Милошоски: СДСМ сака да наметнува нови услови за да избега од избори

milososki-vmro-dpmne

СДСМ знае дека се ближи 11-ти декември и се ближи датумот на кој што тие ќе треба да се соочат со граѓаните и СДСМ се свесни која доверба ја имаат односно ја немаат помеѓу граѓаните на Република Македонија, рече денеска Антонио Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конфернеција како реакција на барањето на СДСМ за свикување на итна седница за донесување на закони, изменување на закони кои се однесуваат на мандатот, надлежноста и другите подзаконски акти поврзани со СЈО.

-Знаат дека изборот на 11-ти декември да се одбере помеѓу деструктивна политика, шпионирање, нелегални материјали, правење на секакви сопки и изговори и изборот да се одбере стабилна политика, остварувања, проекти, и реална програма може да биде на голема штета на СДСМ, а во интерес на граѓаните на Република Македонија. Затоа СДСМ бара начин како да избега од закажаните избори или како да најде изговор одржаните избори, тие коишто би ги имале да не ги признае како валидни, рече Милошоски.

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ го оценува барањето на СДСМ за измена на законите, за надлежност и времетраење и заштитени сведоци  кои се однесуваат на СЈО, вели тој.

-Ова барање за итна седница за измена на овие закони на СДСМ ќе му послужи единствено како барање кое што би биле надвор од оние договорени барања во договорот од Пржино, кој што СДСМ знае дека не можат да се прошируваат, ниту по содржина, ниту по време, ниту по надлежност и неисполнувањето на ваквите нови желби на СДСМ да му послужат на аболицираниот Зоран Заев да ги искористи како изговор за бегање од изборите или за непризнавање на изборите кои ќе се одржат на 11  декември. Исто така гледаме дека преку писмото упатено до амбасадорите  аболицираниот политичар Зоран Заев, најави уште од пред неколку дена, дека остава простор и гради изговори преку кои сака да се огради од изборите на 11 декември,  да ги избегне истите или истите да не ги признае.

Втора работа која што се забележува со ова барање за итна седница на Собранието за измена на законите поврзани со СЈО е дека СДСМ и СЈО се само две лица на една иста монета. СДСМ збори во име на СЈО и СЈО дејствува и превзема политички мотивирани акции во име на СДСМ или со единствена цел, да му помогне на СДСМ во својата политичка платформа и агенда во недостаток на реална политичка програма, рече Милошоски.

Единствената агенда на пратениците на СДСМ, појасни Милошоски, е исполнување на желбите на Катица Јанева, таа која што изјави дека Собранието која што ја избрало е нелегитимно и веројатно со тоа сакаше да предизвика некаков инцидент единствената агенда на Катица Јанева е да превземе дејствија кои што би му помогнале на СДСМ да го наруши високиот и стабилен рејтинг на политичкиот опонент, односно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

-Со донесувањето на прочистениот избирачки список на површина излегоа манипулациите дека не посотојат 500 000 фантомски гласачи. Со работењето и новата методологија на агенцијата за медиуми се изби од рака изговорот на СДСМ  дека оваа агенција работи по нечив налог бидејќи  сега истата работи по усоглесена методологија која што ја бараше опозицијата. Сите тие работи кои што СДСМ ги побара, ги доби и сега бега од најголемата работа која што ја бараше СДСМ, а тоа се изборите на 11 декември.Затоа СДСМ поставува нови барања нови услови како што е сега барањето за итна седница на собранието за нови закони за СЈО бидејќи е свесна дека се надвор од политичкиот договор истите неможе да се исполнат нема основа да бидат пресретнати и на тој начин СДСМ ќе си создаде нови изговори зошто би имале причини да избегаат од закажаните избори.  Но нема да успеат во своите намери. Република Македонија нема да остане и понатаму заложник на кризата во која ја држи СДСМ, додава Милошоски.

