Ѓорѓиевски: Во проектот што го презентираше Груевски за изградба на 140 градинки е опфатено и Куманово

Средба со граѓаните од населбата „Гоце Делчев“ во Куманово, денеска имаше Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски посочи дека на овие средби со граѓаните се запознаваат со нивните проблеми кои подоцна ги решаваат.

-Можеме да се пофалиме дека едно барањата кое ги мечеше со години жителите од населбата „Гоце Делчев“ во Куманово беше дислокација на центарот за наркозависници. Наназад години тој центар беше сместен до градинката и до основното училиште и со својата локација беше голема опасност за младите генерации од оваа населба. Со наш напор беше завршена работата. Центарот во април месец е дислоциран од населбата Гоце Делчев, рече Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека во проектот што го презентираше претседателот Никола Груевски за изградба на 140 нови градинки во Р. Македонија е опфатено и Куманово.

-Две градинки во Куманово влегуваат во тој проект за проширување на својот капацитет. Едната градинка во населба „Гоце Дечев“ и другата градинка во центарот на Куманово, рече Ѓорѓиевски.

Како најгорлив проблем жителите на оваа населба го истакнаа проблемот со невработеноста.

Милошоски: Ќе продолжиме на секој можен начин да се грижиме за пензионерите

Ќе продолжиме на секој можен начин да се грижиме за подобрувањето на животниот стандард на пензионерите. Пензионерите за нас се битен столб во македонското општество, порача од Кичево, Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.

milososki-penzioneri-kicevo-1

-Во 2006 година просечната пензија во Р. Македонија изнесуваше 7.600 денари, а во 2015 година просечната пензија е 13.000 денари. Тоа значи зголемување од околу 70%. Оваа година според буџетот ќе имаме повторно во декември зголемување на пензијата за 5% што во просек ќе биде за околу 670 денари, рече Милошоски.

milososki-penzioneri-kicevo-2

Тој посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно продолжување на проектот за бањско лекување и можностите за понатамошно намалување на цените за одредени лекови, со што ќе им се олесни животот на пензионерите.

Ристовски: На 11 декември народот ќе направи разлика меѓу посветеноста и деструкцијата

Јас сум повеќе од убеден дека на 11 декември, граѓаните на Република Македонија, народот на Македонија, ќе направи сериозна разлика меѓу посветеноста и деструкцијата и ќе стави крај на оваа политичка криза, а Македонија ќе продолжи цврсто, стабилно, реформски да се развива по однос на сите нивоа, по однос на сите параметри кои се од исклучително значење за нашата држава.

Ова го истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната средба со граѓани во општината Бутел.

– Денеска сум во посета на општина Бутел на средби со граѓаните и со нашите поддржувачи за промоција на досега реализираните проекти и директен разговор со нив за да ги презентираме сите состојби што досега го карактеризираа функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, рече Ристовски.

Нагласи дека тоа се однесува на посветеноста во делот на реализација на понудените проекти и отчетноста кон граѓаните за се што досега е реализирано и за планoви за следниот период.

– Само на тој начин може да се продолжи да се функционира доколку имаш доверба од граѓаните, потенцира Ристовски.

Груевски: Граѓаните знаат дека ние го остваруваме зборот и дека може да ни веруваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше значајна мерка за здравството која е дел од новата програма на владејачката партија, но и испрати и порака за изборите на 11 декември.

-Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме. Но, и минат труд кој е гаранција дека ќе оствариме многу повеќе. Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, заклучи Груевски.

Груевски најави огромни инвестиции во здравството: 33 милиони евра за нови медицински апарати и опрема

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше нови, значајни мерки и инвестиции во здравството.

Тој го објави планот за набавка на опреми во поголемите градови и болници.

-Во Скопје опфаќајќи го Клиничкиот центар, општите болници, здравствените домови, специјалните болници, заводите и институтите ќе бидат обезбедени нови 1318 медицински апарати, со проценета вредност од околу 13 милиони и 500 илјади евра. Во Битола опфаќајки ја Клиничката болница, здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас ќе бидат обезбедени 149 нови апарати  во вкупна вредност од 1.230.000 евра меѓу кој дигитален ренген апарат, трансректална сонда за биопсија на простата, модерен апарат за ехографија со кардилошка и конвексна сонда, како и стоматолошки ренген апарат панорамикс и голем број на други апарати. Во Тетово опфаќајки ја Клиничката болница, Здравствениот дом и специјалната болница за белодробни заболувања Лешок ќе бидат обезбедени 290 нови апарати во вредност од 2.041.900 евра меѓу кој што и дигитален апарат за флуороскопија, дигитален ренген апарат графија, ресектоскоп за ендоскопски столб, како и 55 електрични болнички кревети и голем број на потребни апарати, истакна Груевски.

