ОТВОРЕНА ДИЛЕМА: Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?

Prislusuvanje-doc

Министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера не се појави пред пратениците во Kомисијата за надзор на институциите кои имаат системи за прислушување кои го разгледуваа годишниот извештај за својата работа за контрола за тоа како се спроведува посебната истражна мерка: следење на комуникациите. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Павле Саздов, ваквиот потег на Спасовски го оцени како лицемерен бидејќи СДСМ девет години обвинува дека Kомисијата за надзор врз работата на институциите кои можат да прислушуваат не е ефикасна бидејќи на неа не се појавува министерот за внатрешни работи. Саздов обвини и дека поради опозицијата, која е мнозинство во оваа комисија, не се направени увиди во УБK и во останатите институции, што укажувало на тоа дека токму опозицијата ги злоупотребува овие системи. Претседателот на Kомисијата, Горан Мисовски од НСДП, пак, се оправда дека не гледал причина зошто Спасовски да присуствува на овој состанок кога се разгледува пратенички извештај. Токму ваквите спротивставени ставови меѓу власта и опозицијата беше причина што и годишниот извештај за работата на оваа комисија вчера не беше усвоен.

– Лицемерно е како опозицијата 9 години бара министерот за внатрешни работи да присуствува на сите состаноци, а сега кога СДСМ има свој министер, Оливер Спасовски, не е тука за да одговори колку ПИМ за прислушување се изречени, колку се спроведени и како – рече Саздов.

Тој забележа и на тоа дека овој состав на Kомисијата не направил ниту еден надзор и увид во работата на УБK и другите институции, иако дури и во извештајот на Прибе, од кој дел Мисовски го ставил и во годишниот извештај за работа на ова тело, се наложува такво нешто. Според Саздов, тоа укажува дека токму опозицијата спречува ваков надзор и отвора сомневање дека таа преку свои луѓе во УБK ги злоупотребува системите за прислушување.

– Опозицијата не ги искористи законските механизми за надзор и контрола на институциите за прислушувањето и тоа мене ми укажува дека со сигурност овие системи се злоупотребуваат од страна на опозицијата и нивните луѓе. Да работеше ова тело, ќе утврдивме дали се 20.000 разговори, 600.000 или, пак, милион и нешто, како што последно тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во извештајот на Прибе стои дека опозицијата и Заев тврделе дека поседуваат 20.000 разговори, дали ова значи дека Заев ја лажел меѓународната заедница ако сега тврди дека се милион? Во ова тело од петмина члена, тројца се од опозицијата, а и претседателот е од нејзините редови, но зошто ниту еднаш не побаравте надзор во институциите, па да утврдиме дали навистина прислушувањето е направено во УБK и од кога и колку? Опозицијата не сака да се дојде до вистината. Kај мене има дилема дека с` уште ваши луѓе и луѓе од мрежата на Зоран Верушевски с` уште снимаат за вас и ви даваат снимки – рече Саздов.

Горан Мисовски, НСДП: Не гледам потреба Спасовски да присуствува
Според Мисовски, пак, ваквите забелешки на Саздов биле од типот фатете го крадецот.

– Лично сметам и не гледам потреба министерот за внатрешни работи да биде тука кога разгледуваме извештај за работата на собраниската комисија, т.е. за пратеничката работа. Овој извештај е повеќе хронолошки за одржаните седници и преземените активности отколку суштинска дебата. Спасовски не е споменат во извештајот на Прибе за разлика од претходните министри кои се наведени во него. Второ, Kомисијата за надзор врз работата на институциите кои изрекуваат ПИМ-следење на комуникациите работата на конкретен случај, како што беше, на пример, прислушувањето и следењето на Љубе Бошковски. Мислите дека јас и вие ќе расчистиме нешто со посета во УБK? Таму веќе с` е исчистено. Груевски не откри која е таа странска служба што прислушувала, а јас не сум убеден дека за Верушевски има некакво обвинение дека ги злоупотребил системите за прислушувањето, туку гледам само обвиненија за детска порнографија и неовластено поседување оружје – коментира Мисовски.

Пратеникот Ернад Фејзулаху од ДПА, кој гласаше воздржано, оцени дека оваа Kомисија се претвори во фиктивна, а УБK, како што рече, е држава во држава. Тој побара политичка и морална одговорност и од заменик-министерот за внатрешни работи и од заменик-директорот на УБK, кои, како што посочи, се од редовите на ДУИ.

