Спасовски од СДСМ претпочита друштво на криминалци

Oliver-Spasovski-Adnan-Suma

Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски претпочита друштво на криминалци, покажуваат последните постапки на генералниот секретар  на СДСМ со кои унапредува лица осудени на затворска казна.

Откако пред неколку дена во јавноста се појавија фотографии на Спасовски со еден од осомничените во „Фабриката за афери“ на СДСМ, Аднан Сума, кој патем напиша дека Спасовски бил прекрасен човек, во текот на вчерашниот ден медиумите објавија уште еден скандалозен потфат на Спасовски со кој се унапредува лице осудено на три годишна затворска казна.

Кирил Соколов, кој од вчера доби унапредување во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот е лице кое е осудено на казна затвор во времетраење од 3 години. Сега Спасовски го наградува со унапредување од причини кои се уште не се познати.

Соколов во мега случајот „Шпион“ е осуден за кривично дело шпионажа по член 316 став 3 од кривичниот закон на Македонија во чиј текст стои дека „Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.“

Presuda-zatvorВо аферата „Шпион“ беа обвинети 19 лица. Освен за шпионажа и оддавање државна тајни, дел од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба. Обвинителството докажа дека дел од нив контактирале и одржувале средби со политичари, пратеници и министри од кои прибирале информации за важни политички прашања за кои биле заинтересирани странските разузнавачки служби.

Неодамна во јавноста излегоа и фотографии на Спасовски со Аднан Сума, еден од осомничените фалсификатори со 19 кривични дела зад себе. Медиумите веќе пишуваа дека третоосомничениот Сума, кој има неколку фотографии во прегратки со Спасовски, во скопското подземје важи како прв и најдобар фалсификатор во државата. Против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела.

Меѓу делата што му се ставале на товар во минатото се пријава за убиство уште во 80-тите години, разбојништво, тешки кражби, кражби на возила, насилничко однесување, загрозување во тепачка со опасно орудие, обљуба или противправен блуд и други тешки кривични дела. Исто така, меѓу делата за кои е гонет Сума се и фалсификување  на шенген визи, како и фалсификување на лажни патни исправи за мигранти. Токму за овие дела Сума бил уапсен во 2008 година со уште двајца свои соработници.

Иванов: Празниците да ни донесат семејна радост, љубов и среќа (ВИДЕО)

Gjorge-Ivanov-Novogodisno-obrakjanje

Новата година отсекогаш ги буди најискрените чувства и очекувања кај секој од нас. Затоа сите ние со нетрпение очекуваме старото што побргу да пројде, за новото да дојде и со себе да донесе нова надеж. Надеж дека во годината што доаѓа ќе имаме здравје, ќе шириме љубов и милост, ќе живееме во радост и во среќа. Надеж дека таа радост ќе можеме да ја споделиме со нашите ближни, истакнува во своето новогодишно обраќање претседателот Ѓорге Иванов.

Затоа, нагласува Иванов, да им посветиме љубов и внимание на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели.

– Да бидеме солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од наша поддршка и помош. Да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува, додава Иванов.

Имаме историска одговорност, како што нагласува македонскиот претседател, пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна, отколку што ја наследивме од нашите предци.

– Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество втемелено врз мирот, вистината и слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина, вели Иванов во честитката.

Посакувајќи среќна и бериќетна Нова 2016-та година, претседателот Иванов вели дека празниците што ни доаѓаат во секој наш дом да ни донесат семејна радост, љубов и среќа.

Пуч, чадорот, бомбите на Заев и „Пржино“ – ја кризираа годината

Nova-godina

„Ова е само мал дел од сè што поседуваме.“ Оваа искажана реченица од првиот човек на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на 9 февруари пред 11 месеци, на која беше и објавена првата од неговите 38 т.н. бомби, го означи почетокот на една долга и длабока политичка криза.

Невидена досега од осамостојувањето на Македонија, и со најсилна и најдиректна интервенција на меѓународната заедница во нејзините внатрешните работи, за овие 25 години.

Kако почна сè?

