ВИДЕО: Удари, пцовки, искинати маици – Хулиганите од СДСМ нападнаа студенти

Studenti-iskinati-maici

Сдсмовските орди продолжуваат со насилно и хулиганско однесување. Откако денеска се обидоа целосно да ги неутрализираат студентските избори, тие нападнаа невини студенти.

Во текот на денот активистите на сдсмовскиот пленум постојано се служеа со пцости, навреди и физички напади врз студентите кои се дел од изборниот процес. Нивното насилно однесување ги надмина границите.

Studenti-iskinati-maici-1

Нивната агенда цел ден беше да го спречат изборниот процес и да предизвикаат инцидент.

Воопшто не им беше важен денешниот избор и тие не покажаа било каква грижа за своите колеги, студенти. Напротив ги удираа и пцуеа нивните врсници само затоа што тие не беа таму за да ја спроведуваат агендата на СДСМ.

Studenti-iskinati-maici-2

На крај претставниците на нелегитимниот претставник на студентите, Пленумот, се обидоа да ги украдат кутиите со гласачкиот материјал, кои мораа да бидат спроведувани до СПУКМ под опасност од напад од страна на активистите на СДСМ.

СПУКМ: Победи демократијата, победија студентите – Пленумот е политички мотивиран

SPUKM-Studenti-Like

СПУКМ изразува жалење за обидот на Студентскиот пленум да го наруши гласањето за избор на нов студентски лидер, со што уште еднаш покажа дека е политички мотивиран и не работи за студентите и студентското достоинство.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение

Во врска со шпекулациите кои излегоа во дел од медиумите дека се украдени три гласачки кутии, би сакале да демантираме и да потенцираме дека таквите информации имаат тенденциозна цел да ги скандализираат слободните и демократски избори кои се мета на постојана репресивност и скандализирање од одредени политички кругови.

Кутиите кои се вкупно три на број, во кои се наоѓаат гласачките ливчиња од Медицинскиот кампус, поради безбедност и закани за одзeмање и кршење од страна на вжештената група од десетици членови на Студентскиот пленум, се вратени од страна на изборната комисија и се наоѓаат на кампусот на Медицинските Факултети, каде што со полициска асистенција ќе бидат пренесени до седиштето на СПУКМ.

Иако во текот на гласањето упативме апел да се почитува правото на глас на студентите, политички мотивираниот Студентски пленум не го испочитува истото и цело време се обидуваше да го наруши изборниот процес.

СПУКМ изразува жалење за обидот на Студентскиот пленум да го наруши гласањето за избор на нов студентски лидер, со што уште еднаш покажа дека е политички мотивиран и не работи за студентите и студентското достоинство.

Денес и покрај сите подметнувања, притисоци и опструкции на изборите од страна на Студентскиот пленум, победи демократијата и победија студентите со што покажаа дека нема потклекнување на студентското движење на разно разни политички иницијативи и обиди за политизација на студентското движење.

ВИДЕО: Раководството и активистите на СДСМ ги нападнаа, пцуваа и навредуваа студентите

Aktivisti-SDSM-Plenum

Активистите на СДСМ-овскиот пленум со пцости, навреди и физички напади врз студентите кои се дел од изборниот процес. Нивното насилно однесување ги надмина границите.

Нивната агенда цел ден беше да го спречат изборниот процес и да предизвикаат инцидент. Ним воопшто не им беше важен денешниот избор и тие не покажаа било каква грижа за своите колеги, студенти. Напротив ги удираа и пцуеа нивните врсници само затоа што тие не беа таму за да ја спроведуваат агендата на СДСМ.

На крај претставниците на нелегитимниот претставник на студентите, Пленумот, се обидоа да ги украдат кутиите со гласачкиот материјал, кои мораа да бидат спроведувани до СПУКМ под опасност од напад од страна на активистите на СДСМ.

За ваквото насилничко однесување, овие лица добија силна поддршка и од челните луѓе на опозициската партија.

