ФОТО: Заев му ја “дувна“ за Грција, таму ќе се теши од изборниот пораз

zaev-avt640

По изборниот пораз на 11-ти декември, претседателот на СДСМ Зоран Заев отиде да се теши во Грција, каде ќе ги мине Новогодишните празници.

Имено, според оваа фотографија која стигна до нашата редакција, автомобилот на Заев, луксузниот Ауди А8, пред околу половина час е забележан на граничниот премин Богородица кон Грција.

Новата година Заев најверојатно ќе ја дочека во семејната хациенда на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни.

Ексклузивната куќа на Заеви се наоѓа на самата плажа на Халкидики. Како што пишуваа неодамна медиумите,  куќа налик на трокатната на Заеви не може да се најде по цена пониска од 300.000 евра.

1991 година во 2016 година: Поразениот се обидува да ја погази волјата на мнозинството

karta-makedonija-izbori

Поидентично не може да биде. Ни ја пресликаа 1991 година и воопшто не ги засега што државата ја водат кон амбис. Факт, историјата не се повторува, неа ја повторуваат тие што не ја научиле. По прегласувањето во Теарце и потврдата на пратеничките мандати влегуваме во фаза на составување на идната влада, во таа фаза нè чека сликата од 1991/92 година, сега треба да се преслушаме што сме научиле

Не спаѓам во тие паметните аналитичари што од прва кажуваат каква иднина нè очекува, или од тие што имаат некаква информација, се разбира, „доверлива“, едноставно, ќе ги изнесам фактите и како можеме да се извлечеме здрави и живи од тоа што ни е сервирано.

На првите парламентарни избори во Република Македонија, кои се одржаа на 11 ноември 1990 година, победата ја однесе ВМРО-ДПМНЕ, која освои мнозинство во парламентот со 38 пратеници, наспроти 31 пратеник освоен од страна на СДСМ, тогаш сè уште СКМ ПДП и 17 пратеници на албанската ПДП. Тоа беше најшарениот парламентарен состав и за да се состави влада беше потребно големо искуство во политиката, тука комунистите беа во предност тој период. Проблемот во составувањето на оваа влада произлезе уште за време на предизборната кампања, во предизборието СКМ ПДП се обиде да го пресече полетот на ВМРО-ДПМНЕ што, пак, ќе значеше крај на владеењето на дотогашните кадри. Ѝ беше подметнат радикален антиалбанизам што, пак, историски се негира со вредностите и со принципите на ВМРО, која никогаш не била антиалбанска. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се оградуваше од антиалбанизмот, кој се влеваше во партијата, но неискуството го направи своето, во голем дел од партијата се рашири ваквото расположение, кое, пак, беше поттикнувано од политиката на Милошевиќ во Косово. Секој што ја познава барем малку политиката знае дека ВМРО и Милошевиќ се два различни света, но тој што подобро навлегол во суштината на проблемот од тој период, знае дека токму кадрите на Милошевиќ ја определија ВМРО-ДПМНЕ да биде антиалбанската партија во Р. Македонија.

Влевањето на силниот антиалбанизам доведе до неможност да се направи коалиција со ПДП и ВМРО-ДПМНЕ да ја состави владата. Поразената, но поискусна, СКМ ПДП искористувајќи го моментот притискаше да се состави експертска влада. На 20 март 1991 година беше избрана експертската влада. На ВМРО-ДПМНЕ ѝ беше одземена можноста како победник на изборите да состави влада. Поразениот ги диктираше условите. Кога имате експертска влада, или широка коалиција, опасноста да ве отстранат од власт е најголема, едноставно, ќе ве надгласаат. Тоа и се случи, на 17 август 1992 година, во Собранието беше изгласана недоверба на експертската влада. Новата влада ја состави Бранко Црвенковски, на тој начин во Р. Македонија на власт стапи поразениот од парламентарните избори.

Сето ова се случуваше додека во другите републики од Југославија беснееја најжестоките војни на европска територија по Втората светска војна. Во таква констелација, со војна во соседството, Република Грција многу лесно, под закана за воен конфликт, влезе во дипломатска офанзива против Република Македонија. Владата составена од поразениот СДСМ ги прифаќаше сите услови поставени од страна на Р. Грција. Во исто време, Џорџ Сорос почна да навлегува во Македонија, многу едноставно, ни порача, сонце или лав не доаѓа предвид, даде нешто ситно пари и се инсталираше Фондацијата Отворено општество.

Грешките на ВМРО-ДПМНЕ се редеа еднаподруга, во 1994 година партијата реши да ги бојкотира парламентарните избори и на тој начин згасна и тој мал дел плурализам и демократија во македонското општество. Во 1994 година СДСМ сам состави и влада и опозиција, си исценира опозиција. Веднаш следуваше промена на државното знаме, потпишување на привремената спогодба со Грција во која се откажавме од сè што е македонско, и кругот се затвори со криминалната транзиција. Македонецот остана и обезличен и гладен. Во ВМРО-ДПМНЕ во 1996/97 година почнаа да влегуваат нови интелектуални сили, кои знаеја што значи политика и играње во политички води. На парламентарните избори во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ повторно ја однесе победата, но овој пат, за разлика од 1990 година, изигра мудро и направи влада коалицирајќи со албанска партија. За македонското општество 1998 година е клучна, тогаш се прекрши полувековното владеење на една партија. Веднаш по составувањето на новата влада, ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи сите политички затвореници Албанци, кои претходно СДСМ ги затвори поради политичко дејствување. Во 2000 година ВМРО-ДПМНЕ, по промената на Павле Трајанов од позицијата министер во МВР, ги дерегистрираше сите десничари што биле следени од тајната полиција. Албанците почнаа да ги остваруваат своите права и во законски запишани норми, економијата растеше, државата, конечно, зачекори напред и тогаш почна војната во 2001 година.

Сето ова го нафрлив за да ја имаме големата слика бидејќи денеска Република Македонија е во иста ситуација како по првите парламентарни избори од 1990 година. ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу пратенички места и најмногу гласови на парламентарните избори, но победата на ВМРО-ДПМНЕ е оспорувана од поразениот СДСМ, кој се заканува со составување влада. За да биде идентична ситуацијата, денеска на граница немаме војна како во почетокот на 90-тите години, но затоа имаме емигранти од Блискиот Исток, што значи границата и денес, исто како и тогаш, ни е под директна закана. Исто како на почетокот на 90-тите години, спорот со Грција сѐ уште го имаме на маса, а СДСМ се нуди за негово брзо решавање. Исто како и тогаш, така и денес, повторно Сорос дејствува во македонското општество, тогашното укорување за сонцето и за лавот денеска го надградува со уривање на суверенитетот на државата. Исто како и тогаш, така и денес, во редовите на СДСМ се вклучени кадри од некогашната Служба за државна безбедност. Исто како и тогаш, денес на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се лепи антиалбанска етикета, додека партијата што ликвидираше најмногу Албанци денеска нуди пакет за проширување на Рамковниот договор. Старите комунисти ја усовршија тактиката, според која: ако си за зачувување на целовитоста на државата и на нејзиниот суверенитет, тогаш ти си шовинист и антиалбански настроен.