Лидерот на владејачката партија откри дека во Штип опфаќајќи ја Клиничката болница, здравствениот дом, и Медицинскиот факултет ќе бидат обезбедени 252 апарата во вредност од 2.116.300 евра, меѓу кој ренген апарат за скопија со тв ланец, преносен ренген апарат, апарат за ехографија со колор доплер, апарат за ехографија со ректална сонда, апарат за електро мионеурографија, апарат за анестезија и голем број на други потребни медицински апарати.

-Во Охрид опфаќајки ја општата болница, специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, Заводот за превенција лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 496 нови медицински апарати со проценета вредност од 3.028.000 евра меѓу кој најсовремен операционен стол, пенданти за интензивна нега, плазма стерилизатор, апарат за ехографија 4Д, апарат за анестезија,  апарат за дијализа, хируршки инструменти за гинеколошки операции, транспортен респиратор, абдоминална и трансректална ултразвучна сонда, прирачен автоклав како и голем број на други неопходни медицински апарати. Во Прилеп опфаќајки ја Општата болница и здравствениот дом ќе се набават 161 медицински апарати со проценета вредност од 1.214.000 евра, меѓу кој два нови автоклави, два апарати за анестезија, биполарен ресектоскоп, апарат за ехографија со кардилошка и линеарна сонда, хируршки механизми, апарат со лапароскопија, апарат за ехографија на абдомен, столб за лапароскопија, како и нов доплер за крвни садови и многу други апарати, рече Груевски.

Груевски ја информира јавноста дека во Кавадарци во општата болница и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 58 нови апарати во вкупна вредност од 865.000 евра меѓу кој анестезиолошки апарат, два автоклави, ултрасонографски апарат со 4 вида сонди, апарат за ехографија со 4 вида доплер, колор доплер сонограф, плазма стерилизатор, апарат за колоноскопија, три нови инкубатори и голем број други медицински апарати.

-Во Струмица, во општата болница и здравствениот дом ќе бидат обезбедени 125 нови медицински апарати со проценета вредност од 987.000 евра меѓу кој апарат за остеопороза, два нови автоклави, лапароскопски столб за абдоменални операции, апарат за електромиографија, фако апарат за операција на катаракта, оперативен мобилен стол, два плазма стерилизатори, доплер на каротиди и вертебрални артерии, апарат за ехографија со кардиолошка и конвексна сонда, апарат за ехографија со две сонди и голем број на други апарати.  Во општатата болница и здравствениот дом во Велес, како и во специјалната болница во Јасеново ќе се обезбедат 80 нови медицински апарати во вредност од 921.000 евра меѓу кој апарат за анестезија, два нови респиратори, автоклав, централна мониторинг станица за мерење на витални функции, апарат електомиографија, апарат за ехографија со секторска и конвексна сонда, апарат за видео колоноскопија и голем број други апарати. Во општата болница во Кочани ќе инвестираме во набавка на 39 нови медицински апарати во вредност од 477.000 евра меѓу кој апарат за ехографија, апарат за абдоменална сонда за надоградба на постоечкото кардилошко ехо, апарат за траснкранијална магнетна стимулација, автоклав, нови дефибрилатори и голем број на други апарати. Во општата болница и здравствениот дом во Куманово ќе инвестираме во157 нови апарати во вредност од 902.000 евра, меѓу кој дигитален рендген апарат, два апрати за гастроскопија, апарат за ехографија со три сонди, апарат за колоноскопија, три нови автоклави, два апарати за анестезија, плазма стерилизатор, оперативен микроскоп, апарат за ехографија и апарат за ехографија на абдомен, и голем број на други потребни медицински апарати, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во општата болница и здравствениот дом во Гевгелија ќе се обезбедат нови 49 апарати во вредност од 421.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, апарат за ултразвучна дијагностика, апарат имунилошки анализатор, нов плазма стерилизатор, апарат за електро енцефалографија, хематолошки бројач и друг вид на апарати.