Портпаролот на оран Заев, Петре Шилегов на неговиот Фејсбук профил индиректно им се закани на студентите кои го спасуваа избирачкиот материјал од активистите на СДСМ.

Досега бесплатен одмор за 12.000 деца од социјални семејства

Spasov-deca-odmor

Од почетокот на реализација на проектот за бесплатен одмор за деца од социјално ранливи категории околу 12 илјади деца ја искористиле оваа услуга што им ја овозможува државата. Во наредните два месеци на бесплатен летен одмор ќе заминат 2.000 деца.

– Годишно финансираме беспалтен одмор на децата од семејствата коишто се приматели на социјална парична помош, децата од семејства коишто се приматели на посебен додаток односно децата со пречки во развојот како и за децата без родителска грижа или пак децата од многудетните семејства коишто се во потешка материјална состојба. Околу 2.000 дечиња на годишно ново 2012 па наваму одат на бесплатен летен одмор во летните центри во РМ на некои од езерата најчесто во Охрид и Струга, додека околу 1.000 дечиња на годишно ниво одат на бесплатен зимски одмор, информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на пратеничко прашање.

Од 2012 досега 12 илјади деца заминале на бесплатен одмор. Проектот, појасни министерот продолжува и натаму,  и ова лето услугата ќе ја искористат уште 2.000 деца.

– Очекуваме од почетокот на следниот месец односно почетокот на јули првата група да започне да го искористува бесплатниот летен одмор и некаде од крајот на месец август во Струга на бесплатен летен одмор да отидат околу 2.000 дечиња од социјално загрозени категории на семејства, рече министерот за труд и социјална политика.

Најави дека овој проект ќе продолжи да се реализира и во иднина.

Финансиската полиција влезе во струмичката компанија Тритерол, се проверува документацијата

Finansiska-policija

Финансиската полиција влезе во струмичката компанија Тритерол. Се проверува документацијата поврзана со скандалот со превоз на ученици. По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа фирма која е во сопственост на функционер на СДСМ добивала милионски тендери за превоз два пати поскап од оној во Битола, инспекторите ги проверуваат документите, јавува Сител.

Пред два дена финансиската полиција заплени докемнтација и од општината Струмица. Вчера преку соопштение обелоденија дека проверките ги започнале по допрен глас и сомнение за местење на општинските тендери.

– Управата за финансиска полиција по допрен глас започна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во општина Струмица за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основи на сомневање дека се резултат на извршени кривични дела. Предмет на предистражната постапка се и повеќе правни субјекти кои имаат добиено тендери и имаат склучени договори со општина Струмица, се со цел да се утврди нивната евентуална инволвираност во местење на тендери и испумпување на буџетските пари на општината, соопшти финансиската полиција.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев побара од Јавното обвинителство да спроведе истрага за овој случај. Претходно бараа предметот да го води Специјалното обвинителство на КАтица Јанева кое отвори предмет за превозот во општина Битола нос е прогласи за ненадлежноз а ист случај во општината која ја предводи лидерот на СДСМ.

Општина Струмица во повеќе наврати тврдеше дека тендерите за компанијата Тритерол се законски и чисти.

Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение

Затуроска: Изградба на типски населби одлична можност за младите

Zaturovska-Sobranie-prasanja

На денешната седница на Собранието на Република Македонија која е наменета за пратенички прашња, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска постави три пратенички прашања.

Првото прашање на Затуроска беше упатено Владата на Република Македонија и се однесуваше за новиот проект изградба на фитнес зони кои се градат низ цела Македонија, односно дали изградбата на овие фитнес зони е поврзана со локалната самоуправа, бидејќи досега сите проекти кои се финансирани од Владата се опструирани од градоначалникот на Општина Струга и за истото  прашање побара да добие писмен одговор.

Второто прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ беше до Министерството за транспорт и врски во врска со проектот типски населби, односно кои се бенефитите за граѓани од истиот проект и во кои општини ќе се реализира.

