СДСМ го награди тепачот од Куманово со директорско место

Претседателот на општинската организација на СДСМ-Куманово, Мартин Костовски кој во алкохолизирана состојба нападна двајца трактористи кои беа дел од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска Владата на СДСМ го именуваше за директор на Службен Весник.

Тој за тоа инфромираше преку својот фејсбук профил.

– Денеска на седница на Влада на РМ сум именуван за директор на Службен весник, огромна одговорност и обврска кои ќе бидат императив во понатамошното работење, почитувани пријатели ви благодарам на искрените честитки, напиша Костовски.

СВР Куманово за инцидентот во кој беше инволвиран членот на СДСМ и нов директор на Службен весник соопшти дека при заминување на трактористите кои учествуваа на маршот на „За заедничка Македонија“ биле пресретнати од Костовски кој му се нафрлил на едниот трактор и упатувал навредливи зборови кон лицето кое го управувало.

Потоа, Костовски се упатил и кон вториот трактор, управуван од 23-годишниот Н.М. од Пчиња и, како што се вели во соопштението, без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по телото, нанесувајќи му телесни повреди – контузија на ‘рбетот.

Костовски бил приведен и по извршено алкотестирање биле утврдени 1,47 промил алкохол во крвта.

По целосно документирање и расчистување на настанот, велат од полицијата, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело насилство.

Порталот Нетпрес неодамна пишуваше дека речиси цело семејство на Костовски е вработено во општинските кумановски претпријатија.

– Првиот човек на опозицијата во овој град е вработен во општината Куманово, неговата мајка Маре Костовска е вработена во јавното претпријатие „Пазаришта“, а неговата баба Јасмина Симоновска е вработена во ЈП „Водовод“. За да биде комплетиран списокот во оваа фамилија, од оваа година во општината каде што веќе работи и претседателот на СДСМ, е вработена и неговата сопруга Ивана Костовска, пишуваше Нетпрес.

Владата на СДСМ денеска ги задолжи граѓаните со нови 15 милиони евра!

И покрај тврдењата во предизборието дека нема да се задолжуваат, Владата предводена од СДСМ денеска ја задолжи државата за нови 15 милиони евра.

Министерството за финансии денеска преку аукција на државни хартии од вредност ги задолжи граѓаните за нови 900.000.000 денари, односно 15 милиони евра со каматна стапка од 3,8 отсто. Аукцијата за хартии од вредност не поминала добро за новата влада на СДСМ, бидејќи добиле помалку од побараната сума од 1.140.500.000 денари. Ова значи дека банките немаат доверба во економската политика на новата влада, поради што се реализирани „само“ 900.000.000 денари.

Ваквото задолжување е спротивно на тврдењата на СДСМ дека новата влада немало да се задолжува, а воедно излегува на површина и лицемерието на СДСМ, чии функционери со години ја критикуваа претходната власт дека Македонија била алармантно задолжена, за сега самите тие да ги задолжуваат граѓаните.

-Укажуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните на Македонија. Само нова и одговорна влада може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на реалните потреби на граѓаните. -Неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине, се велеше во многу од предизборните соопштенија на СДСМ.

Со ова, декларативните ветувања кои СДСМ ги даваше дека ќе престане да ја задолжува државата паѓаат во вода. Секојдневната реторика на сегашниот министер Драган Тевдовски беше дека на Владата „неопходно е  да и се одземе правото на задолжување“, „да си ги пушти нозете колку што и е чергата“, дека „расипничката политика на задолжување која ја споведува Груевски ја води Република Македонија кон грчко сценарио“….

СДСМ многу пати ги заплашуваше граѓаните дека платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се доведени во прашање, поради неликвидноста на буџетот и поради предходното енормно задолжување.

Познавачите на финансиските прашања потсетуваат дека СДСМ преку ваквото своето однесување додека беа опозиција се обидоа на неколку наврати да спречат Македонија да дојде до поволни финансиски средства надевајќи се дека ќе блокираат исплати на плати, пензии, социјална помош, инвестирање во улишта, градинки и инфракструра.

