено, истакна Груевски.

Кога станува збор за земјоделците оваа Влада, како што рече Груевски, дава максимална помош што може да се даде на секој земјоделец.

– Нормално се трудиме тоа да биде во законска рамка поради законски определени процедури да се биде согласно пропишаниот ред, но во постојана комуникација со сите земјоделски здруженија, додаде тој.

За жал, како што рече, она што го наследивме претходно беше целосно отсуство на волја да им се помогне на земјоделците.

– Тие немаа субвенции, немаа поддршки и се изборија само во изборите во 2006 година со демонстрации пред Владата тутунарите да добијат некои трошки. СДСМ беше тотално глува во однос на барањата на земјоделците за субвенции. Ги оставија на маргините на општеството заборавени, понижени, без пари, со долгови без било каква поддршка. Промената што ја направивме беше видлива, истакна Груевски.

Премиерот посочи дека почнале со 18 милиони евра, а стасале до 150 милиони евра субвенции годишно за поддршка на земјоделците.

– Следната година 25, следната 40, па потоа 70, зборувам за нови 70, нови 40, па 100 милиони  евра годишно па стигнавме чекор по чекор до 150 милиони евра на годишно ниво поддршка за земјоделците, за субвенции, за рурален развој. Тоа се рекордни бројки што се забележани во историјата на нашата држава за поддршка и помош на македонскиот земјоделец, рече Груевски.

За жал, како што додаде, тие рекорди се само во времето кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт и коалициските партнери, но не може да се спореди со времето кога СДСМ беше на власт бидејќи, како што рече, тогаш субвенции не се даваа.

– Значи треба да споредиме нешто денес со нешто што било нула во минатото, нагласи Груевски.

Секоја година средствата предвидени во Буџетот за субвенции растат и Владата, како што рече Груевски, е во постојана комуникација со сите поголеми позначајни здруженија, асоцијации и претставници на земјоделците од Македонија.

– Слушајќи ги нивните потреби како стратешки, долгорочно, така и краткорочно актуелните проблеми со кои се соочуваат и потреби за некои големи интервенции од страна на Владата и секогаш тоа го правиме дали е тоа кога имало поплави или тоа е кога има сериозни пазарни турбуленции на цената на одредени производи, секогаш сме тука како Влада да излеземе во пресрет и да им помогнеме кога им е тешко, истакна тој.

Додаде дека од тие причини ќе продолжат да им помагаат на земјоделците, затоа земјоделството е една од позначајните гранки во Македонија од кои опстојуваат поголем број на луѓе.

– Преку формите на здружување во земјоделство, задругарство и преку други форми преку коишто помагаме работите се движат во една позитивна насока, нагласи премиерот.

На прашањето од пратеникот Орце Панчев дали ќе има контрола во работењето на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски одговори дека Државниот завод за ревизија започнал контрола во партијата.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да биде прескокната во овогодинешните контроли на политичките партии. Пред некој месец Државниот завод за ревизија побараа документи кои им се потребни и дадоа рок да се соберат и тие документи се предадени. Државниот завод за ревизија ги започна прегледите на целата документација и ќе го завршат извештајот онака како што го прават и за другите политички партии, рече Груевски.

Во врска со купувањето на штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски рече дека за разлика од СДСМ која приграби државен имот за свои штабови во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ немаше таква можност.

– ВМРО-ДПМНЕ ја искористи можноста што имавме мало парче земја во центарот на Скопје, кое го понудивме на инвеститор да влезе во негова сопственост, да изгради свој објект на тоа место и да овозможи еден дел од тој објект да биде во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Груевски.

На некој начин, како што додаде, земјиштето го заменивме за простории во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ  во Скопје.

За разлика од нас, како што рече Груевски, СДСМ своевремено прогласувајќи се за наследник на Комунистичката партија на Македонија го присвои целокупниот имот што го имаше КПМ кој што бил создаван и граден од парите на сите граѓани на Македонија во комунизмот, кои морале да плаќаат разни членарини, кои потоа биле користени да се изградат различни објекти кои ги присвои СДСМ.

– Така и просториите каде денеска престојува Владата  во времето на комунизмот биле простории на Централниот комитет на Комунистичката партија, а веднаш по осамостојувањето станале имот на СДСМ . Тие тогаш потпишале договор сами со себе, бидејќи тогаш беа на власт дека ги отстапуваат на државата просториите на Владата кои се градени од народот, а за возврат ги земаат објектот на Министерството за образование, кое денес е Централен штаб на СДСМ. Значи со државен имот размениле државен имот, рече Груевски.