Десетина дена претходно на прес-конференција од Владата премиерот Никола Груевски и’ се обрати на јавноста соопштувајќи дека Заев го уценувал оти има одредени документи против него, за кои има намера да ги објави во јавноста ако премиерот не се согласи да се формира техничка влада.

Неколку дена потоа Заев соопшти оти поседува докази, односно снимки, дека 20.000 македонски граѓани се нелегално прислушувани по налог на директорот на УБK, Сашо Мијалков, и премиерот Никола Груевски. Тогаш тврдеше дека ги добил од „патриоти што сакале да се дознае вистината за криминалните дејства на власта“. Но брзо беше демантиран од контраударот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Таа објави видеоснимка на која јасно се гледа како тој му признава на Груевски дека материјалите му ги дале служби од надвор, а не како што кажа пред јавноста претходно.

Од февруари 2014 до јуни, Заев непрестано ги пушташе. Нивната цел, тврдеше тој, беше да се открие криминалот на деветгодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Главно, стануваше збор за разговори на премиерот Никола Груевски, членови на Владата, сега веќе поранешниот директор на службата за разузнавање (УБK), Сашо Мијалков, но и членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ презентира само два разговори на луѓе од неговата партија, од кои во едниот тој зборува приватно со својата ќерка.

Пуч

Според премиерот, Заев имаше единствена цел: да го уништи кредибилитетот на власта, да предизвика пуч и насилно да ја урне власта за да седне во премиерската фотелја, свесно уништувајќи го и имиџот на Македонија.

Во ситуација на отворен оган се случи и првата интервенција на Брисел. Една од главните пораки на бриселски пратеници беше дека опозицијата, која од април 2014 година ја бојкотираше работата на парламентот, треба да се врати во законодавниот дом и да престане објавувањето на прислушуваните разговори, кои ќе ~ се предадат на надлежните институции за да бидат истражени.

Со почетокот на кризата паднаа и првите кривични пријави, против Заев и неколкумина други, меѓу кои прв осомничен беше првиот разузнавач, кој важи за близок на СДСМ, Зоран Верушевски. Под сомневање за „уривање на уставниот поредок“, „шпионажа и насилство против службени лица“, како прв соработник на тајната служба, која стои зад прислушувањето, Верушевски заврши во притвор. Подоцна беше донесена и првата пресуда против еден од осомничените, поранешен вработен во УБK, кој призна дека прислушувањето е нарачано од странска служба, а дека Верушевски е директно инволвиран.

Kривични пријави до јавното обвинителство поднесе и СДСМ, против Мијалков и неколку членови на тајната полиција. По неколку месеци, тој со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, чии телефонски разговори беа најобјавувани од Заев, поднесоа оставки.

Пржинските маратони

Уште од стартувањето на „бомбите“ целта на СДСМ беше нови предвремени парламентарни избори што ќе бидат „спроведени од техничка влада“. Партијата на Заев инсистираше меѓународната заедница да го мониторира целиот процес и таа да биде гаранција за вистинска разрешница. Власта, пак, имаше свои децидни позиции: СДСМ да престане со бојкотот, да се врати и да дејствува од законодавниот дом. Лидерите на овие две партии заедно со двајцата лидери од албанскиот блок, Али Ахмети и Мендух Тачи, се среќаваа обидувајќи се да постигнат компромис, но залудно. Целта на одбивањето беше што подиректно да се внесе меѓународниот фактор во менаџирањето на кризата.

Следниот месец, на 2 јуни, по маратонски преговори во резиденцијата во Пржино, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, во присуство на евроамбасадорот Аиво Орав и неговиот американски колега Џејмс Бејли како гаранти, четворицата лидери го потпишаа т.н. договор од Пржино. Според него, како решение на кризата се поставија неколку правци: СДСМ да се врати во Собранието, да му ги предаде сите материјали од прислушувањето на Јавното обвинителство, да се формира анкетна комисија во врска со овие разговори, ДИK да се модифицира до почетокот на октомври, да се организира техничка влада која ќе ја подготви земјата за избори, што ќе се случат на крајот од април 2016.

