Пејачите на Заев го славеле „Денот на Републиката“: Митингот на СДСМ започнал со химната на СФРЈ?

sdsm-pejaci-dan-republike

Пејачите, Кристина Арнаудова, Бени Шакири и Златко Ориѓански кои ја забавуваат малкубројната публика на митинзите на СДС (без М, бидејќи со двојазичноста и федерализацијата се откажаа од Македонија) при вчерашното патување кон Македонска каменица и Делчево објавија фотографија на Фејсбук во која на српски јазик напишаа „Денеска е денот, Денот на Републиката“, односно „Danas je dan DAAAAN REPUBLIKEEEEE“

sdsm-pejaci-dan-republike-1

Се поставува прашањето дали овие југоносталгичари и оние кои ги плаќаат да им пејат на слабопосетените „митинзи“ пред почетокот на беседите и ветувањата на Заев за двојазичност и кантонизација на Македонија  ја пееле химната на распаднатата СФРЈ!?

Инаку, денот на тогашната Република (СФРЈ) шест децении беше еден од најголемите празници во поранешната федерација. Празникот се одбележувал со неработни денови, училишни приредби и со колење свињи, но денеска никој не му посветува внимание, освен некој вакви изгубени талкачи низ минатото.

За потсетување, СДС (без М) како наследник на СКМ (Сојузот на Комунисти на Македонија) кои во почетоците на плурализмот во Македонија се викаа СКМ-ПДП никако не може да се ослободат од својата југоносталгичност која единствено живее само кај нив и кај никог друг од поранешните држави.

Исто така не треба да се заборави дека, откако на 8 септември во 1991 година, македонските граѓани на референдумот за независност речиси едногласно (од запишани 1.495.626 гласачи, на референдумот излегле 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас, од нив рекордни 95,09 отсто гласале ЗА) рекоа ДА за самостојна, независна и суверена Македонија, СДСМ и нивните структури сеуште калкулираа како на тоа ќе гледа Белград и Слободан Милошевиќ. Бранко Црвенковски тогашен лидер на СКМ-ПДП (СДСМ) во Собранието на Р.Македонија, неможејќи да се помири со независноста, бараше покрај македонската да се свири и химната и на СФРЈ.

Груевски до СДСМ: Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, по која ќе ви биде срам да помислите на широка коалиција

gruevski-sobir-scbt-5-m

Уште 9-10 дена до крајот на кампањата, а потоа следи историска победа. Победа за оние кои ветуваат и исполнуваат, победа за оние кои им помагаат на земјделците, за оние кои прават реформи во сите сфери, победа за оние кои сакаат да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО…, победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, победа за Република Македонија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Виница.

-11 декември ќе биде денот кога СДСМ ќе го прокнижи 10-от пораз. Десетиот по ред пораз од мнозинството граѓани на Македонија.

Последно, додаде Груевски, што слушнав е дека СДСМ веќе престанале да ги убедуваат членовите дека ќе победат, сега имаат најнова теорија и им велат на членовите: не се секирајте нема да победиме, ама нема ни многу да изгубиме и ќе влеземе во широка коалиција во Владата.

-После се што направија, СДСМ сега се во депресивна состојба и затоа им продаваат таква приказна на своите членови. Паралелно се обидуваат да ги убедат и странците за широка коалиција- дека тоа е добро. Замислете со што се занимаваат СДСМ, наместо да се доближат до народот.

Груевски им порача на СДСМ: Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, после која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција. Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број на гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите.

Груевски изрази надеж дека народот ќе обезбеди 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Разликата ќе биде огромна, но многу е важно да биде со 63 места во Парламентот. На овој народ му треба крај на кризата и стабилна Влада.

Димовски од Кочани: Во времето на СДСМ просечната плата беше 11.000, денеска е 23.000 денари

dimovski-miting-kocani

Оваа Коалиција со која ВМРО-ДПМНЕ настапува е најголемата политичка Коалиција било кога формирана во Македонија. Во оваа коалиција членуваат сите политички партии кои не дозволуваат виткање на кичмата, кои не дозволуваат промена на уставот, двојазичност, редефинирање на Македонија, не дозволуваат ниту кантонизација…

Ова го истакна Илија Димовски, носител кандидатската листа во ИЕ 3 на вечерашниот митинг во Кочани.

