ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА: Хулиганите од СДСМ нападнаа татко и мајка со болно дете (ВИДЕО)

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Платеничките „револуционери“ на СДСМ и СОРОС вечерва нападнаа родител за време на протестите на таканаречената шарена револуција која секојдневно маршира низ скопските улици и ги блокира истите.

Вандалите и хулиганите кои протестираат во функција на најголемата опозициска партија нападнаа родител кој, како што објаснил,  брзал за да го пренесе болното дете на лекар.

Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот, што само покажува до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови.

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Со ваквото однесување, СДСМ и соросовите платеници уште еднаш докажаа дека нема дно кое не можат да го пробијат.

НОВИ УСЛОВИ: СДСМ се досадни – пак плачат за власт без избори!

Разговори за надминување на политичката криза нема, а барањата на СДСМ се веќе познатати – целосно укинување на аболицијата и техничка влада, велат од најголемата опозициска партија. Во договорот од Пржино се наведува дека актуелната Влада треба да поднесе официјална оставка до Собранието и да биде инаугурирана нова, техничка влада 100 дена пред парламентарните избори, која ќе има одржувањето на парламентарни избори

По неколку неделната дипломатска офанзифа, мало затишје на политичката сцена. Официјално нема преговори меѓу партиите, ниту се знае кои ќе бидат идните чекори кои ќе се преземат за излез од политичката криза. Датум за избори нема, отворени се сите опции, есенва, вгодина, или на редовни избори во 2018 година. Во исто време, т.н. Шарена револуција трае и покрај одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече одлука за аболиција, за како што рече, политички експонираните лица.

-Преговори за техничка влада нема. Не може државата да биде вечно заложник од стравот на СДСМ да излезе на избори.Во согласност со Пржинскиот договор 100 дена пред избори ќе се формира преодна влада, а досега нема датум за избори. Актуелната ќе ги спроведува реформите што произлегоа од Пржинскиот договор и од извештајот на Прибе. Изборите се одложија по барање на СДСМ поради страв од пораз, нов датум за избори нема, кога ќе има тогаш ќе се формира и техничка влада, вели директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски.

Разговори за надминување на политичката криза нема, а барањата на СДСМ се веќе познатати – целосно укинување на аболицијата и техничка влада, велат од најголемата опозициска партија.
Во договорот од Пржино се наведува дека актуелната Влада треба да поднесе официјална оставка до Собранието и да биде инаугурирана нова, техничка Влада 100 дена пред парламентарните избори, која ќе има одржувањето на парламентарни избори.

Медиумите и претходно објавија дека СДСМ ќе бара техничка влада, односно ќе се обидува да дојде на власт без избори. Датум за избори сега нема, и ако нема нов договор, тие ќе се одржат по две години.

Потребна е т.н. техничка влада, но ние ништо нема да преземеме во врска со тоа се додека меѓународната заедница не се произнесе кое решение е најдобро. Очекуваме поддршка од неа, па потоа ќе ги соопштиме нашите идни чекори, ако ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои на своето, објавија медиумите неодамна повикувајќи се високи функционери од “Бихаќка”.

И покрај очекувањата на опозицијата, во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат единствен став, тоа дека техничка влада ќе има само на 100 дена пред избори.

Извор: Вечер

Македонскиот и бугарскиот Претседател, задоволни од напредокот во преговорите за добрососедство

Претседателите на Македонија и на Бугарија, Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев, на денешната средба во Софија изразиле задоволство од напредокот во преговорите за Договорот за пријателство и добрососедство меѓу двете земји и искажале очекување дека министрите за надворешни работи ќе успеат наскоро да го усогласат текстот на Договорот, јави известувачот на МИА од бугарскиот главен град.

Средбата на Иванов и Плевнелиев, што се одржа доцна попладнево, е пред утрешното одржување на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој ќе биде во знакот на дваесетгодишнината од основањето.

Република Македонија, истакнал македонскиот претседател Иванов на средбата, води добрососедска политика, но добрососедските односи мора да се базираат на рамноправност, меѓусебно почитување и разбирање.

Како што информираа од Кабинетот на Иванов, на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, актуелните состојби во регионот, особено во контекст на мигрантската и бегалска криза.

Во однос на билатералните односи, претседателот Иванов изразил задоволство од реализацијата на средбите на највисоко ниво, што несомнено дава силен поттик за развивање на билатералните односи на сите нивоа од заемен интерес.

Во врска со аспирациите на Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, претседателот Иванов искажал очекување Бугарија да даде поконкретна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и поддршка за членство во НАТО, кое Македонија одамна го заслужи.