Во меѓувреме беше закажано и првото рочиште за „Пуч“. Заев тогаш децидно се изјасни дека нема да се појави на ниту едно судење оти не верува дека македонското судство е непристрасно и објективно. Се направи обид блокадата предизвикана од ова да се реши со конкретно исполнување на условите на СДСМ и дефинирање рокови кога тие треба да се исполнат. По што произлезе уште едно маратонско преговарање во Пржино во присуство на меѓународните фактори, па на 15 јули беше потпишан Протокол кон првичниот договор. Со него беше договорено и формирање специјално обвинителство за процесирање случаи од прислушуваните разговори.

Од тој јули наваму, преговарачки тимови од сите четири партии секојдневно работеа на имплементација на договореното. СДСМ се врати во Собранието, Kатица Јанева беше избрана за шеф на специјалното обвинителство, се назначија и договорените технички министри и нивни заменици. Горе-долу, со повремени негодувања и тешки отстапки, с` течеше според договореното, под будното око на т.н. белгиски олеснувач што го испрати Брисел, Питер ван Хут. С` додека, отприлика на средина на есента, не излегоа и првите анкетни резултати за рејтинзите на партиите.

Партиските рејтинзи – пресврт

Генерално, кај сите главни политички актери беше регистриран пад на рејтингот, но она што беше пресвртна точка – беше убедливото водство на владејачката партија, наспрема процентите на најголемата опозициска. Ова ги наруши очекувањата на СДСМ, која со објавувањето на бомбите очекуваше пресврт на политичката сцена и преземање на власта.

Оттогаш наваму почнува кочењето на имплементацијата на пржинските договори. Опозицијата ја блокираше работата на анкетната комисија, а се стопираа и другите договорени пржински реформи. Ван Хут замина празнично во Белгија. СДСМ се обидува на сите можни начини закажаните априлски избори да не се случат, тоа го тврдат и високи партиски функционери, иако неофицијално.

Во услови на крената кочница, сега повторно се чека бриселската интервенција. Kако на почетокот на кризата и сега, во придружба на европратеници Хан во јануари доаѓа во Скопје. На повидок се нови маратонски договарања или овој пат ќе им биде уште посилно нагласено на лидерите дека не ќе може да се дозволат нови блокади да ги спречат изборите?

Без одговор на оваа дилема стартува 2016 година. Повторно потпрена на бриселско рамо, како што почна нејзината претходничка 2015-та.

За амбасадорите, терористите во Kуманово беа само „вооружени групи“

Но меѓународната интервенција се презентира во најизразено светло непосредно по терористичките напади во кумановска Дива Населба, во мај. Индикативна и по малку симптоматична беше изјавата на шестемина западни амбасадори презентирана од американскиот Џејмс Бејли, само неколку часа откако македонските полицајци со своите животи го платија справувањето со терористите. Тие во само една реченица ги осудија настаните во Kуманово, категоризирајќи ги терористите како „вооружени групи“, и веднаш потоа упатија опомена до премиерот Груевски „за што побрзо разрешување на прислушувањето“.

Извор: Дневник / Искра Kоровешовска

Спасовски почна да ги реализира заканите на Заев

spasovski-zaev-640x398

Со незаконските смени во министерството за внатрешни работи, техничкиот министер и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски почна во пракса да ги спроведува и реализира заканите на неговиот лидер Зоран Заев искажани изминативе години. Чистката со која Заев се закануваше преку неговата фамозна изјава за смени од “хигиеничарка до министер“, Спасовски почна да ја спроведува на дело.

Во текот на вчерашниот ден, Спасовски без никакво образложение и без правна поука, надвор од законот, потпишал решенија со кои се разрешуваат првите луѓе на скопската, кумановската, битолската, велешката и охридската полиција. Веднаш по ваквата негова скандалозна постапка со која менува врвни професионалци во МВР, се постави прашањето дали техничкиот министер повлекува нога, па на ден пред Нова Година, сака да создаде паралелен безбедносен систем во МВР?

По два месеци од стапувањето на функцијата, Спасовски удри радикално, направи чистка во секторите за внатрешни работи. На отстрел ги стави началниците на Скопје, Битола, Куманово, Велес, и Охрид, решенија дека ги тргнува од функција им поделил на првиот човек  на скопската полиција Ивица Вучевски, на битолската Методија Атанасовски, на кумановската  Моме Јакимовски, велешката Петре Игнов  и на началникот на СВР Охрид Оливер Ефтимов.

