СДСМ со тарифа: 60.000 евра за министер, 20 000 евра за кандидат градоначалник

И покрај тоа што се уште не е доделен мандатот за состав на новата влада, од извори во Централниот одбор на СДСМ дознаваме дека кадровските решенија за Влада на СДСМ се речиси при крај. Сепак две работи предизвикале незадоволство кај дел од членовите на ЦО на СДСМ кои ги споделија информациите со нас.

Првата работа е тоа што раководството на СДСМ им отстапило премногу важни министерски места на ДУИ, меѓу кои МВР, Министерство за здравство, Министерство за образование и наука, Министерство за заштита на животна средина, Министерство за економија, Секретаријатот за Европски прашања, Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика, како и директор на Управата за јавни приходи.

Втората работа што предизивикала уште поголем револт бил ценовникот за едно министерско место. Два дена пред да го побара мандатот од претседателот Ѓорге Иванов, Зоран Заев преку неговиот брат Вице Заев, им пренел порака на неколку заинтересирани луѓе во ЦО на СДСМ дека за министерската фотелја во Владата треба да се уплатат 60.000 во кеш. Објаснувањето било дека тие средства ќе бидат употребени за изборната кампања на локалните избори, а дека идните министри од СДСМ секако ќе имаат повластици и ресурси за да си ги повратат тие уплатени пари во текот на нивниот мандат.

Неколку од можните кандидати за министри од СДСМ ги одбиле ваквите услови, но за други министерската фотелја сепак била примамлива дури и со одредена уплатена сума.

Министерското место во Министерството за земјоделство веќе го капарисал Панче Орцев, поранешниот пратеник од СДСМ од Струмица, додека во трка за министер за правда се Цветанка Иванова од Струмица и актуелниот пратеник Петре Шилегов.

Под овие услови двајца пратеници од СДСМ се заинтересирани за министерското место во Информатичко општетство и јавна администрација, Хари Локвенец од Прилеп и Александар Кирацовски од Битола. Доколку во фотелјата на ова министерство седне Локвенец, тогаш Кирацовски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола за што цената е три пати помала, односно уплата од 20.000 евра во готово за кандидат за градоначалник.

Оваа варијанта е фиксна кај Оливер Спасовски за Куманово и кај Томислав Тунтев за Охрид, додека дилеми за кандидатура под овие услови се уште постојат кај Мухамед Зеќири кој најавил амбиции за градоначалник на Чаир. Зеќири, кој важи за жесток критичар на корумпираноста на сегашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити од ДУИ, не сакал во самиот старт на политичката кариера да ризикува уплата на 20.000 евра само за да стане кандидат за градоначалник на СДСМ.

Врската задолжена за прибирање на парите им рекла на заинтересираните дека иако можеби сумата е висока местата се примамливи и доколку се дојде до функциите за многу брзо време парите ќе ги вратат неколкукратно повеќе. Наместо по заслуги парите го имале главниот збор во кадровската политика поради што има растечко незадоволсѕво во партијата

Божиновска: Треба да стравуваме како ќе ја одбраниме Македонија од проблемите на двоецот Заев-Шеќеинска

Гледаме дека Македонија секогаш добива во Извештаите на Стејт Департментот идеални оценки-токму верските права и слободи најмногу се почитуваат во Македонија. Не треба да стравуваме од тоа, треба да стравуваме како и на кој начин ќе ја зачуваме Македонија, како ќе ја одбраниме од проблемите кои ги наметна СДСМ и двоецот Заев-Шекеринска, односно комплетно нарушување на унитарноста на државата – изјави Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верски заедници, во гостување во Дневникот на регионалната телевизија „Ултра“.

Според неа, Македонците немаат проблем со Албанците, ниту пак Албанците имаат проблем со Македонците.

– Се наоѓаме во територија каде идеално и совршено се разбираат на многу подрачја, така што мислам дека за жал, ова што сега се случува, не би можело до преврие врз верските права и слободи – рече Божиновска.