Денеска СДСМ на чело со Зоран Заев, исто како неговиот претходник Бранко Црвенковски во 1991 година, се залага за составување широка влада. Погоре споменав што значи широка влада и какви опасности носи, па да не повторувам. Но, колку и да се обидува СДСМ да ја врати Македонија во мрачните времиња од блиското минато, денеска ВМРО-ДПМНЕ е со многу поголемо искуство и знаење.

ВМРО-ДПМНЕ мора да има на ум дека широка влада може да доведе до надгласување и исфрлање од власт, а што би донело тоа можеме да видиме од минатото. За вие, како поразен, да можете да опстанете на власт, ќе мора да се согласите со сè што ќе ви биде ставено на маса. Во интерес на државата е ВМРО-ДПМНЕ да состави влада со ДУИ, да следува период на стабилизација бидејќи нè чекаат локални избори и емигранти на граница. Локалните избори и притисокот на границата можат да доведат до големи турбуленции од кои ќе трпи државата, затоа е потребна влада. Во Р. Македонија се воспостави некое непишано правило дека победничката партија од македонскиот блок и победничката партија од албанскиот блок треба да составуваат влада. Доколку ДУИ го прекрши ова правило, целиот албански електорат ќе треба да биде свесен дека на идните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 61 пратеник, ќе може сама да состави влада. Во моменти кога е загрозена државата не смее да има компромиси.

Пишува: Никола Србов за Република

НЕ ЗА ВЛАДА ПО СЕКОЈА ЦЕНА

lideri-partii

Изјавата на лидерот на ДУИ, според кого ако не бидат прифатени барањата на ДУИ, која дел од набљудувачите ја доживуваат како нова јавна закана за дестабилизација на Македонија, отвора нови перспективи за иднината на македонската политичка криза

Тоа што Ахмети уште еднаш нè потсети дека никогаш не донел одлука спротивна на интересите на албанскиот народ воопшто не му помага ниту на неговиот народ ниту на другите граѓани на Македонија, но барем јасно кажа дека нема проблем да донесе одлука спротивна на интересите на Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Хрватите и на сите други што живеат во земјава. Во изјава за телевизијата „Алсат М“ Али Ахмети на сите Албанци во Македонија им порача да не стравуваат, со што на другите индиректно им најави дека тие, можеби, треба да стравуваат. Понатаму, тој вели дека неговата конечна одлука ќе ја одразува волјата на мнозинството на албанскиот народ што, пак, може да значи дека не е многу загрижен дали со новата владина коалиција ќе биде одразена волјата на мнозинството Македонци. Нај­спорна од сите изјави што ги даде Ахмети во своето несреќно интервју е, сепак, таа за донесувањето одлуки на штета или од интерес на Албанците. Точно е дека Ахмети е лидер на политичка партија што доминантно ги претставува македонските Албанци, но точно е и тоа дека тој со ваков пристап во крајно напнати денови го уништи својот обид да се претстави како модерен европски политичар. И на Ахмети и на тие што го донесоа од планина во македонското собрание им е јасно дека на Балканот и во Македонија една исклучителност на етничка основа создава друга, една реакција создава низа контрареакции и, на крајот на краиштата, дека сите политичари работат или мислат дека работат во интерес на својот народ. Ахмети е еден од ретките што не зборува за сите граѓани, туку само за Албанците.

Ахмети не се плаши од Македонија без влада туку навива за тоа

Директната закана дека Македонија може да остане без влада доколку кај македонските партии не надвладее разумот, односно доколку не ги прифатат неговитеe услови за кои знае дека ниту албанските партии не би ги прифатиле, е само израз на немоќ на некогаш семоќниот лидер на ДУИ. Политички наивните во пораките на Ахмети можат да препознаат искреност и принципиелност, но тие што ги разбираат работите целосно сфаќаат дека тој не само што не исклучува, туку и навива за Македонија без влада. Причините се едноставни, ако Македонија нема влада, односно остане со техничка влада, ДУИ ем ќе може да тврди дека не е на власт ем ќе може да се правда дека поради тоа што не е на власт не може да ги спроведе своите ветувања кон електоратот. Ако нема влада Ахмети како дел од каква било техничка, транзициска или експертска влада ќе има можности да користи државни ресурси за да ги врати загубената почит и влијание кај Албанците. За Ахмети и коалиција со СДСМ е крајно контрапродуктивно затоа што СДСМ, практично, ја уништи ДУИ со своите „великоалбански барања“ и целосно ја разнебити структурата на некогашната УЧК. Но причините за невлегување во коалиција со СДСМ имаат и друга природа, која не се базира на емоции и на одмаздољубивост. СДСМ, практично, ја прикажа ДУИ како умерена партија што не бара доволно за Албанците и во таква коалиција ДУИ ќе треба да се бори со своите коалициски партнери за да го добие гласот на народот, што е исклучително тешко во македонската реалност. Се разбира, сите овие сценарија и анализа паѓаат во вода доколку ДУИ добие јасен сигнал што треба да прави од луѓето што и досега ја водеа партијата по трансформацијата од воена во политичка организација. Во таков случај, ДУИ, ако треба, ќе тргне и против Албанците.

Не за влада по секоја цена

Јавните позиции на Ахмети, колку и да иритираат дел од јавноста, сепак се добри за да може да се постават црвени линии во преговорите. Истите позиции треба да важат и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ. Никој не смее да формира влада со ДУИ доколку таа влада е од интерес за Албанците, а на штета на сите други граѓани. Подобро е четири години без влада, односно со административна или техничка влада, отколку политичка влада што ќе предизвика промена на името, федерализација, кантонизација, етнички кроен буџет. И тука и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да се свесни дека никој никогаш нема да им прости ако направат компромис и ако влезат во влада што ќе биде спротивна на националните и на државните интереси.