Спасовски освен што ставил парав не решенијата за разрешување, не образложил која е причината зошто началниците летаат од позицијата, ниту пак правно ги поучил. Во решенијата не се повикал ниту на Законот за внатрешни работи, ниту на Законот за полиција, туку навел дека решенијата биле изготвени согласно законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Овој чекор на министерот се коси со неговиот став кој го кажа  кога стапи на функција, тогаш образложи дека за неговата партија смената на која било позиција во кое било министерство ќе значи мешање на политиката во системот.  Носењето на вакви одлуки на ден пред Нова година, според луѓето кои цела кариера ја поминале во полицијата е одмазднички чин кој треба да биде прикриен пред празниците.

Тие го толкуваат како директен партиски упад и удар врз професионалните структури во полицијата. Делата на Спасовски очигледно се спротивни на она што тој самиот во јавноста го изјави. На 7-ми ноември во Гостивар Спасовски изјави дека нема да разрешува.

-Нема да влезам во МВР или нашите министри во сите други министерства да разрешуваме и да креираме политики. Ние сакаме да бидеме контролор на оваа власт, истакна Спасовски.

Ваквиот акт на Спасовски покажува дека и тој како и неговиот политички ментор Зоран Заев едно лажат во јавноста, а друго прават во реалноста. Јавноста добро ги памети скандалозните изјави на Заев од декември 2010 година кога изјави дека биле свесни оти ако сакаат да бидат власт “ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата“

Според снимките објавени тогаш, Заев зборувајќи пред партиското членство во Валандово, покрај најавата за смена и отпуштањата на администрацијата, се фали и со досегашните успеси на партијата.

– Кога се дружите со нив велат вие сте меки, вие заборавате, ќе помине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме. Да им кажете беше Заев, апсениот Заев и дека живи луѓе ќе јадеме после тоа. Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди – изјави Заев од тогашна фунција потпретседателот на СДСМ.

Заев во обраќањето пред партиското членство истакнува и дека новите практики на партијата веќе се применувале во Струмица, Охрид, Куманово и во Карпош.

– Ако почитувани социјалдемократи пред сé ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и дека рече ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат… свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија – изјави Заев.

Началниците кои ги разреши Спасовски својата професионална кариера долги години ја граделе во МВР, поминувајќи ги сите скалила за да стигнат до началничката позиција, коментираат од министерството. Дел од луѓето кои се сменети, помагале и при истрагата која под палката на Јавното обвинителство се водеше за откривање на „Фабриката за афери“ на СДСМ.

Оттаму и професионалците во МВР целата операција на Спасовски ја толкуваат и како одмазда во врска со спроведената акција кога беа откриени и пресретнати обидите да се фалсификуваат пасоши и банкарски трансакции за високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

ШОКАНТНО: Заев имал чести психички напади и редовно ја претепувал сопруга?!

Zaev-Sopruga

Моите проверени извори од Струмица од една страна, и моите инсајдери во близината на Зоран Црпко Заев на Бихаќка од друга страна ми потврдија две работи – пишува новинарот Миленко Неделковски на неговиот портал Дудинка.мк

1.Тој во последните неколку месеци редовно при средбите со својата сопруга, ја претепува жената. Како што тврдат моите извори од поранешната религија на Црпко, Зорица била, да цитирам, „машки испотепана“.

Имено, тој се сомневал во нејзината верност. Оти работата во Скопје го преокупирала, па жената сама можеби барала туѓа прегратка. Но, и Зорица се сомневал во неверство на сопругот до ниво да сакала да го напушти. Неколку пати и се обидела. И, за да нема несакани последици по ПР-от на Црпко, имало редовен „машки“ ќотек.

За неверството и швалерајот на Црпко со сите вработени во општината од чистачка па нагоре, знаела цела Струмица. За неверството на Зорица да биде документирано бил задолжен Виц‘то со неговата банда. Тие деноноќно ја следеле.