Граѓаните на 11 декември ќе го дадат својот глас на оние политичари и политички партии кои што нудат реални и остварливи проекти, а не на оние кои нудат деструкција шпиунажа и секакви други неконструктивни работи. Затоа сметаме дека СДСМ со поднесувањето на барањето за итна седница за менување на законите за Специјалното јавно обвинителство само го потврди своето сознание за нискиот рејтинг, бидејќи СДСМ да веруваше дека може да победи на изборите на 11 декември, немаше да бара итна седница за сега да се менуваат законите за Специјалното јавно обвинителство, туку би победиле на изборите и како големи победници би ги смениле сите закони кои што тие ценат дека нив не им одговараат

-Но СДСМ бидејќи се свесни дека имаат малцинска поддршка кај граѓаните на Република Македонија, брзаат со вакви барања за итна седница и знаат дека тоа што е денешен сооднос во Собранието на Република Македонија ќе продолжи да биде ист политички сооднос и после изборите на 11 декември. Одговорот од страна на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема основа за било какво дополнително проширување на веќе договореното, ниту за било какви анекс договори, кои што би му дале изговор на аболицираниот политичар Заев да избега од закажаните избори, заклучи тој.

СКАНДАЛИ И ЛАГИ: Фактите и документите ги разобличуваат спиновите на Ременски од СДСМ

Remenski-Baba-Roga

Скандали го одбележуваат работењето на техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски од СДСМ.

Еден од низата кој го објави порталот „Денешен“  беше дека Ременски намерно криела документи и дека Управниот инспекторат утврди низа недостатоци во работењето.

Откако низа медиуми истражуваа и пишуваа за овој скандал, Курир денес побара став од техничката министерка, која наместо да ја зборува вистината одлучи да спинува. Така, во стилот и на други функционери на СДСМ, Ременски одлучи да ги нападне медиумите и да каже дека тие шпекулираат замолчувајќи ги официјалните документи на значајни институции.

-Тие шпекулации кои призлегоа во дел од медиумите, не би сакала да навлегувам во интерпретација на мотивите за таквите шпекулации. Она што можам најодговорно да го кажам е дека после објавата во медиум на таа шпекулација дека министерката Ременски криела некаква документација, министерството три дена по ред имаше вонреден инспекциски надзор и од Државниот управен инспекторат и од Архивот на Република Македонија и од Инспекцискиот совет. Но, она што го добивме како записник, јас можам да ги доставам до медиумите доколку има интерес да ги објават записниците во кои што беа констатирани комплетно спротивните наводи во овој дел на обвинувањата. Напротив, беше потврдено со инспекцискиот надзор на Архивот за некакво уништување на некаква архивска документација, дека се работи по закон во МТСП. Исто така и во делот на инспекцискиот совет. Во делот на записникот кој што го добивме од Државниот управен инспекторат беа нотирани одредени забелешки и недоследности во спроведувањето на Законот за архивско работење и уредбата за канцелариско работење кои биле забележувани и во минатото кога по исти такви анонимни пријави од загрижени вработени во министерството, постапувал управниот инспекторат, но тие најмалку одат во прилог на тезите дека некој нешто криел или некој нешто не доставувал до некого. Правата и одговорностите од законот за спроведување на Влада, како за министерот така и за дополнителниот заменик министер, не става пред одговорноста пред се да се грижиме за функционалноста и организацијата во МТСП наспроти обидите целокупното работење да се става на тапет во манипулативен контекст што не оди во прилог и на угледот на МТСП, а најмалку на угледот на носителите на функции кои си дозволуваат такви коментари, одговори таа.

Но, документацијата од надзорите јасно кажува дека министерката од редовите на СДСМ премолчува пред фактите.

-Државниот управен инспекторат при извршен инспекциски надзор во Министерството и труд и социјална политика и остварена средба со техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски константирал дека во министерството се кријат документи од архивата и дополнителниот заменик министер, со што директно му се оневозможува на дополнителниот заменик министер да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Закон за организација и работа на државните органи и Законот за Влада. Да биде скандалот поголем, техничката министерка не почитувала свои наредби и за тоа била прекорена, објави порталот Денешен на 21-ви месецов.

prv

Според наводите од записникот од извршениот инспекциски надзор, Фросина Ременски презентирала Наредба од 6.9.2016 со која на вработените во министерството им наложила копија од архивскиот примерок на излезната пошта на МТСП на дневна основа до 16:30 да се доставува до допололнителниот заменик министерот.

Иронично, техничката министерка не ја испочитувала сопствената наредба при што добила укажување од управниот инспектор дека треба да овозможи непречено спроведување на наредбата.

evidencija

Техничката министерка е задолжена со Решение од Управниот инспекторат да ги превземе сите мерки и дејствија за отстранување на сите недостатоци при што ако не постапи согласно Закон за управна инспекција ќе направи директен прекршок.

resenie-02

resenie-01

Поради овие документации и поради сето она што тие го откриваат, Ременски денес даде неконкретен одговор иако на јавноста и должи да одговори што досега има спроведено по најдените недостатоци во нејзиното работење!