Српски медиуми: На Македонија ѝ се заканува поделба по линијата на Вардар

Дневните весници во соседна Србија се преполни со наслови и написи против идејата и волјата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги прогласи Србите за геноциден народ. Според Заев, Србите извршиле наводен геноцид врз Албанците во Македонија во периодот од 1912-1956 година. Ваквите егзибиционистички политики на Зоран Заев, кои се на пат да ги доведат односите меѓу Македонија и Србија до ниво на експлозија, имаат единиствено за цел додворување на албанските партии преку исполнување на платформата од Тирана за влез со него во Влада.

podela-640x485

Доколку Албанците во Македонија за себе си изградат „ореол на жртви“, тоа би можело да биде основа на нивното барање на самоопределување, вели историчарот Александар Животиќ. Додека историчарот Предраг Марковиќ неведува дека Албанците би биле единствени жртви на геноцид, чијшто број на население неколкупати се умножил, пишува белградска „Политика“ во текстот под наслов: „ На Македонија ѝ се заканува поделба по линијата на Вардар“.

„Политика“ во поднаслов „Заев го бара мандатот, Иванов размислува“ повикувајќи се на разговор со директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, го цитираат Котевски кој вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој го кажа лидерот на партијата, Никола Груевски:

-Ние остануваме на ставот дека не смее да се дозволи да се редефинира Македонија, со платформата која е усвоена во Тирана. Граѓаните не гласале ниту за двојазичност, ниту за промена на банкнотите, ниту за федерализација или кантонизација. Затоа и му дадовме на Заев понуда да ја отфрли албанската платформа со што ќе ја добие нашата поддршка. Меѓународната заедница сакаше идната влада да обезбеди што поголема поддршка. На тој начин Заев ќе има 100 пратеника, само да го запре антидржавното сценарио.

geno-360x523Желбата за создавање Голема Албанија не е тајна, како ни тоа дека албанските политичари во Македонија своето делување го насочуваат со цел остварување на таа цел. Пишува дневниот весник „Блиц“ во анализата под наслов „Каков геноцид, какви будалаштини, тужбата против Србите е плод на албанската фрустрација“.

Александар Попов, директор на Центарот за регионализам, за „Блиц“ вели дека исполнувањето на сите услови кои албанските партии им ги дале на СДСМ значат опасен чекор за отцепување.

-Албанците имаат голем проблем со историјата, зошто во периодот на светските војни секогаш биле на губитничката страна. Во балкансите војни се држеа до Турција и загубија и затоа се фрустрирани – вели Душан Јанјиќ за „Блиц“, кој дополнува: „Ние мораме да имаме добри односи со Македонија ако сакаме мир на западен Балкан, без разлика дали им се допаѓа тоа на Албанците или не“.

korak-1-360x516

Дневниот весник „Вечерње новости“ под бомбастична најава „Идната македонска влада попушта пред Албанците“ на насловна страница осамна со текстот „Скопје на чекор да ги обвини Србите за геноцид?!“.

Зоран Заев не само што ги влоши односите со Србија и ја стави Македонија во незгодна ситуација, туку и е на пат да го запали бурето со барут, кое Албанците му го наполнија. Дека тоа е така сведочат и пишувањата на српскиот портал „Информер“, односно дека лидерот на СДСМ и кандидат за премиер, Зоран Заев, склопил скандалозен договор со албанските партии да ја поддржи нивната декларација со која Србија се обвинува за „геноцид“ над Албанците, наводно направен од 1912 до 1956 година. Порталот повика државниот врв на Србија веднаш да повлече контрамерки доколку се усвои декларацијата со која Србија би се обвинила за геноцид во Македонија.

informer-1

„Потребно е веднаш да се повлече признавањето на Македонија под името Република Македонија и оваа држава да се признае под името под кое ја познаваат и другите држави – Поранешна Југословенска Република Македонија или ПЈРМ“, стои во апелот на редакцијата која е револтирана што Зоран Заев, како и многу политичари во регионот, мисли дека може до недоглед и неказнето да ги понижува Србија и Србите“.

Шефот на српската дипломарија, Ивица Дачиќ, порачал дека Македонија, ако ја усвои политиката „за српски геноцид“, ќе предизвика сериозен скандал.

-Ако е ова вистина, тогаш тоа ќе остави тешки последици. Србија адекватно, реципрочно и цврсто ќе одговори.

Потполковникот на КОС во пензија, Љубан Каран за „Информер“ вели дека сево ова е последица на стратегијата на Западот за нарушување на мирот на Балканот.