Политичко-техничка влада

Една од опциите што може да ја премости сегашната ситуација е формирање влада со легитимност, односно мнозинство во парламентот, која во исто време ќе нема право да решава за важните државни теми како преговорите за името. Оваа политичко-техничка влада не смее да чепне по унитарниот карактер на земјата и во промена на Уставот во кој било дел, туку само да ги спроведе реформите од списокот на Прибе и да создаде услови за уште едни избори за една година, по кои во политички преговори за начините на кои може да се реши кризата ќе влезе влада со целосен капацитет.

Држава без влада

Најпознат пример за демократска земја што подолг период функционирала без политичка влада е Белгија, која од 2010 година до 2011 година, цели 589 дена беше без влада, која има мнозинска поддршка во националниот парламент. Како резултат на непремостливите разлики меѓу фламанската и валонската заедница во кралството Белгија оваа земја речиси две години беше без влада, но во тој период политичката криза беше само на хартија. Земјата не само што не доживеа економски колапс, туку доживеа и економски пораст, кој беше поголем од најголем дел од другите членки на ЕУ. Се разбира, Македонија, освен што има делумни сличности во етничкиот состав, сепак не треба да се надева дека лесно ќе го доживее белгиското искуство. Поизвесно е дека без политичка влада, Македонија не може да биде стабилна, што е главен приоритет во услови кога Европа очекува нова бегалска криза.

Пишува: Горан Момироски за Република

Новогодишно обраќање на Груевски: Во преден план се интересите на граѓаните и нашата заедничка држава Македонија

nikola-gruevski-cestitka-nova-godina

Зад нас е 2016 г., пред нас е новата 2017 година. И светот и ние во Македонија поминавме низ една тешка и турбулентна година. Светот во 2016тата година ги преполнуваше медиумите со настани кои беа производ на тензии, конфликти, терористички акти, неизвесност, економски кризи, мигрантски бранови, крупни меѓународни политички поместувања. Светот не е каков што беше. Се губеа традиционални пријателства, се стекнуваа нови, земјите покажуваа различност во нивните домашни и надворешни политики, граѓаните испраќаа пораки до политичарите, истакна во своето новогодишно обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Генерално година која ја испраќаме зад нас, гледајќи сите надеж во новата и времето на подобрување кое сите го очекуваме, рече Груевски.

-Нашата држава не ја одминаа проблемите. Кај нас би рекол беа и подлабоки од оние на повеќе места, но мора да се извлечат поуки и да се продолжи напред со обновена енергија и прецизно поставена цел.И покрај политичката криза добро е што Македонија ја зачува економската стабилност, со солиден економски раст, и што е најважно со континуирано намалување на невработеноста, на историски најниска стапка на невработеност од  23.4 отсто, и со голем број ново отворени работни места, кои се резултат на макотрпна работа и во оваа и во претходните години на овој план. Таа работа и таа посветеност не донесоа на ранг листата која еднаш годишно ја објавува Светската банка на 5тото место во Европа и 10то во светот според  добрите услови за правење бизнис. Ова, заедно со фактот дека сме земја со најниски даноци во светот, и земја која изгради сериозни капацитети и систем за привлекување и поддршка за инвеститорите, а со тоа и нови работни места, како и постепено зголемување на економскиот стандард, сето ова е голем капитал, кој веќе се материјализира со голем број странски инвестиции, но и многу домашни кои или се прошируваат или започнаа нови активности, рече Груевски во своето обраќање.

Секако ако ја немавме политичката криза, додаде тој, на овој план можеше да се направи и многу повеќе, но би рекол во дадените околности се извлече максимумот.

-На сите нас, и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017тата. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред. Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори, и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, подвлече Груевски.

Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија  чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.

-На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Во суштина сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, сите се соочуваме со исти проблеми. На сите нам ни е потребен уште позасилен економски развој, нови работни места, повисок стандард, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе можности и шанси особено за секој млад човек, поспокојни денови за пензионерите, поголема сигурност за земјоделците, извесност и перспектива. Оттука, нашите напори треба да се концетрираат во тој правец. Ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите, рече Груевски.

Ние сме подготвени за тоа. Полни со енергија, со позитивна енергија, со ентузијазам, со желба за нови успеси на целото општество и држава, со подготвеност да се помогне на секој човек, на секоја индивидуа да успее, со добро зацртан план и стратегија влегуваме во новата 2017та година.

-Со заеднички напори, со одговорен пристап, посветено работење, држење до дадениот збор, со зацртана визија и со божја помош, верувам дека земјата ќе оди напред, а граѓаните ќе бидат позадоволни. Јас лично, никогаш не сум се штедел кога требало да се работи, да се решаваат проблемите, да се отвораат нови патишта и перспективи, и нема да се штедам ни во иднина, кога станува збор за мојот народ,  за мојата држава, за нашата заедничка држава, за сите нас кои живееме во Република Македонија. Заедно со мојот тим, заедно со секој кој сака и може да помогне, ќе направам се што е во моја моќ, не само да ги остварам дадените ветувања, туку и да остварам повеќе од тоа. Секој од Вас, во новата година влегува со свои лични и семејни планови и проблеми, со лични  желби и предизвици. Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секуму од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови. Нека Ви е среќна и успешна новата 2017та година, им посака на граѓаните на Република Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Димитриев: Да извлечеме поуки, да бидеме помудри за да можеме и во иднина да носиме правилни одлуки

emil-dimitriev-cestitka-nova-godina

На прагот сме на новата 2017 година. Годината што измина секој од нас на приватен план ќе ја памети по настани кои оставиле емоција, и добра и помалку добра, лична и семејна, но тие чувства какви и да биле верувам дека ве направиле сите вас посилни. На државен план, годината која изминува ќе остане запаметена по неколку работи, од кои пред се треба да извлечеме поуки, за да бидеме помудри, но и со повеќе верба, за да можеме и во иднина да носиме правилни одлуки, истакна во своето новогодишно обраќање премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев.


За мене е најбитно,  подвлече тој, дека и покрај сериозните предизвици со кои се соочуваше нашата земја, економските политики кои ги спроведуваше владата дадоа резултати, можеби не во онаа мера во која посакувавме и очекувавме но дека резултати има тоа никој не би можел да го спори.

