Груби: БЕСА ги повлече потписите за влада со Заев, не го сакаме Џафери за претседател на Собранието

Artan-Grubi

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска попладне свика итен состанок на централното претседателство на партијата на која покрај прашањето за излез на ДУИ од техничката влада и локалите избори се расправало и за однесувањето на БЕСА и блокадата во Собранието. Артан Груби брифира за Мета дека движењето БЕСА ги повлекле потписите што му ги дале на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако одлучиле да не го поддржат предлогот претседател на Собранието да биде Талат Џафери.

Јовановски: Зошто платформата беше подметната како уцена, ако во неа нема ништо страшно?!

Krste-Jovanovski

Зошто платформата беше подметната како уцена, ако во неа нема ништо страшно? Ова е едно од прашањата што пратеникот Крсте Јовановски рече дека ги поставува деновиве во Собранието на Република Македонија, меѓутоа се уште не добил одговор.

-Неколку дена работиме во парламентот и мои главни точки се во однос на тоа дека јас сум пратеник избран од народот и го застапувам нему. Им кажав дека народот бара одговори, како што бараме и ние пратениците во парламентот. Барам да се одговори што е тоа потпишано во таа „Тиранска“ платформа, што е потврда за она што ни се случува и зошто ако нема ништо страшно во неа беше подметната како уцена? До денес немаме одговор на прашањата, а внатре во платформата се задира во јазик, знаме, химна, геноцид, заендички полиции итн, истакна Јовановски во Отворено студио на ТВ НОВА.

Додаде дека платформата води кон федерализација на Република Македонија, но и кон нејзино разнебитување како држава.

Станковски: Прагот на толеранција кај народот е сведен на минимум

Aco-Stankovski-TV-Nova

Вчера бев меѓу граѓаните кои протестираат и забележав дека прагот на толеранција е сведен на минумум, оцени уметникот Ацо Станковски во дебата на ТВ НОВА.

„Народот веќе сака акција, а тоа зависи од потезите во Собранието. Нема да влезат внатре непредизвикани, но доколку се направи било каков чекор во насока на изигрување на она што е еден принципиелен политички тип на договарање и следење на сите клаузоли на пратеничкиот прирачник и ако бидат доволно интелигентни да не се обидуваат да ги бајпасираат сите оние оние точки во политички смисол, тогаш со нови избори може да се избегне упад на народот, но доколку и понатаму тврдоглаво опстокјуваат на своите измами, лаги и криминали, народот ќе ја земе судбината во свои раце, и да ја ребрендира Македонија од нулта позиција, по што би следувало прилагодување и организација на нови избори на кои можеби некои партии можеби нема да постојат“, рече Станковски.

Ачковска: Народот сфати дека сакаат да ја поделат Македонија

Violeta-Ackovska

На луѓето им требаа две години да созрее, да ферментира таа свест дека навистина се работи за поделба на Македонија, за федерализација и поделба на државата, а не за борба против криминал, за некаква „Шарена револуција“ со некакви квази вредности кои ни ги пласираа Сорос и Канвас, истакна Виолета Ачковска, универзитетски професор и историчар.

-Ова што ни се случува сега за мене е една огромна енергија која се ослободува од македонскиот народ. Го потценуваат македонскиот народ, мислат дека е мирен, дека наведната глава сабја не ја сече, не го сфаќаат нашиот менталитет, колку сме тврдокорни, колку можеме да издржиме. Таа сила сега доаѓа во една експлозија на позитивна енергија и затоа ова може да биде четвртиот Илинден за македонскиот народ, рече Ачковска говорејќи за протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ при нејзиното гостување на ТВ Нова.