-Ако Заев заради власт биде подготвен да ги продаде интересите на македонскиот народ, зошто тогаш не би бил дел од албанскиот заговор против Србија? Јасно се гледа дека нападите врз Србија ги креира моќна рака од Западот. Ако само Србија искрено сака мир, мали се шансите да се зачува и покрај отстапките – вели Каран за „Информер“.

Платформата од Тирана ќе се реализира во фази: Петковски потврди дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски од НСДП потврдува дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот, и дека платформата од Тирана ќе се реализира во фази.

Петковски при гостувањето во дебатна емисија на Телевизија 24 запрашан дали нему нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб, односно што е се испреговарано, лидерот на НСДП вели дека тоа не било тема која што е услов да се потпишел договорот за коалицирање.

-Прво, тоа не е тема кое што е услов да се потпише договорот за коалицирање. Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии итн. Од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече Петковски.

СЕ БАРА РЕВИЗИЈА И ОДГОВОРНОСТ: Конгресмени незадоволни од одговорот на Бејли, бараат истрага за Амбасадата и УСАИД

Група од седум американски конгресмени испратија писмо до американската Канцеларија за oдговорност на Владата (ГАО) во кое бараат да се поведат ревизија и истрага за работата на Стејт Департментот и агенцијата за развој УСАИД, затоа што се однесувале партиски и ги финансирале активностите на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос во Македонија.

– За жал, слушнавме веродостојни извештаи дека во изминатите две години американската Амбасада во Македонија активно се мешала во меѓупартиските политички прашања во Македонија, како и дека влијаела да се обликуваат медиумската средина и граѓанското општество на начин кој е неприфатливо партиски и притоа, директно или индиректно, влијаела врз исходот на изборите во Македонија. Според овие информации, интервенциите секогаш биле во полза на партиите, медиумите и граѓанските организации од левицата. Информирани сме дека и УСАИД Македонија силно ги поддржувал овие партии во пресрет на изборите, пишува во писмото потпишано од конгресмените Кристофер Смит, Ренди Халтгрен, Роберт Адерхолт, Луи Гомерт, Роберт Питенгер, Џеф Фортенбери и Трент Френкс.

Писмото е испратено на 24 февруари и е адресирано до генералниот инспектор Џин Додаро, кој ја води институцијата ГАО и има право да поведува истраги и ревизии во случаи на злоупотреба на финансиските средства од страна на државни функционери. Ова е една од неколкуте истраги и ревизии кои овие седуммина конгресмени, засилени од сенаторот Мајк Ли, ги најавија за американската Амбасада и мисијата на УСАИД во Македонија.

Kongresmeni-potpisi-2

Во средината на јануари конгресмените испратија писмо до амбасадорот Џес Бејли, во кое побараа одговори за обвинувањата за негово партиско однесување и финансирањето на партиски поврзани невладини организации најдоцна до 31 јануари. – Одговорот што го добивме на 6 февруари е премногу општ и тој не даде одговор на прашањата кои ние ги покренавме. Поради тоа, со цел да имаме независна ревизија и истрага, решивме да се обратиме до вашата канцеларија. Конкректно очекуваме од вас да добиеме одговори на прашањата колку средства од буџетот на американската Влада, од сите можни линии, биле одделени за Фондацијата Отворено Општество и со неа поврзаните институции во сите држави каде што се основани во фискалните години од 2012 до 2017. За кои цели вообичаено се доделуваат овие средства? Конкретно за Македонија, ве молиме објаснете ги правните основи за сите актуелни и тековни грантови, договори и други начини на финансирање, вклучително и начините на кои тие може да бидат раскинати, пишува во писмото на седуммината конгресмени до владината инспекциска служба.

Во писмото се отвораат прашањата зошто американската Амбасада во Скопје воопшто ја одбрала Фондацијата Отворено Општество Македонија како изведувач на значителен дел од проектите на УСАИД, и се прашува дали невладините организации поврзани со ФООМ биле активни во изборната кампања или при формирањето на Владата. Групата конгресмени предводени од Кристофер Смит бараат истрагата на ГАО да обезбеди информација за тоа колкав процент од американските средства за развој на демократијата во Македонија, медиумите и граѓанското општество и биле доделени на Фондацијата Отворено Општество на Џорџ Сорос. Имајќи го предвид учеството на организации финансирани од Сорос во протестите во Македонија, конгресмените го поставуваат прашањето “дали некоја организација, институција, група или индивидуалци кои директно или индиректно преку Фондацијата Отворено Општество Македонија добиваат американски средства, биле вмешани во насилство против други личности или имот, и дали полициски офицери или припадници на други безбедносни институции биле повредени како резултат на тоа насилство?