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да разгледуваме никакво барање надвор од законот за СЈО договорен меѓу партиите

Pratenici-na-VMRO-DPMNE

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија воопшто нема да прифати разгледување на било какво барање и предлог кој потекнува од страна на Специјалното јавно обвинителство, а е надвор од законот за СЈО договорен од четирите партии согласно договорот од Пржино, се вели во денешната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на пратеничката група

Никакво ново договарање, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ.

Би сакале да ги повториме барањата до госпоѓата Катица Јанева јавно да се извини на граѓаните, пратениците и Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом за упатените навреди и оспорувањето на легитимитетот и за нестручното, непрофесионално, неодговорно, дрско и арогантно однесување во Собранието.

Дополнително, повторно ќе ја потсетиме госпоѓата Јанева дека, ниту таа, ниту било кој друг функционер именуван од страна на пратениците немаат право да кријат и да одбиваат да одговорат каде и за кои цели ги трошат парите кои што граѓаните преку нас пратениците им ги овозможуваат за својата работа. Катица Јанева е должна да даде финансиски извештај каде ги троши парите на граѓаните.

После низата преседани кои што Катица Јанева ги направи во Собранието на Република Македонија, ние пратениците како и сите граѓани на Република Македонија сакаме да знаеме каде се потрошени 60 000 000 денари за кои што недостасуваат информации во таканаречениот извештај на СЈО и Катица јанева.

Повторно ја повикуваме госпоѓата Катица Јанева наместо да се однесува како дел од СДСМ, да се врати на комисиската расправа и да одговори на сите прашања за кои што се заинтересирани пратениците и македонската јавност.

Ново алиби за бегство од избори: СДСМ бара итна седница за законите на СЈО

silegov-sdsm-izjava

СДСМ бара итна седница на собранието заради измена на законите кои ги бара специјалната обвинителка Катица Јанева. Пратеничката група денеска до претседателот на собранието Трајко Вељаноски го испратила барањето за седница заедно со предлог измените на два закони и тоа законот за заштита на сведоците и тој за специјалното обвинителство заради продолжување на рокот за подигнување обвинение.

Петре Шилегов објаснува дека станува збор за пресликување на одредбите од законот за кривична постапка кои се однесуваат за одделението за организиран криминал во јавното обвинителство. Повика сите пратеници да ги подржат измените заради непречено работење на СЈО.

Шилегов смета дека собранието има доволно време за итна седница за законите на сјо со оглед на тоа дека за буџетот ќе се расправа 10 дена, а најавите за распуштање на парламентот се 12 октомври. Собранието може да се распушти од 40 до 60 дена од денот на изборите, па пратениците го имаат цел октомври за предлог измените, велат од сдсм

Од кабинетот на Вељаноски за ТВ Нова велат дека го добиле барањето на СДСМ, но со оглед на тоа дека е утврдена секојдневна координација кај спикерот за работа на комисијата за буџетот догодина ова прашање ќе биде отворено на редовната координација во понеделник.

Преку соопштение реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, не прифаќаат било каков предлог кој потекнувал, а бил надвор од законот за СЈО согласно Пржино.

-Никакво ново договарање, предоговарање или проширување на веќе постигнатата согласност не може да биде прифатено за разгледување од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. СДСМ е портпарол на СЈО, а СЈО е портпарол на СДСМ. Помеѓу тие два субјекта нема никаква разлика. СЈО е дел од СДСМ.

Ја прашуваат Јанева каде се потрошени 60 милиони денари за кои според ВМРО-ДПМНЕ недостасуваат информации во извештајот.

Пратеничката група на ДУИ се уште не ги добила предлог измените на СДСМ, дали ќе поддржат ќе одлучат откако ќе ги разгледаат, вели координаторот Талат Џафери.

Ад хок телото почна да казнува медиуми, казната за Сител е лична пресметка

cilimanov-ad-hok-telo

Ад-хок телото за мониторирање на медиумите со три гласа „за“ и два „против“ одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизија Сител за небалансираност во известувањето.

Од ваквиот предлог на ад-хок телото се изземаат двајцата членови кои гласале „против“, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова со став дека има како што велат, значително подобрување во известувањето на медиумот. Тие сметаат дека прекршочната постапка е неоснована и базира на субјективно подготвен извештај од страна на ААВМУ.