-Дали вие би му верувале на некој кој континуирано ве лаже? Одговорот е не. Зоран Заев ветува плата од 30.000 денари, а во време на СДСМ просекот беше 11 илјади денари, денеска е 23.000 денари. Ветува 30.000 денари, а вработените во фирмите на Заев земаат од 10.000 до 11.000 денари. Ветува дека ќе отворал нови работни места и ќе носел фабрики. За 11 ипол години, колку што тој е градоначалник во Струмица не отворена ниту една странска фабрика. Кога СДСМ се расфрла со ветувања, ќе ви замолам да се потсетите на минатото и на нивните ветувања. Во нивно време немаше утврдено минимална плата со Закон, а денеска се расфрлаат со ветувања, но забораваат дека граѓаните се мудри и паметат како работел СДСМ, ги паметат сите затворени фабрики, кога страдаа градовите зашто луѓето остануваа без работа.

Во време на СДСМ, рече Димовски пред кочанчани, 6.778 ваши сограѓани работеа, денеска 11.346 ваши сограѓани секое утро одат на работа. Тоа се 4.568 нови работни места во Кочани. Разликата е очигледна.

-Во источна Македонија се гради и се создава единствено кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт. За прв пат после децении се гради автопат во овој дел на Македонија. За прв пат се оформи и државен Универзитет во источна Македонија…

Упати и апел до граѓаните: На овие избори не гласаме само за тоа која партија ќе победи, гласаме за тоа каква Mакедонија ќе им оставиме на идните поколенија.

-Дали политичката судбина на Заев ви е побитна или иднината на вашите деца?, запраша Димовски и додаде дека, македонскиот народ не смее да се дели.

-Размислете дали ќе дадете глас за помалите политички партии кои се пуштени за забуна меѓу гласачите. Секоја глас за помалите политички партии е глас за Заев и неговиот план за двојазичност, федерализација, кантонизација… Имаме само една алтернатива- унитарна, стабилна Македонија. 11 декември референдум за унитарна и суверена Република Македонија.

Најавеното се исполнува – „Амфенол“ почна со градба на трета фабрика во Кочани

gruevski-fabrika-kocani

Американската компанија за производство на автомобилски делови „Амфенол“ која веќе има две фабрики и три производствени погони, почна со градба на трета фабрика во Кочани.

Проширувањето на инвестицијата на „Амфенол“ ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при обраќањето на собирот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на почетокот од месец ноември. Груевски најави дека „Амфенол“ почнува со градба на нов погон за автомобилски делови во Кочани.

-Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања- рече Груевски.

На својот трети роденден, „Амфенол“ денеска започна со градба на новата трета фабрика и притоа им врачи благодарници на дел од своите вработени.

grujo2

-Би сакал да ви се заблагодарам за целото залагање. Се надевам дека во иднина ќе можеме да славиме и поголеми јубилеји – изјави претставник на раководниот тим.

Амфенол е светски бренд кој произведува автомобилски и комуникациски делови, железничка опрема и производи за авиоиндустријата. Инвестицијата во Македонија се фокусира само во делот на автоиндустријата.

Груевски: На овој народ не му треба широка коалиција, туку крај на кризата и стабилна Влада

gruevski-miting-tetovo

Уште 9-10 дена до крајот на кампањата, а потоа следи историска победа. Победа за оние кои ветуваат и исполнуваат, победа за оние кои им помагаат на земјделците, за оние кои прават реформи во сите сфери, победа за оние кои сакаат да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО…, победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, победа за Република Македонија.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Виница.

-11 декември ќе биде денот кога СДСМ ќе го прокнижи 10-от пораз. Десетиот по ред пораз од мнозинството граѓани на Македонија.

Последно, додаде Груевски, што слушнав е дека СДСМ веќе престанале да ги убедуваат членовите дека ќе победат, сега имаат најнова теорија и им велат на членовите: не се секирајте нема да победиме, ама нема ни многу да изгубиме и ќе влеземе во широка коалиција во Владата.

-После се што направија, СДСМ сега се во депресивна состојба и затоа им продаваат таква приказна на своите членови. Паралелно се обидуваат да ги убедат и странците за широка коалиција- дека тоа е добро. Замислете со што се знаимаваат СДСМ, наместо да се доближат до народот.

Груевски им порача на СДСМ: Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, после која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција. Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број на гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите.

Груевски изрази надеж дека народот ќе обезбеди 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

-Разликата ќе биде огромна, но многу е важно да биде со 63 места во Парламентот. На овој народ му треба крај на кризата и стабилна Влада.

Фишер: Груевски ќе биде претседател на новата Влада, а ВМРО-ДПМНЕ мнозинство во Парламентот – тоа ќе го покажат изборите

fiser-miting-vmro

-Дојдов денеска од Германија за да ги поддржам моите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ како и водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој што сум сигурен дека ќе биде следниот претседател на новата Влада. Во последните неколку години на европско ниво работевме заедно многу добро и не само во европскиот совет, туку и успеавме да решиме многу политички проблеми, изјави Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија во Советот на Европа.