Kongresmeni-potpisi-1

Во писмото на конгресмените се поставува и прашањето дали амбасадорот Џес Бејли или други лица од Амбасадата биле активни во преговорите да се одложат предвремените избори, на начин на кој кореспондирал со интересите некои од партиите. Од инспекциската служба ГАО се бара да ја провери и законската основа, според Виенската конвенција и други норми кои го регулираат однесувањето на дипломатите, за случаи кога дипломатите ги кршат законите на земјата во која се испратени, се мешаат во внатрешните работи на земјата или во домашните политички кампањи. Во писмото се бара од ГАО да отпочне истрага за работата на Амбасадата во Скопје и мисијата УСАИД Македонија и најдоцна во рок од еден месец да даде информација за напредокот.

УСТАВОТ Е ЈАСЕН: Нема друг јазик освен македонскиот кој се користи на целата територија, СДСМ и Заев грубо го кршат Уставот!

Според амандманот 5 од Уставот, на “ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА“ на Македонија се користи македонскиот јазик. Ова значи дека според Уставот, нема друг јазик кој се користи на целата территорија.

Македонија има само еден официјален јазик – македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, Уставот прецизно наведува кога јазиците на малцинствата може да се користат како службени, a тоа не е на целата територија и никаде во Уставот не стои дека албанскиот јазик е втор официјален јазик

Во став два од амандманот 5 од Уставот се наведува дека друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е исто така службен, ама според понатамошните определби од овој член, во кои е јасно назначено дека тоа важи само за локалната самоуправа а не за целата територија.

Според Уставот, нема друг јазик кој се користи на целата територија!

Ако се прифати на парите и монетите да се користи и албанскиот јазик, тоа ќе значи користење на целата територија, што е спротивно на Уставот.

Истото важи и за ознаките на униформите. И тие, како и парите, се користат нацелата територија, што значи дека мораат да бидат само на македонски јазик! Се’ друго е грубо кршење на Уставот.

Ова значи дека без кршење на Уставот не е можно да се спроведе договорот меѓу СДСМ и ДУИ, откако Зоран Заев во целост ја прифати албанската платформа и истиот договор всушност е договор за идентитетска промена на Македонија со кој се задираат основните постулати како јазикот, името, знамето, грбот и химната.

Во РМ согласно  Амандман 5 од УСТАВОТ НА РМ има само еден службен јазик на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, и само едно писмо, а тоа е кирилското писмо. Ако Заев ја зборува вистината дека во РМ постојат два службени јазика на територијата на цела држава тогаш воопшто немаше да има потреба да преговараат во целосна тајност како што преговараа двете партии, бидејќи нема нели потреба да се преговара нешто што е веќе утврдено во Уставот“, вели професорката од Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска.

Таа објаснува дека во Уставот јасно стои дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните исто така е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој амандман 5.

„А членот во Уставот вели дека само личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик може да се издаваат да друг јазик, и дека во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик може да се употребува друг јазик како службен. Истото се однесува и на комуникацијата со подрачните единици на министерствата. Во органите на државната власт може да се користи друг јазик различен од македонскиот но само како индивидуално право на секој граѓанин, а не и како колективно право на малцинствата “, вели професорката.

Графити низ Македонија: Заев предавник! (ФОТО)

„Заев предавник“, „Заев за колку ли ќе ја продадеш Македонија“… Графити со вакви пораки можат да се забележат низ цела Македонија.

 

kolku-prod640

Граѓаните се противат на обидот на Зоран Заев и СДСМ да ја загрозат унитарноста на Република Македонија преку целосното прифаќање на албанската платформа и воведување на двојазичност на целата територија на Македонија, што претставува грубо кршење на Уставот, бидејќи според Амандманот 5, македонскиот јазик е единствен кој е официјален на целата територија.

