Груевски: Ние ги повлековме сите забелешки, а СДСМ се пазари – бара трампање на методологијата во ДИК за медиумите

Zaev-Gruevski-Sredba

Што се однесува до методологијата, ВМРО-ДПМНЕ имаше некои забелешки, но во интерес на времето и пред сè во интерес на тоа да се сузбие алибито на СДСМ дека ние кочиме нешто, ги повлековме сите забелешки.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите во Сител.

– Само тие имаат некакви забелешки и со тоа практично го држат ова прашање за нивното пазарење со она што го имаат поставено како цел за медиумите. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се пречка тука. Иако имавме, двете партии ги повлековме забелешките, истакна Груевски.

Груевски: СДСМ сака да ги цензурира медиумите, а ние прифаќаме закон од било која земја од ЕУ

Zaev-lazna-sloboda-mediumi

СДСМ со нивното барање за медиумите, сака да стане главен цензор, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Треба да бидат прашани и самите медиуми. Забележав дека националните телевизии, без државата, излегоа со заеднички став и дадоа свои мислења кои во најголема мера не кореспондират со она што го бара СДСМ. Самите национални телевизии не се согласуваат и не сакаат некој да им стои над глава со казни, со закани и уцени. Јас тоа го разбирам и тоа не смее да се прифати. Не случајно нашата понуда до СДСМ и јавноста е да се земе ЕУ, било која земја нека ја одбере СДСМ. Тој закон за медиуми што е во таа земја подготвени сме веднаш, без дебата без спротивставување да го прифатиме. Работи во кои хибридни модели ќе се прват што ги нема никаде во ЕУ или пошироко за нас се неприфатливи, потенцираше Груевски кој беше гостин во вестите на Сител.

Груевски: СДСМ води погрешна политика – Заев ги бараше изборите, сега бега од нив

Gruevski-Zaev

Моето мислење е дека Заев и СДСМ имаат погрешна политика, не само за држвата туку и за нивната патија,тие гледаат дека ја немаат поддршката на граѓаните и сакаат да ги убедат сите дека заради нешто друго не сакаат да излезат на избори, изјави претедателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Минатата година тие беа оние кои побараа избори, а ние се согласивме. Заеднички потпишавме договор, сите четири партии со сведоштво на претставници на меѓународна заедница во кој што крајната цел за излез беше предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година и тоа го потпишаа сите, го потпиша и СДСМ. Оттука ми е нејасно како тие викаат дека ВМРО-ДПМНЕ еднострано донеле одлука за одење на предвремени парламентарни избори. Како може да е еднострано кога сите големи парии потпишавме договор со кој го одредивме датумот на избори. Во парламентот изгласан е закон во кој влезе датумот. Нејасно е како тој човек мисли дека наодот има такво кратко памтење да поверува дека ние еднострано сме преземале чекори и сме ги довеле во некоја непријатна ситуација, потенцираше Груевски.

Тој потсети дека две институции кои се задолжени за избори, ДИК и МВР се во рацете на опозицијата.

Груевски: Ги охрабрувам луѓето од ДИК да работи за интересите на граѓаните

DIK-Sednica-glasanje

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека сака да ја охрабри Државната изборна комисија да работи во интерес на граѓаните на Македонија.

-Знам дека таму има и партиски луѓе кои по закон се поставени, има луѓе кои се поставени како експерти за кои се очекува дека нема партиски да делуваат. Повикувам пред се на нивниот личен интегритет. Тие пред се треба да ги стават интересите на државата и интересите на народот што живее во оваа држава. Тие работат за граѓаните на Македонија, посочи Груевски.

Груевски: Проектите за млади ја покажуваат нашата посветеност кон оваа категорија

Gruevski-merki-za-mladite

Посебен фокус на младите имаме во овој период и тоа ќе продолжи и понатаму. Објавивме досега вкупно 14 нови мерки за младите, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вестите на Сител.

-Една од мерките е проектот „Купи куќа за млади“, кој можеби е најважен. Таа категорија на млади и тоа како е заинтересира за овој проект. Проектот нуди услови кои ниту една држава не ги нуди, дури ни приближно. Ова е неповторлива можност за младите луѓе да го искористати,
додадеГруевски.

Тој посочи дека се фокусирани и на градонаниците кои треба да овозможат понуда на локации со цел да се забрза нивното вклучување во овој процес преку обезбедување на големи локации.

-Им понудивме сериозен стимул, а тоа е централната власт да им помогне со трошоците за инфраструктура и комуналии. Направивме еден добар план. За десетина дена повторно ќе имаме средба, очекуваме еден поголем дел од нив да имаат поголема понуда, најмалку по 100 локации во секоја од општините, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека има цела плејада на мерки кои се однесуваат на младите.

