Честитка од Груевски по повод Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници.

– Ваше Блаженство, со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови, се вели во честитката од Груевски до г.г. Стефан.

Денот на Христовото воскресение, се потенцира, е ден кој со векови наназад е водилка и поткрепа на секој верник и на сите христијани во светот.

– Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата држава. Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме на неговата закрила кон нас луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките, се посочува во честитката.

Да се заблагодариме на Бога, се нагласува, за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина.

– Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина, се вели во честитката.

Нека Бог нè чува и биде со Македонија, се додава, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа.

– Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој оној кој крева рака врз другиот. Нека нè избави од насилство и неред, нека нè потхрани со мир и спокој. Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник ! Нека ни е честит Велигден ! Христос Воскресна ! Навистина Воскресна !, се потенцира во честиткатаод плидерот наВМРО-ДПМНЕ до г.г. Стефан и православните верници.

Димитриев: Нека Бог е со нас, со нашиот народ и со нашата држава

Претседателот на Владатана Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев по повод големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

– Ваше блаженство, дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден и да Ви посакам величествено велигденско празнување, се вели во честитката од Димитриев.

Овој празник, се додава, е суштина на христијанството и силна потврда на верата во Бога. На овој ден смртта со смрт е победена, а големиот чин му даде силна утеха на човештвото.

– Христовото жртвување е спас за сите нас и за целото општество. Исус воскресна и страдањето го направи блажено, ја помири борбата помеѓу доброто и злото и направи пат кон уживање во благодетите на животот. Токму затоа, нема поголема радост и восхит од празнувањето на животот и тоа не било каков живот, туку живот насочен од Бога, живот по патека која долго во минатото му беше непозната на човековиот род. Нашиот спасител Исус се жртвуваше за нас луѓето и ни дари храброст и духовна крепост да не водат низ нашите животи, се потенцира во честитката.

Токму затоа, се посочува, во овие убави велигденски денови нека надежта, почитта и љубовта кон нашиот спасител ја исполнат нашата душа и нека ги насочат нашите мисли кон препознавање на великодушниот подвиг и вистинските вредности во животот.

– Да празнуваме во мир и да се радуваме на големиот празник. Да бидеме чисти пред себе и пред нашиот Бог. Нека Бог е со нас, со нашиот народ и со нашата држава. Да ни дарува мудрост, но и единство, солидарност кое ни е потребно во овие мигови. Да се вратиме на патеките на напредокот и да продолжиме да градиме и создаваме заеднички и силно за нашата заедничка татковина. Да љубиме и да се помагаме, да шириме добра мисла и да се почитуваме, да бидеме скромни и милостиви, да правиме добри и богоугодни дела и на тој начин вистински да се заблагодариме на нашиот спасител и неговата љубов кон нас. Нека ни е честит и вековит Велигден! Христос Воскресна! Навистина Воскресна!, се истакнува во честитката од Димитриев до г.г. Стефан.

Животот на село се поатрактивен- погледнете кои градски личности се одлучија за живот во село

Градските гужви луѓето се почесто сакаат да ги надминат на село. На чист воздух, во мир, спокој и тишина. “Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.

Тоа дава шанса на сите оние што се жалат дека немаат работа, дека немаат можности, дека немаат перспектива, дека немаат пари за старт – да се охрабрат и да си стартуваат свој бизнис.

Секако, прва бариера која треба да се прескокне, е психолошката. Односно “како сега од град да се замине на село“? Проблемот настанува со тоа што со децении се сметаше како најголем “успех“ во животот е да се дојде да се живее во град. Особено во Скопје. Таквите “успешни“ прикаски завршија во времето на СФРЈ со огромен број социјални случаи што останаа на улица, а подоцна и со криминалната приватизација на СДСМ и затварањето на фабриките. “Успешните прикаски“ завршија како такси возачи низ Скопје, анализира порталот Дудинка.

Многу градски личности од Скопје се одлучија на живот во село. Нивните приказни ги објави порталот Дудинка.

Бодан Арсовски басистот и авторот од “Леб и сол“ од Тафталиџе се реши бизнис со посеви (сеење, ѓубрење, поливање, жнеење…) да си отвори во Ерџелија, на пол пат од С. Николе кон Штип. Дури и куќа да си купи таму.

bodan arsovski

Љупчо Мартиновски – Мартин е скопска угостителска леѓенда со својот локал Мартини во Лептокарија. Се заљуби во Кожуф планина. Се пресели во Смрдлива вода и си отвори угостителски локал таму.

ll

uzunov

Вања Битољану од стручњак за воздухопловство се повлече во беровско каде се бави со производство на органски беровски компир. Компир за гурмани.

2

ovostarnik

И новинарот Миленко Неделковски ужива во село.

Динко од “Лек Љубљана“ се зафати со овоштарство во околината на Валандово.milenko

 

Зоран Узунов – Узун, се пресели во Дојран каде има 5.000 садници гоџи бери (бобинки).