Чилиманов и Димишкова подготвуваат издвоено мислење, а денеска изјавија дека со одлуката за поведување прекршочна против Сител се потврдува дека ад-хок телото трпи директни притисоци и наметнувања ставови од Агенцијата.

– Директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски вчера присуствуваше пред почетокот на седницата на ад-хок телото и не информираше дека според извештајот што е поднесен, ААВМУ би препорачала казнување на медиумите Сител и Нова ТВ што беше силна сугестија и влијаеше на натамошната работа на членовите на комисијата, изјави Чилиманов.

Дополнителна причина за загриженост, додаде, е тоа што во извештајот на повеќе страници детално се опишуваат постапките, ставовите и гримасите на еден уредник во Сител. Оттука, оценката се однесува на еден човек, а не на цела телевизија.

– Извештајот за Сител е фокусиран на само еден човек и буквално наликува дека е субјективно направен, конретно за еден човек. Оттука оценивме дека станува збор за лична пресметка, а ад-хок телото и Агенцијата не се места за лични пресметки, објасни Чилиманов.

Според него, во разговор со ААВМУ првично било кажано дека извештајот е направен согласно методологијата на Агенцијата и нејзините правила, а подоцна дека имало надворешни барања и ставови да се пристапи кон таков извештај.

– Се гледа дека забелешките за Сител произлегуваат од критиката што била упатена од оваа телевизија кон Агенцијата, кон регулирањето на работата на медиумите. Телевизијата забележала дека се воведува цензура во Макдонија, тоа детално се објаснува и влијае на изрекување одлука за прекршочна постапка. Се казнува телевизијата зашто проговорила, зашто го критикувала законот што е донесен и регулирањето на медиумите, што сметаме дека е апсолутно право на медиумот, истакна Чилиманов.

Посочено е, додаде, и наводно негативно известување за специјалната обвинителка Катица Јанева зашто се направени прилози во кои од неа се бара финансиски отчет, а таа не го дала.

– Сметаме дека се прави сериозен преседан кога во извештај на ААВМУ се бара медиумот да не бара одговори од јавни, именувани функционери, како се трошат јавните пари. Утре може да се случи медиум да биде обвинет и казнет ако направи прилог за кој било политичар кој нема да даде одговор на прашањето како се трошат јавните пари, укажа Чилиманов.

Димишкова, пак, подвлече дека ваквата ситуација е резултат на несоодветната методологија според која работи ад-хок комисијата, методлогија која, рече, не е во согласност со Изборниот законик.

– На барање на политичките партии работиме по методологија која е спротивна на Изборниот законик и практично нема критериуми на постапување. Затоа лично одлучив да постапувам по француската методологија која во првите три извештаи на медиумите им дава шанса, односно им дозволува можност да направат максимум 10 грешки, рече Димишкова.

Таа предлага за чие било присуство на седниците, ад-хок телото да биде претходно известено.

– Целта е да не се врши никаков притисок врз нас и да не се наметнуваат ставови. Да не остават да постапуваме онака како што мислиме. Интенцијата беше да бидеме независно тело кое ќе работи согласно професиналните стандарди, нагласи Димишкова.

Чилиманов и Димишкова порачаа ако политичките партии сакаат да упатат какви било забелешки до ад-хок телото, тоа треба да го направат директно, а не преку лажни мејлови и дојави.

Николовски нема поим од земјоделие – СДСМ ја злоупотребуваше распределбата на државното земјиште

nikolovski-sdsm-zemjodelie

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, наводно загрижен за маката на земјоделците, денеска испрати соопштение со кое повторно покажа дека нема познавања за состојбите во земјоделството, реагира ресорното Министерство.

– Очигледно со надеж дека ќе добие политички поени најави мерки кои СДСМ иако можеше, не ги спроведе до пред една деценија, кога беше на власт, а кои, пак, сега се реалност, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, кога министер за земјоделство беше Славко Петров од СДСМ, на нетранспарентен начин, на околу 900 закупци блиски до оваа партија им беа дадени околу 85.000 хектари земјиште на користење 30 години со дозволен грејс период од четири години неплаќање. Поради немање катастарска евиденција во тој период, се доделувани шуми, патишта, системи за наводнување, канали…

Последниве 10 години, пак, транспарентно се склучени над 10.000 договори за површина од околу 70.000 хектари, со јасна катастарска евиденција.

Сега земјиштето се дава на јавен оглас, со јавно отворање на понудите иако тоа не е законска обврска и доколку земјиштето е над три хектари, со електронско јавно наддавање, напоменаува Министерството.