-Невработеноста продолжи да се намалува и достигна ниво од 23,5%, кое е сеуште високо и треба да работиме да се намалува, но тоа претставува успех кој е резултат на 10 годишни политики и на многу вложен труд. Се реализираа и политики за понатамошно унапредување на стандардот на населението, и се реализираа проекти кои имаат и директно и индиректно позитивно влијание. Тоа ни дава поука и во следниот период, без разлика на се, како политичари секогаш да бидеме фокусирани пред се на економијата, и таа да е секогаш наш приоритет од кој не треба да се отргне фокусот ниту во мигови на најголеми предизвици, бидејќи раст и развој на економијата е врвна стратешка определба и врвна обврска пред народот. Кој ќе ја игнорира економијата тој се игнорира себеси, а која работи за економски просперитет тој ќе има почит од народот, рече Димитриев.

Во минатата година како држава се соочивме со мигрантската криза која е се уште еден актуелен проблем во светски размери.

-Република Македонија имаше клучна улога во справувањето со овој глобален феномен и тоа беше истакнато од многу светски и европски лидери. Тоа го сторивме со помош на нашите пријатели, но пред се потпирајќи се на домашните економски и кадровски ресурси и капацитети, и затоа оваа наша заслуга е поголема бидејќи е остварена со сопствени сили. Ова потврдува дека ние имаме капацитети, и дека наместо да се потценуваме, треба реално да ја согледуваме и да си ја вреднуваме нашата улога и позиција, која воопшто не е мала особено во надминувањето на овој предизвик. Ова пак уште повеќе ја покажува потребата и значајноста за членство на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, нешто што е од интерес и на нашата земја но и на европското и евроатланско семејство, и што ќе значи креација на простор кој подобро ќе се справува со ризици и предизвици, но и подобро ќе ја развива економијата, подвлече тој.

Во 2016 година, реализиравме и предвремени парламентарни избори, кои беа оценети како фер и демократски од целата меѓународна заедница, потсети Димитриев.

-Тоа за мене не беше новина, затоа што сум убеден дека сите досегашни избори кои беа спроведени ги задоволуваа демократските стандарди, а препораките за подобрување на изборниот процес секогаш уредно ги адресиравме. Владата за спроведување на изборите која ја предводев, иако функционираше во специфични и невообичаени околности, и се соочуваше со многу проблеми во своето функционирање, сепак успеа да опстане на висината на задачата. Но пред се, квалитетните избори се заслуга на целиот народ, кој покажа дека и денес е, а и во минатото бил свесен и демократски ориентиран, на рамниште на европските народи. Народ кој си ја сака земјата и се грижи за неа, и на кого му се битни националните и државни интереси. Ова ни покажува дека никој подобро и повеќе не може да се грижи за нашите работи отколку што можеме ние самите да се грижиме, рече тој.

Нам ни е потребен период на стабилизација и фокусирање на реалните проблеми, закллучи Димитриев. Период за вработувања, за подобро образование и здравство, за инвестиции во инфраструктурата и во сите потребни области. И јас сум убеден  дека ние имаме сила да постигнуваме успеси.

-Политичката влада која треба да биде избрана треба да води сметка за интересот на народот и да ги решава секојдневните проблеми со кои се соочува народот, без алибија, без дефокусирања, без деструкција, туку со многу мудри одлуки, со многу труд  и со посветен и одговорен пристап, со сопствени сили. И пред се со почитување на државните и национални интереси на Република Македонија, ваква каква што е и за која се залагале и бореле нашите предци и во која треба да живеат во заедништво нашите поколенија. На сите вас, почитувани граѓани, во новата година ви посакувам многу здравје и среќа, бериќет и благосостојба во вашите семејства, и можности за приватен и професионален развој. И секогаш имајте верба во вас лично, во вашето семејство, во вашите сограѓани и во нашата татковина Република Македонија, порача Димитриев.

Иванов: Празниците да донесат радост и благосостојба (ВИДЕО)

gjorge-ivanov-cestitka-nova-godina

Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и благосостојба, истакна денеска претседателот Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање до граѓаните.

Шефот на државата порача да се извлечат поуки од многуте кризи и предизвици со кои се соочи државата годинава.

– Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме се што беше негативно да ни се повтори, рече Иванов.

Новата 2017-та година, посочи, кај секој од нас буди нови очекувања, нови надежи, нови желби. – Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки вредности, на потребата да бидеме солидарни, хумани, праведни… Овие денови кога празнуваме и се радуваме се можност да се навратиме на она што секој еден од нас го направил за своето семејство, за своите пријатели, за своите соседи, за своето општество, за својата држава, наведе македонскиот претседател.

На граѓаните на Македонија им посака пред сè, многу здравје, радост, љубов и добрина.

– Вашите желби нека станат реалност, а реалноста нека биде поубава и поблагопријатна за сите нас. Да постигнуваме успеси на кои сите ќе се радуваме. Да си простуваме и да се почитуваме. Да си помагаме и да се поддржуваме. Во се што правиме, свесно да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај другите. Бидејќи само така ќе ја градиме Македонија како хумано, солидарно и праведно општество. Нека претстојните празници ни донесат нова сила, нова радост, позитивни мисли и обновена надеж за исполнет живот во мир, просперитет и благосостојба, истакна претседателот Иванов во новогодишното обраќање.

2016 ПОД ЛУПА: Година на потреси која не донесе смирување

Plostad-Makedonija-Skopje

Потреси и поплави, што во вистинска што во метафоричка смисла кога се работи за сферата на политиката и околу неа, ~ се случуваа на Македонија во годината што измина. Последиците во некои случаи, како што беше со августовската стихија во Скопско, беа и претешки, платени со човечки животи. Тие нема да се заборават, а на живите им останува да се справуваат со она што го донела 2016 година во различни сфери. Излегува дека годината за која се очекуваше да донесе многу расплети, на крајот донесе нови заплети, кои ќе треба да се расплеткуваат во годината што следува. Kако и на кој начин, дали ќе добијат свој конечен одговор, зависи од оние што се најповикани да ги дадат одговорите, пишува Дневник.

Таква неизвесност важи и за светот. Промените што се случија изминативе дванаесет месеци донесоа нови прашања и предизвици, кои гарантираат дека светот во следната година ќе биде многу поинаков.

Водената стихија зеде данок од 21 жртва

poplavi

Ужасна и тешка природна стихија олицетворена во „водена бомба“ што се случува еднаш во илјада години предизвика смрт на 21 лице во скопското подрачје, најмногу во село Синѓелиќ, Стајковци, населбата Методија Андонов-Ченто… Разулавените води што се спуштија од падините на Скопска Црна Гора не само што одземаа многу животи туку и направија огромни материјални штети. Но, по бранот на стихијата следуваше бранот на солидарноста и помошта со која тешките последици беа макар делумно ублажени.