– Ние веќе почнавме со изработка во 53 општини изработка на урбанистички документации за различен тип на план согласно претходниот конкурс кој го распиша Министерство за транспорт и врски, сите градоначалници од секоја општина можеше да аплицираат со еден план што ние би го финансирале. Спомнав веќе 53 општини се започнати со нивна изработка, рече Мисајловски и нагласи дека и понатака секоја општина што ќе покаже интерес може да аплицира.

Затуроска во однос на ова прашање изрази жалење што градот Струга не се наоѓа помеѓу општините кои ги наброја министерот Мисајловски и што младите од Струга ќе ги немаат истите можности, а за тоа е одговорен градоначалникот Зијадин Села.

Третото прашање кое го постави пратеничкта на ВМРО-ДПМНЕ беше упатено исто така до Министерството за транспорт и врски, а се однесуваше на изградба на канализационата мрежа во с.Ложани, која исто така ја кочи градоначалникот на општина Струга.

-Конкретно се работи за каналзационата главна мрежа која што треба да помине низ  с.Ложани струшко, револтот повторно го прави градоначалникоти  проблемот е од локален карактер, а за жал господинот Зијадин Села и после три години од новиот мандат не успеа да излезе од неговата тесноградост, истакна Затуровска.

Мисајловски во својот одговор истакна дека е во тек реализацијата на проектот изградба на централен цефковод за фекална канализација во селото Ложани и останатите села во вреднос од 58 милиони денари.

-Проектот е во еден дел стопиран како што кажа и почитуваната пратеничка.  Поради реакции на граѓаните од Ложани бидејќи не е имплементирано целото поврзување во Ложани јас имав прилика заедно со пратениците и со граѓаните од населеното место да разговараме дека тој проблем мора да се надмине, имавме повеќе состаноци и веќе локалната самоуправа почна да подготвува проекти за ова населно место, потенцираше Мисајловски.

Тој нагласи дека не може да се делат одредени населени места без разлика дали има Албанци или Македонци, односно дека проектите се за сите граѓани на Републка Макеоднија.

Димитриев: Рестартирањето на Злетово и Тораница можно за два месеца

Dimitriev-vo-Sobranie

Рестартот на рудниците Злетово и Тораница може да се очекува после еден до два месеци доколку подготовките за тоа се одвиваат со предвидената динамика. Расчистени се хипотеките, а во тек е продажба на имотот неопходна за рестартирање на рудниците.

Како што информираше премиерот Емил Димитриев, одговарајќи на пратеничко прашање, целата постапка околу избор на нов концесионер на рудниците е завршена и компанијата Минстрој ги презема рудниците нешто што, како што рече, следело после прогласување на стечајна постапка и одење во стечај на рудниците како резултат на лошто работење од претходниот сосптвеник.

– Во моментов тече фазата на продажба на имотот неопходна за рестарт на руднците бидејќи една работа е доделување на концесија на минералните суровини, а другиот процес е стекнување право на сопственост на имотот. Во изминатиот период доста време се потроши на расчситување со хипотеки поставени на имотот од страна на претходниот сопственик, значи во една судска постапка беа рачистени сите хипотеки. На тоа се жалеше претходниот сопственик, но повисоки инстанци во судството ги потврдија првичните одлуки. По расчистувањето на сите хипотеки врз имотот се пристапи на постапка за негова продажба, рече Димитриев.

Очекува дека во првата недела од јули да се одржи собрание на доверители што ќе одлучува дали понудената сума е прифатлива, а ако се донесе одлука дека таа е прифатлива потоа би следело рестартирањето.

– Тоа би било некоја идеална динамика, средина на месец јули за Злетово, а малку подоцна за Тораница бидејќи има одредени проблеми во делот на експлоатација на рудата. Значи месец до два дена би траело тоа отстранувањето на таа пречка и Тораница би профункционирала во  полн капацитет. Значи се работи за едно важно прашање за граѓаните од Источна Македонија, за граѓаните од Пробиштип и Крива Паланка, истакна премиерот Димитриев.