-Во општата болница и здравствен дом во Гостивар обезбедуваме 88 нови апарати во вредност од 785.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, нов плазма стерилизатор, анестезиолошки апарат, апарат за електромиографија, апарати за ехографија, ултразвучен доплер за екстремитети, апарат за електроенцефалографија,  и многу други апарати. Во општата болница и здравствен дом во Кичево обезбедуваме 74 нови апарати во вредност од 540.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, апарат за анестезија, апарат за ехографија со 4 сонди, апарат за колоноскопија, нов плазма стерилизатор и голем број на други современи медицински апарати. Во општата болница, здавствениот дом во Струга и во заводот за нефрологија ќе набавиме нови 111 парчиња опрема во вредност од 943.000 евра меѓу кој апарат за анестезија, столб за лапароскопска ендоскопска хирургија, апарат за дијагностика за бурег и крвни садови, апарат за бронхоскопија, апарат за ехографија со кардиолошка сонда, апарат за колпоскопија, три 12 канални ЕКГ апарат, три хируршки апсиратори и голем број на други апарати, вели Груевски.

Во Дебар, опфаќајки ја општата болница и здравствениот дом ќе бидат набавение 43 нови медицински апарати во вредност од 374.000 евра меѓу кој апарат за ултразвук, колор доплер ехо апарат со абдоменална и кардиолошка сонда и апарат за ехографија и апарат за ендоскопија.

-Во здравствениот дом во Радовиш ќе набавиме 9 нови апарати во вредност од 89.000 евра меѓу кој и имунолошки анализатор, медицински периметар, нови ЕКГ апарати кои се 12 канални, нов дефибрилатор, нов апарат за спирометрија, апарат за риноманометрија и други медицински апарати. Во здравствениот дом во Берово ќе се набават 6 нови медицински апарати во вкупна вредност од 76.000 евра меѓу кој апарат за ехографија со кардиолошка.линеарна и конвексна сонда, компјутерски периметар, два холтер апарати за мерење на екг и крвен притисок, хематолошки бројач,  како и нов апарат за спирометрија, а нова опрема во вредност од 33.000 евра ќе набавиме и во здравствениот дом во Делчево меѓу кој флексибилен риноларингоскоп и апарат за елекроенцефалографија. Во Здравствениот дом во Крива Паланка ќе набавиме 13 нови апарати во вредност од 125.000 евра меѓу кој апарат колор доплер на крвни садови ж, апарат за ехографија со 2 сонди, апарат за гастроколоноскопија, нов хематолошки бројач, компјутерски авторефрактометар, дефибрилатор, апарат за спирометрија и други медицински потребни апарати. Во здравствениот дом Маврово и Ростуше ќе се набави медицинска опрема во вкупна вредност од 130.500 евра, меѓу кој дигитален ренген апарат за мамографија, апарат за ехокардиографија, апарат за биохемиска анализа, хематолошки бројач, холтер апарат за мерење на крвен притисок и други апарати, открива Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека во Ресен, опфаќајки го здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на белодробни заболувања во Отешево ќе се набават вкупно 33 медицински апарати во вредност од 148.000 евра, меѓу кој апарат за дезитометрија, хематолошки бројач, апарат за криотерапија, дерматоскоп, апарат за ехографија, апарат за ринометрија, како и абдоменална сонда и многу други.

Груевски потенцира дека нови апарати ќе има и во сите останати здравствените домови во државата како што се здравствените домови во Валандово, Вевчани, Виница, Демир Хисар, Кратово, Крушево, Липково, Македонски брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип и Свети Николе  меѓу која опрема се и апарати за ехографија на срце и крвни садови, апарати за ехографија со три вида сонди, апарат за доплер за крвни садови, апарат за гастроколоноскопија, дигитален мамограф, биохемиски и имунолошки анализатор, преносни ЕКГ апарати  и голем број на други апарати во делот на здравството.

