Колумна на Стефан Влахов Мицов: Нови избори веднаш, во согласност со Уставот

Stefan-Vlahov-Micov

Во последните 25 години нашиот Устав личи на пачавра. Да не зборуваме за Законите. Во Велика Британија на пример, не се менуваат закони дури по неколку векови, а за корекција на Уставот никој не размислува ни на сон. Во Македонија, Уставот е преплавен со амандмани, глупости и контроверзи.

НЕЗАВИСНО ОД ТОА, ЗА ИЗБОРОТ НА ВЛАДА ЧЛЕН 90 Е ДЕЦИДЕН:

„МАНДАТАРОТ ВО РОК ОД 20 ДЕНА ОД ДЕНОТ НА ДОВЕРУВАНЕТО НА МАНДАТОТ, НА СОБРАНИЕТО МУ ПОДНЕСУВА ПРОГРАМА И ГО ПРЕДЛАГА СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА. ВЛАДАТА НА ПРЕДЛОГ НА МАНДАТАРОТ И ВРЗ ОСНОВА НА ПРОГРАМАТА, ЈА ИЗБИРА СОБРАНИЕТО, СО МНОЗИНСТВО ГЛАСОВИ ОД ВКУПНИОТ БРОЈ ПРАТЕНИЦИ“.

Тука завршува текстот за изборот, а следниот член 91 е за ингеренциите на избраната Влада.

Со еден збор, АКО МАНДАТАРОТ НЕ НАПРАВИ ВЛАДА, МОРА ДА СЕ РАСПИШАТ НОВИ ИЗБОРИ, ЗАТОА ШТО, УСТАВОТ НЕ ТРПИ ИНТЕРПРЕТАЦИИ ВО СМИСЛА ДА СЕ БИРА НОВ МАНДАТАР, ИЛИ ПАК, ДА СЕ ОДДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ИЗБОР НА ВЛАДА.

ЗАТОА СЕКОИ ОБИДИ ЗА ИНТЕРПРЕТАЦИИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УСТАВОТ СЕ ГРУБО НЕГОВО КРШЕЊЕ.

ЗАТОА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА НЕ СМЕЕ ДА ПОДЛЕГНЕ НА КАКВИ И ДА СЕ ПРИТИСОЦИ, ДА ДАДЕ ДРУГ МАНДАТ И СО ТОА ДА СЕ ПРОДЛАБОЧИ КРИЗАТА. ТУКУ МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ.

Единствено позитивно во Македонија од 11 декември до денес е дека конечно ВМРО-ДПМНЕ најде храброст да се спротивстави на западно-албанското сценарио преку албанската платформа да биде уништена Македонија. Тоа го стори со задоцнување т.е. во последната минута пред Апокалипсата за македонската држава и народ.

НО, СЕПАК ГО НАПРАВИ. ЗА ПРВ ПАТ ТАА ПАРТИЈА ГО ОДРЖА ДАДЕНИОТ ЗБОР (ОД 17 ДЕКЕМВРИ) ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ. ОТТУКА НАТАМУ, МОРА ДА СЕ ОДИ САМО НАПРЕД КОЛКУ И ДА ЧИНИ ТОА.

Изборите од 11 декември мора да и бидат поука на ВМРО-ДПМНЕ како не треба да се прави изборна кампања.