-Заедно ни успеа да ги зачуваме христијанските и конзервативните значенија на народот во Европа и секако успеавме заедно да се заштитиме од фалшливиот идеолошки развој на левите и социјалистите. ВМРО-ДПМНЕ е цврст дел од христијанското демократската фамилија на Европа и затоа ви благодарам. Во време кога нашиот контитент се соочува со сериозни предизвици како што е миграцискиот бран, теротизмот и други безбедносни прашања, македонската Влада покажа особена посветеност и секако таа е посветен партнер кон прашањата кон безбедносните решенија и другите проблеми. Македонија е земја која што активно не поддржуваа кон решавање на проблемот со мигрантската криза, изјави Фишер.

Тој исто така додаде и дека ја поддржува Македонија кон вклучување на Македонија кон ЕУ и Нато и верува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што може да ја води државата во тој правец.

-Во изминатите денови интензивно ја разгледав изборната програма на ВМРО и со тоа од една страна ја сфатив суштината и основата во која што вистински лежат пријателските работи и заедничкиот живот со Европа. Од друга страна во програмата се предвидува успешен развој на економијата и ќе пронајде добросостојба. За да се исполнат сите ветувања на партијата ВМРО-ДПМНЕ тие треба да имаат една стабилност во Владата и мнозинство во Парламентот, а тоа ќе се покаже на изборите на 11 декември, рече Фишер.

Димовски: Заев ветува враќање на данок, а ни денар на струмичани им нема вратено

ilija-dimovski-miting

Носителот на лисата на пратеници во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“, Илија Димовски од митингот во Виница пред присутните истакна дека сето тоа што Заев сега го ветува, се празни зборови и лажни ветувања кои народот ги препознава.

– Го слушаме Зоран Заев како повтроно деновиве дава лажни ветувања. Народот е навикнат на тоа од него, но мора да биде јасно. Ветуваат поврат на данок, еве Заев 11 години е градоначалник на Струмица и 1 денар на граѓаните на Струмица им нема вратено. Како да му веруваме? Ветува странски инвестиции и отворање на фабрики, а ниту една во Струмица нема отворено. Ветува плата од 30 000 денари, а вработените во неговите фирми земаат далеку помали плати. Како да му веруваме? Со разни ветувања се обидува да ги излаже граѓаните. За разлика од нив, во 2006 кога си одеше СДСМ, во Виница работеле 4241 човек, а денеска тој број е и тоа како зголемен . За разлика од времето на СДСМ, овие годиини навистина се создаваат услови за нови странски и домашни компании да инвестираат, а со тоа и да се отвораат нови работни места, истакна Димовски.

Груевски: Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци кои што за прв пат започнуваат бизнис

gruevski-sredba-injevo-radovis-3

Ќе продолжиме исто така да ги поддржуваме и младите земјоделци кои што за прв пат започнуваат бизнис во земјоделие, со 10.000 евра гранд како почетна поддршка да му се помогне на секој млад земјоделец до 40 години кој прв пат почнува да работи во земјоделие, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

-Дополнително за млад земјоделец носител на семејно земјоделско стопанство ќе бидат обезбедени за 10 проценти повисоки директни плаќања во однос на останатите категории корисници, а развојните проекти кои се поднесуваат за програмите за рурален развој и ипарт од страна на земјоделци помлади од 40 години ќе бидат привилегирани во процесот на рангирање при изборот, потенцираше Груевски.

Тој исто така истакна дека земјоделците ќе бидат поддржани во спроведувањето на агро хемиски или педолошки анализи со покривање на 70 проценти од трошоците за анализа на почвата или до максимални 9.000 денари.

-Ако некој сака да му се провери земјата, хемискиот состав, квалитетот, во смисла на тоа каков род треба да се насади и за каков производ таа земја е најповолна, трошоците ќе бидат покриени до 70 проценти, рече Груевски.

Јовановски за „Република“: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината

krste-jovanovski-intervju

Граѓаните што доаѓаат на нашите трибини се многу загрижени за својата иднина и за иднината на своите деца. Често можат да се видат и солзи во нивните очи. Емоциите се присутни и човек не може да биде рамнодушен на сето тоа. Се надевам дека изборите закажани на 11 декември 2016 година ќе ѝ стават крај на оваа криза, ќе одговорат на многу поставени прашања за да може Македонија да тргне по патот на просперитетот и благосостојбата, вели актерот и активист на ГДОМ, Крсте Јовановски

Jа минавте Македонија неколку пати заедно со ГДОМ, при што со тридецениското актерско искуство го чувствувате пулсот на граѓаните. Какво е расположението на граѓаните? Кои емоции ги препознавате кај нив?

