Груевски до СДСМ: Знам дека најмалку во првите 6 месеци вашата неспособност ќе ја прикривате со префрлање на вината на нас

Gruevski-obrakjanje-Sobranie

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва се обрати во Собранието на Република Македонија.

-Од утре, СДСМ ја превзема одговорноста за водење на државата. Однапред знам, дека најмалку во првите 6 месеци, неспособноста ќе ја прикривате со префрлање на вината на нас, ќе се занимавате со нас, ќе ја омаловажувате нашата работа, и тоа ќе се обидете да го претставите како оправдувања на вашите неуспеси, на нереалните ветувања и неспособноста. Но, после 26 години демократија, народот е толку свесен и толку искусен, што тоа нема да ви помине, истакна Груевски.

Груевски: Во последните години бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта

Nikola-Gruevski-Sobranie

ВМРО-ДПМНЕ беше на власт речиси 11 години. Направи многу реформи и крупен исчекор напред во секоја сфера. Се решија многу проблеми, се работеше многу и се добија и многу позитивни резултати, за многумина над очекувањата. Македонија немала власт со поголем учинок и напредок од оваа во овој период, истакна на собраниската седница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Сепак, во последните неколку години очигледно бевме предмет на операција на надворешни центри со цел промена на власта. И покрај тоа, на последните избори, народот гласајќи ни даде најголема доверба. Но, со понатамошни напори, и покрај јасната победа, и покрај долгогодишниот воспоставен принцип на коалицирање на победник со победник, помеѓу партијата со најголем број освоени гласови во земјата, и партијата со најголем број гласови од албанската заедница во Македонија, со прекршување на овој принцип, кој беше јавно баран токму од оние кои го прекршија, како и со понатамошни чекори спротивни на деловникот, законот и уставот при изборот на претседател на Собранието, и особено спротивни на вољата на мнозинството народ, со примена на аргументот на силата и моќта, се издејствува ново мнозинство, а наскоро и нова влада. Непринципиелно, на сила и недемократски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија направија се што е во наша моќ до моментот до кој не беше јасно дека одејќи понатаму Македонија и граѓаните во неа ќе имаат многу поголема штета отколку корист. Личните и партиските интереси, повторно ги ставивме под државните интереси, посочи Груевски.

Според него, главна причина за надворешната операција била токму нивната политика во однос на името.

-Главната причина за оваа надворешна операција беше нашата политика во однос на барање на фер решение за проблемот со името, кое не го добивме, и како резултат на тоа се уште не ја добивме заслужената покана за членство во НАТО и преговорите за влез во ЕУ, кои беа и ќе останат стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, покрај оваа стратешка цел, стратешка цел е и фер решение, а не наметнато решение кое ќе не обезличи како народ, како нација и како држава. Од новото  мнозинство  се очекува поинаков пристап по ова прашање. Времето ќе покаже кој бил во право, додава Груевски.

Ласовска: Се реализира мегасценариото на надворешни и внатрешни фактори Заев со сила да го направат премиер

Lasovska-Sobranie

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во својот говор посочи дека јавноста е сведок на реализацијата на планот и сценариото на некои внатрешни и надворешни фактори Зоран Заев со сила да го направат премиер на Република Македонија иако тој и СДСМ не победија на последните парламентарни избори.

Почитувани граѓани сведоци сте вие и ние деновиве како тригодишното мегасценарио во Република Македонија се реализира. Мегасценарио во кое што учествуваат надворешни и внатрешни фактори. Целта беше Зоран Заев да биде мандарат, а од полноќ и премиер на Република Македонија. Како што вели нашиот народ, каде што има сила, нема правдина, посочи Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји

Spiro-Ristovski

Предложената Влада на СДС не е реформска туку антиреформска. Првите чекори кои ги најавува идната Влада не се проекти или решенија со кои би се подобрил квалитетот на веќе отпочнатите процеси, туку блокади и укинување. Класична деструкција на штета на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Ристовски

Екстерното тестирање е тестирање на реалното знаење кое се применува во сите европски земји. Укинувањето што СДС го предлага е само популистичко додворување на дел од родителите и учениците и нивна злоупотреба заради политички поени. Со ова укинување СДС само ќе им направи контра услуга на среден и долг рок, бидејќи го враќа повторно на мала врата образовниот процес од времето на транзицијата кога оценките не беа одраз на знаење, туку резултат на притисоци врз наставниците, влијанија од страна на родителите и спуштање на критериумите кои потоа ќе се одразат на пазарот на трудот.