Извор: Дневник (пишува: Kатерина Нешкова)

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лаги, контрадикции и манипулации

Zaev-Isplasen

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО ДПМНЕ е на власт. За аболицираниот мултимилионер Зоран Заев еден милион евра е незначителна разлика.

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите бизнисите на неговите фирми остваруваат фрапантни приходи од 12 милиони евра.

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра.

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев зборува за слободни медиуми и слобода на говор, а предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура, инсталација на Сорос и СДСМ со цел да може да се пресметува со оние кои не размислуваат како него. Ова е нивото на демократскиот капацитет на Заев и СДСМ, пресликан од ИСИС или Северна Кореја.

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев обвинува дека недостасувала инфраструктура во општина Илинден, но заборава на пустелијата која зад себе ја остава во Струмица.

Оттука ја разбираме потребата на аболицираниот мултимилионер Зоран Заев да се крие зад манипулации, флоскули, паушалност и голи лаги, за да ја покрие својата неспособност и безидејност.

Во Струмица  од најавените 300 фабрики и 3000 работни места остана празната ливада во индустриската зона во Сачево.  Од оваа општина Заеви си направиле приватна своина во која за секоја работа едно евро оди кај Вицето. Во Струмица Заев успеал да создаде еден механизам за исцицување на народните пари во џебовите на фамилијарните фирми по основ на тендери и јавни набавки. Овој систем на владеење во Струмица, граѓаните не сакаат да го видат во Македонија. Ова однесување не сакаат веќе ни во Струмица да го трпат и многу скоро граѓаните ќе му кажат референдумско НЕ на аболицираниот мултимилионер Зоран Заев и неговиот клан.

Лајт мотивот на денешниот говор на Зоран Заев само го покажува очајот кој владее во СДСМ. Опседнатоста на Зоран Заев да се споредува со општина Илинден очигледно го покажува неговиот психолошки мотив да се мери со успешни општини кои успеале да отворат фабрики, да обезбедат работни места и подобра егистенција на своите граѓани.

Граѓаните можат лесно да направат разлика помеѓу тоа што е направено во Илинден и тоа што не е направено во Струмица. Граѓаните лесно може да направат разлика помеѓу тоа што е реализирано во време на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што не е направено во време на СДСМ. Оттука го разбираме стравот на СДСМ и Зоран Заев да се соочат со фактите. Оттука го разбираме и стравот на СДСМ да се соочат со народот кој е мудар и знае да направи разлика.

Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ пристигнува и ќе го стаса по десети јубилеен пат по ред. Од тоа бегање им нема.

Заев наредува, Катица извршува – Отвора истраги за сé живо и диво!

Zaev-Katica-SDSM

Без оглед на тоа што не постоеле аргументи, ниту пак било какви веродостојни докази за наводни нерегуларности, за Заев било најважно да се излезе во јавност со такви обвинувања кои немаат никаква правна вредност туку ќе бидат искористени во политичка кампања. Неговата намера било што повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да се вовлечат во политичката кампања која ќе ја предводи Специјалното обвинителство, да се лиферуваат имиња, да се оцрнуваат личности, да се тормозат по судови, и јавно шиканираат

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, дал наредба до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во претстојниот период до изборите, до 5 јуни, да излезе со што е можно повеќе барања за истраги поврзани со илегално прислушуваните материјали – коментираат извори блиски до СДСМ.

Впрочем, тоа ќе било и главниот концепт на СДСМ во политичкото делување и последниот обид да се направи некакво поместување на огромната разлика во поддршката која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што е потврдена од сите релевантни истражувања на јавното мислење. Насоката на Заев, како што објави Република, била по секоја цена да има вакви барања за истраги од политичката алатка на СДСМ, Специјалното обвинителство.

Без оглед на тоа што не постоеле аргументи, ниту пак било какви веродостојни докази за наводни нерегуларности, за Заев било најважно да се излезе во јавност со такви обвинувања кои немаат никаква правна вредност туку ќе бидат искористени во политичка кампања. Неговата намера било што повеќе луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да се вовлечат во политичката кампања која ќе ја предводи Специјалното обвинителство, да се лиферуваат имиња, да се оцрнуваат личности, да се тормозат по судови, и јавно шиканираат.

Нервозата и притисокот кај Заев и СДСМ била уште поголема што при првото барање за истрага и прес-конференција на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска нема никаков ефект во јавноста и покрај бројните политички квалификации и офанзивната црна кампања која ја спроведоа.