Илиевски: Благодарение на секој од вас и денес не беше избран претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа

Bogdan-Ilievskii-pred-Sobranie

Граѓани за заедничка Македонија со гордост по 33-пат ве поздравуваме од пред Собранието. Објектот кој црвено-жолтата линија го обви, го чува и нема да дозволи во него да се случи ништо што ќе и наштети на иднината на Република Македонија, истакна од пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

-Благодарение на секој од вас немаме влада качена на Тиранската платформа, ниту денес не беше избран претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа и благодарение на секој еден од нас Република Македонија нема да биде двонационални и двојазична држава. Нема да биде држава поставена на патот на федерализација, ќе биде заедничка држава за сите нас, како што сме живееле до сега така ќе биде и во иднина, под сонцето за сите, јазикот на кој сите се разбираме и химната која сите ја пееме, вели Илиевски.

-Да не чујат сите 120 луѓе од внатре, да знаат кој ги поставил внатре и кој може да ги извади од внатре, да знаат дека не смеат да си играат со народот, народот е буден и нема страв ниту срам да се бори за она што го сака, додава Илиевски.

Почна ли да се реализира Тиранската платформа? Во Куманово македонското знаме заменето со албанско, интервенирала полиција

Albansko-zname-vo-Kumanovo

Попладнево се случи инцидент во Куманово, кога поголема група млади Албанци одлучи да го симне македонското државно знаме од плоштадот во Куманово.

На местото на македонското знаме, групата го качила знамето на соседна Република Албанија.

Мотивите за ваквиот нивен потег засега се непознати. Групата била забележана од двајца полициски службеници кои се обиделе да интервенираат, но биле нападнати.

Со полициска интервенција приведени се две лица во СВР Куманово, а албанското знаме е симнато.

Albansko-zname-vo-Kumanovo-1

За инцидентот е информиран надлежен Јавен Обвинител и во дополнителниот разговор ќе се откриваат мотивите на сторителите.

Во Тиранската платформа се бара отварање дебата за државните симболи. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изрази подготвеност да разговара.

Дополнително, јавноста многу пати изминатиов период беше запознаена сврдите позиции и антимакедонски ставови на неговиот партнер Зијадин Села.

Со неговите контроверзни ставови се сретнавме уште во 2013 година, кога на локалните избори настапи со слоганот „Гласајте масовно за да го бетонираме фактот дека Струга е албанска“. Истите ставови тој ги потврди и во 2015 година, на 18 мај, на гостувањето во емисија на националната албанска телевизија. На забелешката на новинарот Енкел Дема дека никогаш не се фотографирал со македонското знаме, Села потврдува и образложува дека никогаш не се фотографирал покрај македоснкото знаме и никогаш не станал на нашата химна.

СДСM да одговори: Која е цената што треба да се плати за Македонија?

Pratenici-SDSM-Zaev

Со процедурални забелешки, реплики и контрареплики продолжи конститутивната собраниска седница за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

ВМРО-ДПМНЕ повторно укажа дека народот не му верува на СДСМ и сака да слушне што прифатил од платформата на албанските партии, а СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со постојаните меѓусебни реплики намерно го блокира Собранието.

– Дали и која е цената што треба да се плати за Македонија и дали татковината воопшто има цена. Народот надвор, револтиран и загрижен, на протести за заедничка Македонија бара одговор, не е дојден ни партиски, ни етнички – рекоа Сашо Василевски и Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милева Горгиева од СДСМ апелира ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со фактот дека веќе не е власт, туку опозиција.

– Треба поскоро да се формира новата влада и да се реализира нејзината програма. Но вие немате слух за тоа, ниту за граѓаните и за нивните потреби, ја спречувате работата на Собранието, не дозволувате да се донесуваат закони.

Реплицираше Илиоски со став дека некој, како што рече, треба да се соочи со фактот дека ги загубил изборите.

– За да владее правото треба да почнете од сопстевниот двор зашто Заев не се појавува на судските рочишта за „Поткуп“, а кој е предавник, ќе суди народот. Но, да се почитува неговата изборна желба. Комисијата да го има тоа на ум кога ќе ги предлага телата на Собранието и неговиот претседател – додаде Илиоски.