Во врска со откупот на грозјето и цената, Николовски треба да знае, посочува МЗШВ, дека тоа е дел од секојдневната работа во Министерството. Освен со откупувачите и производителите на житни култури, градинарски култури, ориз…, во изминатите три месеци Министерството организираше десетина состаноци и со винарските визби и со лозарите. По тие состаноци беше договорена откупната цена на грозјето – 13 денари за килограм Вранец со 19 шеќерни единици и 11 ден./кг. Смедеревка со 17 шеќерни единици.

– Сакаме да ги потсетиме јавноста и загрижениот Николовски за дополнителната мерка, субвенции од три денари за килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 отсто, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“. Оваа мерка дава резултати и го стимулира откупот на винското грозје, а останати се мали количини на неоткупен „Вранец“.  Ова се случува во период во кој на европскиот пазар е понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји, стои во соопштението од МЗШВ.

Според Министерството, субвенциите се исплаќаат во континуитет и на оние земјоделци кои ги исполнуваат условите, а во општина Дојран каде што спаѓа Фурка, во последните пет години се исплатени еден милион евра поддршка.

– Се ова говори дека Владата и Министерството за земјоделство напорно и успешно работат на решавање на проблемите на земјоделците кои многу добро знаат кој се грижи за нив во последниве 10 години и како им беше претходно, наведува МЗШВ

СЕ ПРАВИ НАУДРЕНА: Ременски „не знае“ кого има отстрането од МТСП или свесно манипулира?

remenski-resenie-za-rasporeduvanje-n

Техничката министерка за труд и социјална политика назначена од СДСМ, Фросина Ташевска Ременски продолжува со скандалозно однесување, со говорење на невистини и со разрешување на кадар од министерството.

Ременски или заборавила кого се има разместено од работа само поради лични согласувања или свесно сака да ја изманипулира македонската јавност.

По низата скандали во МТСП, Курир денес побара одговор од министерката за отстранување од министерството на претседател на синдикална организација на САДУ, Синдикатот на администрацијата и државна управа на Република Македонија. Но, техничката министерка од СДСМ наместо да одговори одлучи да манипулира.

-За ова, јас од вас слушам дека сум отстранила синдикален претставник. Напротив, ако го знаете името и презимето кажете. Јас не сум запознаена со таква работа, а најмалку имало некакво отстранување на синдикален претставник во министерството, рече Ременски.

Името кое министерката го бара е Елеонора Јовановиќ, но она што е спорно е фактот што таа денес буквално изглуми дека не е запознаена со случајот и дека не знае за кого станува збор. Функционерката на СДСМ своерачно го има потпишано решението со кое претседателката на синдикална организација на САДУ ја прераспределува на функција, а секако на решението го има и нејзиното име и презиме.

remenski-resenie-za-rasporeduvanje

Дури и да не го запомнила името, спорно е министерката да не знае кој е претседател на синдикат во МТСП.

Наместо објаснување, Ременски избегна одговорност за постапките и наместо директно да одговори, додаде:

-Она што го правиме во изминативе денови а го покажавме и во претходниот мандат, е одблокирање на многу закочени процеси на регистрација на Гранкови организации, синдикални организации чии што барања биле во фиоките на МТСП и од неразбирливи причини не биле процесуирани до Централниот регистер како што тоа личело за министерството што се грижи за работничките права и го поттикнува и поддржува синдикалното организирање, истакна таа во одговор на новинарско прашање.

Во недостиг на одговор од страна на Ременски, потсетуваме дека пред 20 дена САДУ реагираше на нејзината одлука да прекинува годишни одмори на вработени. Ова очигледно не и се допадна, па нивниот претставник е префрлен во друга организација и отстранет од министерството. Повторуваме, не е можно техничката министерка со ова да не била запознаена бидејќи лично ја има донесено и потпишано одлуката.

Разрешувањето на висок претставник на синдикална организација е голем удар врз синдикалното организирање во земјава, а за скандалот да биде уште поголем, таквиот удар го задава првиот човек на МТСП.

СНИМКИ ОД ДРОН: Финишира изградбата на експресниот пат од Велес до Штип (ВИДЕО)

ekspresen-pat-veles-stip

Изградбата на експресниот пат од Велес до Штип во должина од 26 километри е при крај. Асфалтирањето се очекува да заврши за неколку дена, а се планираат и два железнички премини за кои ќе бидат набавени и сигнални уреди и нови рампи.