Гарант за затворената балканска рута

balknaska-ruta

Во март годинава Македонија потполно ја запечати својата јужна граница за имигрантите што доаѓаат во земјата од Грција. Мерката е воведена откако Словенија, Хрватска и Србија ја зголемија контролата на своите граници, дозволувајќи им влез само на оние со валидни визи во обид, всушност, да ја затворат балканска мигрантска рута. Оттогаш досега Македонија е главна држава од која зависи затвореноста на рутата со која поминале стотици илјади бегалци, а кои влегле во земјите на Европската Унија. Таа е затворена и покрај неколку масовни обиди за илегален влез на мигрантите од територијата на Грција, а што беше стимулирано и од некои невладини организации.

ВМРО-ДПМНЕ победи на мирни и демократски избори

gruevski

На фер, мирен и демократски начин поминаа вонредните парламентарни избори одржани на 11 декември, а на кои победи ВМРО-ДПМНЕ освојувајќи 51 пратенички мандат. Втора партија беше опозициската СДСМ со 49, ДУИ со 10, движењето Беса со 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА со двајца пратеници. Сега е на ред доделувањето на мандатот за составување на владата и обидот да се направи парламентарно мнозинство од минимум 61 пратеник. За првпат, откако беше воведено правото на дијаспората да избира тројца пратеници нашите сонародници нема да имаат претставници во парламентот бидејќи не се исполни цензусот за избор.

Земјотресно потсетување на 1963

1zemjotres

Земјотресот од 5,3 степени според Рихтер, а кој го погоди градот Скопје на 11 септември годинава, беше само најсилен во серијата потреси што му се случија на скопското подрачје. За среќа, поместувањето на Земјината почва не направи поголеми последици, но илјадници граѓани со недели живееја во страв од можното повторување на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година. Во стравот имаше и добра работа. Сепак, новоизградените објекти во градот го издржаа тешкиот тест на отпорноста на земјотресите.

Македонски кандидат за генерален секретар на Светската организација

srgjan kerim

Македонскиот кандидат д-р Срѓан Kерим беше дел од престижната трка за избор на генерален секретар на Организација на Обединети нации, со уште десетмина други кандидати. Тој се кандидира со програма содржана во десет точки, кои предвидуваа реформи и промени во Светската организација со цел таа да стане поефикасна и да одговори на новите светски предизвици. На крајот, изборот падна на поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, кој беше едногласно избран од Советот за безбедност.

Нелегалните снимки никој не ги запира

fejsbuk

Од февруари годинава преку социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Јутјуб“ почнаа да се објавуваат нелегални и незаконски снимки на прислушуваните телефонски разговори на повеќе новинари, бизнисмени, политичари… најмногу од лицето шро се потпишува како „Никола Тесла“. И покрај законската обврска, и покрај предвидената законска казна од пет години затвор, надлежните институции какви што се Специјалното јавно обвинителство и МВР не направија ништо да се откријат сторителите. Затоа снимките со кои грубо се нарушува приватноста на граѓаните с` уште можат да се слушаат.

Најмала невработеност

nevrabotenost-strelka

 

Во третиот квартал од годината стапката на невработеност во земјава падна на најниско ниво досега и изнесува само 23,4 отсто. За колкаво опаѓање се работи најдобро се илустрира со споредбата дека таа во 2005 година изнесувала дури 37,3 проценти. Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2016 година активното население во Македонија брои 949.944 лица, од кои вработени се 727.985, а 221.959 лица се невработени. Истовремено, Македонија го зазеде десеттото место во годинашниот извештај на „Дуинг бизнис“, но е најдобра земја во Југоисточна Европа во однос на рангирањето колку е лесно да се почне бизнис во некоја земја.

Чадорот за шарените револуционери

protest sl

Околу два месеца траеја протестите на групи граѓани во текот на кои беа оштетени повеќе државни институции и новоизградени споменици и објекти во Скопје. Протестите, кои беа наречени Шарена револуција и кои се одржуваа со силна поддршка на одредени меѓународни фактори, преку нивните дипломатски претставништва во земјава и преку невладини организации за своја цел, во крајна линија, имаа насилна промена на власта во земјава. Но, сценариото по кое тие се одвиваа заврши неуспешно.

Опозициските условувања и премислувања за изборите

zaev4

Од јануари до август годинава траеја „пржинските“ договарањата на лидерската четворка за тоа кога да се определи датумот на предвремените парламентарни избори. Иако уште во јануари премиерот Никола Груевски се повлече од функцијата за изборите да се одржат на 24 април, опозицискиот СДСМ не ги прифати ниту тие, а потоа и оние закажани за 5 јуни. Образложението беше дека „не биле исполнети услови за да бидат кредибилни“ иако ДИK го тврдеше спротивното. На крајот, на 31 август, се постигна договор тие да се одржат на 11 декември, по што беше формирана преодна влада со учество на опозицијата.

Фантомите не се открија

izbirackispisok

Двете одложувања на парламентарните избори во голема мерка се должеа на тврдењата и обвинувањата на опозицијата дека Избирачкиот список е преполн со фантомски гласачи, со кои биле лажирани претходните изборни циклуси. Се тврдеше дека во списокот има 500.000. 300.000, 150.000… фантоми, а кои треба да се отстранат од евиденцијата. На крајот, по сите прочистувања, во кои беа загубени неколку месеци, на Избирачкиот список се најдоа 1.783.715 лица, а само 3.087 повеќе гласачи отколку во 2014 година.

Британците се збогуваа со ЕУ

bregzit

Незадоволството од состојбите и на статусот што го има Велика Британија предизвикаа Британците на референдумот да ја донесат историска одлука за напуштање на Европската Унија. Гласањето ги нагласи и фундаменталните поделби во Велика Британија: Шкотска и Северна Ирска гласаа за останување, исто како и помладите, пообразованите и поурбаните гласачи, додека Англија, Велс и постарите, помалку образованите и жителите на руралните средини се одлучија да гласаат за напуштање на Унијата. Референдумот ~ стави крај на политичката кариера на премиерот Дејвид Kамерон. Тереза Меј, членка на кампот за останување, стана новата премиерка на Британија и јасно кажа дека „брегзит значи брегзит“, но тоа е лесно да се каже, а потешко да се спроведе.

Алепо за пресврт во сириската војна

alepo

По речиси четири и пол години судири, битката за најголемиот сириски град Алепо заврши со одлучна победа на силите верни на претседателот Башар ал-Асад, шиитските милиции и Хезболах, кои се под контрола на Иран, а во битката помогна и Русија. Од битката за Алепо поразени излегоа бунтовниците против режимот на Асад, а медиумите пишуваа дека ова е дипломатски пораз за западните сили.