-Оваа голема набавка ќе ја спроведеме преку повеќегодишни набавки во следните 4 години, но очекуваме дека бенефитот ќе се почувствува веднаш по обезбедувањето и ставањето во функција на апаратите, со што самите граѓани ќе почувствуваат унапредување и во квалитетот и во достапноста на здравствените услуги.  Дополнително со секој покомплексен апарат ќе следи и обука за користење обезбедена од производителот и доколку има потреба и подолга обука обезбедена од Министерството за здравство и од Владата на РМ. Јас набројав само стотина од предвидените 3700 апарати кои наскоро при промоцијата на новата програма ќе ги објавиме. Со набавката на ваквата опрема Македонија ќе отиде значаен чекор понапред во здравството. За секој апарат имаме прецизни рокови и средства со кои што ќе биде набавен. И сето ова ќе биде дел од нашата нова програма. 33 милиони евра само за околу 3700 нови медицински апарати и опрема. Плус многу други видови инвестиции во здравството нема да изостанат. Напоменувам дека денес свесно фокусот го ставаме само на еден сегмент во здравството, а тоа се опремата и апаратите, порача Груевски.

Тој истакна дека ова е придонес за подобра Македонија.

-Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме. Но и минат труд кој е гаранција дека ќе оствариме многу повеќе. Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, заклучи Груевски.

Груевски: Затекнавме руинирано здравство, се вложивме во подобрување и ќе продолжиме во таа насока

За секој град во државата ќе бидат набавени апарати во здравството, односно вкупно 3.700 во вредност од околу 33 милиони евра, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Потсети дека пред десетина години кога ја добиле одговорноста од граѓаните, постоеше децениска запоставеност во неколку клучни области и сфери. Една од најзапоставените беше токму здравството.

-Затекнавме децениски стари објекти, во најголем број случаи немање најосновна опрема и апарати, а и она што се имаше беше застарени апарати, добиено како донација, апарати вон употреба и долги листи на чекање, корупција вклучувајќи и корупција за најелементарни работи од типот да дојдеш на ред за некој апарат, недостиг на лекови, континуирано запоставување на кадровски план е на кратко сликата која беше затекната во овој ресор. А токму здравството е еден од клучните сегменти за граѓаните, бидејќи тука се работи за здравјето на луѓето, нешто што е од непроценлива важност за секое општество, и за секој човек. Постигнувањето на квалитет не е возможно без инвестиции во нова опрема, апаратура и висока технологија, нешто што како процес го отпочнавме пред неколку години  и се одвива паралелно со зајакнувањето на кадровскиот потенцијал и создавањето на современи просторни услови, потсети Груевски.

Додаде дека опремата која ја набавивиле ги следела најсовремените стандарди. Со тоа, како што подвлече, драстично се влијае на подигнување на квалитетот, но и прецизноста во дијагностицирањето на многу болести, но и возможноста воопшто да се прават некои интервенции, намалување на долгите листи за чекање,  кои во минатото значеа загубено здравје на луѓето, но и пари од буџетот, бидејќи колку подоцна се дијагностицираат некои болести толку поскапо е лекувањето, како и маките на болните од секој аспект.

-Набавката на нова опрема продолжи и во периодот на најголемата политичка криза, затоа што навистина има многу да се надомести. Во овие две и пол години набавивме 11 нови дигитални мамографи од најнова генерација и најсовремена технологија, со што значително ја унапредивме оваа дијагностика и ја доближивме до женската популација, со цел рано откривање и навремено третирање на карциномот на дојка. Во тек е и набавка на уште 3 дигитални мамографи, од кои бенефит ќе имаат жителите на едни од најголемите градови во државата, меѓу кои се Битола и Куманово. Обезбедивме 3 нови апарати за компјутерска томографија, кои веќе функционираат и опслужуваат голем број пациенти во Универзитетската клиника за неврологија, Градската општа болница „8 Септември“, а за првпат оваа дијагностичка процедура ја воведовме на ниво на Здравствен дом Скопје, во поликлиниката Јане Сандански, потсети Груевски.

На Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина беше набавен најсовремена CT гама камера, која овозможува многу попрецизна и побрза дијагностика кај пациентите.  Со набавката на нови ангиографи во изминатите неколку години, се прошири и зајакна мрежата на интервентна кардиологија низ државата. Со тоа се овозможипациентите со инфаркти да добијат навремен третман, најблиску до местото на живеење, бидејќи во таквите случаи и секундите значат живот.