Штабовите на ВМРО-ДПМНЕ низ Македонија, како што нагласи, се купени на законски и легален начин од редовни членарини, донации…, така што Државниот завод за ревизија сега ќе провери и ќе може тоа да се види во извештајот.

Средба Груевски – Заниер: Македонија и ОБСЕ соработуваат во сите сфери

Gruevski-Zanier-sredba

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Соговорниците дадоа позитивна оценка за соработката на Република Македонија и ОБСЕ во сите сфери од взаемен интерес.

Премиерот Груевски истакна благодарност за придонесот и поддршката која ОБСЕ ја овозможува на нашата земја во спроведувањето на реформите во сите општествени сфери. Тој го информираше својот соговорник за посветеноста на Владата кон спроведувањето на реформи кои значат унапредување на стандардите во сите потребни области.

Двете страни ја истакнаа значајноста од реализација на сите предвидени точки во договорот од јуни/јули, при што беше акцентирана значајноста на формирањето на Државната изборна комисија согласно политичкиот договор.

Gruevski-Zanier-sredba-1

Соговорниците разговараа за спроведувањето на изборниот процес. Премиерот Груевски истакна дека Владата е фокусирана на реализација на сите потребни чекори кои ќе водат кон организација и спроведување на фер и демократски избори. Генералниот секретар Заниер ја истакна подготвеноста на ОБСЕ во поддршка на изборниот процес во полињата кои се надлежност на организацијата.

На средбата стана збор и за состојбите и ефектите од бегалската криза. Премиерот Груевски ја образложи позицијата на Република Македонија во поглед на оваа тема, која е условена и од одлуките на останатите земји кои се наоѓаат на бегалската рута, и е заснована на правото и должноста на Република Македонија да презема чекори кои се во интерес на обезбедување на регистрација и хуман третман на бегалците и во интерес на државните интереси.

Генералниот секретар Заниер истакна дека ОБСЕ може да даде организациона и техничка помош на нашата земја во менаџирањето на бегалската криза. Беше истакнато дека за надминување на предизвиците од оваа криза е потребен координиран и заеднички пристап на меѓународната заедница.

Стана збор и за работата на специјалното обвинителство и законските решенија кои ја регулираат медиумската сфера.

Премиерот Груевски и генералниот секретар на ОБСЕ Заниер истакнаа дека соработката помеѓу двете страни во полињата од заеднички интерес ќе продолжи и понатаму.

Анкета: Граѓаните гневни на лицемерието на Заев за настаните во Куманово (ВИДЕО)

Anketa-gragjani-Zaev

СДСМ на чело со Зоран Заев манипулираа со случувањата во Куманово. Тој и сам признаа дека не ја говореа вистината по акцијата на МВР во Диво Насеље. Тогаш тврдеа дека акцијата ја наместиле македонските власти иако во истата трагично загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили.

Неколку месеци подоцна, Заев на настан во Љубљана говори за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај, во кои животот го загубија осум припадници на безбедносните сили и 10 терористи. Заев овие трагични настани ги споредува со терористичките напади во Париз.

-Случувањата во Куманово се исто така терористички акт како што го видовме во Париз. Еден од тие луѓе кои влегоа во центарот на Куманово, се повратници од Сирија, тие се бореле таму, исто како што се бореле луѓето што направиле терористичките напади во Париз или што ја поставија бомбата во рускиот авион, рече тој.

Граѓаните се зачудени, но и гневни поради ваквото лицемерно однесување на Заев.

anketa11

-Мое мислење е дека Заев нема свој став и не знае на која страна да застане. Дали да застане од страната на Република Македонија или да застане од страната на Европа. Бидејќи Европа го поддржува во некои активности што сака да ја донесе Македонија во пропаст и на некој начин поделба на Македонија. Мое мислење е дека Зоран Заев е кукавица и со тоа ја уништува Република Македонија. Тој не прави ништо добро за нашата земја.