Тероризам на улиците на Ница, Истанбул, Брисел, Берлин…

berlin-teroristicki

На 22 март беше извршен самоубиствен бомбашки напад на бриселскиот аеродром Завентем и на метро-станицата Маелбек. Животот го загубија 32 лица, а 260 беа повредени. Одговорноста ја презеде ИД. Во самоубиствен бомбашки и оружен напад на истанбулскиот аеродром „Kемал Ататурк“, кој се случи на 28 јуни, загинаа 42, а беа ранети повеќе од 200 лица. Во бомбашки напад во Багдад на 3 јули загинаа 323 цивили откако бомбаш-самоубиец го изврши нападот со камион полн со експлозив во време кога луѓето пазаруваа за Рамазан. Вкупно 86 лица загинаа, а стотици беа повредени кога на 14 јули во Ница беше извршен напад во кој Мохамед Лахуеџ Бухлел влета со камион во толпа луѓе. ИД презеде одговорност и за овој напад. Слично нешто се случи и во Берлин на 19 декември, кога Тунижанецот Анис Амри со камион влета на божикен пазар и уби 13 лица.

Зика го преплаши светот

zika

На 28 февруари СЗО прогласи епидемија на вирусот зика. Станува збор за тропска болест, која ја пренесува комарецот аedes, а последиците се најлоши во случај на зараза на трудница. Зика може да остави големи последици на фетусот, поради што децата се раѓаат со растројство поради кое имаат абнормално мала глава, во која мозокот не може да се развива нормално.

Неуспешен државен удар во Турција

166074-voen-udar-vo-turcija

Во ноќта меѓу 15 и 16 јули фракција во турската војска се обиде да изведе воен удар чија крајна цел беше симнување од власт или дури и убиство на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Иако пучистите ги изненадија припадниците на власта, на крајот тие беа поразени. Ердоган почна масовни чистки во кои отпушти, затвори и уапси неколку илјади лица, додека за обидот за државен удар ги обвини приврзаниците на Фетула Гулен, кој живее во САД.

Енигмата на Доналд Трамп

donald-tramp

Контроверзниот милијардер Доналд Трамп успеа да ја победи демократката Хилари Kлинтон на претседателските избори во САД, кои се одржаа на 8 ноември.  Уште откако најави дека ќе се обиде да стане следниот претседател на САД, на 16 јуни 2015 година, политичките експерти не веруваа дека тоа може да се случи, но на крајот Трамп беше изгласан за 45. американски претседател. Изборите предизвикаа дополнително заладување на односите меѓу САД и Русија, откако администрацијата на Барак Обама обвини дека руски хакери влијаеле на изборните резултати.

Трагите на „Панама пејпрс“

panama-papers

Во еден од најголемите потфати на независното новинарство во историјата, Меѓународниот конзорциум на истражувачкото новинарство со повеќе медиуми објави повеќе од 11 и пол милиони документи од панамската адвокатска компанија „Мосак Фонеса“. Документите се познати под името „Панама пејпрс“ и тие ги открија финансиите на голем број компании и богати и јавни личности што ги користеле услугите на компанијата за илегални цели како затајување данок и измами.

Средба по 1.000 години

papa-francisk

На 12 февруари папата Франциско се сретна со патријархот Kирил во Хавана. Ова беше прва средба меѓу католички и православен поглавар по речиси 1.000 години. Папата и патријархот на средбата потпишаа заедничка декларација.

Почина Фидел Kастро

fidel-kastro

На 25 ноември, на 90-годишна возраст, почина Фидел Kастро, кубански револуционер, премиер (1959-1976) и претседател (1976-2008). Според некои процени, имало десетици обиди за атентат над Kастро, но сите биле неуспешни. Kастро се повлече од власта во 2006 година, кога управувањето со државата го презеде неговиот брат Раул, кој полека почна да ја отвора Kуба за светот и да ги подобрува односите со САД.

СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја

zaev-sobranie

Опозицискиот лидер Зоран Заев, против кого се водат неколку судски процеси, го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката функција. Со верификацијата на пратеничкиот мандат, на Заев му престана мандатот за градоначалник.

Со верификација на мандатите на 120-те новоизбрани пратеници денеска е конституиран деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. На седницата присуствуваа 118 од 120-те избран пратеници, а со неа претседаваше претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Меѓу другите, на седницата беше верификуван и пратеничкиот мандат на Зоран Заев, со што автоматски престана неговиот градоначалнички мандат.

Градоначалничката функција на Заев не му обезбедуваше никаков имунитет. Напротив, Судот во неколку наврати изрекуваше мерки со кои што го спречувасе Заев да не ги почитува наредбите, како градоначалник му беше одземена и патната исправа и му беше изречена наредба редовно да се јавува во суд, по што претседателот на СДСМ јавно изјави дека нема намера да го почитува Судот.

Сега веќе поранешниот струмички градоначалник, со пратеничкиот мандат смета дека ќе се спаси од кривичниот прогон и од одговорноста за барањето поткуп.

Против Заев се водат два судски процеси, еден за случајот „Пуч“ и уште еден за случајот „Поткуп“, кој неколку пати се одложува. Во случајот „Пуч“ Заев е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик, односно за кривично дело сторено во обид.

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија со сила или со сериозна закана ќе го спречи нешто да стори или ќе го присили нешто да стори или да не стори во вршењето на неговата должност претседателот на Републиката, на Собранието, на Владата, на Уставниот суд или на Врховниот суд на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години“ стои во член 311 од Кривичниот законик.

„Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид“ стои во член 19 од Кривичниот законик.

Во однос на вториот случаj „Поткуп“, кој по барање на Заев и со смешни иzговори веќе се одложува неколку пати, првиот човек на СДСМ според обвинителството, во својство на службено лице, градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој сега се води како оштетен во случајот, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, една половина од партите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

ВИДЕО: Паднаа маските, дојдоа признанијата – СДСМ промовира и шири говор на омраза

grcev-top-tema

СДСМ и нејзините најгласни поддржувачи самите признаваат дека промовираат и шират говор на омраза. Ваквата потврда дојде од поранешниот градоначалник на општина Центар од СДСМ кој моментално е дел од раководството на СДСМ, Мирослав Грчев при неговото гостување во „Топ Тема“ на Телма телевиизја.

Грчев вели дека тој е за говор на омраза и против политичка коректност.