Верувам, рече тој, дека како што оди процесот, етапа по етапа согласно сите законски процедури ќе дојдеме до моментот за рестарт, повторно враќање на близу илјада вработени од овој крај.

– Се  надевам и очекувам инвеститорот да си стои на зборот во делот на покачување на платите на вработените, во делот на набавката на нова опрема, во делот на инвестициите за нови рудни наоѓалишта. Сметам дека ако стојат на зборот ова би значело нова епоха за овие два рудника и една нова перспектива за овие два града во источна Македонија, бидејќи веќе подолго време трае овој процес на превземање на рудникот од еден на друг сопственик и се чувствува на стандардот на жителите на овие градови, рече премиерот Димитриев.

АРОГАНТНИ И ФРУСТРИРАНИ: Пленум на СДСМ – Само ние смееме да снимаме, вам ви е забрането (ВИДЕО)

UKIM-Plenum-snimanje

Агресивните СДСМ-овски пленуми и револуции не запираат со агресивното однесување за време на гласањето за нов студентски лидер, жолчно обидувајќи се да испровоцираат инцидент и да го прекинат изборот на нов лидер.

Врв на апсурдот беше ситуацијата кога СДСМ-овските пленумци и платеници се нафрлија групно врз еден човек, обвинувајќи го дека наводно ги сликал без нивна дозвола, му го спречуваа правото на слободно движење и му се закануваа. Хистеријата на СДСМ е особено трагикомична поради тоа што во моментот додека го обвинуваат дека ги сликал без нивна дозвола, истите луѓе го прават истиот чин поради кој го обвинуваат.

Ова делење правда во кое СДСМ-овските платеници си ја земаат улогата на трибунал и мислат дека тие треба да одлучат кој и што смее да прави, е стандарден начин во нивното делување.

Обновени 63 мостови на македонскиот дел од Коридор 10

Misajlovski-Koridor-10

Заврши обновата на 63 мостови долж македонскиот дел од Коридор 10, реализирана со финансиска поддршка на НАТО и КФОР.

Со проектот за обнова на мостовите, кој заеднички е работен со НАТО, Македонија добива нова и квалитетна инфраструктура на Коридорот 10, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на свеченоста по повод завршување на проектот на местото викано Пуста Кула, на автопатот Велес-Скопје.

Misajlovski-Koridor-10-1

Мисајловски потсети дека соработката со НАТО командата започна во 2005 година кога Министерството за транспорт и врски и Врховната Команда на Здружените сили на Европа претставени од НАТО штабот во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање за поправка на патната мрежа на Македонија.

Санацијата на мостовите се одвиваше во три фази. Во тек на првата беа обновени мостовите на автопатската делница од Катланово до Велес и делницата Скопје-Блаце. Во втората фаза беа опфатени  мостовите на делница од Демир Капија до Гевгелија, а во  третата, од крајот на 2013 до мај годинава,  на делницата Велес-Катланово.

Mostovi-Koridor-10-1

Бригадниот генерал на КФОР  Ференц Корум од Унгарските вооружени сили на НАТО, истакна дека ја поддржале обновата на мостовите затоа што Коридор 10 е многу значаен за  КФОР и за Република Македонија.

– Овој Коридор е многу значаен за КФОР, претставува главна доставувачка клучка од пристаништето во Солун-Грција, низ Македонија се до граничниот премин со Косово. Задоволен сум од реализација на проектот и се надевам дека од сега реконструираните мостови  ќе бидат од полза и  на КФОР и на цивилниот сообраќај во вашата земја, потенцира бригадниот генерал Корум.

Mostovi-Koridor-10-2

Според министерот Мисајловски укажа, санацијата на мостовите е уште еден од многуте инфраструктурни проекти за подобрување на патната инфраструктура во Македонија.

Инвестициите што се реализираат на Коридор 10, потенцира, изнесуваат преку 300 милиони евра.