Груевски: Треба, мора и ќе имаме фер и демократски избори

Gruevski-UZ-16-Konferencija

Треба, мора и ќе успееме да имаме фер и демократски избри на 24 април, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Тоа е желба на сите граѓани на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и на коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“, на другите политички партии и на мнозинството граѓани. Фер, демократски и слободни избори после кои ќе се стави крај на оваа политичка криза која не влече назад, и во делот на економијата, и во евроатланските аспирации и многу други сегменти. Потребно е да се стави крај на нешто што штети на целиот народ, посочи Груевски во вестите во Сител

 

Груевски: Годинава ќе се вработат 8.700 невработени, преку програмата за вработување

gruevski-3

Еден од клучните столбови на работењето на ВМРО-ДПМНЕ е зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Ние имаме огромен фокус на ова поле кое вроди со плод, рекордно ниска невработеност со стапка од 25,5 проценти.

Ова денес во гостувањето во вестите на Сител го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој денес присуствуваше на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување.

-Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес  дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица,  а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките, посочи Груевски.

Груевски апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици  и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.

Тој додаде дека сугерирал подрачните единици на АВРМ што повеќе да ги викат лицата на разговор и детално да им ги објаснат мерките, бидејќи, како што посочи потребно е некогаш да им се каже патот до остварување на нивната цел.

Американски експерти со остри критики за однесувањето на Заев и СДСМ

Zaev-jazik

Американските експерти со остра критика за деструктивното однесување на СДСМ и Зоран Заев изминатава недела.

Меѓу експертите кои остро го осудија однесувањето на опозицискиот лидер и СДСМ се вброија и поранешниот портпарол на Пентагон и поранешен советник за национална безбедност на повеќе републикански претседателски кандидати Џефри Гордон, Линзи Марк Луис кој е извршен директор на реномираниот американски Институт за прогресивна политика (PPI) и Џејсон Катз автор и колумнист во Дејли Колер, еден од водечките интернет весници во Вашингтон.

Гордон: Уценувачката тактика на Заев незамислива во било која западно-европска земја

Dzefri-Gordon

Американскиот експерт Гордон во својата колумна за реномираниот The Hill вели дека Заев спроведува уценувачка тактика незамислива во било која западно-европска држава.  Воедно, Гордон апелира да се спречат обидите на СДСМ за одбегнување на априлските избори, за да не се предизвикаат дополнителни политички тензии.

-Груевски, кој беше премиер од 2006 година, се соочи со сомнителен предизвик од најголемата левичарска партија, која се подготвува да ги бојкотира изборите во рамките на едно мрачно сценарио. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави тајно снимени и монтирани разговори на премиерот во обид да го уценува – тактика која бил била незамислива во било која западна демократска земја. Имајќи предвид дека партијата на Заев далеку заостанува на предизборните анкети, СДСМ гледа единствена шанса ако целосно го одбегнат изборниот процес. Притоа, лесно може да се забележат обидите на Москва да се вмеша во кризата – Кремљ работи против европските интеграции. Иако Европската Унија ја напушти Македонија во текот на бегалската криза, ЕУ барем презема одговорност за менаџирање на изборната криза и ги притисна сите четири македонски политички партии да ги почитуваат демократските процеси и да учествуваат на изборите во април, како што беше договорено во текот на летото. При својата оставка, Груевски повика ‘да не дозволиме политичките пресметки да го кочат напредокот на Македонија’. Да се надеваме дека така и ќе биде. Грешките на Балканот се многу скапи, пишува Гордон во колумната објавена во Хил.

Луис: Заев да го следи патот на изборите, светот гледа што се случува

Lindzi-Mark-Luis

Извршниот директор на реномираниот американски  Институт за прогресивна политика (PPI), а претходно и директор во Демократската партија во САД, Марк Луис во колумна за The Hill  се осврнува на актуелно политичката ситуација во Македонија каде јасно укажува дека време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласил и дека целиот свет гледа, а опозицијата треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите на 24 април.

Тој додава дека неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја како и дека голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во април.

-Покрај бегалската криза, неподготвеноста на Заев да се придржува на договорот од Пржино, се заканува да ги врати на сцена темните денови на балканската историја. Пред само неколку декади, масовните етнички убиства и насилните политички конфликти доминираа во јужен Балкан, заканувајќи се да ја загрозат стабилноста на цела Европа. Можеби токму затоа голем број на меѓународни лидери зборуваат против Заев и ги поддржуваат предвидените избори кои треба да се случат во април. Меѓународните лидери како потпретседателот на САД Џо Бајден, Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и директорот на ОДИХР, Мајкал Георг Линк ги повикаа политичките лидери да се држат на договор од Пржино, а амбасадорот на САД Џес Бејли објави соопштение во кои ги повикува сите лидери и организатори да учествуваат на изборите, потсетувајќи дека учествувањето на избори најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. Опозициската партија во Македонија, треба да ги слушне повиците кои ги испраќа целиот свет и да учествува на изборите кои треба да се држат на 24 април. Значајно е за иднината на економија, за иднината на бегалците, а многу поважно значајно е за иднината на демократијата на Западот. Време е Заев да го следи патот кон изборите, за кој тој претходно се согласи. Целиот свет гледа, пишува Марк Луис.