-Јас на тој господин З.З. гледам дека тој нема ни лице, ни образ, ни ништо! Нема ни чувство. Како може Владата да го направи ова против својот народ? Овде во оваа држава да збори едно, оди во Словенија збори друго, дека биле тие терористи. Јас ова не можам да го сфатам. И тој утре ќе ни биде нас премиер?  Овој народ македонски нека се освести, кој други се уплеткани во ситуацијава со Заев- Героски, Фрчко и други.

anketabroj44

– Тој е политичар каков што никаде во светот не постои. Еднаш зборува едно, друг пат зборува друго. Според мене тоа што го кажа е потврда на тоа што не е конзистентен во своите ставови и изјави. Штета што поради ова што и го прави на Македонија не е санкциониран.

-Секој политичар треба да си има свој цврст став. Ако тоа во Диво Насеље беше превенција некоја на терористички напад, тоа е супер, а ако веќе е тероризам во Франција, тогаш е добро што ние сме го спречиле. Викаат дека Белгија и Франција се најдобри за превенција на терористички напади. Заев треба да има свој став. Не може контрадикторни да бидеме. Сега вака размислуваме, а по 15 минути да го смениме ставот.

selfizaevkumanovo

Додека цела Македонија тагуваше Заев отиде во Куманово и се сликаше селфи.

По контрадикторните изјави на Заев за случувањата во Диво Насеље, граѓаните повторно го искажуваат гневот од однесувањето на опозицискиот лидер неколку дена по трагичниот ден. Му замеруваат на тогашните изјави и ги спомнуваат неговите пораки од таму, каде насмеан се фотографираше на местото каде гинеа македонски бранители.

-Тој отиде таму да се промовира како нов премиер и сакаше да собере гласови од албанскиот електорат, но со тоа си направи самиот на себе повратен удар. Ако потоа стане Заев премиер, ќе дојде до децентрализација и поделба на Македонија.

anketaaa22

-Го гледав тоа на телевизија, што ли да кажам? Ако ја немате поддршката од народот, а СДСМ 10 години нема поддршка од народот во Македонија, бара помош од надвор, големиот брат кој ќе го заштити и ќе му даде некаква сигурност. За жал, тоа што го направи во Куманово, е слика и прилика на лицето на СДСМ. Тоа е навреда за македонскиот народ.

-Толку променливо мислење не смее да има никој политичар, а не па лидер на најголема опозициска партија. Неговото мислење дека тоа било наместено беше многу глупаво. Во самата полиција имаше жртви.

anketa333

-Ете сега имаме министер за внатрешни нивни. Нека го разреши овој случај. Видовме и пред Владата кој се сликаше со албанско знаме и со карта од Голема Албанија.

АНАЛИТИЧАРИ: Не е прв пат Заев да лиже кај што плукналpandov-andonov

Аналитичарите сметаат дека ваквата дволичност на лидерот на СДСМ е само доказ колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт, но и потврда дека не е прв пат Заев, како што велат „да лиже таму каде плукнал“.

-Се работи за дволичност во односот кој јавноста. Тоа каква партиска политика спроведува е работа која на изборите ќе се види, но зошто за такво круцијално прашање, како настаните во Диво Насеље каде се боревме со терористичка група, беше загрозена безбедноста на Македонија, да се однесуваме дволично. Зарем беше толку страшно за министер од ВМРО-ДПМНЕ за внатрешни работи да се каже тие луѓе ја бранеа татковината, а не да се подметнуваат приказни дека владата правела договор со терористи за да се отргне вниманието на луѓето. Тука само се гледа колку далеку им допира идејата да се разнебити државата ако тие не се на власт. Тоа е основниот показател. Тој со кого Заев се сликаше треба да се знае дека е лице кое полицијата со досие го има како дилер на дрога и уживател на дрога.Навистина целта беше додворување на Албанците, на меѓународната заедница и понижување на сопствената држава и влада за да се продлабочи целата политичка криза и да се дојде на власт, вели универзитетскиот професор Оливер Андонов.

-Не е прв пат Зоран Заев да лиже таму каде плукнал. Во таа терористичка акција во Диво Насеље загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. Кога крвареше македонската држава и кога бевме изложени на опасност од терористичка банда која планирала акции во болници, училишта во трговски центри, од СДСМ и Заев бевме изложени дека истата таа група била синхронизирана со владата. Човек можеби и може да разбере од локален политичар кога си игра со некои локални прашања, но кога се работи за национални прашања и прашања на државата, срам треба да му биде и треба да се извини и кон припадниците на МВР и луѓето кои тогаш ги прозиваше. Преку ова и Албанците треба да видат за каков дволичен човек се работи. Истиот Заев кој на нив им нуди премиерско место, кој им нуди двојазичност, кој нуди федерализација и истиот Заев кога излегол надвор од границите на Македонија тие Албанци ги нарекува терористи, вели аналитичарот Александар Пандов.

