НЕРЕДИ ВО СОБРАНИЕ: Петмина се приведени, за 15 лица има кривични пријави

Narod-vo-Sobranie

Кривичните дела за кои се товарат се „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

Кривични пријави против 15 лица се поднесени од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје во врска со нередите што се случија во четвртокот вечерта во македонското Собрание, од кои петмина се приведени.

Како што соопшти МВР, против лицата Б.М. (38) од Скопје, Д.Х. (43) од Прилеп, Н.М. (34) од Скопје, К.Џ. (54) од Скопје, Ѓ.Б. (44) од Скопје, Д.Д. (45) од Скопје, В.Н. (45) од Скопје, С.П. (57) од Скопје, А.З. (63) од Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомневање за извршено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ.

Против лицата, пак, Д.В. (36), А.С. (39) и М.Ц. (39) М.С. (47) четворицата од Скопје, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомневање за извршено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, а против лицата Д.А. (62) од Скопје и И.Ј. (46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ.

– Врз основа на прегледани видео материјали и преземени оперативни мерки извршена е идентификација на горенаведените лица, и петмина од нив веќе се приведени. Покрај ова, МВР до надлежното ОЈО достави и посебно известување за организаторите на протестите за евентуалното натамошно постапување на обвинителството околу целосното расчистување на случувањата од 27.04, се наведува во соопштението.

Од МВР наведуваат дека според досега документираните сознанија, на  27-ми овој месец околу 19  часот пред и во Собранието на Република Македонија, пријавените, по завршување на седница каде е избран преседател на Собрание како и за време на одржување на прес-конференција во салата, откако го пробиле кордонот од УПС, кој бил поставен пред Собранието, влегле внатре каде извршиле оштетување на ходникот, а потоа физички ги нападнале полициските службеници на внатрешното обезбедување А.Ј., В.К., Б.Ѓ. по што влегле во салата 3 каде се одржувала прес-конференција и физички ги нападнале присутните З.З.  (42) од Струмица, З.С. (44) од Струга, Р.Ш.Ј. (44) од Скопје, О.С. (40) од Куманово, С.М. (53) од Скопје, како и други пратеници од политичките партии на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Пријавените Б.М., М.С, Д.А., И.Ј, Д.Х., Н.М., К.Џ., Ѓ.Б., Д.Д., В.Н., С.П., Д.В., А.З., А.С. и М.Ц. , со наведените зеднички дејствија со употреба на физичка сила и закани, како што се посочува, сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот, со што ги извршиле напред наведените кривични дела.

Од страна на ЕНК ОКСД извршени се проверки во Клинички Центар Мајка Тереза  – Неврохирургија во врска со повредениот пратеник З.С., а со вработените во обезбедување на Собранието Б.Ѓ. и В.К. извршени се службени разговори.

– По настанот, по предходна консултација со Јавен обвинител од страна на ЕУМНА при СВР Скопје извршен е увид како и кримтехничка обработка на местото на настанот за што се изготвени Записници. Од страна на Основно јавно обвинителство Скопје, издадени се Барања за доставување податоци од повеќе електронски медиуми,  ЈП Улици и патишта, МВР на РМ, УБК ООТПО како и наредби за вештачење до МВР на РМ – ОКТИВ кои откако ќе бидат изготвени дополнително ќе биде поднесен соодветен службен материјал, нагласува МВР.

СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните од 27-ми овој месец во Собрание на Република Македонија, стои во соопштението од МВР

ФОТО: Груевски на средба со претседателите и преставниците на партиите од коалицијата „За Подобра Македонија“ – Осуда за насилството, нелегалниот избор на Џафери и провокациите од СДСМ

Gruevski-sredba-koalicija

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес во партиското седиште оствари средба со претседателите и преставниците на партиите кои се дел од коалицијата „За Подобра Македонија“.

-На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, како и најновите случувања во македонскиот парламент, вклучително и незаконскиот обид за избор на претседател на собранието. На средбата беше осуден нелегалниот, противуставен и незаконски обид за избор на претседател на собранието од страна на СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

gruevski sredba koalicija1

Исто така се осудуваат провокациите од страна на СДС и Зоран Заев кои со своето однесување го предизвикаа револтот на граѓаните. Прекршени се уставот, законите и деловникот, и за тоа мора да има одговорност.

gruevski sredba koalicija2

Коалицијата За Подобра Македонија осудува насилство и истото не треба да биде начин на комуникација, потребно е смирување на страстите и ноесење на одлуки во согласност со уставот и законите.