-Со новиот ангиограф во ГОБ „8 Септември“ овозможивме покрај интервентна кардиологија, да се работи за првпат во установата и интервентна радиологија. Воспоставивме и успешно функционира мрежа на центри за интервентна кардиологија. Нашата тенденција е да ги доближиме до граѓаните интервенциите како коронарографија и стентирање, кои се клучни за спасување животи кај лица со срцеви инфаркти, и на тоа посветено работевме изминатиот период. Овозможивме овие интервенции покрај на Клиниката за кардиологија во Скопје и во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, да се вршат и во болниците во Штип, Битола, Тетово, Струмица и во Градската општа болница „8 Септември“. Бројот на третирани пациенти во центрите за интервентна кардиологија низ државата е показател за бројот на спасени човечки животи. Само во новите Центри во изминатите три години се третирани околу 4000 пациенти, вели Груевски.

Инаку, само во ГОБ „8 Септември“ изминатиот период од три години се инвестираа околу 5 милиони евра за набавка на најсовремена медицинска опрема. Исто така во трите клинички болници во Тетово, Битола и Штип, набавена е нова медицинска опрема. Со набавката на линеарни акцелератори, во Македонија нема листа на чекање за радиотерапија, односно сите пациенти на кои им е потребна ја добиваат за најмногу 3 дена.

-За споредба, во земјите во поширокиот регион (вклучувајќи ги и соседните земји) за зрачна терапија се чека и до 10 месеци. За користењето на сите овие апарати се обезбеди и добра обука за нивно правилно и најефективно користење од различен вид. Со ова направивме добра база односно основа, но ние одиме понатаму со овој проект. Нашата цел е овозможување на траен капитал во македонското здравство за набавка на најсовремена опрема со која што ќе се фати тек со голем број на други напредни здравствени системи и ќе се одговори на најголемиот дел на потребите на здравстевните установи кои што преставуваат всушност потреби на граѓаните, заклучи Груевски.

АКЦИЈА НА МВР ВО УЈП: Уапсени шестмина вработени за штета од речиси 8,5 милиони денари

За вкупно 8.442.509 денари е оштетен државниот буџет од страна на Е.Ј.Д. (53), Д.Ѓ. (63), О.Н. (57), С.П. (57), М.Д. (58), сите од Скопје, и Ј.К. (40) од Свети Николе кои, како вработени во Управата за јавни приходи на раководни функции, ја злоупотребиле службената положба, соопшти МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“, СВР Скопје поднесе кривична пријава против овие лица.

Според МВР, иако знаеле дека даночното побарување за даночен долг во вкупен износ од 90.752.102 денари од даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје по основ на Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Персонален данок од доход и по други основи е доспеано врз основа на издадени решенија за задолжување, пријавените, со искористување на својата службена положба и со неизвршување на службената должност, свесно го попречиле, пролонгирале и оневозможиле спроведувањето на постапката за присилна наплата на доспеаниот даночен долг од даночниот должник.

Сите пријавени, секој во својата област на постапување, не презеле активности за обезбедување на даночното побарување со воспоставување на залог, односно со запишување на заложно право во регистарот на заложни права со што на одговорното лице на „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ му овозможиле во временскиот период од околу три години да го искористи за пренесување на дел од своите побарувања во вкупен износ од 5.084.059 денари на фирмата „ЗБ ИПП ДООЕЛ“ Скопје. Оваа фирма, во која основач е нејзиниот сопруг , а управител е нејзината ќерка, со склучување на договори за цесии и компензации во кои правното лице “ЗД ИПП ДООЕЛ“ Скопје е во улога на цесионер, е искористена за пренесување на целокупните залихи, средства за работа и ситен инвентар во вкупна вредност од 3.358.450 денари со кои располагал даночниот должник “ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“.

На тој начин, поради неизвршување на службената должност од страна на пријавените, даночниот должник останал без имот и средства од кои во постапка за присилна наплата на даночниот долг би можело да биде наплатен доспеаниот даночен долг.

Објавен долгот: Македонија меѓу најмалку задолжените во Европа и регионот

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг кои изнесуваат 41,9 отсто и 50,6 проценти за третиот квартал од 2016 година.

Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето на еврообврзницата во јули 2016 година, која е наменета за покривање на буџетскиот дефицит во 2016 и 2017 година. Со еврообврзницата ќе се покријат повеќе обврски кои доспеваат во текот на оваа и наредната година, како отплата на 130 милиони евра која ќе се изврши во ноември по основ на доспеан кредит.

Согласно податоците на Еуростат, Македонија со новата состојба на државниот долг останува меѓу најмалку задолжените земји во Европа, а државниот долг е двојно помал од просечниот долг на земјите членки на ЕУ кој изнесува 85 проценти од БДП.