Оваа популистичка антиреформа на СДС ќе предизвика криза на вистинските вредности. Децата ќе бидат изедначени по оценки и нема да се вреднуваат трудот и квалитетот. СДС наместо да нуди конкретни мерки за подобрување на квалитетот на образованието, прави чекори од кои потоа во иднина ненадоместлива штета ќе трпат пред се децата и нивните родителите. Децата ќе станат неконкурентни на меѓународните пазари на труд каде се бара вистинско знаење.

Да имаше трошка визија и капацитет во СДС, тие ќе предложеа мерки за подобрување на квалитетот на екстерното, а немаше да брзаат да го укинат.

Да имаше трошка визија и капацитет во СДС немаше на ваков начин да се обидат да го туркаат укинувањето на екстерното тестирање.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во моментов приоритетно прашање е да се продолжат мандатите на советите и градоначалниците, бидејќи преку блокада на локалната самоуправа се доведува во прашање и функционирањето на образовниот процес. Тоа може да се стори преку прифаќање на измените во Законот за избори. СДС вчера се исплаши и одби во итна процедура да се изгласа новиот датум за одржување на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ бара СДС да почне да се однесува конструктивно. Да собере храброст и да прифати дека мора да излезе на избори и да се соочи со граѓаните.

АМНЕЗИЈА И ЛИЦЕМЕРИЕ: Како СДСМ го обвинуваше Бујар Османи за криминал?

Зоран Заев и СДСМ по кој знае кој пат си го погазија зборот, како да заборавија во минатото што зборуваа за нивниот коалиционен партнер во Владата, ДУИ. Во предизборната кампања СДСМ го обвинуваше ДУИ дека бил дел од криминалите за кои го обвинуваа и ВМРО-ДПМНЕ, за сега заедно со нив да формира влада.

На 26 февруари Емилијан Станковиќ на прес конференција го обвинуваше Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции во новата влада, дека купувал медицински апарати за повисока цена.

-Ова е увоз на царинска декларација и фактура за комплет ренгенски и компјутерски томограф, со опреми и прибор ВЦТ ХТ-64 слајс од марката Генерал електрикс, кој во Македонија е увезен пред три месеци по цена од 533.334 евра. Само за споредба Груевски, Османи и ВМРО-ДПМНЕ го набавуваат со народни пари ЦТ-64 сити скен компјутерот, по цена од 900 илјади евра или за 370 илјади евра поскапо. Сега очекуваме од Груевски и од како што самиот се нарекува од инвестициски аспект во наводници најзначајниот министер за здравство да и ги објасни на јавноста овие факти, кажа тогаш Емилијан Станковиќ на прес на СДСМ.

На 3 март 2010 години Менде Диневски на прес конференција го обвинуваше Османи дека го одвел здравството во целосен колапс.

-Господине Груевски и Османи што се уште треба да се случи за да сфатите и колку уште човечки животи треба да се изгубат, за да сфатите дека вашата политика  во здравството доживеа целосен колапс. Здравството не може да се подобри со вашиот популизам, лажните ветувања, владините кампањи  и партиските војници. Здравството не може да се подобри со коруптивните афери и разлики во набавна цена за четири години најавуваната медицинска опрема од неверојатни 28 милиони евра. Недозволиво е личните и партиските бизнис интереси да се поважни од здравјето на граѓаните, изјави тогаш Менде Диневски на прес конференција на СДСМ.