Тие додаваат дека Заев е човек кој води само дневна политика, дотолку повеќе што ако тој процени дека денес тоа што ќе го изјави ќе му донесе некој политички поен, тоа без да размисли ќе го стори, иако е свесен дека лаже.

Исто како Шекеринска, и Заев ќе ја внесувал Македонија во Европа

Zaev-Sekerinska

Опозицискиот лидер Зоран Заев на крајот од денешната прес-конференција изјави дека новата економска програма на СДСМ ќе значела програма за Европска Македонија, алудирајќи на тоа дека е ја внесел Македонија во Европа, како што претходно ветуваше и неговата заменичка Радмила Шекеринска.
Zaev-Sekerinska-1

 -На програмскиот конгрес на СДСМ, на 13-ти декември, заедно со граѓаните ќе ја објавиме новата економска програма за иднината на успешнеа, напредна, европска Македонија!, рече Заев.

Ваквите зборови на Заев потсетуваат на ветувањата на неговата заменичка Радмила Шекеринска. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само шест месеци, но никогаш не кажа како планира да го направи тоа, исто акко што е нејасно како Заев ќе ја направи Македонија европска и ќе ја внесел во во Европа.  

Шекеринска додека беше претседател на СДСМ за време на предизборната капмања за парламентарните избори во 2008 изјави  дека доколку СДСМ дојде на власт за 6 месеци ќе го реши прашањето за името наметнато од Грција и ќе ја внесе Македонија во НАТО, по што СДСМ го доживеа најтешкиот пораз на изборите со 250.000 гласови разлика.

-Сакам да им порачам на сите граѓани на Македонија, Македонија не мора да чека, ви ветувам, за шест месеци, Македонија ќе ја добие поканата за НАТО, за шест месеци, Македонија ќе почне преговори со ЕУ, рече Шекеринска. 

 

По заканите од СДСМ 300.000 пензионери загрижени, бараат итни мерки за исплата на пензиите

Argirovski-Penzii

Пензионерите во Македонија, чиј број е околу 300.000 се заинтересирани навремено да се добиваат пензиите како што беше тоа во изминатите години, до 6-ти во месецот. Изразуваат загриженост и реагираат на дека ова може да биде доведено во прашање со исплатата на ноемвриската пензија во декември годинава, пренесе МИА.

- Самата најава дека навремената исплата која со години наназад е до 6-ти во месецот, овој пат може да биде доведена во прашање има големо реагирање кај членството на Сојузот на пениознерите и се смета дека треба да се изнајдат сите мерки да не дојде до еден таков проблем за исплата на пензиите на пензионерите, изјави претседателот на Сојузот на здруженија на пензиоенрите Драги Аргировски.

Според него, овие 300.000 пензиоенри издржуваат една или две генерации на деца, така што тие се заинтересирани пензиите да се исплаќаат редовно и затоа треба да се изнајдат сите мерки да не се доведе во прашање исплатата на пензиите во Република Македонија.

– Последните 4-5 години пензиите за претходнито месец се исплаќаат редовно до 6-ти во наредникот месец. Ако се доведе во прашање исплатата на пензиите за овој месец ќе дојде до голем проблем меѓу пензионерите и граѓаните на Република Македонија.  Тоа ќе биде навистина револт, зотоа што тоа е една нормална работа да се примаат пензиите навремено, рече Аргировски.

Ваквата реакција на пензинерите, следи по вчерашните најави дека се доведува во прашање исплатата на плати и пензии доколку се укине издавањето на државните записи со што се укинуваат мехабнизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот.

Министерството за финансии вчера информираше дека ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции,….

Појаснуваат дека издавањето на државните хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2015 година, изгласан од Собранието на РМ, и со неговото попречување се крши и законот.

Во контекст на аукцијата, од Министерството за финансии посочуваат дека  за следната недела се предвидува продажба на државни записи во вредност од 100 милиони евра, а истиот месец доспеваат за исплата стари записи во вредност од 5,2 милијарди денари или 84,6 милиони евра. Значи, истакнуваат, тоа не е ново задолжување, туку рефинансирање на веќе запишани хартии од вредност, објаснува Министерството за финансии.