1

Александар Пандов откако се повлече од политиката во далечната 2003-та постепено се пресели на имотот на својот татко во Зелениково. Сега таа одамна изградена викендица е претворена во рајска градина со егзотични и ретки дрвца, цетови, жбунови, треви…

43

ЗЛОТО НА КУП: Сите негатори на Македонија се обединија околу Заев

Ликовите кои ја негираат Македонија и работат против македонските интереси се обединија околу лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ударната медиумска тупаница на СДСМ, ПлусИнфо на Бранко Героски, на Велики петок објави колумна во која Јован Вранишковски се приклучи и ги поддржа протестите организирани од СДСМ, СОРОС, Беса…

Расчинетиот владика Јован Вранишковски го негира постоењето на Македонската православна црква, но често и на цела македонска држава.

Токму тој и баш денес одлучи да објави колумна во која ги поддржува хулиганите кои уништуваат спомен обележја од вековната македонска историја. Вранишковски е човекот кој си го промени своето лично име од Зоран во Јован и притоа изјави дека ако се откажал од името има право да се откаже и од сите други дадености без разлика дали тоа е етички. Така, Вранишковски истакна дека не се чувствува како Македонец туку како Византиец.

Vraniskovski-kolumna

Во медиумите низ регионот Вранишковски даваше изјави дека Цар Самоил не бил Македонец, туку Бугар. Верниците и јавноста го нарекуваат расколник кој често работеше против интересите на МПЦ и македонскиот народ. Не ја признава Македонската православна црква и работи против верниците.

Расчинетиот владика Вранишковски беше суден за проневера на 325.000 евра црковни пари. Тој направи бројни малверзации додека бил на чело на Повардарската, Брегалничката и Пелагониската епархија.

Пред неколку години лежеше во затвор за поттикнување на национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост. Затајувал и донации, пари наменети за градба и реконструкција на црква, си ги ставал во сопствен џеб.

Во видеата во продолжение погледнете каков е овој човек кој се приклони и се согласува со идеалите на Зоран Заев.

Во кафаната „Пеликатник“ Заев и Селмани прават планови за радикализација и федерализација

Ресторанот „Пеликатник“ во Струмица се прослави по честите средби и ручеци кои на сметки на грчки бизнисмени ги правеа обвинителите од СЈО на чело со Фатиме Фетаи и братот на Зоран Заев, Вице Заев. Денес, во истиот ресторан на ручек се Зоран Заев и Имер Селмани и нивните соработници, пишува Инфомакс.

Pelikatnik

-Велики Петок, ден кој во православието се смета за најтажниот ден од годината за секој православен верник најчесто се одбележува во домашна атмосфера, во мир. Но Зоран Заев не познава ни вера ни религија, ни принципи ни патриотизам, па реши денешниот ден да го потроши на ручек со Имер Селмани во ресторанот „Пеликатник“ во Струмица, каде според информациите што ги добивме атмосферата била многу весела, а гостите многу радосни. Според она што присутните можат да ни го пренесат е дека на масата се зборувало за идејата за федерализација на државата, преку радикализирање на насилните протести, поточно радикализирање на албанскиот фактор во државата кои би му дале поддршка на Заев на протестите кои ги организира СДСМ и соросоидините ботови. Впрочем, во изминатиот период СДСМ континуирано е поддржан од БЕСА здружение кое важи за движење на радикалниот ислам и продолжена рака на Муслиманско братство во Македонија, но и од поддржувачи на Хамас и Ал Акса.

 

ЌЕ ВЕ ИСТРЕБИМЕ: Перјаниците на Заев посакуваат војна и крвопролевање на Велики Петок

Додека македонските граѓани со добра мисла, се спремаат за најголемиот христијански празник Велигден, новинарските перјаници на Зоран Заев, на ден Велики Петок, на македонските граѓани им посакуваат војна и крвопролевање.

Без „око да им трепне“ во очи на најголемиот христијански празник, Бранко Тричковски во свој стил, со говор на омраза, упатува страшни желби за Македонија.

– Ќе правеле селска војна. Па правете ја! Ќе ве истребиме до последното моронче. Ние нема да ја повториме фаталната грешка на комунистите, пишува тој за Плусинфо.

Коста Крпач денес погребан, ќе одговара ли некој од СЈО?

Четириесет годишниот Коста Крпач денеска беше погребан на градските гробишта во Бутел, откако во средата во се уште неразјаснети околности си го одзеде животот во својот стан во скопски Капиштец. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали некој од СЈО ќе одговара, откако холивудските сценарија и спектакли на ова обвинителство почнаа да резултираат со жртви.

Во конфузното и контрадикторно соопштение испратено до медиумите вчера, од СЈО самите потврдија дека вршеле претрес кај него, иако не кажаа колку пати. Со ова се подгреаја информациите пласирани во дел од медиумите дека Крпач бил жртва на тортура од страна на СЈО и притисоците резултирале да се реши на ваков кобен чекор.