На 16 април 2010 година Андреј Петров на прес конференција го обвинуваше новиот вицепремиер за евроинтеграции дека го наполнил здравството со партиски војници.

-Министре Османи еднаш во вашата министерска кариера кажете нешто конкретно, нешто штоп нема да биде ветување на брда и планини или препишување на вашите неуспеси на нечие туѓо конто. Велите дека банкротот на  Фондот за здравство ќе го решавате на сметка на граѓаните со ограничување на нивното право на избор на здравствена институција во која ќе се лекуваат. Од друга страна се полни јавното здравство со партиски војници, на кои не им е јасно што треба да работат, ама го празнат без потреба здравствениот буџет, за нив имате пари. А клиниката за трансфузиологија нема пари за фактори за коагулација на крвта, со што многу чувствителна популација ја доведувате во животна опасност, изјави тогаш Андреј Петров на прес конференција на СДСМ.

Стевананџија: По 78 години оваа зграда дочека да биде нем сведок на почетокот на разнебитувањето на државата

Stevanadzija-govornica-Sobranie

Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни, кажа Димитар Стевананџијам пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи го експозето на Зоран Заев.

-Почитувана македонска јавност, почитувани граѓани на Република Македонија, вие 450 и кусур илјади кои што ја поддржавте програмата на ВМРО-ДПМНЕ, реалните проекти, визијата за животот во иднина, но и 20 илјади помалку, излажани, добро испазарени, за да им овозможите на нашите колеги од десната страна неуставно, незаконски, неделовнички да ги запоседнат овие фотелји. Верувајте сите карти се веќе отворени, сценариото за Република Македонија полека се реализира. Вчера македонската јавност беше сведок на едно ескпозе кое личеше на специјалистички труд, на анестезиолог кој чита плагијат, напишан некаде далеку од Република Македонија, анестезиологот опкружен со хирурзи кои немаат жал за пациентот Република Македонија, најпрво му ги замајуваат клетките, односно граѓаните на Република Македонија, со најмилозвучни ветувања, нереални и апсурдни. За потоа да можат да го одвлечат вниманието од фактурите што треба да ги платат, така успеаа овие 3-4 години да прелажат 400 илјади граѓани на Република Македонија, изјави Стевананџија.

Тој го објаснува ова експозе како бајка поради кое веќе во Македонија почнале да се враќаат иселените, да доаѓаат Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци.

-Но, за жал има некои што поверуваа повторно на шарените лаги на Зоран Заев и само благодарение на ова и на вчерашното експозе, пред 15 минути имаме нова главна вест во светските медиуми, Македонија повторно е топ тема, тотално е блокиран аеродромот Александар Велики, буџетот почнува да се преполнува овие два дена само од аеродромски такси. Министерството за транспорт и врски и мојот сограѓанин Сугаревски, како предлог може слободно да ужива, следната недела 400 илјади иселеници се враќаат во Република Македонија. Но, сега се соочуваме со огромен проблем по читањето на експозето или расказот наречен лагите од моето експозе на Зоран Заев, голем број Швеѓани, Норвежани, Французи, Холанѓани, Италијанци тргнале за Македонија со коли, но и со земјоделска механизација, тие сите се на пат. Плус и некои од нивните амбасадори им кажале дека во Македонија почнува новиот живот и ептен убаво ќе се живее, лугето поверувале, сметајќи дека секогаш во политиката сме искрени, коректни и реални. И тие сакале да живеат преубаво и затоа тргнале кон Македонија, бидејќи со минимална плата од 30 илјади денари, добиле и дополнителна мотивација, укинување на радиодифузната такса, средства кои што ако ги штедат можеби ќе купат ново Волво во Шведска за три години. Но, имаме и друг проблем, со нив ги земале и своите деца, младите Македончиња кои што социјал демократскиот сојуз ги дистанцира од политичката сцена занемарувајќи ја дијаспората, тие посакале да дојдат заедно со своите родители, бидејќи разбрале дека во Македонија се укинува екстерното тестирање, единствена земја во ЕУ и сфатиле и научиле дека Република Македонија полека станува земја во која што знаењето не се цени, единствени за жал, но тоа го прави голиот политички популизам, изјави Стевананџија.