Потсетуваат дека државни хартии од вредност се издаваат од 2004 година. – Доколку на тоа се додадат 150-те милиони евра од еврообврзницата која беше издадена во 2005 година од страна на Владата на сега опозициската СДСМ, тоа се вкупно 234,6 милиони евра кои треба да се вратат во декември. Од нив 210 милиони, заедно со еврообврзницата, треба да се исплатат заклучно 8-ми декември – ист период кога се исплаќаат платите и пензиите, наведоа од Министерството за финансии.

Вработени 10.750 млади до 29 години преку владината мерка

Dime-Spasov-mladi-vraboteni-f

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот Илчо Захариев и пратеникот Трајчо Димков, денес ја посетија приватната компанија Кит-Го од Штип која е успешен пример во искористување на мерката за вработување на млади до 29 години. Штипската компанија преку оваа мерка која предвидува една година ослободување на социјални придонеси и  персонален данок и дополнително уште една година  обврска за  задржување на работа на младите на работа, има вработено 151 младо лице.

-На ниво на Штип, изминатава година и неколку месеци, преку само оваа мерка досега се вработија околу 930 млади лица во приватните компании користејки ги мерките за вработување до 29 години. Би сакал да истакнам дека преку овој проект на Владата на Република Македонија на ниво на државата досега се имаат вработени 10.750 млади лица во околу 5.200 приватни компании. Оваа мерка за вработување млади лица продолжува да трае до средината на март 2016 година-рече Спасов.

Dime-Spasov-mladi-vraboteni-1Тој ги повика сите заинтересирани  приватни компании да ги искористат поволностите на оваа мерка и да направат значителна заштеда за отворање на нови работни места, средства кои ќе ги наменат за развој на своите компании и кои ќе помогнат за раздвижување на нашата економија.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, истакна дека преку политиките за вработување на министерството за труд и социјална политика се постигнува бројот на невработени во општина Штип да биде најмал. Тој истакна дека штипскиот бизнис знае да реагира на добрите политики и  стимулациите што ги дава Владата.

Сопственикот на команијата, Кире Гогов, изрази задоволство од бенефициите од мерките за вработување на  млади и псоочи дека дел од овие средства што државата ги нуди за  приватните компании како ослободителни се користат за инвестиции и зголемување на платите на вработените.

Јанева бара итно да се донесе закон за јавнообвинителска служба

Katica-Janeva-SJO

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денеска апелираше до надлежните институции ургентно да донесат закон за јавнообвинителска служба, неопходен за работата на ова јавно обвинителство. Од обвинителството истовремено апелираат секој што има материјали од незаконско следење комуникации да им достави известување.

Обвинителството во соопштение наведува дека изразува загриженост за одолжувањето на процесот на донесување закон за јавнообвинителска служба и укажува дека во интерес на целата јавност е овозможување непречени услови за неговата работа. ­

-Со овој закон се уредува начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителски и административен кадар во ова Јавно обвинителство. Без овој закон функционирањето на ова Јавно обвинителство ќе биде значително отежнато од причина што стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се подеднакво неопходни како и јавните обвинители. Во оваа прилика апелираме до надлежните институции ургентно да пристапат кон носење на Законот, со укажување дека во интерес на целата јавност е овозможување на непречени услови за работа на ова Јавно обвинителство, се вели во соопштението.

Што се однесува до Законот за заштита на приватноста и предавањето на материјалите од незаконското следење на комуникации, стои во соопштението, ова Јавно обвинителство информира дека согласно членот 2 од Законот за заштита на приватноста, е надлежно за примање на материјалите. ­

-Во оваа насока појаснуваме дека секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен да ни ги предаде материјалите, согласно со закон. И покрај фактот што во јавноста беа објавени информации дека одредени физички и правни лица, како и државни органи поседуваат материјали од незаконското следење на комуникации, сепак единствено од страна на политичката партија СДСМ доставено е писмено известување во кое е изразена подготвеност за достава на материјалите кои ги поседуваат, а кои потекнуваат од незаконското следење на комуникациите. Предвид наведеното, апелираме до сите кои поседуваат вакви материјали да достават известување до ова Јавно обвинителство, како ние, постапувајќи согласно Законот за кривична постапка, би можеле да ги прибавиме материјалите, наведува Специјалното обвинителство во соопштението