Осврнувајќи се на предизвиците што актуелната мигрантска и бегалска криза ги носи со себе, Иванов и Плевнелиев оцениле дека таа ги надминува националните граници и бара координиран ангажман при адресирањето на нејзините хуманитарни, безбедносни аспекти. Дневно менаџирање, соработка на безбедносните служби, стабилни влади се неопходни за соочување со мигрантската криза и со предизвиците од неа, констатирале двајцата претседатели.

Бугарскиот претседател се интересирал, исто така, и за актуелната политичка ситуација во Македонија. Двајцата претседатели, како што информираат од Кабинетот на Иванов, истакнале дека единствен излез од политичката криза е преку кредибилни избори, прифатени од сите.

Претседателот Иванов утре изутрина ќе има средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по што ќе учествува на Самитот на ПСЈИЕ, што се одржува во рамки на бугарското претседателство со оваа регионална иницијатива.

Претседавањето со ПСЈИЕ од утре го презема Хрватска.

Колумна на Александар Даштевски: САТИРА

Би се согласил со амбасадорот Чарлс Гарет, кој во еден свој јавен настап јасно порача дека политичкиот и општествениот живот во една држава се незамисливи без сатира. И покрај тоа што неуспешниот проект наречен “Контра вести” на Телма, доживеја незапаметен дебакл, а новиот дебаклоиден проект наречен “Фчерашни вести” (повторно на Телма) е на најдобар пат да биде продолжение на некреативната катастрофа во низа. Сепак сметам дека амбасадорот Герет е во право и дека е вистинско време да се позанимаваме со сатирата како неопходно потребен општествен моментум.

Во оваа насока, воопшто не сакам да ги споменам зајадливите коментари за тоа дека Сеизмолошката опсерваторија во Скопје педантно ги регистрирала сите отскокнувања на Лидија Димова врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, при што е забележана помала вознемиреност на населението во четири градови во земјава.

Круцијалната разлика што за жал, проминентната појава на Лидја Димова не ја забележа, се состои во тоа што (дури и во знак на протест), врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ може и да се скока, додека истото е невозможно да се направи со програмата на СДСМ – бидејќи таа едноставно не постои.

Сатирата како жанр секако има свои силни и постојани корени во земјава, особено онаа што произлегува директно од народот и е наменета исклучиво за народот кој искрено и слатко успева да се развесели, жигосувајќи ги неадекватните појави во општеството. Сигурно се сеќавате на онаа остроумна досетка, дека струмичани за Бадник, во традиционалното лепче со паричка- ставале по две парички – Една за адетот, а другата за Вицето, со што на најдобар начин се отсликува нескротливиот дух на народниот гениј чија свежина и креативност никогаш нема да згасне. Без разлика на нејзината изворна дефиниција, сатирата воопшто нема потреба да биде пројавена исклучиво во пишан облик, а како предлошка за посериозна опсервација, во својата најжестока форма- сарказам се препознава во низа актуелно политички збиднувања.

Нема поголем пример на сарказам од оној кога шареноликото членство на СДСМ, на улицата пред зградата на Владата на РМ со акрилни бои и болдирани букви испишува мисла изречена од Никола Младенов. Оној ист Никола Младенов од кого СДСМ и неговиот лидер – наплатија парична сума во висина од 30.000 (со зборови триесет илјади евра) како надомест за клевета.

Нема попластична манифестација на сарказам од срцепарателните говори на Радмила Шекеринска пред (малубројните) граѓани во кои таа од петни жили се труди да ја претпостави лошата економска состојба на граѓаните под “диктатура” истовремено заборавајќи на скапата јахта од едно беломорско пристаниште и деловниот простор кој си го издавала себе си, за што си наплаќала позамашна свота на имена кирија. Да не говориме за „Бонбона бизнисот„ од ЕВН.

За воља на вистината, дури и најсаркастичните репрезенти на она што некогаш беше СДСМ, олицетворени во ликовите на Данаилов Фрчкоскии Ордановски, веќе ја согледаа некадарноста и јаловоста на шарените револуционери па прибегнаа кон автосарказмот, во кој единствено можат да се пронајдат сопствените заблуди за власт без избори и без поддршка на народот. Нивните последни колумни се најдобар доказ за тоа.

Ако од ова гласно размислување за сатирата како техника на комично преувеличување на општествените појави, ги изземеме јавните ликови како што се Ирена, Чом, или Фросе кои сами по себе ја оцртуваат гротескноста на своите настапи, на граѓаните не им останува ништо друго освен да се насмевнат и да чекаат избори.