Ордите на Заев со крвави закани до предводниците на народот и „За заедничка Македонија“

Bogdan-Ilievski-Boris-Damovski

Ордите на Зоран Заев на социјалните мрежи упатија крвави закани до предводнизите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

Закани упатувани до организаторите на ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА упатија и Павле Богоевски од СДСМ кој преку својот Фејсбук профил директно му упати закана на Богдан Илиевски дека ќе одговара и дека истото му го ветува.

Освен ваквиот коментар на социјалните мрежи можеа да се забележат и навредливи зборови и закани по животот на членовите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

18197927_1555884177755592_1612116084_n

18197952_1555884114422265_115807379_n

3

18198116_1555884161088927_1062112632_n

18198129_1555884141088929_1261050179_n

18216931_1555884194422257_1558907622_n

18217119_1555884157755594_593988275_n

18217517_1555884117755598_1151768625_n

Ѓорчев: СДС изврши обид за државен удар, ги погази Уставот и законите – мора да сноси одговорност

Vlatko-Gjorcev-pres-VMRO

СДС изврши обид за државен удар. СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието. Одговорност за ваквото антидржавно однесување мора да има. СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ѓорчев

Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи народот и граѓаните на Македонија кои 60 дена мирно протестираа и без ниту еден инцидент го изразуваа своето несогласување со Тиранската платформа и распродавањето на државните и националните интереси.

Одговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев да издава наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку било каде во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој куршум или рикошет завршеше во некој од граѓаните? Дали полицискиот службеник кој го послушал Зоран Заев е свесен дека тој не смее да постапува по партиски наредби, туку единствено согласно законот и процедурите?

Одговорност мора да има. Целата јавност беше сведок како Зоран Заев отпочна со реализација на црното сценарио од Тиранската платформа. Целата јавност беше сведок на срамниот и шверцерски обид да се заобиколи Уставот, законите и деловникот на Собранието на Република Македонија. Секое кршење на законите и процедурите води во насилство и анархија. Зоран Заев беше свесен за тоа. Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и предизвика граѓаните, реализирајќи го овој срамен чин после 18 часот, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС.

Еве кои се одредби ги прекрши СДС во обидот да си прогласи свој Претседател на Собранието на Република Македонија.

Конститутивната седница има легитимен претседавач согласно Уставот и Деловникот. Член 63 од Уставот вели дека Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав и само доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Член 9 од Деловникот на Собранието вели:

(1) Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, а ја свика седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10,00 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник, ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница. Во овој случас седницата беше свикана од досегашниот Претседател Трајко Вељановски во претходниот состав, а актуелен пратеник. Значи сосема легитимно и согласно уставот и законите и деловникот.

(2) Пратеникот кој ја свикал првата седница, тоа е Трајко Вељановски, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.

Бидејќи Конститутивната седница беше свикана во предвидениот рок, како што сите знаеме, од претседателот на претходниот состав тој и претседава со неа, токму како што вели став 2 од Член 9 од Деловникот. Само доколку претходниот претседател не ја свикаше Конститутивната седница, а ја свика тогаш согласно одредбите седницата ќе ја свикаше најстариот пратеник и истиот ќе претседаваше со неа. Во овој, деветти состав на Собранието најстар по возраст пратеник е пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ.

Согласно кажаното, целосно нелегитимна, противуставна и противделовничка е улогата на Ферид Мухиќ како претседавач, кој всушност не е ниту најстар пратеник во овој состав на Собранието, ниту пак беше најстариот пратеник во салата, ниту пак има деловничка оправданост за друг претседавач на Конститутивната седница освен досегашниот претседавач Трајко Вељановски. Преседан е произволното одредување и назначување на претседавач вон секаква деловничка процедура!