Тој напомена дека во меѓувреме исполнето е првото лажно ветување на СДСМ, кои кажаа дека во нивната влада нема да има повеќе од 20 министри, а има 26.

-Тоа ги излажа оние 400 илјади граѓани на Република Македонија да ја дадат поддршката за губитничката опција на 11 декември и очекуваат уште нешто пред да поминеме на програмата. Очекуваат дека Уставот на Република Македонија ќе биде надополнет со уште еден член, дека во Македонија ќе се живее минимум 114 години, како што навикнавме на лагите, очекувајте го тоа на прес конференција идниве денови. Во меѓувреме исполнето е и првото лажно ветување, наместо 20 луѓе од десната страна, имаме 26 министерски имиња, така ни ветија дека ќе бидат 20 или помалку, за да штеделе, ама напротив, наредните месец, 6 месеци, година, 6 нови министерски места, 6 нови плати, 6 нови службени возила, 6 нови надоместоци, презентации, 6 нови Тамари нема да може да се лекуваат во странство почитувани колеги, заради тие лажни ветувања ваши, тоа е израз на вашиот популизам за жал. Ги нема повеќе паркобраните, платениците и соросоидите да штрајкуваат на оние места каде што се градат дивоградби, било да се верски објекти, било да се големи згради, било да се три исечени дрва во Струмица, во Куманово или во Центар, изјави Стевананџија.

Стевананџија кажа дека по 78 години во оваа зграда е изгласана антиреформска влада како и дека оваа коалиција е чудна и оксиморонска, поради тоа што СДСМ влегле во коалиција со политичарите за кои тврдеа дека се криминалци до пред пет месеци.

-Да преминеме кон реалноста, ќе се обидам да ја базирам мојата дискусија 5 подточки, односно 5 аспекти, историски аспект, демографски аспект, економски аспект, инфраструктурен и политички. 78 години во оваа зграда не била гласана антиреформска влада, влада по туѓ ќеиф, наспорти ќеифот на гласачите. По 78 години од кога е изградена оваа зграда, овие 4 ѕида не дочекале пратеник сам себеси да се претставува како претседател, од првата секунда да почне да го крши Уставот и деловникот. По 78 години оваа зграда дочека да биде нем сведок на почетокот на разнебитувањето на државата, траорен ден за македонската држава, за македонскиот народ и сте помалкубројни народи, од денеска претставени во коалицијата СДС и безресорните министри. Ова е чудна коалиција, оксиморонска коалиција, минумум 10 пратеници сега од средината, три кандидати предложени за министри, до пред само пет месеци своите колеги од ДУИ ги нарекуваа криминална дружба, криминогена структура, која што е заложник на ВМРО-ДПМНЕ да ги исполни своите интереси, а денес среќни весели седат до нив како ништо да не било, доаѓаме во апсурдна ситуација во иднина министерот за внатрешни работи да треба да го проверува минатото на својот колега министер за здравство, кои што тие го осомничија за криминал вреден 27 милиони евра, 4 за вакцини, а 23 за изградба на нови болнички капацитети. Чудно, но јас сум убеден дека ќе профункционира правната држава во Република Македонија, изјави Стевананџија.

Тој ги повика најмладите, студентите и средношколците да ја држат за збор нивната влада и нивните ветувања.