КОГА БАРАШ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА, МОРА ДА ОБРАЗЛОЗИШ ШТО ЌЕ ПРАВИШ, ДОКОЛКУ ЈА ДОБИЕШ. КРАТКО, ЈАСНО, КОНКРЕТНО СО 20-30 РЕЧЕНИЦИ, А НЕ СО ПРОГРАМА ОД 500 СТРАНИЦИ, КАДЕШТО СЕ ГУБИ ПОЕНТАТА. МАКЕДОНИЈА Е ОПКРУЖЕНА ОД НЕПРИЈАТЕЛИ. ЗАТОА МОРА ЈАСНО ДА СЕ ОДЛУЧИ ЧИЈА ВОЛЈА ЌЕ СЕ ИСПОЛНУВА – НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИЛИ НА СТРАНСКИОТ ФАКТОР. НЕМОЖЕ ДА СЕ БАЛАНСИРА МЕЃУ ЕДНОТО И ДРУГОТО, ДА СЕ СЕДИ НА ДВЕ СТОЛИЦИ. КОГА БАРАШ СÈ, МОРА И ДА ДАДЕШ СÈ НА ОНОЈ ОД КОГО БАРАШ. ДОДВОРУВАЊЕТО НА СТРАНСКИОТ ФАКТОР НИ ГО ДОНЕСЕ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР, ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА, ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БЕШЕ ПРОТИВ ТИЕ ОДЛУКИ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ, КАКО И ПРОТИВ ДАВАЊЕТО НА НАШЕТО НЕБО НА НАТО ЗА ВОЈНАТА ПРОТИВ СРБИЈА, ПРОТИВ ДАВАЊЕТО НА 150 ИЛЈАДИ ДРЖАВЈАНСТВА НА АЛБАНЦИ, ПРОТИВ ПРИЗНАВАЊЕТО НА КОСОВО. ПОЛИТИЧАРИТЕ ГИ ДОНЕСОА ТИЕ ОДЛУКИ ПРОТИВ НАРОДОТ, А БОЖЕМ СЕ КОЛНАТ ВО НЕГО И БАРАТ ПОДДРШКА.

ВРЕМЕТО РАЗДЕЛНО ВЕЌЕ ДОЈДЕ. ИЛИ ЌЕ БИДЕШ ДОКРАЈ СО НАРОДОТ ИЛИ СИ ПРОТИВ НЕГО. ОПОЗИЦИЈАТА ОДАМНА ОДЛУЧИ ДА БИДЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА. СЕГА Е РЕДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ. ДА БИДЕШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗНАЧИ:

Прво, ако ветиш нешто треба и да се оствари ветеното т.е. ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ДА ПРАВИ КОАЛИЦИЈА СО НИТУ ЕДНА ПАРТИЈА ДОКОЛКУ ГО ДОБИЕ АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО ИЛИ ПАК, МОЖЕ ДА КОАЛИЦИРА САМО СО ПАРТИИ, КОИ СЕ ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА УНИТАРНИОТ КАРАКТЕР НА ДРЖАВАТА, ДВОЈАЗИЧНОСТ, КАНТОНИЗАЦИЈА, ПРОТИВ МЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И УСТАВ.

Второ, да ветиш и да го оствариш ветеното дека СИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ БИДАТ УАПСЕНИ, ДАДЕНИ НА СУД, ПРАТЕНИ ВО ЗАТВОР, А НИВНАТА СОПСТВЕНОСТ КОНФИСКУВАНА.

Трето, ЌЕ БИДАТ ЗАБРАНЕТИ СО ЗАКОН СИТЕ СОРОСОВИ И ОСТАНАТИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА, КОИ ДОБИВААТ ПАРИ ЗА УРИВАЊЕ НА ДРЖАВАТА И ЌЕ ИМ БИДАТ КОНФИСКУВАНИ НИВНИТЕ РЕСУРСИ.

Четврто, ЌЕ ИМ БИДЕ ЗАБРАНЕТО НА СИТЕ СТРАНСКИ ФАКТОРИ ДА СЕ МЕШАТ ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИКА – ДА СЕ ПОЧНЕ ОД ЕУ И НАТО, ПА ДА СЕ СТИГНЕ ДО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДОРИ.

Петто, ЌЕ БИДАТ ДАДЕНИ НА СУД И ЌЕ БИДАТ ПРАТЕНИ ВО ЗАТВОР СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ГОДИНИ, НЕЗАВИСНО ОД ПАРТИСКАТА, ЕТНИЧКА И РЕЛИГИОЗНА ПРИПАДНОСТ.

Шесто, ИТНО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, А РЕЗУЛТАТОТ ОД ТОЈ ПОПИС ЌЕ СЕ ДЕФИНИРА КАКО ЗАКОНСКИ ОДНОС НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА КОН МАЛЦИНСТВАТА.