(Напомена: Зоран и Вице Заеви потекнуваат од протестанска фамилија. Моите извори во Струмица ми се токму од таму.)

2. Од штабот на СДСМ во Скопје имам потврдена информација од луѓе блиски до канцеларијата на Црпко дека „лидерот“ имал се почести психички напади. При што се тресел, се потел, урлал, бил непресметлив. Бодигардите го смирувале со некои апчиња и шприц со некоја течност.

Изворите велат дека нападите зачестиле од летоска наваму. Дека, неговите најблиски си правеле вицови дека заради тие напади нема да заврши во Идризово ами во Бардовци. Демек ќе се „спасел“.” – стои во текстот на Дудинка.мк

Извор: Дудинка.мк

Понижување за МВР: Спасовски унапреди шпион осуден на 3 години затвор

Spion

Не стивнуваат скандалите околу новите решенија кои техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ги подели денес согласно законските прописи. На листата унапредени се најде и лице осудено за шпионажа.

Кирил Соколов кој од денес доби унапредување во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот е лице кое е осудено на казна затвор во времетраење од 3 години.

Соколов е осуден за кривично дело шпионажа по член 316 став 3 од кривичниот закон на Македонија во чиј текст стои дека „Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.“

Presuda-zatvorТокму Соколов е обвинет за шпионажа во мега случајот Шпион. Тој е осуден на затворска казна во траење од 3 години. Соколов и до сега работел во МВР, но не бил разрешен од функцијата бидејќи се чекала правосилноста на неговата пресуда. Сега Спасовски го наградува со унапредување од причини кои се уште не се познати.

Во аферата „Шпион“ беа обвинети 19 лица. Освен за шпионажа и оддавање државна тајни, дел од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба. Обвинителството докажа дека дел од нив контактирале и одржувале средби со политичари, пратеници и министри од кои прибирале информации за важни политички прашања за кои биле заинтересирани странски разузнавачки служби.

Колумна на Kаракамишева: Ал Капоне политика

Tatjana-Karakamiseva

„Грев е да се тера политика без принципи, грев е да се биде богат без работа, грев е да се ужива во задоволствата без совест, грев е да се има знаење без карактер, грев е да се има наука без хуманост, грев е да се работи без одрекување“ (Ганди).

„Никогаш нема да можеш да ги промениш работите само преку борба со постојната реалност. За да промениш нешто, изгради нов модел што ќе го направи постојниот модел непотребен“ (Р.Б.Фулер).

„Ако сакаш да се чувствуваш безбеден, направи го она што ти е веќе познато, што веќе знаеш како да го направиш. Но, ако сакаш сопствена надградба… оди до самиот крај на твоите способности. Тоа одвреме навреме ќе значи и повремено губење на сигурноста. Тогаш кога не си сосема сигурен што правиш, знај дека си отишол чекор понапред во својот развој… (Вискот).

Денес го живееме животот преку разбирање на она што ни се случило во минатото.

Македонските граѓани ќе ја преживеат и оваа политичка драма наметната од СДСМ и злосторничката дружина, во тоа сум убедена. Обидот за нелегална трговија со органите на Република Македонија е откриена, сторителите се познати, сценариото за политичката операција и препродавањето е обелоденета. Политичката операција е спречена. Но, обидот, намерите, планерите, стратезите мораат да бидат најстрого казнети за да се испрати абер до сите што се лажат дека вака се води политика, дека ова е политика. До сите што мислат дека политиката е криминална игра и дека зад параванот на флоскулите за борбата за демократија и борбата за слобода може да помине с`, може да се прави с`, вклучувајќи и распродажба на државата на парчиња или цела, и трговија со нејзиниот народ. До сите што си играат бајрам со умот дека политиката може да се води со страв, со политичко наметнување преку уцени и закани, а не како граѓански избор.