-Вториот аспект е демографскиот или старосниот аспект, кој беше претставен во дел од дискусијата во експозето на мандатарот Зоран Заев, три сегменти, најмлади, работоспособни, пензионери. Добра вест за најмладите и држете го за збор мандатарот, ќе воведеме проект преку кој што државата ќе овозможи на младите луѓе во рок од 4 месеци по завршувањето на школувањето, понуда за вработување, продолжување на образованието или пракса како подготовка за вработувањето. Најверојатно утре први јуни, Македонија ќе има нова влада, очекувам на први октомври сите средношколци што немаат средства да го продлжат своето образование да му се јават на Стефан Богоев и да му побараат вработување. Тоа значи дека од први октомври во Република Македонија нема да има невработен средношколец, невработен студент, држете ги за збор, брзо ќе поминат 120 дена и со тоа Македонија во перспектива ќе биде земја која што на нула ја сведола невработеноста. А што направи ВМРО-ДПМНЕ за најмладите, самите си знаат.

Стевананџија напомена дека во експозето на СДСМ не се споменати работноспособните, а тоа значи дека нема ни ветување за нови работни места, за нови странски инвестиции. Тој кажа дека во експозето нема ништо конкретно ниту за пензионерите.

Димовски: Влегуваме во сценарио за креирање на провокации во ова Собрание

Ilija-Dimovski-Sobranie

Сакам да ја предупредам македонската јавност дека повторно очигледно влегуваме во едно сценарио за креирање провокации во ова собрание и толку од коректноста која беше заговарана и на која што се повикувавме од страна на Зоран Заев и Талат Џафери, изјави Илија Димовски пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Колегата Талат Џафери на албански им се обраќа само кон на пратениците на ВМРО-ПМНЕ, но ни и кон пратениците на СДСМ, ако тој се правда дека ние го ославуваме како пратеник, да ние го ославуваме како пратеник посебно во вакви постапки каде што само кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се обраќа на албански јазик, но не и кон пратениците на СДСМ, но тој се уште според закон не смее да го користи албанскиот јазик од таму каде што во моментов седи, а на тој начин крши и закон за јазици и деловник и Устав на Република Македонија, истакна Димовски.

Тој потенцираше дека мора да се отвори дискусија за тоа кој свесно го прекрши уставот најмалку во 3 челан, кој свесно најмалку во 27 членови го прекрши деловникот за работа на собранието, кој вчера, завчера и денеска го прекршува членот 68 став 1 од деловникот за работа на собранието.

-Нема да влеземе во сценарија за креирање на провокации кои што денеска повторно ги гледаме, нема да дозволиме да бидеме дел од такви сценарија, ниту да бидеме обвинувани за сетотоа. Добрата волја беше покажана од наша страна вчера ќе биде покажувана во иднина но само ако има коректен однос од сите. Ако тој коректен однос се сведува на вакви ниски провокации какви што ги прави господинот Талат Џафери мислам дека напразно сме се надевале дека некој ветувал нормализирање на ситуацијата, рече Димовски.

Десковска: Собранието ќе работи и за викендот за да се укине екстерното

Eksterno-testiranje

Идната министерка за образование Рената Десковска на прес-конференција во Собрнието порача дека екстерно тестирање нема да има.

Одблокирана е работата на Собранието и направен е договор за неколку комисии меѓу кои и Комисијата за образование и уште утре на дневен ред ќе биде екстерното тестирање. Се надеваме дека опозицијата ќе соработува и ако е потребно, ќе се работи и в сабота и в недела, а дури може да се употребат и резервни варијанти, како овластување на министерот, за измена на овој закон – рече Десковска.

Претходно, и пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, на својот профил на Фејсбук напиша дека постојат сите закони и технички можности Собранието утре да го укине екстерното тестирање.

Од 1990 година до денес, СДСМ само еднаш беше легален победник на избори

SDSM-Crno

На предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година, ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес. Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДСМ и дел од албанските партии формираат влада.

Од 1990 година до денес, СДСМ само еднаш беше легален победник на избори.