Седмо, ВО ОДНОС НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДРЖАВАТА ЌЕ БАРА ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ КАКО ЗА БРОЈОТ ОТВОРЕНИ РАБОТНИ МЕСТА, ТАКА И ЗА РОКОТ НА ВРАБОТУВАЊЕ, ТРАЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ ДЕН И СООДНОСОТ НА ПЛАТИТЕ.

Осмо, ЗА СИТЕ ВАЖНИ ОДЛУКИ ВО НАДВОРЕШНАТА И ВНАТРЕШНАТА ПОЛИТИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ НА РЕФЕРЕНДУМ.

Девето, АГИТАЦИЈАТА ЗА НОВИТЕ ИЗБОРИ МОЖЕ ДА СЕ ВОДИ ПОД МОТОТО: „ДА ЈА ВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ КОЛОСЕК“.

Дел од овие предлози ги промовирав пред изборите на 11 декември. Меѓутоа, во нив имаше уште еден – пратениците во Собранието да земат плати колку што е просечната во Македонија, а не три пати повеќе како досега. Затоа што, пратеникот не е три пати позаслужен и попаметен од „обичниот“ граѓанин. Глас во пустина. Само што ножот е во нашите коски И ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ ИТРУВАЊЕ И ПОИГРУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ СО НАС.

МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА! – ИЛИ ЌЕ БИДЕТЕ ВО СМЕТОТ НА ИСТОРИЈАТА!

ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Ципрас

VMRO-DPMNE-kamen

Нападите и навредите повеќе говорат за тој што ги изрекува, отколку за оној кому му биле упатени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува недоличните квалификации искажани денеска од страна на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој на неговата средба со српскиот премиер Александар Вучиќ ја обвини Македонија за иредентизам и национализам.

Република Македонија ниту имала, ниту има територијални претензии кон Грција. Република Македонија и македонскиот народ единствено го бранеле своето право на самоопределување и сопствениот идентитет.

Република Македонија не воведуваше санкции кон Грција. Напротив, Грција беше страната која ги затвораше границите и која со вето ја блокираше одлуката за полноправно членство во НАТО. Грција е страната што ден денес не дозволува ефектуирање на позитивните препораки за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Каде премиерот Ципрас гледа иредентизам во однесувањето на Македонија? Во која постапка од македонска страна Ципрас гледа национализам?

Со ваквите неиздржани изјави и навреди кон Македонија и македонскиот народ, грчкиот премиер не придонесува за развој на добрососедските односи, ниту пак покажува барем малку волја во надминување на проблемот кој Грција го има со нашето име. Со ваквите изјави Ципрас покажува дека токму тој нема волја за решавање на спорот, а не Република Македонија која што ја обвинува.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот на српскиот премиер Александар Вучиќ за немешање во внатрешните работи и во долгогодишниот спор со Грција.

Зошто СДСМ се плаши од нови избори?

izbori-glasanje

Изборите одржани на 11-ти декември, наместо расплет, донесоа заплет и неизвесност на македонската политичка сцена. Откако од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека формирањето на влада треба да биде во функција на решавање на кризата, а не нејзино продлабочување и дека нови избори се зрело решение, СДСМ и останатите опозициски партии се исплашија од можноста за ново изборно соочување.

Откако опозициските партии предводени од СДСМ категорично ја одбиваат можноста за нови избори и покажуваат страв од соочување со волјата на народот, дел од аналитичарите коментираат дека граѓаните веќе ги препознаа игрите на СДСМ со албанскиот политички корпус и токму поради тоа социјалдемократите бегаат од нови избори.

Според универзитетскиот професор по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски,  сега излегоа на површина сите игри што лидерот на СДСМ Зоран Заев ги правел со дел до Албанците во оние места каде што полицијата не делувала.