Патот се градеше во три фази, од кои двете се веќе завршени, а најголем дел од работите на третата фаза од патот, која е во должина од 10 километри, се завршени. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра, средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а со пуштањето во употреба на овој експресен пат се очекува да се олесни сообраќајот на оваа делница која што е многу фреквентна.

Увид во градежните активности денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Државното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски.

ФОТО: Ново училиште во радовишко, инвестициите продолжуваат

uciliste-pokrajcevo-radovis-1

Во радовишкото село Покрајчево денеска свечено беше пуштена во употреба новата училишна зграда на подрачното општинско основно училиште „Орце Николов“, каде настава посетуваат 21 ученик.

Изградено е на 134 квадратни метри и има три училници и санитарни јазли. Инвестицијата е вредна 4.700.000 денари.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека пред девет месеци на тоа место беше поставен камен-темелникот за изградба на новата училишна зграда, а веќе денеска, како што рече, се отвора современ објект во кој учениците ги имаат сите услови за нормално одвивање на редовната настава.

uciliste-pokrajcevo-radovis-2

– Ако пред некој ден отворавме училиште за 500 или 600 ученици во населбата Кисела Вода во Скопје, денеска отвораме училиште за 21 ученик во село Покрајчево, што за нас е основна интенција и начин да ги поддржиме општините и да ги поддржиме помалите населени места преку изградба на што поголем број училишта. Ова е само потврда дека како Влада продолжуваме да инвестираме секаде и во соработка со општините, каде што навистина имаме потреба да ги задржиме нашите граѓани во своите родни места, рече Ристовски.

Тој истакна дека како министерство се задоволни од соработката со Општина Радовиш, бидејќи ова е четврто училиште, односно капитален објект, што се пушта во употреба.

– Истовремено, како Влада имаме инвестирано во комплетна изградба на нова спортска сала во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали. Како Влада и како Министерство ќе продолжиме со поддршка на општина Радовиш, додаде Ристовски.

uciliste-pokrajcevo-radovis-3

Градоначалникот на Радовиш Сашко Николов истакна дека е задоволен од поддршката која ја добиваат од Владата и од Министерството за образование и наука бидејќи, како што рече, од темел се изградени четири училишта, како и нова спортска сала во ООУ „Крсте Петков Мисирков“.

– Имаме и изградба на мултифункционални терени во рамки на ООУ „Никола Карев“ и гимназијата во Општина Радовиш и навистина немаме сегмент од образовниот систем каде што можеме да кажеме дека ни е слаба алка или недостаток. Нам ни останува само ова понатаму да го надградуваме и да го сочуваме, рече Николов.

Груевски во Светиниколско: Ерџелија ќе добие матичен лекар и градинка, Црнилиште софтверско решение за откуп на млеко

gruevski-i-misajlovski-sv-nikole-3
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во општината Свети Николе ги посети населените места Црнилиште, Ерџелија и Мустафино.
gruevski-i-misajlovski-sv-nikole-1

Жителите од овие места побараа асфалтирање на улици, чистење на канали и изградба на водоводна и канализациона мрежа.

На жителите од Ерџелија им беше ветено дека ќе се реши проблемот со доаѓањето на лекар од Здравствениот дом од Свети Николе. Во телефонскиот разговор со директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше информиран дека ќе се направи контрола во ова населено место и оти ќе бидат преземени сите мерки бидејќи согласно потпишаниот договор со ФЗОМ матичниот лекар има обврска да ги третира пациентите од тоа место.

gruevski-i-misajlovski-sv-nikole-6

– Доколку има склучено договор со ФЗОМ, матичниот лекар има обврска да отвори ординација и да прима пациенти. Ќе направиме контрола и ќе ги преземеме сите мерки бидејќи согласно договорот лекарот има обврска да ги третира пациентите, појасни Стефановски.

Во Ерџелија во јуни следната година се очекува да започне изградбата на детска градинка, што е еднo од барањата на жителите од ова населено место. Градинката, како што информира градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев, ќе биде изградена во рамки на ОУ „Даме Груев“.

gruevski-i-misajlovski-sv-nikole-5

Жителите од Црнилиште укажаа и на одредени проблеми при откупот на млеко за што од  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков беа информирани дека е во тек изработка на софтверско решение со кое Министерството ќе се поврзе со откупувачите и ќе се има подобар увид за откупените количини.

gruevski-i-misajlovski-sv-nikole-4