Македонија е и меѓу најмалку задолжените земји во регионот, согласно европската статистика. Само Бугарија има понизок државен долг од Македонија со 29,4 отсто. Повеќе задолжени се Црна Гора со 61,8 отсто, Албанија со 69,8 отсто, Србија 71,9 отсто, Словенија 82,3 отсто, Хрватска 84,5 отсто и Грција 179,2 отсто.

ЗДРАВСТВО ДОСТАПНО СЕКОМУ: 3.700 апарати за над 100 јавни здравствени установи низ државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска најави нов мега проект во областа на здравството – предвидена набавка на нова медицинска опрема во секој град во државата, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра.

-Нашата цел е овозможување на траен капитал во македонското здравство за набавка на најсовремена опрема со која што ќе се фати тек со голем број на други напредни здравствени системи и ќе се одговори на најголемиот дел на потребите на здравстевните установи кои што преставуваат всушност потреби на граѓаните, подвлече Груевски.

Во секој град во државата ќе биде набавена нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница: клиничка, општа или специјална, здравствен дом, како и за болниците и клиниките во Скопје. Станува збор, како што појасни Груевски за прецизен план за набавка на околу 3700 апарати наменети за повеќе од 100 јавни здравствени установи низ државата, кои ќе бидат доопремени со најсовремена медицинска опрема.

Кај дел од установите ќе се замени постојната постара и дотраена опрема со нова, а кај поголем дел од нив ќе осе безбеди опрема каква што претходно воопшто немало во установите со цел што е можно поголем број здравствени услуги да се доближат до местото на живеење на граѓаните.

– Прво, сакам да истакнам дека комплетно ќе ја обновиме стерилизацијата во сите јавни здравствени установи, со набавка на нови апарати за механичко миење на хируршки инструменти, како и нови апарати за стерилизација и автоклави. Исто така во повеќе јавни здравствени установи ќе набавиме и нови инфузиомати и перфузори (за апликација на терапија). Само овој сегмент од набавката чини околу 5.8 милиони евра и е многу важен од аспект на безбедноста и хигиената при пружање на здравствените услуги. Еден посебен дел од набавката е фокусиран на нови мамографи за дијагностика на најчестото малигно заболување кај жените – карцином на дојка. За таа цел, издвојуваме над 600.000 евра за набавка на 8 најсовремени дигитални мамографи за повеќе јавни здравствени установи во различни градови низ државата, рече Груевски.

Во рамките на овој циклус на набавка, додава Груевски, сериозно место зазема и обезбедувањето на нови дигитални рентген апарати кои ќе бидат лоцирани во поголем број на клинички и општи болници во разни градови и за која цел инвестираат колу 1 милион и 300 илјади евра. Дигиталните рентген апарати имаат значително помало зрачење од старите и овозможуваат издавање на прецизна слика во дигитална форма.

– За прв пат во Општата болница во Кавадарци, ќе набавиме нов апарат за компјутерска томографија. За првпат Кавадарци ќе добие ваква дијагностика, од која потреба имаат повеќе од 500 пациенти од овој регион годишно. Ова ќе биде значајна инвестиција за Кавадарци, имајќи предвид дека досега за оваа дијагностичка процедура пациентите се упатуваат во Велес или во Скопје, патуваат по неколку десетици или стотина километри во еден правец. Со новата опрема која ќе ја набавиме, пациентите оваа здравствена услуга ќе ја добиваат во своето место на живеење, што значи побрза дијагностика и побрз третман доколку се дијагностицира одредено заболување. Ваков апарат ќе добие за прв пат и болницата во Кочани. Практично до сега компјутерска томографија постоеше во болницата во Штип, а со новата набавка во Кочани ќе бидат покриени потребите за Источна Македонија, рече Груевски.

На Универзитетската клиника за радиологија ќе биде набавен нов апарат за компјутерска томографија. Оваа дијафностика дневно ја користат 40 – 50 пациенти само во рамки на оваа установа. Најави дека ќе се набави и уште еден апарат за магнетна резонанца во вредност 1 милион 600 илјади евра со што двојно ќе се зголеми капацитетот на клиниката за вршење на најсовремени испитувања и снимања на пациентите.

