ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ: Еве што потпишаа лидерите на четирите најголеми партии (ФОТО)

Четворицата лидери на партии, потписници на „Договорот од Пржино“, денеска потпишаа уште еден „анекс“ на договорот – согласност за одржување на избори на 11-ти декември 2016 година.

Dogovor-za-izbori

Според нашите информации, до крајот на неделата ќе се гласа преодна влада, која што ќе раководи се до изборот на новата влада на овие предвремени парламентарни избори. Министер за внатрешни работи во преодната влада повторно ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.

КРАЈ НА КРИЗАТА: Македонија оди на избори на 11 декември!

Лидерите на 4-те најголеми политички партии попладнево се договорија по однос на сите прашања. Според договореното избори ќе бидат одржани на 11 декември.

Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, претходно за медиумите изјави дека се што ќе биде предложено ќе биде прифатено, со цел да не се даде простор на СДСМ повторно да ги пролонгира изборите и кончено да се стави крај на кризата.

Предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 11 декември, нов уредник на МТВ ќе биде Санта Агирова, додека пак 5-от член на ад-хок телото за медиуми е Љуљзим Хазири.

Специјалните обвинителки преку ден со чашка ракија (ФОТО)

Специјалните обвинители на Kатица Јанева, во опуштена атмосфера со чашка ракија во рака го поминуваат денот.

Овие фотографии кои стигнаа до нашата редакција, покажуваат дека специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Фатиме Фетаи, кои бараат продoлжување на мандатот, со алкохол во рака и во опуштена атмосфера го поминуваат денот.

lile-fatime-1

Останува отворено прашањето дали Стефанова и Фетаи во текот на денот сослушувале странки, ако се земат во предвид најавите од Jанева дека СЈО во текот на неделата ќе врши серија распити.

lile-fatime-3

Медиумите веќе пишуваа за испадите и арогантното однесување на специјалните обвинители, особено на обвинителката Лиле Стефанова,  чии недолични настапи нашироко се коментираа и осудуваа меѓу колегите.

lile-fatime

lile-fatime-4

lile-fatime-2

ВМРО-ДПМНЕ: Откако го нема СДСМ, Македонија напредуваше за 40 места на листата на Транспаренси Интернешенал

Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал.  Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал.

Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа.

Факт е дека граѓаните го гледаат аболицираниот криминалец Заев како бара евро за црквата и евро за Вицето.

Факт е дека граѓаните гледаат како за украдени 8 милиони евра аболицираниот криминалец Заев наместо да ја издржува казната во затвор и да ги врати парите, продолжува да сее деструкција, да ја пустоши земјата и да одржува состојба на криза и агонија.

Сето ова влијае на општиот впечаток, но сето тоа ќе се промени откако Заев конечно ќе мора да се појави на избори и да се соочи со казната од народот, и ќе мора да го признае поразот.

Потоа ќе мора да го врати секој украден денар од граѓаните и чесно да ги одлежи казните кои според заслуги му ги изрекуваат македонските судови.

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ за да нема алиби за бегство од избори

СДСМ не сака решение за уредник во МРТВ кое би било независно, туку сака партиско решение, што не е во насока на нивните барања за независно и објективно информирање. Нивниот предлог Санта Аргирова за уредник на Информативната програма во Јавниот сервис е поранешен шеф на кабинетот на Илинка Митрева, поранешен министер за надворешни работи од редовите на СДСМ, па и член на таканаречената групата „Шарена револуција“, што значи лице со прилично изразена партиска политичка позиција- посочи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски пред малку од Клубот на пратениците, каде се договара дали се исполнети условите за одржување избори во декември.

-СДСМ сакаат партиско решение. За да не избегаат од изборите и тоа да биде изговор, тоа го прифативме – посочи Груевски за предлогот Аргирова да е уредникот назначен по предлог на опозицијата во Јавниот сервис.

-Втората точка по која сакаа да избегаат е методологијата, им ја прифативме, ја елиминиравме со прифаќање- рече Груевски.

Во однос на изборот на петтиот член на ад-хок комисијата за медиуми, тоа, нагласи Груевски, треба да е лице од албанска националност. Тој додаде дека , позицијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги остави СДСМ и албанските партии кои се во консултации по тоа прашање, да постигнат согласност, кое ВМРО-ДПМНЕ ќе им го прифати.

Во однос на тоа дали ќе има избори во декември Груевски посочи дека „фактот што ВМРО вели најдете си решение е во насока“.