Mostovi-Koridor-10-3

– Се реконструира делницата од Гевгелија до Смоквица, се гради нова автопатска делница од Смоквица до Демир Капија. Следниот месец  ќе почнеме реконструкција на осум километри делница од Демир Капија до Неготино. Завршивме со реконструкцијата на автопатот од Куманово до Скопје, ќе го реконструираме и во другата насока од Скопје до Куманово. Претходно се изгради автопатската делница од Табановце до Куманово, завршивме со реконструкцијата на сите мостови, така што во скоро време ќе добиеме модерен автопат на Коридорот 10 што ќе ги задоволува сите меѓународни стандарди, потенцира министерот Мисајловски.

Mostovi-Koridor-10-4

Обновата на патната инфраструктура, додаде, е многу значајна за економскиот развој на Македонија, за што Владата почна инвестициски циклус од над милијарда евра за создавање квалитетна патна инфраструктура.

Димитриев: Новиот рудник „Иловица“ е сериозна инвестиција и голем пулс за економијата

Rudari-Rudnik

Најавената нова инвестиција во рудникот за бакар и злато „Иловица“ од меѓународниот конзорциум „Евромакс“ е уште еден голем и реализиран проект од страна на Владата за привлекување нови инвеститори во Македонија, отворање нови работни места и намалување на невработеноста.

Ова денеска го истакна премиерот Емил Димитриев, на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи му на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се работи за исклучително квалитетен инвеститор кој во изминатиов период многу вложи во делот на истрагите на реонот во општина Босилово. Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за злато и бакар. Од неодамна е донесена одлука за отворање на овој рудник, кој претставува една од најголемите инвестиции во Југоисточна Европа во оваа дејност. Ќе се вложат 500 милиони евра за подготовка и старт на новиот рудник, рече Димитриев.

Тој информира дека во септември или октомври конзорциумот ќе почне со градежни и подготвителни активности за почеток на работа. Во октомври или ноември ќе почнат и со етапно ангажирање нови работници кои би работеле во рудникот.

Димитриев истакна дека се работи за 600 нови вработувања за подолг период, а ќе се ангажираат околу 1.000 работници во делот на градежништво. Додаде дека очекува наши домашни компании да работат на градбата и на подготвителните активности за отворање на овој голем капацитет.

– 1.000 вработувања се од големо значење за југоисточниот дел на Република Македонија и подоцна 600 кои ќе работат во рудникот. Од страна на инвеститорот се планирани посебни обуки за вработените, ќе се спроведуваат максимални и професионални стандарди во делот на работењето од сите аспекти, како безбедност при работа и екологија, рече Димитриев.

За еколошката димензија од инвестицијата, како што рече, вакви крупни инвестиции, дури и помали во Македонија, согласно нашето законодавство се прават по строго пропишани правила и процедури.

– Согласно нашите процедури, инвеститорот е должен до Министерството за животна средина и просторно планирање да достави елаборат за оценка на влијанието на животната средина. Од страна на конзорциумот „Евромакс“ е доставен поставениот елаборат, на кој имаат работено експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, биле ангажирани и домашни компании, Музејот од Струмица, УХРМ, Водостопанство-Струмичко поле, рече Димитриев. Додаде дека во студијата биле вклучени релевантни странски компании кои досега работеле на изработка на студии за рудници за злато и за бакар.

Според него, со сето она што инвеститорот го има направено во делот на подготвителна документација за почеток со работа, еколошката компонента ќе биде запазена.

– Оваа инвестиција ќе значи огромен препород за Република Македонија на планот на извозот, на севкупното економско работење и на ангажирање нова работна сила, рече Димитриев. Додаде дека ја поздравува одлуката на инвеститорот, зад кој стојат Европската банка за обнова и развој и Германскиот гарантен фонд.

Димитриев потенцира дека се работи за сериозна инвестиција која е добредојдена во Македониија. По одреден период, како што нагласи, сите ќе бидеме благодарни што ја имаме и значи голем плус за македонската економија.