Додека за СДСМ главниот адут е Специјалното обвинителство за кое веќе е јасно е дека е политичка алатка на СДСМ, во ВМРО-ДПМНЕ најмногу се фокусирани на изработка и понуда на програма, која како што се најавува ќе биде најопфатната и најсестрана досега. Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата Специјално обвинителство.

Освен добрите шеги по социјалните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. За владејачката партија очигледно најважни се граѓаните и проектите кои ќе се спроведат.

Од друга страна, пишува Република, целта на СДСМ им е да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи, пратеници и членови на раководството на партијата.

Меѓу правниците веќе нашироко се кажуваат вицови за однесувањето и некомпетентноста на СЈО, како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на Правниот факултет подобро би се снашол.

Според нашите извори, притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротивставел, една група најлојални “заевисти” таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена, сценарио кое народот веќе го има прочитано.

На овие избори, според експертската јавност, ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга страна.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во 5-та брзина, пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.

Еден од главните вицови е дека во ВМРО-ДПМНЕ почнале со кладби за кого СЈО може и за што да почне истрага и да побара притвор, од причина што наредби за истраги и притвори СЈО бара врз основа на исказ на една личност, сега се бараат членови на СДСМ кои ќе даваат разноразни искази.

Ова е смешно за сите правници, но Заев сметал дека ќе му помогне во изборите. Има уште околу 100 дена до избори, а ВМРО-ДПМНЕ според сите релевантни анкети има повеќе од двојна поддршка пред СДСМ.

Резултатите од последната анкета на БРИМА ГАЛУП покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија, односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ. Дополнително, примерите од претходните избори покажуваат како ќе минува времето, разликата сигурно ќе се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

ТВ Нова со ексклузивни снимки од третиот воз од Кина

Tret-voz-Kina

До првата половина на оваа година во Македонија треба да пристигнат сите шест патнички возови, четири дизел и два со електроморот, инвестиција вредна 25 милиони евра.

patnicki-voz-kina-640x360

Првиот патнички воз кој пристигна во Македонија веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот многу скоро ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој денес пристигна ќе сообраќа по техничко-безбедносните контроли.

patnicki-voz-kina2-640x360

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета.

voz11

НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица

Vice-Fatime

СЈО не успеа да покаже дека важи за институција со посебен капацитет за спроведување на законите и правдата, онака како што беше договорено со Договорот од Пржино каде што беше предвидено СЈО да биде составено од врвни професионалци и луѓе со висок морален кредибилитет и интегритет. Напротив, корупцијата и скандалозното однесување на збирот лица собрани во СЈО одамна ги премина сите граници на непрофесионалност и политикантство.

Во петокот, во рибниот ресторан „Пеликатник“ во Струмица, околу 15.00 часот била остварена средба помеѓу обвинителката која беше задолжена за противправното апсење на Едмонд Темелко, Фатиме Фетаи, заедно со уште неколку лица од СЈО, од една страна, и Боби Заев братучед на Зоран Заев, како и братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев од друга страна.

На средбата била договарана стратегијата за политичкото делување на Специјалното Јавно обвинителство, кое во наредниот период треба да служи како главно орудие на Заев и СДСМ во недостиг на идеи, програма и реално политичко дејствување, пред изборите закажани за 5-ти Јуни.

Сметката во ресторанот била платена од страна на фирмата „Струмица Табак“ која е со 100% грчки капитал.

Потсетуваме, дека Фатиме Фетаи беше фатена и во интимна врска со кумот на адвокатот на Зоран Заев, Гаврил Бубевски со кој Фатиме често била забележувана како ги напушта просториите на СЈО, а од извори во обвинителството дознаваме дека често биле затворени заедно во канцеларија.

Дополнително, Гаврил Бубевски служи како курир помеѓу Заев и Катица, преку кој се испраќаат пораки, а за возврат Бубевски и помага на Фетаи да напредува во кариерата.

Извор: Инфомакс.мк

ЕВТИНИ АВИО-ЛЕТОВИ: Од март ќе се лета од Скопје до Берлин, Братислава и Копенхаген

Avion

Постојано се зголемува бројката на евтини авио летови од европските дестинации – денеска се најавени три нови директни авио линии од Скопје до Берлин, Братислава и Копенхаген стартуваат кон крајот на месец март.