-Можеме да се доведеме до ситуација едноставно на господинот Заев граѓаните да излезат да му кажат дека сакаат нови избори и сите досегашни манипулации му се веќе пропаднати, дека сега сакаат да го дадат гласот, затоа што сега излегоа на површина сите игри што тој ги правел со дел до Албанците во оние места кај што полицијата наша не делуваше, како на пример во Грчец, јас сум сигуремн, а да не збориме во Арачиново итн, сега одеднаш искажаа толкава волја, толкава љубов спрема СДСМ, спрема Македонците, што просто ние се „стопивме“, но не веруваме во тоа, е сега за да поверуваме, дај нека не пушти уште еднаш да гласаме, па ќе се види тогаш колку навистина тежи СДСМ со сите овие приограми и со сето ова разоткрување на се што ни беше прикриено од некаков спиритуалистички дух на охридскиот договор, вели Климовски.

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски, денеска излезе со изјава дека Македонија немала потреба од нови избори, бидејќи според него, не биле исцрпени сите можности за формирање на парламентарно мнозинство, и тоа без ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за опозициските медиуми рече дека партијата очекувала Ѓорге Иванов да му го дал мандатот на Зоран Заев, иако според правните експерти за тоа нема уставна и правна заснованост, додека во однос на темата за избори не сакале да шпекулираат.

Кога албанскиот политички блок е во прашање, ставот на ДУИ останува дека за нив се отворени сите пет ипции, меѓу кои и нови избори, додека останатите албански политички партии, исто како и македонската опозицијата велат дека не сакале нови избори. Според лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, албанските партии не треба да прифатат избори, а доколку тоа се случи, тие ќе ги повикаат сите партии на Албанците да ги бојкотираат изборите. Од БЕСА сметаат дека ако има избори би биле сигурен победник, но моментално мислат дека најдобра опција е да се создаде политичка Влада и да не се оди на избори.

Што ќе се случува останува да се види во следните денови. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска соопштија дека тој утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојбаПретседателот Иванов денеска посочи дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Се остварува сценариото на СОРОС: По транспаренси, и Фридом Хаус со фингиран извештај

Soros-Freedom-Transparency

Она за што пишувавме пред десетина дена сега се остварува. Организациите под контрола и финансирање на СОРОС кои се занимаваат со рангирање и лиферување на извештаи оркестирано излегуваат со анализи со кои свесно се оцрнуваат држави кој се на црната листа на СОРОС и нивните отворени опоненти.

На тој начин СОРОС врши креирање на лажна слика и перцепција. Во зависност на степеност на соработка со СОРОС државите кои се спротивставуваат на функционирањето и методите на апсолутна корупција која ја спроведува оваа организација се шиканирани и независно од постигнатите реформи за да се дисциплинираат се ставаат на дното на табелите кои подоцна преку нивните испостави и филијали во државите се претставуваат како објективни параметри.

Како што најавивме денес излезе со извештај Фридом хаус која е финансирана и контролирана од СОРОС. Државата се сместува како делумно слободна со лоши квалификации кои медиумите финансирани од СОРОС политички ги толкуваат и злоуотребуваат во дневната комуникација.

Она што е интересно е што сите држави што се анти сорос ориентирани се лошо или пониско рангирани во најновиот извештај на Фридом Хаус. Па така Америка е полошо рангирана од минатата година, и тоа доаѓа откако стапи на власт претседателот Доналд Трамп кој е во отворена војна со СОРОС.

Полошо е рангирана и Република Унгарија на листата на Фридом Хаос, а познато е дека премиерот Виктор Орбан влезево повеќегодина битка со рганизациите на СОРОС и начинот на нивното дејствување. Тој остро се спротивстави на корупцијата која Сорос преку своите клон организација ја правеа на унгарското граѓанско општество како и желбата да се мешаат во суверноста на Унгарија.

Втората организација која минатата недела излезе со извештај беше Транспарентност Интернешенл која е организација директно финансирана од СОРОС, Македонија забележува пад од 24 места на ранг – листата на Индексот на перцепција на корупција за 2016-та. Земјата сега се наоѓа на 90-тото место во споредба со 66-тата позиција во 2015-та.

Ќе потсетиме дека ваквото лошо рангирање доаѓа откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Република од пред две недели објави дека државата бележи успех на индексот за борба против корупција дури и на организација финансирана од СОРОС како што е Трнаспарентност Интернешнл. Очигледно СОРОС преку неговите инсталации тука стана свесен и испорача лошо рангирање.