-Ние се залагаме на 11 декември да има избори, и да им го одземеме алибито на СДСМ да нема избори. Сега нема видлива причина за тоа- додаде Груевски.

Чилиманов: Не може да е прифатлив само еден од кандидатите за Ад-хок телото

Разговорите во Привремената комисија за следење на медиумското претставување и денеска завршија без согласност за избор на петтиот член кој треба да биде етнички Албанец. Членовите на комисијата изјавија дека остануваат во постојана комуникација во текот на денешниот ден додека трае лидерската средба.

Цветин Чилиманов, член на комисијата, изјави дека од првиот ден на разговорите биле соочени со ситуација во која еден од членовите на инсистира дека е прифатлив само еден од 10-ината кандидати кои се пријавија за членство.

– Тоа прави да биде исклучително тешко да се постигне компромис за избор на петтиот член со консензус. Со цел да ја разбиеме оваа блокада јас му предложив на г. Љубомир Костовски кога толку се инсистира на избор на еден кандидат, тој самиот да се повлече од Комисијата и да му го отстапи ова место на кандидатот што го фаворизира, но ова не се случи, вели Чилиманов.

Костовски потврди дека на денешната средба не е постигната согласност за петтиот член, позиција за која единствен кандидат остана Сефер Тахити, откако вчера се повлече Даут Даути. Предлози за нови кандидати денеска немало.

– Денешниот состанок не донесе никакви резултати и сметам дека ова треба да и биде соопштено на јавноста пред да почне средбата на оние што ќе треба да ги оценуваат условите за избори. Нови предлози нема за петтиот член, но нема консензус ниту за оние кои што се пријавија на повикот, изјави вчера за Плусинфо, Љубомир Костовски.

Според него, лидерите не може да донесат одлука за избор на петтиот член на ад хок телото, но може да дадат насоки.

Рокот за назначување на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец и да биде избран со консензус, истече минатата недела. За оваа позиција се кандидираа десетина новинари и професори.

БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА: Жерновски за партиски цели ќе жртвува неколку генерации во „Св. Кирил и Методиј“?

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски продолжува со бруталната партизација на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Откако пред неколку месеци со асистенција на краткорочниот технички екс-министер за внатрешни работи Оливер Спасовски постави партиски директор во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“, во последните неколку денови на тапет се најде дел од искусниот наставен кадар во училиштето специјално обучен да ја спроведува  престижната меѓународна ИБ наставна програма.

Оваа програма на иницијатива на владата е дел од образовниот процес во ова училиште веќе три последователни години, но со најновите планирани активности на Жерновски, се доведува во прашање нејзиното опстанување.

Жерновски не ги продолжува договорите за работа на неколкумина наставници. Според информациите во кругот на училиште, вработување на нивно место чекаат партиски кадри кои, како што на големо се говори, дале голем придонес за реализација на активностите на опозицијата за дестабилизација на државата и биле дел од таканаречената Шарена револуција.

Ситуацијата е алармантна ако се земе во предвид дека поставувањето на неискусни и несоодветни кадри кои не поминале никаква обука за спроведување на ИБ програмата, ја доведува во прашање постапката за акредитација на училиштето кандидат за членство во угледната светска ИБ мрежа. Евентуалниот прекин на оваа постапка, би значел враќање на старите наставни програми, на кои учениците и наставниците тешко би се адаптирале, поради различниот пристап во начинот на предавање и реализација на часовите.

Но, за центарскиот градоначалник не е важно уништувањето на неколку ученички генерации. Угледот на училиштето, уште помалку. Тој јавно се спротивставува и на мислењето на влијателната европратеничка и претседателка на Комисијата за образование и култура во Европарламентот Дорис Пак, која при нејзината посета на Македонија во 2013 година го поздрави воведувањето на една од најпозитивните образовни реформи – ИБ програмата.

“Тука се обучуваат деца за да станат добри граѓани на Европа. Стандардот тука е одличен, дури можам да кажам дека би била среќна доколку и во Германија имаме училишта со ваков стандард“, изјави Пак по посетата на час во ОУ “Браќа Миладиновци“, второто ИБ училиште во државата.

Дополнително загрижува и сознанието дека новопоставената директорка на училиштето, по директива на градоначалникот не дозволува годинава да се формираат три паралелки со првачиња, што пак, од една страна не е во согласност со стратегијата на училиштето за ИБ настава и квалитетот по однос на истата се намалува, а од друга страна се намалува и фондот на часови на дел од наставниците во следните 9 години.