-Евтините авио летови кои што ги воведе и финансиски ги поддржува Владата се од големо значење и за домашната економија и за македонските граѓани. Од една страна преку нив голем број на странски туристи доаѓаат во Република Македонија и на тој начин обезбедуваат девизен прилив пред се во домашната економија, но пред се областа на туризмот но и во околу 20-на други стопански гранки кои што се во директна или индиректна корелација со туризмот. Од друга страна за нас како Влада многу битно обезбедуваат поголеми можности и поголема мобилност за македонските граѓани да патуваат низ Европа по поевтини цени и на тој начин да ги реализираат своите потреби, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Република Македонија.

Со ова листата на евтини директни авио линии од Скопје до светските центри од 20 се зголемува на 23 дестинации кои сега се достапни како за македонските граѓани така и за странските туристи за значително поевтини цени.

Споредбено, имајќи ги во предвид и времето на купување на картата и сезоната во која се реализира патувањето, фактот дали се патува со дополнителен багаж или не, цените на билетите за евтините авио летови се во просек поевтини од два до четири ипол пати компарирано со цената на билетите на редовните стандардни авио летови.

Ориентационо, со можност за мала варијација, повратниот билет од Скопје до Барселона во просек чини околу 90 евра со евтините летови, додека пак билет на редовен лет до оваа дестинација варира од 200 до 481 евро во зависност од компанијата со која се лета.

Скопје – Базел – Скопје во просек изнесува помеѓу 85 и 90 евра со евтините летови, а со редовните картата се движи од 211 до 465 евра.

До Брисел и назад со летовите кои ги субвенционира владата се лета за 90 до 100 евра, а редовните летови во зависност од компанијата изнесуваат од 210 до 278 евра.

Повратниот лет од Скопје до Франкфурт изнесува помеѓу 45 – 70 евра додека пак со редовните линии чини околу 230.

Придобивките од овој проект се видливи од  повеќе аспекти, односно со воведувањето на овие евтини авио линии директно се овозможи зголемување на мобилноста за граѓаните на Македонија. Сега нашите граѓани можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис и остварување на контакти со нивни бизнис партнери од останатите држави, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието што е од особена важност посебно за младите а се разбира и од аспект на туризмот и туристичките посети на нашите граѓани во овие држави.

Истовремено преку овие евтини авио линии се овозможи дополнителен значителен раст и зголемување на бројот на странските туристи во нашата држава, пред се од државите од кои се воведени овие летови. Тоа претставува исклучително значаен момент како од аспект на  развојот на туризмот  така и од аспект домашната економија односно бенефит за околу 20 стопански гранки кои директно или индиректно се поврзани со туризмот.

Свесни за големиот број на придобивки од овој проект Владата склучи нов четиригодишен договор со компанијата Виз Ер, со кој што финансиски се подржуваат овие евтини авио линии за што од буџетот ќе бидат издвоени околу 5 милиони евра.

Преку досега воведените 20 евтини авио летови заклучно со 20 февруари беа искористени околу 2 милиони билети, при што само во периодот јануари – февруари 2016 година се превезени околу 100 000 патници.

Во моментов од Скопје со евтини авио летови може да се патува до 20 европски дестинации меѓу кои и до Келн, Дортмунд, Ајндховен, Гетеборг, Милано, Париз, Венеција, Стокхолм и други

ВЕТЕНО И ВЕДНАШ ОСТВАРЕНО: Жителите на кратовско ќе ги добијат пристапните патишта кои ги побараа

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

При посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на кратовското населено место Страцин, жителите побараа ангажман на општината за да ги направи пристапните патишта до земјоделските капацитети и дел до живеалиштата кои ги имаат.

На лице место беше договорено да излезе во пресрет на општината Кратово Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и да стави на располагање средства на општината за реализација и изградба на пристапните патишта.

Институциите со брза реакција, денес на прес конференција заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски и директорката на платежната агенција Биљана Вуковиќ најавија дека оваа недела ќе биде распишан огласот на кој ќе може да аплицира општината Кратово и други заинтересирани општини при што ќе им се доделат средства за реализација и изградба на пристапни патишта.

По средбата со претставници на земјоделските здруженија и социо-економските партнери, Костадиновски на прес-конференција информира дека огласот за изградба на локална инфраструктура ќе биде објавен оваа недела од страна на Платежната агенција, а може да аплицираат сите општини кои имаат интерес или веќе изготвиле вакви проекти.