Зошто некој се обидува да ја изигра волјата на граѓаните, се надоврза Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи го како дилема и прашањето дали Македонија со политиката на СДСМ ќе ја задржи унитарноста.

Катерина Кузмановска од СДСМ изрази жалење што овој пратенички мандат почна во, како што оцени, крајно недемократска атмосфера која не доликува на мултикултурно и мултиетничко општество.

– Изминатите пет дена сме сведоци на грубо кршење на собранискиот Деловник. Згазивте врз достоинството на Законодавниот дом, парламентарното мнозинство и граѓаните – обвини Кузмановска.

И нејзината сопартијка Тања Ковачев изнесе сличен став.

– Пет дена дебатирате, а никој од вас не кажа ништо во врска со дневниот ред. Пет дена го кршите Деловникот, а со тоа и Уставот – потенцира Ковачев и предложи да се изгласа Комисијата за избори и именувања и Собранието да продолжи со работа.

Реплицираше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара одговори на тоа што СДСМ се обидува кукавички да го подметне во Собранието, за химната, јазикот, знамето…

Хари Локвенец потсети на понудата за ТВ-дуел што Заев му ја понуди на Груевски со која, рече, би се расчистиле сите дилеми.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беспоговорно ја следат партиската директива за лаги и манипулации, место да овозможат формирање нова влада. Со реплики и контрареплики се обидуваат да ја замајуваат јавноста – додаде Александар Кирацовски.

Оценувајќи дека откога почна со работа, изминативе пет дена, Собранието е циркус, Васко Ковачевски рече дека се зборува сѐ, само не за точката на денвниот ред, како што предвидува Деловникот. – На говорницата се збори за некакви црни сценарија, наводни поделби на државата, а вие не ги прекинувате – му забележи Ковачевски на претседавачот Трајко Вељаноски.

Бранко Маноиловски од ДУИ, кој првпат се јави за збор, побара пратениците да ги остават партиските интереси настрана и сите, заеднички, да работат за доброто на Македонија.

– Забележав голема нервоза меѓу сите вас, но да ги тргнеме интересите и несфаќањата, да бидеме едно. Би сакал да бидам вид мост меѓу Албанците и Македонците зашто сум Албанец, но македонизиран – посочи Маниловски.

Пратеник од СДСМ со закани до Милошоски: Ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, не ти бега обвинение од СЈО

Antonio-Milososki-sobranie

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе работи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма  со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие, отколку да бидам награден за велепредавство, пишува Милошоски.

Предупредување од „За заедничка Македонија“: Денес се очекуваат провокации, пратете им љубов – тоа повеќе ги боли!

Protest-24-den

Денешниот триесет и трети ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе започне во истото време на истото место – 17 часот пред Владата на РМ.

Еден од организаторите на граѓанската инизијатива, Борис Дамовски на својот Фејсбук профил објави информација дека за денес на протестите се очекуваат „провокации, закачки и слични шарени финти“.

Тој повика граѓаните да не подлегнат на провокациите и да возвратат со истата позитивна енергија со која 33 дена маршираат за татковината.

-Денес на протестите се очекуваат провокации, закачки и слични шарени финти.

Исмејте ги, пратетете им љубов и разбирање – тоа повеќе ги боли.
17:00, напиша Дамовски.

Ѓорѓиевски: СДСМ во Kомисијата предложува членови хулигани со дипломи од Канвас

Zoran-Gjorgjievski-Sobranie

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денес околу темата за составот на Комисијата за прашања за изборите и именувњата од собраниската говорница изјави дека СДСМ предлага членови кои што две години ја фарбаа Македонија и нејзините  историски обележја и членови со дипломи од Канвас.

Ѓорѓиевски посочи дека е крајно несериозно од страна на СДСМ со тоа што во таква важна комисија предложува хулигани кои ги осудуваше целата македонска јавност.

Од друга страна, Ѓорѓиевски ги замоли пратениците од СДСМ да го слушаат гласот на народот што протестира односно како што кажа тој осеќа колективен инстинкт за загрозеност на својата држава.