Член 68 од Деловникот го уредува времетраењето на седниците:

(4) Седница на Собранието се одржува во времето од 11,00 до 18,00 часот, со пауза од еден час, ако претседателот на Собранието, за одделни седници поинаку не одлучи.

Бидејќи поинаку не беше одлучено, ниту договорено, претседавачот на Конститутивната седница 20. продолжение од истата, одржано на 27.04.2017 година, деловнички го затвори во 18,00 часот и ги извести пратениците, медиумите и јавноста дека следното продолжение ќе се одржи утредента, со почеток во 11,00 часот. Одржувањето на следното 21. продолжение беше договорено по претходна консултација со сите политички партии.

Оттука, обидот да се глуми ново продолжение на Конститутивната седница е нелегитимно и претставува кршење на одредби од Деловникот и Правилниците за работата на Собранието кои се однесуваат за свикување и организирање на ново продолжение на седница. Собраниската служба ги реализираше сите предвидени чекори и обврски за свикување на следното 21. продолжение. Беше испочитувана процедурата во електронскиот систем е-Парламент, со нотификација која ја добиваат сите пратеници на своите службени имеил адреси. Така се свикува седница, а не со станување од место. Воедно, е-Парламент системот поврзан со официјалната веб страница на Собранието го евидентираше 21 продолжение на Конститутивната седница за 28.04.2017 година во 11,00 часот што беше видливо за медиумите и граѓаните.

Законот за Собрание предвидува јавноста на седниците. Во конкретниот случај немаше пренос на седницата, ниту пак имаше соодветен превод, а Талат Џафери си се обраќаше исклучиво и само на албански јазик.

Членот 80 од деловникот јасно укажува дека не смее една точка да се затвара, додека не се исцрпат дискусиите по неа. Ниту еден член од Деловникот не може и не смее да се толкува изолирано од останатите членови. Член 78 не може да се толкува без да се има во предвид член 80, што значи редоследот на точките од утврден дневен ред може да се менува единствено по завршен претрес на отпочната точка по која тече расправата.

Во целокупната историја на работењето Собранието на Република Македонија, на одржани илјадници седници, со илјадници и илјадници точки по кои пратениците расправале, не постои ниту еден пример, никогаш во ниту еден случај, кога во тек на расправа по некоја точка, расправата била прекината и се преминало на друга точка од утврден Дневен ред. Затоа таков пример не беше споменат и посочен од пратениците кои упорно настојуваа да се прекине отпочнатата расправа и да се премине на следната точка.

Со актот на СДС се суспендираше и правото на комисијата и други пратеници да дадат свој предлог за Претседател на Собранието. Со актот на СДС се суспендираше правото на комисијата и на други пратеници во Собранието на Република Македонија да дадат свој легитимен законски и деловнички предлог за Претседател на Собранието.

Член 22 вели

(1) Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.

(2) Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.

Со преминување на точка 4, беше суспендирано правото на сите останати пратеници да предложат свој кандидат за претседател на Собранието, како и правото утврдено со деловникот Комисијата за прашањата на изборите и именувањата да даде предлог!

СДС тотално ги погази и одредбите кои се однесуваат на евидентните листи кои се изготвуваат за седниците. Сведоци сте дека секогаш има евидентна листа на која секогаш пратениците се потпишуваат за присуство, а тоа го немаше.

Член 30 гласи: Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата. Таква работа немаше.

Член 32 гласи: За присуство на пратениците на седниците се води евидентен лист што е отворен во текот на одржување на седницата, кој што сега го немаше, а на крајот од работниот ден се предава на претседателот на Собранието, што сега не се случи.

На импровизираното нелегитимно продолжение немаше пријавување на присутни ниту отсутни пратеници, ниту постои било каков евидентен лист!!

СДС тотално ги погази и одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на неопходниот кворум за работа на Собранието.

Член 95 вели: Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале “за”, “против” или “воздржано”, како и бројот на пратениците што се присутни. Дали некој прочита број на присутни пратеници? Апсолутно не. Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење. Што не беше случај. Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сé додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.

На импровизираната, нелегитимна седница не беше утврден кворум, воопшто не постоеа услови кворумот да биде утврден, така што се доведува во прашање бројот на пратеници во салата и кворумот за работа!