– Во Клиничка болница Битола, предвидена е набавка на трансректална сонда за биопсија на простата, со што ќе се овозможи воведување нова метода која досега воопшто не се работела во болницата и пациентите биле упатувани во Скопје. Ова е многу значајна метода, имајќи предвид дека се применува кај секој пациент кој е сомнителен на карцином (на месечно ниво, во просек по 70 – 80 пациенти). На овој начин, евентуални карциноми во областа на урологија многу побрзо ќе се дијагностицираат и третираат. Особено е важно што во целиот Југозападен регион не се работела досега оваа метода, што значи дека бенефит ќе имаат огромен број жители од регионот, додава Груевски.

На Универзитетската клиника за инфективни болести со новите апарати за првпат ќе се воведе нова технологија од молекуларна дијагностика.

– Станува збор за апаратура што е побрза, специфична, со висока сензитивност и со поголема точност во дијагностиката. На пример, апарат IRIDICA-апарат за комбинирана автоматизирана молекуларна метода за идентификација на широк спектар на бактерии, вируси и габички. Бенефит ќе имаат сите пациенти со сомнеж за инфективно заболување, особено тешки имунокомпромитирани болни, како што се пациенти на интензивна нега, по извршена трансплантација, со малигноми, пациенти со инфекции и со хематолошки заболувања и др. Ќе се набават и посебни серолошки тестови за инфективни заболувања по нова методологија, со која полесно ќе се докажува етиологијата на болеста и ќе се даде побрза и точна терапија. На пример, сега се чека по 2-3 дена за микробиолошки тестови, а со новиот апарат за 1 час може да се детектира причинител на болест. На Инфективна клиника сега има многу послаб модел стар 15 години, објасни Груевски.

За прв пат во историјата ќе се набави нова хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија која ќе биде во вредност од 2 милиони евра.

– Со ваквата опрема ќе се отвори можност за изведување на операциски и ендоваскуларни хибридни зафати. За потребите на Универзитетска клиника за кардиологија ќе се инвестира во набавка на најсовремен ангиограф за што ќе бидат инвестирани околу 650 илјади евра, со што ќе се применат најсовремените методи за кардиолошки интервенции при вградување на стентови кај пациентите.Исто така на универзитетската клиника за кардиологија ќе се набави С-arm рентген апарат за скопија, на Универзитетска клиника за очни болести – Ласер апарат за корекција на диоптрија, нова опрема за оперативниот блок-(оперативен стол, оперативни маси, оперативни кревети и рефлектори). На Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија ќе се набават два апарата за видеоколоноскопија , електро хируршка единица за полипектомија , а на Универзитетската клиника за дерматологија ќе се набави нова кабина за фототерапија на цело тело во стоечка положба, фототерапија за парцијална UV радијација и фототерапија за различни делови на телото, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На Универзитетска клиника за детски болести ќе се набави апарат за ехографија со спецификации за педијатриска кардиологија со две сонди неонаталошка од и педијатриска, Дигитален рентген апарат за снимање на мали бебиња).

– За потребите на Универзитетска клиника за урологија ќе се набави најсовремен столб за лапароскопска хирургија со hd- камера и снимач за прецизна и полесна хрирурхија и вршење на таков вид на хируршки зафати за што ќе бидат инвестирани 95 илјади евра. За клиничката болница во Тетово ќе се инвестира во набавка на ендоскопски столб вреден 200 илјади евра за сите видови ендоскопски снимања и испитувања. За потребите на заводот на нефрологија во Струга, за прв пат ќе се набави апарат за екстра корпорална литотрипсија вреден 200 илјади евра со кој што ќе се овозможи остранување на камен без операција со негово разбивање со ултразвук. Во Заводот за нефрологија се уште се третираат болнички пациенти кои се на дијализа, и оттука произлегува потребата да се инвестира во нова опрема и во оваа јавна здравствена установа, со цел да се подигне квалитетот на медицинска нега и третман на пациенти на дијализа кои се лекуваат болнички, додава Груевски.

На Клиниката за нефрологија во Скопје ќе се инвестираат апарати во вредност од 115 илјади евра при што ќе се набават комплет хируршки инструменти за васкуларна хирургија, призмафлекс систем за прочистување на крвта при откажување на бубрежните функции, апарат за анализа на телесните течности кај пациент со хронична бубрежна болест, два автоклави и други апарати.