Сосема на крај, сакам да ве потсетам на онаа легендарна сентенца со која некогаш завршуваа цртаните филмови – Гласовите ги позајмија: Димче Мешковски, Мите Грозданов, Таска Балабанова и Божо Софрониевски. Оттука – Повеќе од сигурно е дека шарениот филм за кој гласовите ги позајмија Зоран Заев, Петре Шилегов, Радмила Шеќеринска и Владимир Милчин без поддршка од народот, незапирливо се ближи кон својот крај, кој ќе резултира со нов пораз на наредните избори, кога и да се одржат.

Пишува: Александар Даштевски

ФОТО: Иванов во Софија – оствари средба со својот бугарски колега Плевнелиев

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Софија оствари средба со својот бугарски колега претседателот Росен Плевнелиев.

Ivanov-Plevneliev-Bugarija-1

Претседателот Иванов од денеска престојува во дводневна работна посета на Република Бугарија, по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, актуелните состојби во регионот, особено во контекст на мигрантската и бегалска криза

Ivanov-Plevneliev-Bugarija-2

Во однос на билатералните односи, претседателот Иванов изрази задоволство од реализацијата на средбите на највисоко ниво, што несомнено дава силен поттик за развивање на билатералните односи на сите нивоа од заемен интерес

Република Македонија, истакна претседателот Иванов на средбата, води добрососедска политика, но добрососедските односи мора да се базираат на рамноправност, меѓусебнопочитување и разбирање.

Ivanov-Plevneliev-Bugarija-3

Двајцата преседатели изразија задоволство од напредокот во преговорите од Договорот за пријателство и добрососедство, и очекување дека министрите за надворешни работи на двете земји, ќе успеат наскоро да го усогласат текстот на Договорот.

Во однос на аспирациите за Република Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, претседателот Иванов изрази очекување Бугарија да даде поконкретна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и поддршка за членство во НАТО, кое Македонија одамна го заслужи.

Ivanov-Plevneliev-Bugarija-4

Двајцата претседатели осврнаа на предизвиците што актуелната мигрантска и бегалска криза ги носи со себе, оценувајќи дека таа ги надминува националните граници и бара координиран ангажман при адресирањето на нејзините хуманитарни, безбедносни аспекти. Дневно менаџирање, соработка на безбедносните служби, стабилни влади, се неопходни за соочување со мигрантската криза, и со предизвиците од неа, констатираа двајцата претседатели.

На интерес на бугарскиот претседател, претседателот Иванов го запозна со внатрешно-политичките состојби во Република Македонија. Двајцата соговорници истакнаа дека единствен излез од политичката криза се кредибилни избори прифатени од сите.

Ivanov-Plevneliev-Bugarija-5

Поповски: Отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денес учествуваше на Министерски состанок на државите од Процесот за соработка во ЈИЕ (ПСЈИЕ) во Правец, Република Бугарија.

S

-Заедно ги наласивме економската соработка, инфрастуктурното и енергетското  поврзување. Истовремено, констатиравме дека е крајно време регионот да го остави минатото и да се сврти кон заедничката европска иднина. Во таа насока, се согласивме дека отворените прашања во регионот можеме да ги решаваме единствено низ отворен дијалог и поголема поврзаност преку границите во регионот. Истото ќе отвора нова соработка меѓу државите и е пред се македонски интерес. Затоа, со сигурност ќе работиме во оваа насока, повлече МНР Попоски.

За време на состанокот, министрите го поддржаа текстот на Декларацијата по повод 20-годишнината од воспоставувањето на Процесот, која ќе биде усвоена на Самитот на шефовите на држави и влади, што ќе се одржи утре во Софија, со што практично се заокружува претседавањето на Република Бугарија со Процесот.

Врховен суд: Немаме надлежност во организацијата на судењето за „Диво насеље“

Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за предметот „Дива населба“.

– Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за предметот „Дива населба“ кое се одржува во свечената сала на судот. Салата е дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од шест месеци, со одлука на Владата на Република Македонија, се вели во денешното соопштение.

Од Врховен ги упатуват новинарите за сите прашања и нејаснотии да се обратат до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во соопштението се додава дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.

Од скопскиот Кривичен суд пак преку соопштение информираа дека  по добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ и на 27-ми овој месец во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно било зошто Врховниот суд не го испочитувал договореното.

Во салата на Врховниот суд денеска влегоа обвинетите и обвинителите во процесот, додека адвокатите и јавноста останаа надвор.