На прашањето на Република „Дали тоа што го прави Сорос е повеќе против Вас или повеќе за нив, односно опозицијата?“, Груевски вели „мислам и двете“.

-И мислам и за второто не е свесен. Не е свесен дека овој народ во 2006 година беше паднат на колена со речиси 39 отсто невработеност, највисока во Европа тогаш, и 32 отсто стапка на сиромаштија, рангиран на 105. место на неговата „Транспаренси интернешнел“. Токму тие против кои се бори тој, а тоа сме ние од ВМРО, и покрај сите кризи и пречки, невработеноста ја сведоа на околу 23 отсто, стапката на сиромаштија на околу 21 отсто, а на рангирањето на корупција имаме скок од 105. на 66. место, истакна Груевски во интервјуто.

СОРОС делува и преку Репортери без граници. Најголемиот парадокс и штелување на резултати се гледа преку извештајот на Репортери без граници каде во 2007-та година Македонија ја рангирале на 36-то место, а сега во последниот извештај на 118-то место, иако се работи за истата влада и истите реформски политики. Она што се смени е перцепцијата и ангажамнот на соросовите слуги да се оцрни државата.

СОРОС преку своите инсталации го прави истото и во други европски земји кои се ставени на црната соросова листа. Извештаите ги пишуваат луѓе кои се опозициски настроени и на платениот сисок на СОРОС.

ВМРО-ДПМНЕ ДО САД И ЕУ: Бараме објаснување за нови избори и за терминот „што е можно поширока влада“

VMRO-DPMNE-Zname-na-nova-zgrada

ВМРО-ДПМНЕ во две одделни соопштенија побара појаснување од Амбасадата на САД и од Европската Унија откако Никола Груевски не успеа да договори парламентарно мнозинство и со тоа да формира влада.

Од Амбасадата на САД во Скопје се бара објаснување дали нивната позиција за продолжување на разговорите за формирање нова влада, по еден ден откако партијата се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за избори, значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали тоа е официјален став на новата администрација на САД.

По еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ јавно се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за нови избори, Амбасадата на САД во одговор на новинарско прашање ги повика партиите да ги продолжат разговорите за формирање нова влада. Одговорот на новинарското прашање следеше откако не беше постигнат договор за формирање влада во уставниот рок и СДСМ излезе со став дека треба да го добијат мандатот, иако тоа не е предвидено со Уставот. Со оглед на дискусиите во јавноста што ги отвори овој став на Амбасадата, ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, партиите со постојниот распоред на силите од последните избори да состават нова влада – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прашање, како што стои, ВМРО-ДПМНЕ го поставува јавно бидејќи ставот на Амбасадата беше изнесен јавно и создаде конфузија при неговата интерпретација во јавноста, па, сметаат од партијата, би било добро и појаснувањето да е јавно.

– ВМРО-ДПМНЕ, како партија под чие водство Македонија потпиша Декларација за стратешко партнерство со САД во 2008 година, останува на позициите дека двете земји треба да ја продолжат соработката во духот на таа Декларација – се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија од Европската комисија бара да појасни врз основа на кој дел од Уставот на Република Македонија ЕУ очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да определи лидер за формирање, како што наведуваат, „што е можно поширока влада“.

– Македонија нема време за чекање, но портпаролката на Европската Унија, Маја Коцијанчич, треба да објасни врз основа на кој дел од Уставот на Р. Македонија, ЕУ очекува претседателот Иванов да определи лидер за формирање „што е можно поширока влада“, како што вчера ЕУ објави преку Коцијанчич. За да нема недоразбирање и дилеми кај македонската јавност, пожелно е одговорот на ЕУ, исто така, да биде јавен – се наведува во соопштението од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, секоја држава, особено источноевропските земји, има потреба од континуирани реформи преку промени на законите, за кои понекогаш е потребно и поголемо мнозинство како што е двотретинското, кое во Македонија е неопходно за промена на некои закони.