– На Клиниката за неврохирургија ќе се набави нова опрема со проценета вредност од 674 илјади евра со што ќе се обезбедат мобилен моторизиран детектор, апарат за невронавигација, оперативен современ стол, перфузиоди и друга опрема. Во општата болница во Прилеп ќе набавиме нов мобилен рендген апарат, нов апарат за лапароскопија со кој на годишно ниво се вршат околу стотина интервенции, претежно на жолчка, како и стол за артроскопија со колен инструментариум, со кој исто така се вршат по 100ина интервенции годишно. Општа болница Велес првпат ќе добие дигитален најсовремен рендген апарат. Сега во оваа болница има само класичен рендген апарат на кој се вршат 18.000 снимки годишно. Со новиот РТГ апарат снимките ќе бидат со подобар квалитет, ќе зголеми бројот на пациенти што ќе може да ги опслужи апаратот и со тоа ќе намали времето на чекање, а воедно ќе се овозможи поголема точност во поставување на дијагнозите и помало зрачење. Се планира и набавка на нов ФАКО апарат, со кој годишно би се вршеле од 200 до 300 интервенции, а воедно со новата опрема се планира и развој на одделението за ортопедија, со посебен акцент на вградување колкови, за што потреба имаат од 80 до 100 пациенти од регионот на Велес, заклучува Груевски.

Појасни дека при подготвувањето на програмата и плановите за обезбедувањето на оваа медицинска опрема се водело особена сметка за регионалниот аспект односно таа да биде застапена и подеднакво достапна за граѓаните од сите региони и населени места во државата. Оваа опрема ќе биде инсталирана во сите градови на нашата земја и тоа согласно приоритетите за секоја болница и здравствена установа во секој град.

Тодоров: Кој лажел еднаш, ќе лаже повторно затоа народот жестоко ќе ги казни Заев и СДСМ

СДСМ две години ја држи Република Македонија во заложништво измислувајќи причини за да избега од изборното соочување, затоа што знае дека на изборите ќе биде поразен катастрофално и изборите ќе значат крај на кризата во која што аболицираниот Заев ја втурна државава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува видео и интегрален текст од прес-конференцијата на Никола Тодоров, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Една од главните причини со кои Заев го правдаше својот катастрофален рејтинг и бегањето од избори беа лагите и манипулациите со избирачкиот список. СДСМ две години ја лажеше буквално македонската јавност дека избирачкиот список имало половина милион фантоми.

Потоа раководството на СДСМ измисли дека на списокот имало 450.000 фантоми, па измислија дека имало 300.000 фантоми. Од ден во ден лицитираа со различни бројки, со нови бројки за на крај да дојдат до измислени 150.000 фантоми со кои наводно се обидуваа да го оправдаат поразот на изборите во 2014-та година. После почнаа да вршат дополнителни притисоци со нови лаги дека немало повеќе од 1,5 милиони гласачи. Сите се сеќаваме на тоа. Тоа се јавни искажани зборови од раководството на СДСМ, вклучително и највисокото раководство. Срамно и потценувачки кон сите граѓани на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше кристално јасен став. ВМРО-ДПМНЕ цело време јасно им порачуваше: Не е до измислените фантоми. Престанете да го понижувате и да го лажете сопствениот народот. До Вас е. Народот не ја сака деструкцијата што ја промовирате. Народот сака просперитет и проекти. Затоа и губите на избори. И затоа повторно ќе загубат.

Ние бевме сигурни дека порано или подоцна лагите или манипулациите на СДСМ ќе излезат на виделина. Затоа им побаравме да предложат методологија за прочистување на избирачкиот список како што тие мислат дека треба или како што тие сакаат.

Избирачкиот список се прочисти по нивната методологијата. По методологијата што ја одбра СДСМ. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија на избирачкиот список има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014-та година. Како меур од сапуница ги снема лагите и тврдењата на СДСМ.

Значи нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми. Има само уште една огромна лага на СДСМ. Има и луѓе кои се избришани од избирачкиот список заради нивната методологија. И тоа станува збор за луѓе коишто се јавни личности и добро познати на македонската јавност. И коишто досега имале и имаат право на глас и веројтно гласале во минатото.

Она што е многу значајно да го знае секој, еден македонски граѓанин е следното: Кој еднаш лажел, ќе лаже повторно. СДСМ лажеше за по еден вработен во секое семејство, сега лаже за половина милион фантоми. Народот не сака лаги. Народот е против кризата којашто ја наметна СДСМ. На 11-ти декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата, против Заев и против СДСМ. На 11-ти декември народот жестоко ќе ги казни и Заев и СДСМ.