-Политички коректниот говор и со осудата на говорот на омразата, практично ние ја нормализираме диктатурата, ја шминкаме, ја правиме нормална, пристојна за живеење. Јас сум за говор на омраза и сум против политичка коректност, вели Грчев во „Топ тема“.

Говорот на омраза на СДСМ со долга историја

Небањат, стока, глупав, овца, дилетантски, цепаници недоделкани, будали, курвински луѓе е она што првите луѓе на СДСМ го мислат за народот.

Братот на Сашо Ордановски кој инаку е еден од главните експоненти на СДСМ и нивен главен тутор кога станува збор за влечењето на потези, Ванчо Ордановски неодамна излезе со фрапантни навреди кон сите граѓани на Македонија кои преставуваат експлицитен говор на омраза.

vanco_ordanovski6

За братот на Сашо Ордановски, кој исто како и неговиот брат е нескриен поддржувач на СДСМ македонската нација била нација на злобни, глупи малициозни, неписмени и курвински луѓе, на кој им посакува сиромаштија.

Тој преку твитер на македонската нација и порачува „Нација на злобни, глупи, малициозни, неписмено, религиозни, ку*вински луѓе. Им пожелувам долга и тешка сиромаштија. Да копате по контејнери“, се вели во еден од скандалозните твитови на братот на Ордановски.

Тој исто така посакува и да се сотре целото семе на таа нација, навредувајќи ги и прогласувајќи ја нација на дегенерици.

vanco_ordanovski_thumb_medium500_889

Истовремено подеднакво изразен е и неговиот говор на омраза спрема политичките неистомисленици од вмро дпмне пишувајќи дека се получудовишта, дегенирици, малоумни и дека е потребна нуклеарна бомба.

karbinci

Братот на Ордановски не е изолиран случај туку се работи за контонуирани навреди од челните луѓе на СДСМ адресирани кон македонскиот народ и граѓани.

Главните луѓе од СДСМ и нивните идеолози сметат дека народот е небањат, стока, глупав, овца, дилетантски, цепаници недоделкани, будали. Ова се дел од зборовите и навредите изговорени од Пендаровски, Грчев, Најчевска, Тричковски, Фрчковски.

Стево Пендаровски изјави дека „Таму се собрани во бачило“ мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова кажа Пендаровски дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.

Тој претходно јавно изјави дека народот е стока.

– Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме, рече Пендаровски за време на една посета на Лисиче.

Љубомир Фрчковски со потценување иронично и со доза на насмевка праша дали е ова елита- мислејќи на народот кој се собра на оргомниот собир пред собранието.

За Тричковски македонскиот народ, а и самиот Македонец е глушец кој бесмислено трча. Дали токму во ваквата навреда тој смета дека Македонецот и овој македонски народ не знаат и размислуваат за добиените животни предности и поволности, па бесмислено трчаат.

Мирослав Грчев од СДСМ за бугарска телевизија имаше срамна и понижувачка изјава за македонскиот народ.

-Само дилетант, само будала може да зборува за македонската култура, за македонската праисторија, во неолит и палеолит. Тоа во нормални земји би требало да биде како дел од пародии и комедии. Кај нас на тие луѓе им даваат микрофони и говорници сериозно да говорат и д аго срамат својот народ, изјави тогаш Грчев.

trickovski

Најчевска од СДСМ излезе тешки навреди до народот: “Тој е составен од глуперди и цепаници неделкани“

Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

Инаку, ова не е прв пат да има вакви навреди и омаловажувања од Најчевска кон македонскиот народ. Пред една година, Најчевска во очи на Денот на независноста 8-ми септември на најбрутален начин го навреди македонскиот народ, нарекувајќи го глупав.

najcevska

-Не, не е шутрачки овој народ. Не е ни уплашен. Вистината е многу поедноставна. Овој народ е едноставно глуп. Како цепаница. Неделкана, напиша Најчевска, напиша самопрогласената активистка за човекови права, која секојдневно ги брани политиките на СДСМ.

Партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов индиректно го навреди македонскиот народ, со констатација дека бил будала, преку пост објавен на својот Фејсбук профил.

-Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите отпосле им текнува, напиша Шилегов.

silegov2

 

Тричковски порадикално од Шилегов директно посака смрт на полицајците кои ја бранеа државата.

СДСМ-овецот Бранко Тричковски посакува смрт за полицајците кои ја бранеа државата.

tric-n

Една година од предавањето на предметите: СЈО – ловец во матно со политичка агенда

SDSM-Materijali-prislusuvanje

Поминаа 365 дена откако Зоран Заев во СЈО ги предаде нелегално стекнатите материјали со снимки и транскрипти од приватни разговори. Врз основ на овие снимки, обвинителството предводено од Катица Јанева требаше да работи и да формира обвиненија во законскиот рок од 18 месеци. Во меѓувреме СЈО има подигнато само едно обвинение за случај кој практично не постои, а од другите помпезно најавувани политички прес-конференции за другите истраги кои ги започнало обвинителството – нема ништо.

Јанева, Фетаи и Ристовска одржаа низа прес-конференции на кои ги презентираа своите наоди од истрагите, сите до еден базирани на непотполни и измислени докази кои веднаш беа побивани од страна на обвинетите. СЈО неосновано од судот бараше притвори со цел да ги комплетира пи-ар спектаклите кои ги правеше на прес-конференциите, одработувајќи ја својата политичка задача во сценариото од кое е дел и ова обвинителство. Од СЈО постојано беше вршен јавен и отворен притисок врз судот во Македонија со цел да им ги прифаќа и оние мерки и барања за кои немаат ниту доказ, ниту елементарна основа да бидат прифатени. Откако судот им ги одбиваше нелогичните предлози за мерки, од СЈО јавно изјавуваа дека не се задоволни што судот не ги следи сите нивни барања кои немаат правна поткрепа, туку партиски мотивирана агенда.

Овој јавен притисок има две цели: прво, судиите по почуствуваниот притисок да почнат да им ги прифаќаат барањата за кои нема никаква основа, и второ, да подготват терен за поголем меѓународен притисок над судот со цел изнудување мерки и над власта со цел остварување на барањата на СЈО. За луѓето во СЈО е јасно дека не ги оправдуваат вложувањата кои се инвестирани во нив од страна на реализаторите на планот каде тие се главен инструмент за рушење на ВМРО-ДПМНЕ од власт и отворање терен за доаѓање на СДСМ на власт.