Во писмено соопштение од СЈО велат дека Крпач бил сведок во постапката кој доброволно се пријавил. Сепак, од СЈО на новинарско прашање признаваат дека претходно се вршеле претреси во домот на Крпач. Збунувачки е фактот доколку се земе предвид дека само две реченици погоре во соопштението СЈО тврдеше дека одлично соработувал и дека сам се пријавил за сведок.

-Веќе сте известени дека лицето Коста Крпач пред ова јавно обвинителство имаше својство на сведок, со кој имавме добра соработка. Во таа насока Ве известуваме дека сведоците немаат право на адвокат и правото на адвокат е обезбедено само на осомничени лица.

-Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси, но со оглед дека предистражната постапка е тајна, можеме само да ве известиме дека тие претреси се вршени согласно законските одредби и истите се соодветно документирани, така што нема сомнение дека се работи за законити дејствија.“ – велат од СЈО.

Останува нејасно зошто СЈО имало потреба да изврши претрес кај лице кое доброволно соработувало.

Основниот суд Скопје 1 вчера потврди дека на барање на Специјалното јавно обвинителство бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач. Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.

-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Притисокот кој Крпач го има бил и дел од активноста на Специјалното јавно обвинителство во Централниот регистар, која и претходно беше осудена и опишана како холивудско филмско сценарио.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов е револтиран од однесувањето на специјалното јавно обвинителство во случајот со самоубиството на Коста Крпач. Тој смета дека СЈО е виновно за неговата смрт поради тортурата на која бил изложен од страна на СЈО.

– Самоубиството на Крпач оди на душа на СЈО и на Катица Јанева, и тие еден ден треба да дадат одговор за она што го сториле. Не се сите луѓе психички подготвени да издржат таква тортура и најверојатно во моменти на тешко растројство го извршил самоубиството. СЈО повикува на распит луѓе кои немаат никаква кривична одговорност и се користи со методи од типот „признај или не ти гинат пет години затвор“. Ако бил сведок, како што тврди СЈО, зошто тогаш се вршеле претреси во неговиот дом – вели Андонов за Телеграф.мк.

Претходно, професорот во својата колумна истакна дека во СЈО тргнуваат од замислена дека некој направил некаков криминал, а истовремено забораваат на уставната категорија на пресумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес-конференции кога ги објавуваше бомбите, и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО, притоа однапред знаејќи го крајниот исход.

-Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на кој било начин лица кои биле околу него, да го потврдат она што тие го наумиле. Всушност, во недостиг на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв, со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној што е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе го бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта, туку го посочуваат лицето што им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат, вели Андонов.

Јавноста е зачудена и го поставува прашањето како истражителите на СЈО се однесуваат кон осомничените, кога на ваков начин се однесувале кон сведоци кои “добровоно и одлично соработувале со нив“.

Богов: Македонија има кредитен раст меѓу највисоките во Европа

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов вчера гостуваше во телевизија Телма.

Тој потенцира дека Македонија има кредитен раст меѓу највисоките во Европа.

-Имаме макроекономска стабилност која што ја постигнавме со историски најниска каматна стапка. Значи ние немаме проблеми во макроекономската стабилност. Курсот е стабилен, инфлацијата е ниска, банкарскиот сектор е сигурен, испорачува кредитна поддршка на економијата која во моментов е една од највисоките во Европа. Тоа е реалност. Иако не е драматично висока, но во Европа сега најголем дел од земјите имаат негативни трендови на кредитен раст, истакна гувернерот Богов.

Голема акција кај Демир Капија – Фатен камион полн мигранти

Полицијата во близина на Демир Капија откри 24 мигранти од Авганистан, Ирак и Иран во товарно возило со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, мешовит патролен тим на полициски службеници од ПС Богородица и Република Хрватска синоќа во 21,30 часот забележале товарно моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистерски ознаки како со голема брзина се движело во правец на Демир Капија. Полициските службеници се упатиле по него и на местото викано „Арсови Лаки“ на даден знак за запирање на возилото продолжило да се движи со зголемена брзината. Исклучувајќи се од магистралниот пат продолжило да се движи по земјен пат, каде на 50 метри  возачот го запрел возилото, излегол од него и се дал во бегство.

При контрола на возилото полицијата откри 24 лица-мигранти, од кои 16 од Авганистан, три од Ирак и пет од Иран,  кои се донесени во Полициската станица-Неготино. По консултација со јавен обвинител седум лица се сместени во Прифатниот Центар за Странци на МВР, додека останатите 17 лица се вратени во Грција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот кој го управувал возилото и целосно расчистување на случајот.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не можат да се воздржат од нападите кон медиумите ниту пред Велигден

СДСМ не можат да се воздржат од своите напади, гнев и омраза кон медиумите и во пресрет на големиот христијански празник Велигден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните многу добро го знаат ставот на Зоран Заев за виткањето кичма за името, прашањето околу употребата на албанскиот јазик во цела држава и неговиот став околу федерализацијата на Македонија. За ова на СДСМ не може да им бидат виновни ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту медиумите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, нека ја побараат вината кај оној што стои зад изјавите пренесени во медиумите, додаваат од партијата.