– Викендов, при посетата на Страцин, земјоделците го посочија ова како потреба поради што веднаш го разгледавме и веќе го реализираме, истакна Костадиновски.

Тој додаде дека на денешниот работен состанок во Министерството за земјоделство е исто така договорено, по предлог на земјоделците, максималниот рок за исплата на предаденото примарно поризводство, наместо шест, да биде три месеци.

– Сметаме дека повеќе од потребно е земјоделците да ги добиваат парите навреме. Така ќе можат да го реализираат производството, но да имаат и средства за егзистенција, посочи заменик-министерот.

За ова барање, додаде, ќе се интервенира во Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој не го испочитува рокот од три месеци, ќе следуваат санкции. Предвидено е дури и отпишување од Регистарот на откупувачи.

Земјоделците ги поздравија најновите владини решенија, но дополнително побараа откупувачите, при договорот за откуп, да им дадат и писмена гаранција дека ќе ја реализираат исплатата во законскиот рок. Со тоа, според нив, би се спречиле секакви манипулации.

– Реално е земјоделците да ги добиваат своите пари за три месеци. Но, бараме и акцептен налог како потврда дека исплатата ќе биде реализирана за три месеци, рече претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров, според кој, погубен беше досегашниот рок од шест месеци за прибирање на средствата од откупувачите.

Претседателот на Самостојниот синдикат на индивидуални земјоделсски производители Ставре Јанев додаде дека без редовен прилив, тековните обврски и потреби не се можни. – Досега имаше манипулации, се доцнеше со исплатата и по неколку месеци. Очекуваме дека откупувачите ќе ја почитуваат сегашната, најнова мерка, со што сето тоа ќе биде надминато, потенцира Јанев.

Изразувајќи особено задоволство што Владата им излезе во пресрет на земјоделците за двете решенија речиси веднаш, претседателот на Асоцијацијата на земјоделците Ефтим Шаклев ја нагласи досегашната, како што рече, одлична соработка како резултат на што, сите закони се донесени во комуникација и со консултирање на земјоделците.

Одговорајќи на новинарски прашања, заменик-министерот Костадиновски рече дека нема никакви сознанија за наводен шверц на краставици, а доколку тоа го потврдат надлежните царински служби, тогаш ќе се преземат сите мерки за одземање, уништување или враќање на количините.

Исплатата на винското грозје, пак, е реализирана околу 60 отсто, а според информациите на визбите, парите во најголем дел ќе бидат обезбедени и пред законскиот рок, 31 април.

СЈО Е ГЛАВЕН АДУТ НА СДСМ: Заев дал наредба до Јанева за неаргументирани истраги – за ВМРО-ДПМНЕ најважни се проектите за граѓаните

Zaev-Katica

Опозицискиот лидер Зоран Заев дал наредба до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во претстојниот период до изборите до 5 јуни да излезе со што е можно повеќе барања за истраги поврзани со илегално прислушкуваните материјали, дознаваме од блиски извори од СДСМ.

Впрочем, според нашите извори, тоа ќе било и главниот концепт на СДСМ во политичкото делување и последниот обид да направи некакво поместување на огромната разлика во поддршка која постои помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, што е потврдена од сите релевантни истражувања на јавното мислење.

Насоката на Заев била по секоја цена да има вакви барања за истраги од политичката алатка на СДСМ, а тоа е специјалното обвинителство. Без оглед на тоа што не постоеле аргументи, ниту пак било какви веродостојни докази за наводни нерегуларности, за Заев било најважно да се излезе во јавност со такви обвинувања кои немаат никаква правна вредност, туку ќе бидат искористени во политичка кампања.

Неговата намера според блиски извори од СДСМ било што повеќе луѓе од ВМЕО-ДПМНЕ да се вовлечат во политичката кампања која ќе ја предводи специјалното обвинителство, да се лиферуваат имиња, да се оцрнуваат личности, да се тормозат по судови, и јавно шиканираат.

Нервозата и притисокот кај Заев и СДСМ била уште поголема што при првото барање за истрага и прес конференција на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Николовска нема никаков ефект во јавноста и покрај бројните политички квалификации и офанзивната црна кампања која ја спроведоа.

Додека за СДСМ главниот адут е специјалното обвинителство за кое веќе е јасно е дека е политичка алатка на СДСМ, во ВМРО-ДПМНЕ најмногу се фокусирани на изработка и понуда на програма, која како што се најавува ке биде најопфатната и најсестрана досега. Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата специјално обвинителство.