СЈО започна неславно и така продолжи во време на целото свое постоење. Јанева прво бараше повеќе обвинители во тимот отколку што и беа прифатени од Советот на обвинители. Откако и беа одобрени избрка 2 обвинителки со јавно објавено образложение во кое се вели дека имаат вишок на обвинители и нема потреба ниту доволно работа за нив. Притоа Јанева не посочи дека двете обвинителки кои сама ги одбра се неквалитетни или нелојални, туку едноставно дека немаат потреба од толку многу обвинители во СЈО, иако пред тоа тврдеше спротивно.

sjo-rastiman-orkestar

Потоа Јанева бараше пролонгирање на рокот за подигнување обвиненија, бидејќи имало многу работа, и не можеле во рокот од 18 месеци да стигнат се да сработат. Апсурдно, но Јанева ниту ги врати двете избркани обвинителки поради зголемениот обем на работа, ниту побара дополнителни 3,4,5 нови обвинители со кои ќе ја сработат работата на време. Уште еднаш стана јасно дека не е во прашање времето за работа и завршување на предметите, туку времето за да биде СЈО нечиј политички инструмент.

СЈО активно работеше на пролонгирање на правдата, помагајќи во одлагањето на рочиштата во корист на Заев во случајот „Поткуп“ со трагикомични изговори на Јанева од типот: „имам свадба за ќерката, не можам цел април да одржам рочиште“.

СЈО манипулираше со јавноста и кога тврдеше дека судот ги спречувал да добијат одредени доказни материјали, иако судот постапуваше по правилата и им дозволуваше целосен увид на материјалот кој го бараа, но во просториите на судот, како што наложува законот. Овој притисок на СЈО беше уште едно парче во мозаикот на СЈО и СДСМ во насока на создавање вештачка атмосфера за промена на судии како што најави Заев и за специјално одделение како што бараше СДСМ.

Околу двојните аршини на СЈО добро говори случајот „Пуч“ за кој не само што не бараа мерки за обезбедување туку и побараа укинување на мерките, со што на целокупната јавност и стана јасно дека нема ни п од професионалност, ни објективност или неселективност во нивното постапување. Сопругата на Зоран Верушевски, Соња Верушевска, дури и јавно му се заблагодари на Зоран Заев затоа што Катица Јанева го ослободи од притвор нејзиниот сопруг, кога веќе не успеа да го изнесе „под чадорот“ надвор од Македонија, како што Заев и призна дека планирал да стори.

Околу купувањето време на СЈО јасно говори и симптоматичниот избор на деловен простор во кој ќе функционира обвинителството. Од илјадници слободни и на понуда за издавање деловни простории во Скопје целосно спремни да примат било каква институција или компанија веднаш, без било какво реновирање и губење време, СЈО одбра простор за кој однапред знаеа дека им се потребни 8/9 месеци реновирање, за подоцна да може и тоа да го користат како изговор за продолжување на мандатот за политичко делување против ВМРО-ДПМНЕ. Наводно во старите простории на СЈО во палата Кузман имале несоодветни услови и уште во врска со тоа го доведуваат употребувањето на некаков софтвер за истражување. Божем за софтвер кој треба да истражува потенцијален финансиски криминал е важно дали е тазе молерисана просторијата во која се наоѓа или какви плочки има.

Втора манипулација околу времето е дека почнале подоцна заради одредени подготвителни работи. Вистината е обратна. СЈО беше избран на 15–ти септември. Законот предвидуваше дека почеток на 18–те месеци работа ќе биде моментот кога ќе ги примат матерјалите, иако најголем дел од нив ги имаше на сите портали бидејќи беа објавени. И тоа сите добро го знаеа.<

Зоран Заев и Катица Јанева спроведоа една тактика која не им пречеше на преставниците на меѓународната заедница. Цели три и пол месеци Заев не ги доставуваше матерјалите под разни изговори и лаги, а највпечатлива беше дека немало соодветни услови да ги примат и чуваат материјалите – им требал посебен сеф. Откако Владата експресно им донесе сеф, објавија дека е несоодветен. Потоа Владата им донесе сеф-шифоњер и веќе немаа каде, па преминаа на одолговлекување од страна на Зоран Заев со разни изговори, за некаде дури на 30–ти декември 2015–та Заев да ги достави материјалите и да почне одбројувањето на 18–те месеци во кои може да се отвори обвинение. Некаед на средината на 2016-та СЈО преку Ленче Ристовска се „переше“ дека наводно изгубиле многу време во подготовки од дадените 18 месеци, што е уште едно нечесно манипулирање со јавноста и со меѓународната заедница.

Кога се методите на СЈО за политичко влијание во прашање, веќе на сите им стана јасно дека „штанцањето“ барања за мерки за претпазливост кон судот за да го донесат во ситуација да ги одбива, беше да се создаде клима и направи атмосфера дека судот е пристрасен и потребно е специјално одделение со „подобни“ судии. Во иста насока е и најавата за генерален реизбор на судии од страна на Заев и СДСМ.

Прилично неискрен аргумент е и божемното загубено време со аболицијата, со кое исто така СЈО се обиде да купува изговори за продолжување на мандатот. Она што е вистина е дека СЈО за време на аболицијата не ги запре постапките кон никого, ниту правно формално со посебен акт, за што имаа законска обврска, ниту ги запре реално нивните истражни активности.

Во меѓувреме, уште не се знае каде се останатите материјали кои Заев излажа дека ги предал во целост на СЈО, а целата јавност гледа како се појавуваат на фејсбук и други интернет локации. СЈО, очекувано, воопшто не го истражува овој феномен – како е можно снимките кои се стекнати на нелегален начин и на кои има приватни разговори, а се снимки кои Заев тврди дека ги имаат само во СЈО – да излегуваат на интернет. СЈО не се занимава со ова. Туку продолжува со својата главна преокупација: обид за нанесување политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем, во јавноста се појавија изјави од извори на „Дневник“ кои велат дека eден амбасадор повторно го притиснал алармот во СЈО давајќи насока останатите предмети да се стават на страна, а фокусот целосно да биде на партијата и нејзиното раководство. Пред да замине на прослава на божиќните празници со семејството амбасадорот си нарачал пресметка со партијата што победи на изборите. Насоката до кооперативните обвинители од СЈО била по секоја цена да се оди со истрага за партијата и раководството за тоа како се финансирале претходните избори.

Наредбата ја пренел еден од обвинителите пред целиот колегиум на СЈО јавно посочувајќи кои се очекувањата на амбасадата. Тој на своите колеги им укажал дека рокот во кој се очекува ваков резултат од СЈО е крајот на јануари или најдоцна до средината на февруари.