Политичкото насилие на СДС го погази и член 107 кој вели: За работата на седницата на Собранието се водат стенографски белешки. Каде е стенографот? Составен дел на стенографските белешки се и не одржаните говори на пратениците што на седницата во текот на претресот писмено се приложени со ознака дека говорот не е одржан на седницата. Стенографските белешки за работата на седницата на Собранието се чуваат во документацијата на Собранието, во електронски дигитален формат и во тврда копија. Сега ги нема.  Стенографските белешки се објавуваат на Интранет (внатрешна мрежа на Собранието) и на веб страницата на Собранието (Интернет).

Не постојат стенографски белешки од оваа импровизирана, нелегална и фиктивна седница!!

СДС направи преседан и ги погази сите одредби кои се однесуваат и на самиот чин на гласање.

Член 96

(1) Јавното гласање се врши со употреба на технички средства или со кревање рака. Технички сретства се дугмињата кои ги има пред секој пратеник со гласање За, Против или Воздржан.

(2) Начинот за употреба на техничките средства се уредува со акт што го донесува генералниот секретар на Собранието.

Службата која раководи со техничките средства беше изолирана, немаше можност за гласање со технички средства како што е вообичаено!!

Во конкретниот случај СДС фиктивно си го утврди бројот на пратеници кои гласаа за нелегитимниот предлог, без утврдување на гласови за, против и воздржани, спротивно на Член 26.

За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Криминалната одлука на СДС не е објавена, ниту пак може да биде објавено нешто што е незаконско во Службен весник, иако Законот за Собрание и членовите 37 и 39 го предвидуваат тоа. Таа фиктивна одлука и формално правно не постои.

Таква незаконска одлука и не може да постои затоа што СДС во нивниот обид за државен удар ги исклучи службите на Собранието, чија работа е дефинирана со членот 40 од Закон за Собрание и членот 235 од Деловникот.

Сумарно прекршен е уставот на Македонија, прекршени се еден куп закони, прекршен е деловникот на Собранието на Република Македонија во еден куп свој членови и ставови.

За се ова одговорност мора да има! Насилството врз процедурите е исто така насилство врз демократијата.

Грчева: Што бара Хојт Ји кај Иванов, вчера, на скалите во зграда, комшиите ме избраа за претседател на РМ

solza-grcheva-tv-nova

Ако на овој начин се избира претседател на Собрание и ако на ваков начин се избере Влада, таа нема да е реформска, туку најмногу Револуционерен Совет (можеби и со право на прек суд), пишува во својот Фејсбук статус Солза Грчева.

Таа понатаму вели: Инаку не знам што бара Хојт Ји кај Иванов. Никој изгледа не му кажал дека вчера, на скалите од мојата зграда, моите комшии ме избраа за Претседател на Р.М. Имам слики, маж ми ми подари цвеќе, направивме свечен ручек и се така по Устав, закон и деловник на куќниот совет.

038

Цуцуловски: Ова не е време за лични суети, туку време за задржување на државата инаку ќе останеме бездомници

Ljubomir-Cuculovski

ЗА ДОМОТ, ОДГОВОРНОСТА И ЗА НЕОДГОВОРНОСТА НА ОДГОВОРНИТЕ. Во четвртокот, на 27.04.2017 год., претседавачот на Собранието ја прекина собраниската седница и ја напушти салата. Поголема група пратеници одлучи да продолжи со работа како седницата да не е прекината и како собраниската сала да не ја напуштил претседавачот на Собранието. Во понатамошната работа („работа“) со седницата претсeдаваше најстариот пратеник. Со мнозинство гласови, од вкупниот број на пратеници, беше избран („избран“) нов претседател на Собранието. Тоа е, во основа, фактографијата на работата на Собранието и изборот на нов собраниски претседател од 27.04.2017, пишува професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил.