Знам дека во меѓувреме, додека целосно не се размота политичкото клопче, потешко ќе ни оди со „варењето на состојките“ од политичката храна што ни ја сервираа како нужност, но правдината забавува, ама не заборава. Да не ја заборавиме мудроста на познатата поговорка кој последен се смее, најслатко се смее. На крај „храната“ што не можеме да ја свариме, што ни тежи и ни прави мачнина секое утро, што не можеме органски да ја поднесеме, ќе ја испратиме во депонија, и веќе никој и никогаш нема на сила да н` натера да ја пробаме, а камоли да ја јадеме. Затоа што вистинската, нормалната демократија ни дава право на избор, ни дава политичко мени со многу побогата понуда од онаа што некои сакаат преку уцена да ни ја стават на маса како единствено решение.

Додуша, во македонски услови политичкото мени е преполно и со расипани специјалитети, бајати котлети, но она што е најважно е дека с` уште изборот е наш, на граѓаните. Секој што се сомнева во тоа, и што мисли дека граѓаните може да ги превесла преку река со криминал и со финти од каубојски филмови, дебело се лаже. Па нека го штитат каубоецов сите можни светски сили, криминалот нема да победи. Kриминалот има краток век на траење. Државата и политиката не може да се управуваат и водат со криминал, со уцени, со закани, со страв. Ниту еден разумен македонски граѓанин, а такви ги има многу и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во ДУИ, и во ДПА, и во ГРОМ, и во останатите партии, не може да се согласи арамискава стратегија што ја тера СДСМ да биде државна, македонска стратегија за водење на државата и економијата, подземниве ликови и расипници да бидат главни политички лидери и главни фаци што ќе ги менаџираат нашите животи натаму. Секој нормален, здрав и разумен граѓанин знае и верува дека оваа криминална стратегија мора да заврши зад решетки во казнено-поправните домови.

Сите сме обединети во мислата и во планот за ставање крај на оваа политичка манипулација и расипништво што ја води земјата во политички хаос, во политичка бездна. Политиката мора да се води со примена на разумни принципи и правила, зборови на Ганди што мора да ги имаат на ум сите што сакаат да се занимаваат со политиката како професија. Kриминалните сценарија и криминалните средства не се дел од разумните принципи и правила. Оттаму, сите оние што учествувале во планирањето, организирањето и реализирањето на оваа криминална стратегија во македонската политика, ќе мора да бидат соочени со законите. Ќе мора да им се суди за с` што им приредија на македонските граѓани, за претрпениот хаос во кој без никаква вина и потреба се втурнати сите македонски граѓани, за сквернавењето на националните интереси и на угледот на татковината, за класичното злоупотребување на политиката и нејзиното сведување на Ал Kапоне стратегија.

Па дури и Ал Kапоне, најпознатиот американски гангстер, неславно и брзо ја заврши својата кариера во затвор. Беше осуден на 11 години затвор со одземање на целиот имот што го поседуваше поради сторениот криминал, поради даночното затајување кон државата, но и поради гангстерското внесување на криминалните правила во политиката. Но, како што народот вели, на лагата и се куси нозете, кој лаже, тој краде и спие на ќерамиди. Kриминалните типови во политиката имаат еднократна употреба. За момент блеснуваат, поради криминалните средства што ги користат, и толку. Одблесокот е краткотраен затоа што веднаш се препознаваат, разоткриваат, разголуваат.

Политичарот со криминално руво многу брзо самиот се демаскира. Потребни се неколку интервјуа, неколку различни изјави, неколку фаќања во лага и толку е. Народот гледа, слуша, препознава. На една лага се нижат илјада. На лагите никогаш крај. Лагите се карактер, карактерот е стил, стилот е човек. Политичкиот лидер-лажго води партија што е лажна, што е фалсификат. Kандидат за премиер лажго, кандидат држава во пропаст.

И повторно ќе се навратам на мислата на познатиот Фулер. „Никогаш нема да можеш да ги промениш работите само преку борба со постојната реалност. За да промениш нешто, изгради нов модел што ќе го направи постојниот модел непотребен“. Или во македонскиот случај, наместо трошење политичка енергија во борба со постојната реалност, борба со криминалци и криминогени подземни структури, домашни и странски, потребно е да изградиме нов политички модел на вредности во политиката, и во политичкото лидерство. Новиот политички модел на вредности треба да ги отфрли сите лица што по кој било основ се вмешани во криминал како неподобни да се занимаваат со политика. Само така јасно ќе се оддели што е борба против криминалците и криминалот, а што е политичка борба со идеи, со политички програми, со визии и стратегии за развој и иднина на земјата и на граѓаните.