ЈОВАНОВСКИ: Време е за крај на кризата, која, навистина, предолго трае. Штетите од оваа криза ги чувствуваме сите, без разлика на нашата идеолошка ориентација. Јас лично мислам дека оваа криза е вешто смислено сценарио за да се дојде на власт по секоја цена. Главните актери на ова сценарио се изродите од СДСМ, невладините организации финансирани од Сорос и од „чадорот“ од надвор. Тие заедно требаше да направат судир меѓу Македонците за да може „оправдано“ да интервенира надворешниот фактор. Точно поради ова граѓаните што доаѓаат на овие трибини се многу загрижени за својата иднина и за иднината на своите деца. Често можат да се видат и солзи во нивните очи. Емоциите се присутни и човек не може да биде рамнодушен на сето тоа. Во моите настапи секогаш се трудам да ги најдам вистинските зборови, кои влеваат сигурност, надеж за подобро утре на нашата држава. Би сакал дел од медиумите во целост да ги проследат моите говори, кои се соопштени со искрена намера, пред сѐ, раководени од патриотски и од човечки причини. Моето искуство како актер многу ми помага во моите настапи. На ниеден настап досега не сум користел микрофон бидејќи не сакам да ме спречува да бидам дел од граѓаните и да сочувствувам со нив. Се надевам, дека изборите закажани на 11 декември 2016 година ќе ѝ стават крај на оваа криза, ќе одговорат на многу поставени прашања за да може Македонија да тргне по патот на просперитетот и на благосостојбата.

Главниот адут на опозицијата за овие избори, се чини, се ветувањата за двојазичност и обидот СДСМ да се претвори во „најголема партија на Албанците во Македонија“. Како Вие лично го разбирате тоа, роден велешанец, „натурализиран“ струмичанец, а сега скопјанец, како што Ве носеше кариерата?

ЈОВАНОВСКИ: Главниот адут, според мене, беа незаконски здобиените прислушувани разговори, кои, во основа, имаа цел да направат пуч и да ја соборат Владата на РМ. Доказ за ова е јавно соопштената изјава на Зоран Заев дека оваа Влада ќе падне за три дена. Бидејќи не се случи тоа, тие почнаа да ги објавуваат незаконски здобиените телефонски разговори, кои требаше морално да ги дискредитираат и уништат водечките луѓе на ВМРО – ДПМНЕ. Кога и тоа не успеа, за што сведочат рејтинзите, тогаш се вмешаа странците и го создадоа Пржино, каде што, меѓу другото, се формираше и СЈО, кое требаше да процесуира обвиненија градени врз основа на незаконски здобиените прислушувани телефонски разговори. Ова до некаде требаше да ја смири опозицијата, но обвиненијата од СЈО беа без факти и аргументи и судот ги одби. Тогаш дојдоа на ред „шарените револуционери“, кои требаше да ја обезличат нашата татковина со бојадисување и до уништување на сѐ што е македонско, а посебно спомениците и институциите. Во недостиг од идеи, нивниот лидер вети двојазичност на целата територија на РМ. Ова за мене е предавство на сопствената татковина и на граѓаните од кои СДСМ без никаков срам бара гласови за да дојде на власт. „Човекот’’ што се фалеше дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе брка од работа сѐ од чистачка, па нагоре, „човекот’’ што лажеше дека има 500.000 фантомски гласачи, „човекот’’ што е аболиран криминалец, фатен како бара поткуп, „човекот’’ што се дистанцираше од „шарените револуционери’’, а заедно со нив фрлаше боја врз светите македонски споменици и институциите на нашата држава, „човекот’’ што се сликаше со терористите во Куманово, „човекот’’ што го има за пријател прислушувачот и монтажер на незаконски здобиените снимани разговори, „човекот’’ што го има за другар Чаушот, нема право да бара глас од македонските граѓани. Ова, со еден збор, е перверзија.

Културата е цел на постојани напади од изградбата на театарот во Скопје, заедно со целиот проект „Скопје 2014“, за сега да дојдеме и до директен напад од СЈО кон Министерството за култура за градбата на Музејот на македонската борба. Во демонстрациите настрада и Театар Комедија, вашиот втор дом. Што препознавате во овој континуиран напад врз институциите на културата?