Оттогаш, Република Македонија и нејзините граѓани се наоѓаат во своевиден шок, кој е на раб на коматозна состојба, бидејќи бројните експерти по право, како и по уставно право молчат. Молчат стручните и правните служби на Собранието, вклучувајќи го и секретарот на Собранието, кои се, исто така, задолжени да информираат за неговата законска работа. Она што секој граѓанин, без ничија помош, може да го провери е следново: А) Дека „… новоизбраното Собрание се состанува на конситутивна седница најдоцна за 20 дена по одржаните избори“; Б) дека „Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од предходниот состав“ и В) дека доколку „не се закаже седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат (не е кажано на чиј повик се состануваат, заб. Љ.Ц.) и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од завршените избори.“ Претходното (од А до В) е опфатено се член 63 од Уставот. Во член 64 пишува дека „Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или повеќе потпретседатели со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Толку може да се најде во Уставот, поврзано со избор на нов собраниски претседател. Во него не е предвидено како треба да се постапува во ситуација каква што беше на 27.04.2017. Сè е општо, штуро. Можеби тоа е предвидено со закон или со Деловникот за работа на Собранието? Меѓутоа, експертите кои се јавуваат во медиумите кажуваат, исто така, општи места, кои ништо не помагаат, ниту нешто разјаснуваат. Имено, едни велат дека сè било во согласност со Уставот, законите и со Деловникот. Други тврдат спротивно – дека ништо не било во согласнот со Уставот, законите и со Деловникот. Меѓутоа, ниту еден не кажува (барем колку што сум чул/прочитал) со кој член од Уставот, законите или Деловникот легално е избран, односно е неизбран новиот („новиот“) претседател на Собранието. Ваквиот однос на оние кои се повикани да ги оценат настаните од 27.04.2017. не само што е крајно непрофесионален, туку и морално е несфатлив во однос на граѓаните, од чии даноци живеат. Ништо помала не е одговорноста и на политичките партии, особено на нивното членство, бидејќи без членството не се можни ни лидерите. Тие ги бираат („бираат“) и разрешуваат („разрешуваат“) Сепак, молчат како занемени риби. Молчи и најголемиот број пратеници.

Затоа, без било какво одлагање, сите што на неков начин се повикани треба точно, незавиткано, да кажат дали може легално да биде избран претседател на Собранието, кога седницата на која е избран („избран“) е прекината и кога дотогашниот претседавач не е присутен, ниту е разрешен, а во негово отсуство е избран нов претседавач. Понатаму, дали може да се прекине точка од седницата и да се премине на наредна – избор на нов претседател на Собранието. Ако не, тогаш нека се каже, повикувајќи се п р ец и з н о на Уставот, законите и Деловникот, дали тоа се прави на нова собраниска седница, кој ја свикува новата седница и п о с л е колку време од нејзиното свикување почнува да работи.

Сè друго би било паушално и импровизирано. Меѓутоа, со паушални и импровизирани мислења не се гради солидна, туку паушална и импровизирана држава, со, исто така, паушално и импровизирано избрана Влада, која ќе биде со краток рок. Потоа, сè наново. Освен, ако во меѓувреме, паушалната и импровизираната држава не отиде во неповрат. Ситуацијата е повеќе од критична, за да можат оние кои се повикани да ја разјаснат (како неопходен услов за нејзино надминување) да се поигруваат и меѓусебно да се циничат и окривуваат. Ова не е време за лични страсти и суети, туку ова е време за задржување на домот/државата. Инаку, ќе останеме бездомници/талкачи.

Информер: Терористите на ОВК подготвуваат војна во Македонија

UCK-Vojna-Makedonija

Терористите на Ослободителната војска на Косово(ОВК), подготвуваат кравави судири во Македонија, тврдат разузнавачки извори од Македонија, пишува српски Инфромер.

Тие наведуваат дека албанските екстремисти, откако во четвртокот навечер граѓаните го спречија создавањето албанска влада, почнале да се мобилизираат и планираат напади како оние во Куманово 2015 година кога за малку предизвикаа граѓанска војна.

Според информациите, терористите се собираат во околината на Тетово, а се очекува и упад на Албанци од Косово.

Намера им е да ги нападнат полициските и војните пунктови и да го разгорат судирот.

-Се сомневаме дека албанските екстремисти планираат нешто слично на она што го изведоа во Куманово во мај 2015 година. Тогаш милитантите на ОВК од Македонија и од Косово ја нападнаа полицијата. Борбите траеја пет дена, а убиени се 8 полицајци – потсетуваат македонските разузнавачки служби за Информер.