Ѓорчев до СДСМ: Не се спуштајте толку ниско, обвинувањата за мојата сопруга не се точни

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, испрати реакција на прес-конференцијата на  Рената Јајоска од СДММ.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

Изминативе денови СДСМ води личнa кампањa против мене која е целосно неоснована и само покажува колкав е очајот и безидејноста на опозицијата.

Обвинувањата кои СДСМ ги пласира се неточни и измислени.

Мојата сопруга е Американка и ангажирана е во МНР во 2008 година кога ниту сме се познавале, ниту сме биле заедно, ниту ми била сопруга. Кога стапивме во брак продолжи да ја извршува работата која ја имаше дотогаш во МНР.

Во МНР на РМ е ангажирана откако претходно неколку години работела во Европскиот парламент во Брисел, како и неколку години во приватниот сектор во САД.

Нејзиниот имот е јавно достапен, а обвинувањата на СДСМ се за тековни месечни примања кои се одвивале транспарентно, преку редовна трансакциска сметка.

Исто така, мојата сопруга веќе една година не е ангажирана во МНР.

Ги замолувам пишувачите на изјави и соопштенија во СДСМ да бидат коректни и да не го спуштаат нивото толку ниско. Воедно им посакувам среќа на семеен и личен план.

Нашите политички битки и кампањи се една работа, а сосема друга работа е да се удира кон жена која не е во дневната политика и не е дел од битките во кои секојдневно учествуваме.

ВИДЕО ОД МВР: Комбето на „Шарената проституција“ е возило на СДСМ – еве што е запленето

На 31. 05. 2016 година околу 20,15 минути на крстосница од улиците „Кочо Рацин“ и „11-ти Октомври“, согласно членот 158 став 3 од Законот за кривичната постапка, членот 45-а од Законот за полиција и членот 14-а од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, бил лишен од слобода Н.П.(47) од Скопје, кој управувал возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки и однесен во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување туѓи предмети“, соопштија денес од Министерството за внатрешни работи.

При преглед во возилото биле пронајдени и одземени три канти со дисперзиона боја од пет литри, две канти со кафена боја од три литри, девет канти со боја од литар, 11 спреја во разни бои, две ваљака за фарбање поголем број на водени пиштоли, две импровизирани направи составени од пластични цедилки и гумени ластици (катапулти) како и други предмети кои се предмет на кривично дело по член 243 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија, стои во соопштението.

Со лицето е извршен разговор во Полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ по што истиот е пуштен на слобода.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.П. ќе биде доставен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство Скопје.

Kombe-SDSM-zapleneto Kombe-SDSM-zapleneto-2Веќе нема дилема дека СДСМ директно го организира уништувањето на јавното добро низ Скопје особено ако се има предвид дека комбето во кое е откриена бојата е сопственост на партијата СДСМ, а лицето кое го управувало, исто така е вработено во партијата СДСМ.

Ова е уште еден доказ дека во протестите на хулиганите на СДСМ и СОРОС нема ништо граѓанско, бидејќи партијата од Бихаќка, сама ги дистрибуира боите и катапултите низ градот а за тоа го ангажира и партискиот возач кој добива плата за да им ја носи бојата на партиските хулигани.

ВИДЕО: Едукациите и специјализациите на медицинскиот кадар се голем плус за здравството

Проектот за едукација на медицинскиот кадар ги надиминува очекувањата и преставува значајна додадена вредност.

Досега опфатени се 2.200 лица, а се почнало со норма со 500 луѓе што се медицински кадар, лекари или медицински сестри и се надминати сите очекувања. Бројката што за само една година се испраќаат на обука во странски здравствени центри порано не се достигнувала ниту за 20 години.

Овој проект носи предности не само за стекнување со професионални, туку и со организациски вештини, хоспитална култура, однос кон пациенти, кон колеги.

Паралелно со ова тече и проектот за специјализација на доктори. Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација.

Во тек е и процесот на кофинансирање на приватни специјализации, на чиј втор оглас се пријавиле 170 лекари. На специјализации од Струмица се  имаат испратено 20 лекари, од нив 18 се во Македонија и двајца во Белград, Србија. Тоа е друг тип на додадена вредност.

Со ова ќе се реши и прашањето за специјализанти во помалите градови, зошто овие кадри ќе се вработуваат во центрите во кои аплицирале.

Инаку во последните пет години, на ниво на Македонија во јавниот здравствен сектор вработени се преку 4.000 лица, во најголем дел или преку 90 отсто медицински персонал, а остатокот информатичари, физичари што преставува значајно кадровско екипирање…