Доколку се навратиме на македонски парламентарни избори од 1990 до денес може да се забележи следното:

Македонски парламентарни избори – 1990

Во 1990 година беа одржани првите парламентарни избори во Република Македонија (тогаш СР Македонија) по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг на парламентарните избори одржани според мнозинскиот систем на 11 ноември 1990 година најмногу гласови освои дотогаш владеечката партија СКМ-ПДП (подоцна СДСМ), а во вториот круг најмногу гласови освои ВМРО ДПМНЕ, која доби најмногу мандати – 38. Тогаш СДСМ освои само 31 мандат.

Иако ВМРО ДПМНЕ победи на овие избори, поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни проблеми за формирање на влада. На крај се пристапи кон формирање на техничка влада и мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание и стана прв премиер на македонската влада. Уверени дека ВМРО ДПМНЕ може да состави своја влада и Љупчо Герогиевски да стане премиер, експертската влада во август 1992 година си поднесе оставка. Но, наместо ВМРО ДПМНЕ, СКМ – ПДП (СДСМ), кој умешно со интриги ја водеше играта, формира своја влада.

Македонски парламентарни избори – 1994

Парламентарните избори во 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Истовремено, на 16 и 30 октомври 1994 година за првапат се одржаа и непосредни претседателски избори. Победа издвојува Сојузот на Македонија предводена од СДСМ, откако опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ го бојкотираа вториот круг на гласање. Иако анализите покажуваа дека во вториот круг на гласање ќе имаат повеќе гласови, веднаш по првиот круг, поради основани сомевања во регуларноста при првичното гласањето, како и можноста од сериозни нарушувања на изборниот процес во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија решија да апстинираат. СДСМ повторно успеа со интриги да го исфрли ВМРО-ДПМНЕ од парламентарната трка, по што без конкуренција победи и владееше апсулитистички четири години. Периодот од 1994 до 1998 година ќе остане запаметен како темен период кога целосно згасна македонската демократска пролет и започна долгата пролет на тоталитарна власт. Тоа е време без дијалог, тоталитарен режим на СДСМ, кога тој ќе ги постави основите за ескалација на меѓуетничките односи во земјата.

Македонски парламентарни избори (1998)

Тоталитарниот режим кој го воспостави раковоството на СДСМ, народот ќе го казни на парламентарните избори во 1998 година. На изборите кои се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година според мешовит изборен систем, победи ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира влада со Демократската алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Меѓутоа, неместо прогрес и земјата да се развива како граѓанска демократија, во 2001 година земјата беше втурната во етнички конфликт, кој СДСМ со разни интриги, закани и уцени, го искористи да влезе во власта, во таканаречената широка коалиција. Како резултат на политичките игри на СДСМ добивме спорен Рамковен договор, со кој се промовира и легализира насилството како начин на постигнување на политички цели.

Македонски парламентарни избори (2002)

Разочарани од капитуланскиот однос на владата на Љупчо Георгиевски, како и од ветувањата на СДСМ дека по 15 септември ќе има вработен по еден од секое семејство, народот го казни ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година. СДСМ за првпат и веројатно последен пат победи чисто на едни парламентарни избори, кои се изведоа по пропорционален изборен систем

Сепак, победата на СДСМ скапо ќе го чини македонскиот народ. За време на нивното четиригодишно владеење во коалиција со Демократската унија за интеграција, формирана од страна на ОНА, која претходната година го предизвика конфликтот, беше извршена промена на Уставот и новата територијална организација на локалната самоуправа, што за многумина граѓани на Македонија не беа прифатливи. Стружани тогаш најдобро ја почуствуваа репресијата на актуелната власт кога се спротивставија на албанизацијата на градот. Тогаш народот сфати кон каде ги води полтиката на СДСМ.

Македонски парламентарни избори (2006)

На следните парламентарните избори кои се одржаа на 5 јули 2006 година, народот го казни СДСМ. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која потоа формира влада. Всушност, изборите во 1998 и 2006 година беа најрегуларни избори од воведувањето на повеќепартискиот плурализам во 1990 година.