– Сепак, земјите ретко составуваат влади со двотретинско мнозинство. Дури и во таква ситуација некои од нив понекогаш преку разговори и дебата со опозицијата во парламентот успеваат заеднички да изгласаат закони за чие прифаќање треба поголемо мнозинство во парламентот отколку тоа што го има владејачката коалиција. Такви случаи имаше многупати и во Македонија, кога владејачката гарнитура успеваше за некои реформски закони да обезбеди поддршка во парламентот од опозицијата, што говори дека и без двотретинско мнозинство може да се прават реформи. Оттука, би сакале да прашаме дали ЕУ има воспоставена практика при секое формирање влада во земјите членки на ЕУ и кандидатите за членство, јавно да повикува на создавање „што е можно поширока влада“, или тоа е само исклучок за Македонија – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

МАРИОНЕТИТЕ ОДРАБОТУВААТ: Послушниците на Сорос од Европскиот парламент со поддршка за аболицираниот Заев

Sorosoidi-EP-Zaev

Џорџ Сорос ги активира своите апаратчици кои ги поседува на различни нивоа и од различни профили, се со цел да изврши фалсификат на вољата на македонските граѓани и да им наметне влада која ќе е под негова директна контрола.

Преку ваквата антидемократска влада на соросови марионети на мултимијардерот Сорос, во Македонија како и во огромен број на земји во светот има за цел да ја спроведува својата агенда на едноумие и пласирање на еден став како единствено точен, односно една политичка опција како единствена „правилна“ опција за граѓаните.

Целите на Сорос се во корист на елитите, а не на мнозинството, спроведувајќи едноумие околу сите важни општествени прашања и користејќи ја како фасада демократијата и идеите за т.н. отворено општество.

Најновиот потег на соросовата мрежа е да ги активира послушниците во Европскиот парламент со цел тие да влијаат на креирање на политичката слика во Република Македонија.

Виктор Боштинару и Тонино Пицула, кои денеска дадоа изјави за поддршка на формирање на про-соросова влада во Македонија која би била предводена од СДСМ, а чии што изјави соросовите медиуми на фанфари ги пренесуваат до нашата земја, не се ништо друго туку се обични мегафони на ултра-левичарот Сорос кои се активираат на команда.

Хрватскиот евро-пратеник Тонино Пицула важи за голем поддржувач на идеите на Отвореното општесто кои ги промовира Сорос. Неодамна објавените документи во поголем број на европски медиуми го сврствуаат и Тонино Пицула меѓу листата на поголем број на евро-пратеници над кои што Џорџ Сорос има влијание за спроведување на неговите политики.

hrvatskja

Тој се наоѓа на списокот на луѓе за кои хрватскиот печат пишува експлицитно дека се „докажани сојузници“ на Соросовата фондација во Хрватска, односно Пицула е еден од евро-пратениците за кои, како што информираат хрватските медиуми, Сорос смета дека му се лојални нему, а не на своите држави и граѓаните кои ги избрале. За Пицула и неговото друштво се вели дека се дел од една завереничка организација која заговара транспарентност во политиката, но самата делува многу нетранспарентно и се служи со најподли методи за да донесе свои луѓе на власт насекаде низ светот.

Во текстот објавен на порталот дневно.хр се деконструира и начинот на генерирање публицитет околу изјавите на политичарите контролирани од Сорос – како по правило, сите кои доаѓаат од нив, дури и кога станува збор за маргинални групи, добиваат огромен и позитивен публицитет, додека изјавите на луѓето кои се сметани за непријатели на Сорос се третирани со огромен негативен пубицитет преку соросовите медиуми во Хрватска. По истиот добропознат принцип соросовата мрежа функционира и во Македонија и насекаде на планетата.