Според познавачите на состојбите однесувањето на Жерновски периодов е поттикнато од стравот поради наближувањето на се поизвесните парламентарни избори годинава, но и локалните следната година, до кога, по секоја цена мора да бидат обезбедени колку што е можно повеќе работни места за најистакнатите уништувачи на културните знаменитости, кои со пластични пушки и спреј во рака дивееја низ Скопје. Тоа е единствениот начин незадоволните од политиката на опозицијата да се задржат и бидат дел од партиското гласачко тело.

За остварување на оваа строго партиска цел, Жерновски е очигледно подготвен да жртвува генерации на ученици, угледот на „Св. Кирил и Методиј“ и на македонското образование.

Ристовски: Сè е подготвено за почетокот на новата учебна година

-­ Во основните и средни училишта во земјава се врши дистрибуција на учебниците, за кои беше пријавено дека се оштетени. Завршена е и реконструкцијата на 60 училишта во земјава, за почетокот на новата учебна 2016\­2017 година се е подготвено и учениците и наставниците со настава почнуваат на први септември, истакна заменик министерот за образование Спиро Ристовски кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на ново спортско игралиште кое е дел од спортската сала „Јордан Мијалков“ ­ Штип. ­

– Во наредните неколку денови се очекува сите училишта да бидат снабдени со нови препечатени учебници, а истовремено учебниците од седмо до девето одделение ќе бидат дистрибуирани и новите учебници по математика и природни науки за наставата која е по Кембриџ програмата, а која ја работевме со Меѓународниот центар за наставни програми на универзитетот Кембриџ. Со ова ја заокружуваме оваа реформа на целокупно реформирање на математика и природни науки во основно образование, рече Ристовски.

Тој истакна дека во земјава на први септември учебната година ќе ја почнат 270.000 ученици во основните и средни училишта во земјава. ­

– Речиси 190.000 ученици се основци, 80.000 се средношколци, а првоодделенчиња досега имаме запишано 21.250. Но, овој број не е конечен, бидејќи секој ден пристигнуваат финалните податоци од основните училишта. Јас се надевам дека ќе дојдеме на бројот некаде од  минатата учебна година, со бројот на првоодделенци, рече Ристовски.

Според него, во најголем дел училиштата во поплавените подрачја во скопскиот регион се подготвени за новата учебна година. ­

– Во најголем дел се е завршено со санација и подготовка на училиштата за нивно расчистување и дезинфекција. Учениците веќе се информирани, родителите беа на разговор во соодветните матични училишта. Така да и очекувам во поплавените региони нормално со извесна мала динамика и толеранција во однос на актуелната ситуација која што им се случи на тие семејства во наредните денови очекувам и таму на еден начин да се нормализираат сите активности и тие училишта ги прифатат учениците и целосно и нормално да се одвива наставно образовниот процес во овие училишта, заврши Ристовски.

Почна лидерската средба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмет и на ДПА Мендух Тачи, попладнево во Клубот на пратениците во Скопје ја почнаа средбата на која, согласно политичкиот договор постигнат на 20 јули годинава, треба да оценат дали се исполнети условите за одржување фер и демократски избори.

На средбата присуствуваат и амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.

Доколку лидерите на четирите најголеми политички партии се договорат, изборите треба да се одржат на 11 декември, а на 100 дена пред изборите треба да се избере преодна влада во која ќе партиципира опозицијата.

Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. На 100 дена пред изборите опозицијата треба да именува нов главен и одговорен уредник на МРТВ, а денеска се очекува да биде комплетирано и ад-хок телото кое ќе ги мониторира медиумите.

Претходно, беше прочистен Избирачкиот список од гласачи кои имаа спорни записи.

Бетмен Велит: ДА ВЕ ПОТСЕТАМ

Луѓето овде добро знаат дека „кој овде нема да полуди, тој не е нормален“. Ама е рано за полудување, океј? Издржете ми уште малку, бидете срцки. Откако и последните глупи фантомско-медиумски адути испаднаа од конкуренција, сега на сцена ќе стапи најпоследниот. Специјалниот! Бастионот наречен Медрано, пишува Бетмен Велит во својата најнова колумна за Телеграф.мк

Часови до крајот на август, осмиот месец во годината. Вечер на полноќ истекува рокот од третото Пржино за да се договориме дека има некакви теоретски шанси пак да заличиме на држава во скоро време. Дали ќе има избори? Немам појма. Дали е сè можно? Ха, единствено е сигурно дека сè е можно. Ништо друго. Тоа барем досега го научивме – ние што сакавме да учиме работи, де.