СДСМ со отворени закани кон своите членови во Скопје, Кичево, Прилеп, Штип и Битола

После вчерашното присуство на голем број членови и симпатизери на СДСМ на собирот на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија во главниот град, уште синоќа во сите скопски ограноци на СДСМ стигнало наредба од Заев најитно да бидат исконтактирани сите членови на СДСМ кои биле на собирот на граѓанската иницијатива и да им биде кажано дека имаат добиено жолт картон за нивното присуство и дека следно појавување на такви собири ќе значи добивање на црвен картон и казна за секој што нема да ја почитува наредбата на партијата.

Како што велат членови на СДСМ, во наредбата било побарано да бидат исконтактирани сите членови на партијата и да им биде укажано дека раководството забранува да присуствуваат на овие собири кои биле на штета на претседателот Заев и партијата.

Истата наредба од седиштето на Бихачка утрово стигнала и до партиските ограноци во Кичево, Прилеп, Штип и Битола, каде вечер како што изјавија од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија исто така ќе се одржуваат собири како во Скопје.

За дел од членовите на СДСМ кои утрово биле контактирани од локалните раководства на партијата овие закани претставуваат загрижувачка појава во која се наоѓа партијата и видно разочарани од таквиот однос на партискиот врв коментираат дека ваквите закани само дополнително ги стимулираат да излезат на граѓанските собири кои имаат за цел праќање на јасен сигнал за патриотското чувство на Македонците.

Велејќи дека најнапред се Македонци, а потоа членови на СДСМ, тие сметаат дека СДСМ никогаш досега не била на пониско ниво од ова што е сега и дека не можат да си ја препознаат партијата во која со години работеле. Ваквите закани од партискиот врв, велат тие, се доказ дека раководството не се бори за демократија туку за диктатура и дека никој нема право да им кажува како тие треба да размислуваат за сопствената држава.

Седум општински организации на СДСМ се подготвуваат јавно да се оградат од Зоран Заев

Според информациите до кои дојдовме од извори во СДСМ, станува збор за ограноците на СДСМ во три града во источниот дел на државата, два во југоисточниот дел и по еден огранок на партијата во повардарието и западниот дел.

Прифаќањето на албанската платформа од страна на Заев со која СДСМ прифати двојазничност, печатење на нови пари на албански јазик и нови униформи за војската и полицијата, за членовите на СДСМ од овие општински организации било работа преку која неможело да се премине, од причина што според нив тоа не е прифатено од најголемиот број гласачи на СДСМ во тие општини.

Револтот по објавувањето на прифатеното во овие ограноци  на СДСМ започнал уште при објавувањето на дел од прифатените работи, а ескалирал после седницата на централниот одбор на партијата кога и отворено дел од членовите изразиле отворен револт и негодување за според нив пропаста во која се носи државата и криењето да се соопшти што се било дадено од раководството на СДСМ.

Извори од СДСМ велат дека критиките на дел од членовите дека СДСМ не смее да прифати такво нешто што е на штета на државата биле експресно и најбрутално напаѓани лично од Заев и неколкумина членови на раководството познати како безпоговорни  послушници на Заев.

Членовите од овие општински организации отворено укажале дека ваквите постапки на раководството никако неможат да бидат прифатени од најголемиот број членови на нивните организации кои отворено овие денови реагирале дека се против двојазичноста, двојазичната валута и двојазичните униформи.

Покрај отворените напади со кои се соочиле на седницата на централниот одбор, извори од СДСМ велат дека претседателите на овие организации на СДСМ во текот на вчерашниот ден биле исконтактирани од членови на највисокото партиско раководството при што со отворени закани им било наредено да не им падне на памет јавно да излегуваат и да се оградуваат од Заев.

Но и покрај таквите закани претседателите на овие седум општински организации одговориле дека тие го пренесувале ставот на членовите на СДСМ кои ни под разно не сакале да го прифатат ова што во моментов го прави раководството на партијата, бидејќи како што истакнале тие планирале и понатаму да останат да живеат во овие градови со своите сограѓани.

Дел од овие општински организации сметале доколку јавно не истапат против раководството на СДСМ дека никогаш немало да ги повторат резултатите од последните избори и дека рејтингот на СДСМ во нивните градови вртоглаво опаѓал. Според нив мислењето на нивните сограѓани и локални сопартијци било многу поважно од мислењето на Зоран Заев и дел од раководството на СДСМ.