Кога е во прашање Виктор Боштинару, романските медиуми пишуваат за поврзаноста на евро-пратеникот со Фондацијата Отворено Општество во Романија. Боштинару е посочен како дел од листата на луѓе кои се  контролирани од Сорос во Романија.

romanija-2

Боштинару важи за близок пријател и соработник на уште еден евро-пратеник од Романија, Ренате Вебер, која неслучајно е долгогодишната претседателка на Соросовата фондација во оваа земја и со која Боштинару често има заеднички јавни настапи. Боштинару беше актуелен во медиумите во традиционално конзервативната Романија со неговата поддршка на законското решение со кое што Европскиот парламент им наложува на земјите членки легализација на хомосексуалните бракови. Албанската јавност го памети и како критичар на владата на Сали Бериша која што Сорос ја сметаше за непријателска, за разлика од онаа која ја направи нему блискиот Еди Рама.

romanija

Ова е само уште едно мало делче во големиот мозаик за начинот на кој соросовата мрежа делува ширум светот. Голем број светски медиуми пишуваат за големото влијание кое што ултра-левичарот Џорџ Сорос го има на левичарските организации на сите континенти, при што се посочува дека како дел од тие групи се наоѓаат и Партијата на европски социјалисти, Социјалистичката интернационала и поголем број на други социјалистички и социјал-демократски партии.

soors-net

СКАНДАЛ: Финансиски малверзации на СДСМ – за реклами и пропаганда потрошиле 4 пати повеќе од тоа што пријавиле

zaev-miting-albansko-zname

Финансискиот извештај на СДСМ од последната изборната кампања отвора повеќе сериозни сонежи за малверзации, манипулации и отворени финансиски злоуотреби за кои кривично може да се одговара, објави порталот „НетПрес“.

Дузина неправилности и нелогичности говорат дека најголемата опозициска партија СДСМ реално не ги прикажала расходите, но и во исто време тоа открива сомнеж дека е плаќано се нечисти пари во готово заобиколувајќи ги законските процедури.

Во двата финансиски извештаи објaвени на Државниот завод за ревизија, за првиот и вториот дел од кампањата, a на кои стои печатот на СДСМ се прикажуваат нереални ниски суми за повеќе ставки, објави НетПрес.

Имено според извештајот СДСМ за издатоци за реклами и пропаганда, во што спаѓаат рекламите на партијата по телевизиите, радијата, веб порталите, весниците, билбордите, во некои сегменти и принт на флаери, потрошиле само 510.842 евра (31,422.960 денари). Но, ако се земат во предвид ценовниците за реклами по секунда на телевизиите, ценовниците за огласи по весниците и за билборди, суми кои беа еднакви за сите политички партии и претходно транспарентно објавени, и доколку тие суми се пресметаат со реалното време и простор кое СДСМ го потрошило за таа намена, ќе се дојде до сума дека само за реклами на телевизии и билборди реално потрошиле 815.388 евра, што е за 304.546 евра повеќе од објавената сума во финансискиот извештај на СДСМ.

SDSM-izvestaj-izbori-1

Со други зборови СДСМ реално потрошил 40 отсто повеќе од сумата која е објавена во финансискиот извештај. Дотолку повеќе што во оваа сума не се вкалкулирани средствата за рекламирање по весници, радија и веб портали.

Реалните пресметки говорат дека за реклами по весници, радија и портали СДСМ потрошил околу 50.000 евра. Вкупната сума за ставката реклами и пропаганда е 865.388 евра што е далеку, над 40 осто повеќе од онаа што е објавена во извешатјот на СДСМ и изнесува 510.842 евра. Разлика за која што постои очигледен сомнеж дека е платена со црни пари и преставува кривично дело, пишува НетПрес.

SDSM-izvestaj-izbori-2

За реклами на национални телевизиии СДСМ реално потрошиле 517.447 евра, од кои најмногу се рекламирале на „Алсат“ – вкупно 20 часа и 5 минути, и „24 Вести“ – вкупно 19 часа 19 минути и 6 секунди.

Реалната сума потрошена за реклами и пропаганда е дури поголема од вкупниот пријавен извештај на СДСМ за целата кампања. Реално СДСМ за реклами троши 865.388 евра, а за целата кампања во фингираниот извештај доставен до Државниот завод за ревизија, во што спаѓаа освен трошоци за реклама и пропаганда , издатоци за репрезентација, интелектуални услуги, закупи на штабови, опрема за митинзи, комунални услуги и греење, пеачи, даноци и провизии  објавуваат дека потрошиле за цела кампања 551.608 евра, што е повторно помалку од реалната сума потрошена само за реклами и пропаганда. Ако ги тргнеме трошоците за пропаганда и реклами значи дека за се друго (издатоци за репрезентација, интелектуални услуги, закупи на штабови, опрема за митинзи, комунални услуги и греење, пејачи, даноци и провизии) согласно извештајот на СДСМ, потрошиле само околу 37.000 евра.