Од утре, од први септември, започнува школската година за оние што летово одморале. Па за нив, едно брзинско рекапитуларче на позначајните настани што се случуваа, чисто како репер за она што ќе следува. Верувам дека партиите ќе пуштат рака дека ќе се оди на избори, верувам дека никој не знае што ќе се случи. Но не верувам, туку знам што се случуваше. Па затоа сметам дека морам да ве потсетам на некои работи.

Фантоми НЕМА

Spisok-fantomi

Сакам да ве потсетам дека фантоми НЕМА. Половината милион луѓе поради кои наводно одлагавме избори, 500.000 луѓе навредливо наречени „фантоми“ со кои опозиционерите шпекулираа како на зелено пазарче само за да се создаде перцепција дека, ете готово, фатени се на дело овија лопове како краделе избори – не се ниту фантоми, ниту се 500.000. Триесет плус, илјади се и тоа дијаспорци кои одамна не припариле дома – што, ама баш никако не им го одзема правото на глас. Освен кога СДСМ треба да се оправда за порази на избори, кога може да им е одземено правото на глас за да не биде ептен за срамота целиот циркус околу „чистотата на избирачкиот процес“.

Смешна (да не речам глупа зашто не ме личи да зборам така) беше оваа фантомска теза од сам старт – кога се барем ВМРО и СДСМ во прашање (не знам како се гласа кај браќата) бидејќи е чисто лудило да помисли кој било полуздраворазумски човек дека на едно гласачко место со набљудувачи од сите партии, невладини и слични полови карики, каде сите луѓе, ама сите до еден се знаат меѓу себе и гласаат со години и години наназад на исто место, пред исти други луѓе, и досега ниту им фалеле ливчиња ниту им воскреснувале мртви да гласаат – лудост, ама елементарна лудост е да помислиш дека некој ти дрпнал избори.

Да ве потсетам, „500.000 фантоми“ кажани со загрижен глас, ист глас со каков што се соопштуваше дека ќе ја дознаеме вистината за Младенов, Смилковско, убиството на Кенеди, дали Месечината е фета сирење и каде е гробот на Александар, беа официјализирани како причина, влезена во Пржино 3, за неодржување избори. Од кого? Од оној кој увидел дека веќе нема други адути, па последните, најслабите (од измислените причини за неодржување избори и излез од криза) си ги оставил за крај.

Амбасадорите си играат доктори

Ambasadori

МЕДИУМИ нерегулирани ИМА. Опа бато! Има, како не. На пример, има во САД, каде што „Хафингтон пост“ пред два дена избрка новинар откако овој објави негативен текст за Хилари Клинтон. Нерегулиран по параметрите на нашите соросови експерти е и „Си-ен-ен“, иако тоа тие никогаш нема да ви го кажат бидејќи не знаат дали смеат, ако не е стиснато дугмето од една скопска цитадела. Но, тоа ќе ви го каже секој кој го следеше/мереше времето кое го посветуваше оваа американска ТВ-мрежа на известување за женскиот Клинтон во споредба со симпатичната старка Сандерс.

Нерегулиран е и „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC), кој навива Трамп да исчезне во ураган. Во „Фокс“ навиваат за Републиканците.. Нерегулирани се и милијарда други медиуми, мејнстримаши и „креатори на јавно мислење кои имаат одговорна функција“, како што тоа сакаат да го кажат амбасадорите кои доаѓаат од земји со ваква медиумска поделеност, но кај нас сакаат да вежбаат и „да си играат доктори“ бидејќи – хеј, има потреба од фантомски гласачи, фантомска регулираност на медиуми и други разноразни фантомски форми на реален притисок за да можат истите странци да си го остварат своето политичко влијание врз власта во една, на хартија, суверена држава. Пошо потешко ќе се оправдаат ако не демократизираат со помош на авиони како на Блискиот Исток. Нејсе. Назад на медиумите.