Освен добрите штосови и шегата по социјалните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. За владејачката партија очигледно најважни се граѓаните и проектите кои ќе се спроведат.

Од друга страна, целта на СДСМ им е да се дефокусира ВМРО-ДПМНЕ од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи, пратеници и членови на раководството на партијата.

Меѓу правниците веќе на широко се кажуваат вицови за однесувањето и некомпетентноста на СЈО, како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на Правниот факултет подобро би се снашол.

Според нашите извори, притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротивставел, една група најлојални “заевисти“ таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена, сценарио кое народот веќе го има прочитано.

На овие избори според експертската јавност ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга страна.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во 5-та брзина, пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.

Еден од главните вицови е дека во ВМРО-ДПМНЕ почнале со кладби за кого СЈО може и за што да почне истрага и да побара притвор, од причина што наредби за истраги и притвори СЈО бара врз основа на исказ на една личност, сега се бараат членови на СДСМ кои ќе даваат разно разни искази.

Ова е смешно за сите правници, но Заев сметал дека ќе му помогне во изборите. Има уште околу 100 дена до избори, а ВМРО-ДПМНЕ според сите релевантни анкети има повеќе од двојна поддршка пред СДСМ.

Резултатите од последната анкета на БРИМА ГАЛУП покажуваат огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликува и доколку се земе во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ. Дополнително, примерите од претходните избори покажуваат како ќе минува времето, разликата сигурно ќе се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

НОВИ 1.000 ВРАБОТУВАЊА: Германската STS Textiles инвестира во Демир Хисар

Gruevski-investicija-STS

Германската текстилна компанија  STS Textiles денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Во капацитетите на поранешна „Застава“ првично ќе  вложи четири милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата, според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000.

– Ние сме високо технолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде ќе имаме производство. Посетивме неколку држави, Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложи македонскиот тим одлучивме да инвестираме тука, изјави Туч.

Новата компанија во Македонија, најави, ќе биде регистрирана во текот на следната недела по што почнуваат конкретни активности за неколку месеци.

– Ќе почнеме со вработување на 150 лица, а во текот на наредните години ќе се вработат над илјада лица. Сакаме да  им понудиме на жителите во Демир Хисар и околината да се пријават за вработување, посочи Туч.

Gruevski-investicija-STS-1Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски  потенцира дека STS Textiles е високо технолошка  компанија која лани од германскиот магазин „Менаџер“ е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија. Влезот на СТС Textiles на македонскиот пазар, според Пешевски,  ќе овозможи директни и индиректни вработувања, воведување нови технологии, трансфер на знаења и вештини на локалното население, развој на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста.

– За граѓаните на Демир  Хисар  по подолго време ова ќе значи конечно отворање нови перспективи  во поголем износ. Претходните инвестиции помогнаа, но со оваа инвестиција ќе се постигне драматично намалување на невработеноста во општината, иако овој  тренд беше позитивен и во изминатите години. Согласно статистиките бројот на невработени во општина Демир Хисар континуирано се намалува, но мислиме дека со инвестицијата на СТС Textiles оваа цифра конечно ќе стане многу  ниска и оти општина Демир Хисар од неразвиена постепено ќе се приклучи кон се поголемиот број општини со ниска стапка на невработеност, рече Пешевски.

Климент Шекеровски, заменик-директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и учесник во преговорите за инвестицијата,  нагласи  дека вложиле многу труд и време да го убедат менаџментот на компанијата дека Макеоднија е добар избор за нив и оти Владата и општината  ќе бидат нивен партнер којшто целосно ги поддржува во реализација на инвестицијата.

– По влезот на руски „Гришко“ во 2013 година, уште еден странски инвеститор ги препозна одличните бизнис услови што ги нуди овој регион и одлучи да реализира нова браунфилд инвестиција која ќе отвори нови перспективи и можности за вработување на локалното население, наведе Шекеровски.

Очекувања за економски развој на демирхисарскиот регион од новата инвестиција изнесе градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски.  – По паузата создадена како последица на мрачните транзициски години повторно ќе се запалат светилките на производствените погонеи на поранешна „Застава“ во Демир Хисар. Во изминатиот период нашиот  потврден германски бизнис партнер СТС Textiles развиваше проектна идеја и бизнис план за инсталирање производствена технологија што ќе обезбеди нови вработувања, рече Блажевски.

На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.