Борбата со криминалците е правна борба. Таа ќе мора да се води во институциите на правниот систем, како секаде во светот. Тоа е борба на јавните обвинители, и на судиите. Тие мора да останат надвор од политичката борба, со демонстрирање сериозна професионалност и независност од партиите и од политичарите. Исто така, тие мора да се свесни дека и за нив важат законите. Дека и тие можат да седнат на обвинителна клупа ако се однесуваат и работат надвор од правото, исто како и секој од нас.

Новиот политички модел на вредности и практики треба да го видоизмени профилот на македонските политичари. Во него место треба да има само за најдобрите, за луѓето што се одговорни, посветени на работата, образовани, совесни, разумни луѓе, луѓе со визија и лидерски способности, луѓе што ја познаваат политиката. Луѓе што наместо политичкото мочуриште што го нуди постојното раководство на СДСМ, ќе успеат да создадат дела, резултати и вредности за доброто на сите граѓани. Има многу луѓе и во СДСМ што знаат дека само преку конкретните резултати и преку делата за доброто на народот може да се мери успехот на политичарот. Потребно е само да го кренат гласот за промени. Потребно е само желба за промена на некадарните, со способни. Способните создаваат. За нив, не се потребни многу зборови. За нив делата зборуваат.

За г. Груевски и неговиот тим тоа е одамна научена лекција. Во новата 2016 година мора да ставиме крај на квазиполитичарите, на луѓето што немаат поим од водење политика. На 24 април, таквите лица ќе ги испратиме таму каде што им е местото…

Пишува: Тања Kаракамишева-Јовановска за Дневник

Детската болница во Козле отворена за пациентите

Detska-bolnica-Kozle

Од денеска сите пациенти ќе можат да ги добиваат здравствените услуги во новата Детска болница во Козле, единствена од ваков тип кај нас и една од најмодерните во регионот.

– Денеска беа примени првите пациенти. Имаше 49 пациенти закажани на „МојТермин“ и 10 ургентни пациенти. На сите им е дадена здравствена услуга. Болницата е најсовремена, со најдобри услови. Очекувам дека со ова и персоналот, но и пациентите ќе имаат многу подобри услови и за добивање здравствена услуга, но и за давање здравствени услуги, изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети оваа јавна здравствена установа.

Тој посочи дека стариот објект бил пуштен во употреба во 1965 година и оттогаш до изградбата на новата болница имало многу малку или речиси никакви интервенции и бил во лоша инфраструктурна состојба што влијаело и на нивото на квалитетот на здравствените услуги кои се давале.

– Сега имаме најсовремена болница со најсовремени услови, која ќе овозможи сведување на минимум на сите несакани случувања од интрахоспитални инфекции до подобра организација на работата…, рече Тодоров.

Посочи дека очекува оти болницата ќе работи со што е можно помалку деца, но оние кои ќе дојдат во неа ќе добијат врвна здравствена заштита дадена од одлично обучен медицински тим со квалитетна опрема и во квалитетна здравствена инфраструктура.

Директорот на Детската болница-Козле, Оливер Зафировски рече дека секое дете во болницата првпат ќе биде со својата мајка придружник, за деца до три години нема ништо да се плаќа. Нема, посочи, да го има она делење кое беше многу тешко.

– Порано имавме само 30 деца со мајки, а останатите 110 деца беа без мајка придружник. Сега секое дете ќе биде во двокреветна или еднокреветна соба и со мајка придружник, додаде Зафировски.

Спасов: Проектот „Македонија вработува“ отвори 11.000 работни места

Dime-Spasov-MTSP

Проектот „Македонија вработува“ ја одбележа оваа година во делот на отворањето нови работни места и во делот на намалувањето на невработеноста, истакна денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на фабриката за месо и производи од месо „МИК Свети Николе“.