Може све по закону? Закони за медиуми исто така има, зачудувачки, но вистинито, има низ цела Европа. Има и кај нас де, со евро-знаменце е законот за медиуми, воопшто не е стар и плус за него гласаа сите, ама да не ситничариме сега. Рековме дека не чини тој закон бидејќи требаше малку вина за поразите на СДСМ да примат и медиумите. Па није ваљда дека СДСМ е крив за поразите свои.

Театар на апсурдот

Soros-SDSM-Spomenici

Елем, нашата опозиција не сакаше да прифати ниту еден препис на закон за медиуми од било која земја на комшиски и сличен по менталитет Балкан, па не сакаше да прифати закон ниту од членка на ЕУ и на крај одби закон и од која било европска земја. Да ве потсетам – медиумите и нивната регулација беа уште една и втора и последна декларативна причина од Пржино 3 поради која не отидовме на избори. Да ве потсетам, пошто брзо забораваме оптоварени со нереални занимации како пирани по езера, Северини пред трибини и реални проблеми како она што се случи во скопско пред нецел месец. Забораваме во каков паралелен универзум, во каков театар на апсурдот живееме. Какви халуциногени обланди голтаме, на што преќутно се согласуваме и на што се навикнуваме. Забораваме како треба да си го живееме животот. Да ве потсетам. Да ве потсетам.

Да ве потсетам дека ништо друго освен овие глупости за медиумите и глупостите за фантомите не влезе во Пржино 3 и ништо друго освен ова нема да биде предмет на разговор денес меѓу партиите и премудрите господа господа амбасадори кои се тука да ни го олеснат животот, нели да? Ништо освен овие апсурдни измислени причини нема да треба да биде усвоено како „дотерано по пржински терк“ за да се каже дека ете, има услови да идеме на избори и СДСМ пак да влезе во влада, втор пат во година дена, втор пат без легитимен мандат од народ.

Списокот е затворен бидејќи беше техничка работа. Медиумите ќе се мониторираат (ууу!) и наместо како досега, законот за избори да важи 60 дена пред избори, сеа ќе важи 100 дена (ууу!). Ако влезете на први септември во која било училница каде што ќе има првоодделенци, и тие ќе ви се изнасмеат во лице ако им тврдите дека на избори губите јер има медиуми кои не навиваат за вас и дека тоа ќе го промените за 100 дена „регулирани медиуми“ кои ќе бидат казнети, види богати, ако не се регулираат како што некои чичковци ќе одлучат.

Кој нема да полуди, не е нормален

Protest-SDSM-SOROS

Особено смех ќе падне во одделението со првоодделенци кога ќе им кажете дека смисливте, вие премудрите господа господа амбасадори и феноменалната опозиција во Македонија, дека МТВ треба да се реформира, па решивте да го реформирате за да не бил партиски каков што нели, бил досега јавниот ни сервис. Како го решија проблемот господите господи амбасадори и СДС? Со тоа што побараа (и добија) партијата од опозицијата да назначи уредник на информативна редакција. Така се прави непартиски медиум! Да ве потсетам, да не се заборави.

Луѓето овде добро знаат дека „кој овде нема да полуди, тој не е нормален“. Ама е рано за полудување, океј? Издржете ми уште малку, бидете срцки. Откако и последните глупи фантомско-медиумски адути испаднаа од конкуренција, сега на сцена ќе стапи најпоследниот. Специјалниот! Бастионот наречен Медрано. Местото кое не признава ниту една институција освен самата себе. И местото кое ќе е предмет на посебни мои осврти во периодот кој следи, па нема да ѝ го тегнам локумчето токму сега.

Сакале-нејќеле, това е. Ближиме кон завршница и ова /ќе/ мораше да се случи еден ден. Го знаевме тоа сите. Особено ние кои не одморавме летово. Шаторот е наместен. Картите се купени. Специјалната претстава може да започне. Со таа разлика што, за разлика од циркусите каде што има вистински волови и слонови, во овој, реакцијата на публиката никогаш не може да ја предвидиш до крај. Бидејќи публиката – не е фантомска. И тоа за нечија жал, еден ден ќе се покаже. Бегање од тоа – јок. Може да одлагаш, да влечкаш, да ги направиш сите можни и неможни циркуси на овој свет. Ама на крај, цехот си се плаќа.

Нека ви е честит почетокот на школската година. За сите кои заборавиле нешто летово – без грижи. Тука сме. Ќе се потсетуваме.

За да не се заборави. Бидејќи не смее да се заборави.

Пишува: Бетмен Велит за Телеграф.мк