SDSM-izvestaj-izbori-3

Многу јасно е дека СДСМ има штелуван извештај со фингирани суми.

Сите познавачи на проблематиката говорат дека станува збор за нереално ниски суми, кои биле пријавени од СДСМ, и невозможно е за реклами и пропаганда да потрошиле само 500.000 евра.

SDSM-izvestaj-izbori-4

Кривичниот законик на Република Македонија предвидува 5 години затворска казна за вакво дело.

-Според членот од законот, организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години затвор.

Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донациии други средства за финансирање на изборна кампања.

Нереалното прикажување на трошоците повлекува кривична одговорност, но во исто време ова отвора сомнеж за перење на пари, и пуштање во промет на црни пари со кои очигледно располага СДСМ за да ги покрие трошоците.

Тоа, пак, отвора дилема од каде се тие пари и како стасуваат до СДСМ, што е работа и за Основното Јавно Обвинителство.

СПМ предлага партиите да изработат сеопфатна македонска Платформа

SPM

Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) денеска објави иницијатива за изработка на сеопфатна македонска Платформа за одбраната на виталните национални и државни интереси. Партијата ги повика сите политички субјекти во Македонија да се вклучат во изготвувањето на ваква платформа. 

СПМ, како што стои во текстот објавен на нивната веб-страна, е длабоко загрижена за судбината на државата и повикува на обединување на македонскиот народ и другите заедници во Република Македонија, кои си ја сакаат и почитуваат оваа држава во која живеат, да го поддржат изготувањето на сеопфатна, конкретна и прецизна Платформа.

Документот, според СПМ, мора да биде во согласност со Уставот и во него мора да бидат наведени сите прашања кои се однесуваат на нашето внатрешно уредување, безбедносниот карактер, функционирањето на институциите, јазикот, името, културата, историјата, економијата и надворешната политика.

– Во таа Платформа мора да бидат наведени сите црвени линии преку кои никој во земјата не смее и не може да премине. СПМ подвлекува дека особена одговорност за овие прашања имаат двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои предводат две големи коалиции. СПМ е подготвена да организира средби од кои ќе произлезат усогласени решенија за Платформата, се наведува во текстот.

Од партијата инсистираат иницијативата да биде итно разгледана во двете политички партии и во рок од пет дена да бидат известени за нивната согласност по што би пристапиле кон понатамошни подготовки.

– Состојбите се драматични и бараат сериозно однесување и брзо делување. Во спротивно, секој ќе мора да ја понесе својата одговорност пред историјата и македонскиот народ, се наведува во текстот објавен на веб-страната на СПМ.

Според партијата, државата е во опасност, а како кулминација на сите настани во изминатиот период, се појави, како шти стои, крајно опасната Платформа на албанските политички партии во Република Македонија, креирана во соседна Албанија, со активно учество на албанската држава и раководство.

Оваа Платформа, според СПМ, е без чувство за одговорност за мирот и стабилноста на Балканот, инспирирана од други надворешни сили кои до сега и сеуште учествуваат во дестабилизација на Македонија и во нејзиното уништување. Ваквото мешање во внатрешните работи на земјата на кој било од надвор, стои во објавата на СПМ, претставува преседан во светската политика и ќе доведе до воени судири од големи размери.

Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните

Sredba-Ivanov-Ivanovski

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски.

На средбата Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

ФОТО: Катица Јанева обожава „доги стајл“

Katica-janeva-dogistajl

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која на социјалната мрежа Фејсбук е потпишана со специјален псевдоним Кејти Џејн обожава „доги стајл“. Доказ за тоа е објавената фотографија поставена како насловна форографија на нејзиниот специјален Фејсбук профил.

Katica-janeva-dogistajl-1