Под раководство на лидерот на победничката партија Никола Груевски, ВМРО започна да реди успеси. Но, овие успеси му сметаа на опозициската СДСМ кој правеше се за да ја сруши владата на Никола Груевски или да стане дел од власта. Ваквото однесување на опозицијата, како и неуспешниот Самит на НАТО во Букурешт (3 април 2008), кога Македонија не беше примена во алијансата, ќе биде причина да се оди на предвремени парламентарни избори.

Македонски парламентарни избори (2008)

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП свесни за рејтингот гласале против.

Народот свесен дека неуспехот во Букурешт е поради ветото на Грција, повторно масовно му ја даде довербата на колацијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Тоа му даде полет на младата влада на Никола Груевски да продолжи со успешното менаџирање во време кога светот влегуваше во економска криза.

Македонски парламентарни избори (2011)

СДСМ како опозиција не мируваше. Постојаните опструкции и барање на опозицијата за нови избори ќе го натераат ВМРО ДПМНЕ да излезе на втори по ред предвремени парламентарни избори на 5 јуни 2011 година. На овие избори за првпат македонските државјани во странство избираа свои пратеници, откако оваа можност беше воведена со измените на Изборниот законик во 2008 година. И на овие избори победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Новата коалициона влада која ја предводеше Никола Груевски продолжи да реди успеси во справувањето со економската криза која го тресеше светот, потоа со невработеноста и т.н.

Македонски парламентарни избори (2014)

Свесни дека немаат доволен рејтинг, СДСМ ќе ги испровоцираните настани од 24 декември 2012 година во Собранието на Македонија, по кои континуирано ќе инсистираа на нови избори. Тоа ќе доведе до нови трети по ред предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 27 април 2014 година. На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата барајќи причина за својот пораз, ги прогласи изборите за нерегуларни и по 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година повторно се врати во Собранието. За тоа време владата на Никола Груевски продолжи успешно да ја води земјата.

Македонски парламентарни избори (2016)

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 11 декември 2016 година. ВМРО ДПМНЕ издвојува уште една победа, од деветте по ред одржани Македонски парламентарни избори од 1990 година до денес. Наместо коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ да формира влада со победник во албанскиот блок според востановената практика, по изборниот инжинеринг и интриги поддржани од странски центри на моќ, коалицијата предводена од СДСМ и албанските партии формираат влада.

Меѓутоа, следејќи ги изборните парламентарни процеси, видливо е дека народот дава и го зема мандатот. Ниту една партија не може да биде вечна, па како доаѓа, така и заминува. А сите обиди со дестабилизација на земјата да се изврши рекомпонирање на власта, ќе останат безуспешна авантура, којашто неизбежно ќе им се врати како бумеранг на авторите кои ја турнаа земјата во политичка и безбедносна криза.

Извор: Македонска Нација

АГЕНТОТ ПЕТРУШИЌ ТВРДИ: Во воздухот се чувствува барут, ќе има нова војна на Балканот (ВИДЕО)

Jugoslav-Petrusic

Сите знаат дека борбени единици влегле и во Македонија, како и во Бујановац и во Прешево. Тоа веќе не е никаква тајна, вели Петрушиќ

Југослав Петрушиќ, српско-францускиот агент и поранешен припадник на Легијата за странците, е убеден дека на Балканот ќе има нова војна. Тој нагласува дека во воздухот се чувствува барут и дека нов конфликт е неизбежен. Тој го коментира однесувањето на премиерот на Албанија, Еди Рама, во последно време и повиците за создавање  „Голема Албанија“.

– Еди Рама треба да предизвика гнев за да направиме грешка. Во врска со „Голема Албанија“, сите треба да знаат дека албански воени единици веќе влегоа сѐ до Улцињ. Се шетаат и црногорската полиција не ги чепка. Сите знаат и дека борбени единици влегле и во Македонија, како и во Бујановац и во Прешево. Тоа веќе не е никаква тајна – вели Петрушиќ.

Погледнете го интервјуто.