Според Спасов, до крајот на 2015-та проектот отвори 11.000 работни места. Вкупно 11.000 семејства добија поголема помош, поддршка, вработено лице, редовни средства за егзистенција, редовни приходи и редовно работно место, а поволностите ги искористија и над 6.600 компании.

Проектот продолжува, нагласи, како и заложбите за доближување на можностите, мерките и поволностите за вработување до сите.

– Би сакал да ги поттикнам сите заинтересирани за проектот да ги искористат поволностите што ги нуди Агенцијата за вработување. Заедно со нејзините служби ја продолжуваме акцијата, се бориме за секое работно место, но се бориме и да им помогнеме на заинтересираните да се ориентираат кон занимањата што се барани на пазарот на труд, нагласи заменик-министерот.

Изразувајќи задоволство што „МИК Свети Николе“ изминатите години преку активните мерки за вработување реализира околу 90 вработувања, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски најави уште една нова мерка.

– Утре излегува огласот и почнува апликацијата за сертификација на канцелариско работење за програмите ексел и ворд. Сите што ќе добијат сертификат, ќе бидат поконкурентни и побрзо ќе дојдат до работни места зашто сите огласи во Македонија, за приватниот или јавниот сектор, бараат од кандидатите да поседуваат вакви сертификати, потенцира Поповски и додаде дека вакви сертификати ќе може да добијат сите што го завршија курсот во Агенцијата за почетни ИТ вештини.

На средбата со раководството во „МИК Свети Николе“ станало збор за вклучување на оваа компанија во оперативниот план за активни мерки и политики за вработување за 2016 година, за почнување процес на сертифицирање програма за обуки што ќе се реализираат во МИК.

И оваа посета, како што додаде заменик-министерот Спасов, е дел од акцијата „се бориме за секое работно место“ во која се зголемува контактот со приватните македонски компании со цел да им се презентираат можностите што ги нуди државата, да се слушнат нивните предлози и да продолжи, да се зголеми и да се прошири соработката за следната,  2016 година.

– Овде во оваа компанија се бараат занимања што се дефицитарни, месари, касапи. Во наредниот период ќе работиме на тоа да обучиме што е можно повеќе вработени лица за ова занимање со цел  побрзо да го најдат своето работно место  во приватниот сектор, информира Спасов.

И директорот Поповски изрази надеж дека во наредниот период ќе се регистрира обуката за дефицитарни занимања и ќе има избор на неопходните кадри.

Истиов период, исто така како дел од акцијата „се бориме  за секое работно место“, се одржуваат отворени денови, средби со невработени лица во Агенцијата за вработување во Свети Николе и Лозово.

Груевски: Индустрискиот раст показател за исправните политики

Gruevski-30-12

Растот на индустриското производство во ноември од 11,1 процент претставува продолжување на стабилниот и континуиран раст што го имаме веќе подолг период, а беше краток период запрен поради политичката криза, оцени денеска премиерот Никола Груевски.

Растот, како што посочи, е показател дека има исправни политики во делот на поддршка на економијата и реформи кои даваат резултати.

– Веќе долг период имаме висок раст на индустриското производство. Имаше само прекин од неколку месеци во екот на политичката криза, но по нејзиното завршување продолжуваат високите стапки на раст. Токму растот на индустриското производство ветува дека ќе има зголемување на вработеноста и отворање нови работни места во земјава, како и зголемување на извозот, изјави Груевски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договори за грантови од вториот повик на Фондот за иновации.

Нагласи дека тоа значи и дека економијата е на вистинскиот пат и оти треба да се продолжи и продлабочи зацртаниот и трасиран пат на развој и поддршка.

Посочи дека стапката на раст на индустриското производство е солидна и на годишно ниво и изнесува 4,4 проценти.

– Тоа е солиден раст кој влијае на севкупниот раст на БДП кој во првите три квартали од годинава е 3,4 проценти. Очекуваме  заклучно со четвртиот квартал, чии резултати ќе ги имаме во март или април, да имаме раст на БДП од 3,5 или можеби малку повеќе од планираните 3,5 проценти. Тоа е висок раст и еден од првите седум-осум во Европа, а индустриското производство е еден од сегментете кој дава значителен придонес за овој раст, потенцира Груевски.