Колер: Заев ги држи во заложништво изборите – Груевски ќе биде реизбран за премиер

Katz-Jason

Дејли Колер пак, еден од водечките интернет весници во Вашингтон, објави колумна од Катз, кој наведува дека во рамките на политичкиот договор поддржан од Европската Унија, се подготвуваат избори, на кои се очекува Груевски да биде реизбран за претседател на Владата, по предвиденото повлекување на три месеци пред изборите кое е со цел да се обезбеди коректноста на процесот, но и да се спречи опозицијата да го наруши изборниот процес.

– Причината за овие избори е опозицискиот лидер Зоран Заев, кој се сомничи за поврзаност со ланскиот обид за државен удар поддржан од странство, и кој е осомничен и под активна истрага за илегално прислушување, уцена на владини функционери, вклучително и Груевски, како и за долга низа други кривични дела. Заев, по се изгледа во обид да ги држи во заложништво изборите поддржани од Европската Унија, повторно се заканува со нивен бојкот. Независно од се, Груевски повторно ќе се кандидира за премиер и се очекува да победи, имајќи ја предвид неговата исклучителна популарност и оценките за првокласно водење со државата. Груевски би требало да се врати назад на возачкото седиште за помалку од 100 дена, пишува Катз.

За само неколку дена ова се три остри критики на сметка на Заев и СДСМ. Ваквите изјави од американските екперти се жесток шамар за деструктивните политики кои ги водат Заев и неговата партија.

Ставрески: Отворивме 33 канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“

Stavreski-Spasov

Во 33 општини низ државата се отворени канцеларии во кои граѓаните поблиску ќе може да се информираат за бенефитите што ги нуди најновиот проект „Купи куќа за млади“.

Канцелариите се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно-правни односи и на Управата за јавни приходи.

Покрај за овој проект, граѓаните ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“

– Проектот „Купи куќа за млади“ наиде на голем интерес кај младите кои имаат до 35 години не само во Скопје, туку и во сите градови во внатрешноста на Република Македонија. За да го приближиме проектот до младите луѓе и да можат на едно место да добијат информација за условите, учеството, банките и плацевите отворивме канцеларии во 33 општини во подрачните единици на Управата за имотно-правни работи и на Управата на јавни приходи, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

За таа цел се обучени вработените кои работат во овие канцеларии и тие ќе ги дадат потребните информации за младите полесно да се запознаат со условите што ги нуди проектот и да дојдат до сопствен дом.

– Апелирам до сите млади луѓе да се информираат за проектот и да ја искористат можноста што ја даваат овие канцеларии. Во текот на февруари ќе организираме и караван низ повеќе градови во Република Македонија така што на сите начини ќе се обидеме да им го доближиме проектот на младите луѓе, истакна вицепремиерот Ставрески.

Тој нагласи дека се работи за голема поддршка што им ја нуди државата на младите луѓе за да го решат едно од најсуштинските животни прашања.

Поддршката е 80 отсто субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50 отсто на ратата, или 100 отсто од учеството за кредит.

Пешевски: СДСМ се фатија со проекти за генерирање на криза и афери

Pesevski-Lozovo

Изминатата година и покрај тоа што бевме во политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ си продолжи да реализира ветени проекти, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски на денешната партиска трибина одржана во Лозово во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

-Проекти за подобрување на животот на младите, во делот на обрзованието, превозот, студентски домови. Проекти во секој сегмент од животот, за секој граѓанин со цел да им помогнеме на сите граѓаните. Работевме на подобрување на бизнис климата за привлекување на што е можно поголем број инвеститори и отворање на нови работни места. Нашиот главен фокус е намалување на невработеноста. Нас мандатот од народот ни е даден за тоа, а не да се расправаме со СДСМ, народот не го очекува тоа, тоа е споредна работа, посочи Пешевски.

Pesevski-Lozovo-1

Тој посочи дека СДСМ и покрај укажаната шанса да покажат некои проекти и да понудат решенија за одредени проблеми на граѓаните, преку министерските позиции кои ги добија, тие тоа не го направиле.

-Единствено што видовме е дека купија мебел, земаа возила, примија свои луѓе кај нив, почнаа да ги унапредуваат кадрите кои ги донесоа, дали по партиска или по роднинска линија и се зафатија со проекти за генерирање на криза и афери, нагласи Пешевски.

Членот на ИК на владејачката партија додаде дека СДСМ се свесни дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е на истото ниво како на претходните парламентарни избори, како да не се случила парламентарна криза, и дека им следи нов изборен пораз.