Тие додале дека лидерот на најголемата Алабанска партија ДУИ, Али Ахмети, кој е во коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, има богато искуство во паравоените структури.

учк2

-Не треба да се заборави дека Ахмети бил основач на ОВК и поранешен командант на нејзината фракција во Македонија, Ослободителната народна армија(ОНА), која ја предизвика војната во 2001 година. Тоа значи дека има искуство во мобилизирање на милитанти и сосема е сигурно дека ќе има можности да ги вооружи. Тој уште пред два месеца се сретнал со албански оперативци од Тирана, па сигурни сме дека крвав план, сличен на кумановското сценарио, постои- наведуваат извори од безбедносните структури во Скопје.

Како што истакнуваат, Ахмети истоврмено е во врска со старите соборци од ОВК и ОНА.

Меѓу нив е и Талат Џафери, поранешен командант на ОНА, кој во четвртокот, Заев се обиде да го постави за претседател на Собранието.

учк3

-Бидејќи Албанците во Македонија имаат подршка на Тирана и Приштина, како и Запад, не е тешко повторно да се собере ОНА, што веќе е во тек. Имаме податоци дека им се придружуваат и помлади генерации на Албанци – нагласуваат македонските разузнавачи.

Според нив посебно опасно е тоа што на паравоените формации им се приклучуваат и припадници на една од најмладите партии воМакедонија, албанската Беса, која се формираше во ноември 2014 година.

-Неа ја основаа припадници на разни невладини организации, кои себе си се нарекуваат албанска интелектуална елита, но всушност се партија со изразени исламистички карактер. Тоа се луѓе спремни за џихад во секој момент, а имаат блиска врска со Партијата за правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Исто така ги финансира директно режимот од Анкара, но и Саудиска Арабија, позната по поддршка на терористи – објаснуваат експертите.

Тие препупредуваат дека со такво засилување албанските терористи можат да предизвикаат многу покрвав судир од оној што беше во Куманово, каде има најмногу Албанци, а можеби и во целиот регион.

-Ново Куманово може да доведе по поширок судир, сличен на оној од 2001 година. Проблем е меѓутоа  што овојпат не би се завршил брзо, туку би се проширил на цел Балкан. Албанците очигледно не се откажуваат од идејата за Голема Албанија, па поради тоа загрозени се и Србија, Црна Гора и Грција – наведуваат безбедносните служби за Информер.

Белата куќа и Советот за национална безбедност не знаеле дека Бејли планира да го признае Талат Џафери

Dzes-Bejli-Talat-Dzaferi

Ниту Белата куќа ниту Советот за национална безбедност претходно биле информирани дека амбасадорот во Македонија Џес Бејли планира да го признае „новиот претседател на Собранието за време на хаотичната сесија проследена со протести“ во четвртокот попладнето, објави Балкананалајзис.ком.

BalcanAnalysis

Доаѓањето во Македонија на заменик-помошникот државен секретар од времето на Обама, Хојт Ји, кој пристигна да ја поткрепи одлуката на Бејли и со официјален благослов на САД да го го прогласи за претседател на Собранието, отвора многу сериозна загриженост кој – ако воопшто некој – ја води американската надворешна политика во време кога Балканот е подготвен да експлодира од зголемен национализам поттикнат од силно политичко мешање на странскиот фактор. Тоа, исто така отвора сериозни прашања за штета што ѝ ја нанесе Бејли на американската дипломатија во земјата од кризата која започна во почетокот на 2015 година.

Амбасадата работи нечесно?

Белата куќа под администрацијата на Трамп е изненадена од одлуката на Амбасадата на САД и моќниот Национален совет за безбедност не е среќен ни од резултатот, потврдија високи американски претставници.

Други високи извори од Европа и од САД обезбедија важни информации што укажуваат на голема веројатност дека Бејли, најнепопуларниот Американец кој некогаш стапнал во Македонија, работи нечесно заедно со многу мал број на функционери од ерата на Обама и УСАИД.