ЈОВАНОВСКИ: Главниот столб на постоењето на еден народ е во неговите традиции и културни вредности. Проектот „Скопје 2014“ ги содржи сите овие елементи затоа нападите се и најжестоки таму. Се прашувам какво „човечко суштество“ е тоа што го урива, уништува тоа по што треба да нѐ препознаваат во светот. Тоа е исто како да прават фацијална хирургија на своето лице со изглед на изрод – монструм. Театарот Комедија е еден од успешните проекти на Министерството за култура и како таков и тој мора да се уништи и да се фрли в канта за отпадоци. Со еден збор, треба да се сатанизира сѐ што е добро и успешно во оваа држава.

Театарските штици ги „преселивте“ меѓу граѓаните, на народните собири, заедно со другите од ГДОМ, каде што порачувате да не се сатанизира направеното и дека имаме ум сами да ја решиме кризата. Имаме ли, навистина, ум сами да ја решиме кризата, ако во овие две години бевме сведоци на повеќе насилни протести, а ништо не ги премисли двата, условно, „табори“ на политички определени?

ЈОВАНОВСКИ: ГДОМ, во основа, е здружение за одбрана на Македонија. Врз основа на кажаното, мислам дека секој вистински Македонец со интелектуален багаж треба да ја брани својата татковина со позитивна енергија и со љубов.

Кога кај нас не би имало изроди и предавници да нѐ кодошат кај странците, сигурен сум дека можевме сами да си ја решиме кризата. Мотивите на изродите се неосновани и нечовечки, затоа дојдовме до оваа ситуација. Протестите на изродите и на предавниците беа договарани и добро платени во лабораториите на Сорос и на „чадорот“. Многубројните снимки на телевизиите сведочат за тоа, како и со што се служеа и какви закани упатуваа на припадниците на МВР, кои имаа задача да ги чуваат светите македонски обележја и институциите без кои не може да се замисли ни една држава. Тие никогаш не применија сила за да ги спречат вандалите во нивниот налет кон нивната цел. Нека одговорат што ќе се случи со нив ако истото тоа го правеа во демократските земји од старата дама – Европа. Нашите настапи се карактеризираат со позитивна енергија и со љубов. Ова се две спротивставени идеологии и вистини што немаат никаква споредба. Вистината е на страна на народот и граѓаните и вистината и правдата секогаш победуваат.

Што по изборите? Вие и Вашите колеги – театарски работници, некако политички се „поделивте“. Се чувствува ли тоа во работата, во театарот? Можно ли е ладење на суетите по изборите?

ЈОВАНОВСКИ: По изборите многу работи ќе си дојдат на свое место доколку „опозицијата“ ги признае и му честита на победникот. Тогаш, сите обвинувања ќе паднат во вода како што видовме досега дека сѐ што беше изречено како мотив за непризнавање на претходните избори е неточно, неаргументирано, невистинито и лажно. Во контекст на ова, а со цел да се дознае вистината, која лидерот на опозицијата многу често ја употребува, сакам да го потсетам на вистината:

  • Кој беше против формирањето македонска држава;
  • Кој беше тој што го смени името на нашата татковина;
  • Кој беше тој што го смени знамето на нашата татковина;
  • Кој беше тој што ги ограби, уништи и се збогати од нашите фабрики;
  • Кој беше тој што остави 200.000 илјади работници на улица;
  • Кој беше тој што продаде повеќе од 150.000 државјанства на Албанци од надвор;
  • Кој беше тој што направи срамна територијална поделба;

Кој беше тој што му ги даде прислушуваните разговори за да може да го сопира развојот на нашата татковина и да ја уценува речиси две години со голема поддршка на чадорот, кој во своето портфолио не знам дали знае дека има подвлечено – по употреба да се фрли или уништи…

Кога ќе одговори на сето наведено, точно и прецизно, тогаш можеме да зборуваме за вистината за Македонија. Ако Зоран Заев одговори на овие прашања, тогаш белки ќе сфати колку години ќе ѝ требаат на нашата татковина за да тргне по патот на вистината.

… Со почит и бог да е со нас.

Извор: Неделник „Република“ бр. 218

ЦРПНАТИТЕ: „Зошто УЧК го пофали Милчин, а не мене?“

crpnatite-milcin-uck

Минатонеделното одликување на Милчин и Сорос, од страна на косовскиот Командант Змија од УЧК, со орден за ширење на големоалбанската идеја, како и идејата за двојазичност, кантонизација на Македонија и промена на Уставот, беше инспирација за креативните творци на стрипот „Црпнатите“

crpnatite-milcin-uck