До денес, Амбасадата на САД нема дадено задоволителен одговор на нашите прашања во врска со тоа кој ја овластил одлуката на Бејли – или кој е одговорен за претстојната посета на заменик помошникот државен секретар на САД, Хојт Ји. Персоналот за комуникации од амбасадата не одговори на овие официјални писмени прашања. Во отсуство на таква реакција, се надеваме дека ќе бидеме во можност да го поставиме ова прашање директно на Ји за време на неговата посета на Скопје во понеделник.

Од говорницата на македонското собрание Ибраими повика на „ОРУЖЕНА БОРБА ЗА ТАТКОВИНАТА АЛБАНИЈА“ (Видео од химната на Албанија)

Ibraimi-Besa-himna-na-Albanija

Целата македонска јавност виде како државниот удар што го изврши СДС на 27 април почна со интонирање на албанската химна од страна на Зеќирија Ибраими од говорницата на македонското Собрание, но ретко кој знае што точно пееше пратеникот на Беса.

Додека надвор пред Собранието десетици илјади граѓани протестираа против Тиранската платформа за која сметаат дека е опасна за опстанокот на државата, но и против избор на претседател на Собранието кој ја поддржува оваа платформа, внатре во македонскиот парламент пратеникот на Беса излезе на говорница и почнаа да ја пее албанската химна, на која останатите албански пратеници и дел од пратениците на СДС застанаа простум.

Скандалот е од невидени размери поради фактот што прво интонирање странски химни во државни институции е кривично дело и второ затоа што провокацијата беше свесно направена за да се предизвикана жестока реакција од луѓето надвор. Ибрахими тврдеше дека химната на Албанија ја пеел затоа што претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја пееле химната на Македонија.

Пратениците од коалицијата на Зоран Заев, кој им нуди нов живот на граѓаните на Македонија пеејќи ја албанската химна, всушност, повикуваа на „оружена борба за секој агол на татковината“ и се закануваа дека на тие простори немало место за нивните непријатели.

Еве што точно пееше Ибраими од Собраниската говорница:

Химна на Албанија, Химна за знамето, позната под името „Обединети под исто знаме“

Обединети околу знамето
Со една желба и една цел,
Сите му се заколнуваме Нему
Ќе се бориме за нашето спасение.

Од војна се воздржува само оној,
Кој се родил како предавник,
А оној кој е херој, не се плаши,
Тој гине, умира како херој!

Оружјето во нашите раце ќе го држиме
Бранејќи го секој агол на нашата татковина,
Нашите права нема да ги предадеме;
Овде за нашите непријатели нема место!!

До Господ кој велеше
Дека нациите ќе исчезнат од Земјата
Но, Албанија ќе живее,
За неа, за неа се бориме!

Во Тиранската платформа која Зоран Заев и СДСМ ја прифатија во целост се бара и менување на македонските симболи меѓу кои и химната со образложение дека во нив немало ништо обединувачко и дека тие не ги претставувале Албанците.

ПРЕДАВНИЧКИ ДУШМАНИ: СДСМ и соросовите медиуми удираат врз „За заедничка Македонија“ и народот кои се најсилниот бедем на државата

Za-zaednicka-Makedonija-protest-transparent

Соросовите медиуми предводени од Алсат вечерва пишуваат дека наводно Министерството за внатрешни работи побарало од Основното јавно обвинителство гонење на организаторите на мирните и најмасовните протести на „За заедничка Македонија“ кои траат 61 ден. Медиумите на Сорос информираат и дека побаран бил нивен притвор.

Потврдено е дека се работи за лажна вест, какви што досега имало многу од овие медиуми. Тие ја откриваат намерата на СДСМ и Сорос за сузбивање и удирање врз најавтентичното граѓанско движење во историјата на Македонија кое ги спроведе најмасовните протести на кои дневно на улиците ширум Македонија излегуваа 200.000 граѓани.

Токму тие станаа најсилниот бедем кој се спротивставува на Тиранската платформа договорена од албанскиот премиер Еди Рама и одобрена од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој уште не дојден на власт започнува со егзекуција на народното движење.

Социјалните мрежи се зовриени од коментари, граѓаните велат дека тоа однесување на СДСМ ќе ја прелие чашата. Велат народот нема со скрстени раце да набљудува како се удира во нејзините темели и се злоупотребува народот прикажувајќи го како криминален и насилен.