Инаку, токму владата на СДСМ го воведе овој начин на задолжување уште во 2004 година кога хартиите од вредност ги издаваа по каматна стапка четири до пет пати повисока од тие кои потоа ги правеше министерството за финансии раководено од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот на СДСМ Богоевски со “весело” друштво се заканувале и лумпувале во кафеана (ФОТО)

Неполн месец на власт, а функционерите на СДСМ почнаа да си го покажуваат вистинското лице. Во саботата пред полноќ во делчевската кафеана „Антика“ Павле Богоевски во друштво со нивните делчевски сопартијци направиле вистински хаос, откако истите испиле по некој чаша алкохол почнале со викање и напади кон персоналот и музиката, создавајќи општ хаос.

Според очевидците Богоевски ја наполнил масата со разни видови на јадења и разни алкохолни пијалоци, постојано порачувајќи уште. Друштвото почнало да пие, а откако испиле по некоја чашка алкохол, почнале со навреди и довикување кон гостите во кафеаната, музиката и персоналот, на ова реагирале од персоналот кои стравувајќи од поголем инцидент, ги замолиле да се смират, на што уследила реакција „ние сме сега власт, што сакаме ќе правиме“.

Ситуацијата станувала се потензична, а некој од останатите гости во кафеаната почнале да ја напуштаат кафеаната. Ситуацијата кулминирала кога од непознати причини некој од масата на Богоевски почнал да мава со виљушки и ножеви по околните маси и персоналот. Целиот персонал морал да интервенира за ситуацијата да дојде во нормала, по што набргу Богоевски и другарите си заминале.

Дополнително Богоевски се сликал и објавил фотографија на својот профил со порака нека пукнат душманите.

Настанот на големо се раскажува помеѓу делчевчани кои се погласно велат еве го дојдде животот, сега се тепаат и кршат по кафеани, утре кој знае што ќе направат. Гневот кај граѓаните е очевиден кои се револтирани од распашаниот однос на социјалдемократите, кои во првиот месец на власт веќе  почнаа да си го покажуваат вистинското лице.

Убиецот од Швајцарија висок функционер на СДСМ и близок пријател на Заев (ФОТО)

Познатиот активист на СДСМ од Струмица во швајцарскиот град Лукарно, Горан Михајлов (54), со пет куршуми си ја усмртил сопругата Хани (38)  на патот кон езерото Маџиоре крај Аскона во Швајцарија.

Настанот е снимен и на видео камери од објектите од околината, снимки кои сега се во посед на Полицијата, а за настанот сведочи и Џианкарло Вачини, кој ја слушнал жената како вреска пред чинот на смрттаГоран ја убил сопругата затоа што мислел дека го изневерува.

Швајцарските портали пишуваат дека Горан е многу близок со врвот на социјадемократскиот сојуз, кои се сега власт во Република Македонија и дека на неговит фејсбук профил може да се сретнат негови слики со практично целиот државен врв.

Џианкарло, за швајцарски „Блик“ вели : – Седев крај кискот и пушев цигара, одеднаш сллушнав женски глас како вика, не! не! и после слушнав истрели, 4 или 5, 20 секунди подоцна следеа уште три до четири истрели, раскажува тој видно потресен.

Кога притрчал, Џианкарло видел две тела на подот по што мислел дека и двајцата се мртви, но Михајлов го преживеал обидот за самоубиство.

petta

cetvrta

treta

vtora

prva

 

 

ФОТО: Кога министерот е потпретседател, полицајците стануваат партиски војници

СДСМ додека беше во опозиција како еден од најголемите проблеми во државата го постави тоа што тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, покрај министерската функција била и партиски функционер. Истите тие за кои ова беше проблем сега нов потпретседател на партијата го поставија Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи.

Во непартизираната полиција која СДСМ ја најавуваше работат полицајци кои гордо се сликаат со знамиња во штабовите на партијата.

На фотографиите се Б.Г. кој работи во БПС Струга како полицаец, Б.К. полицаец во ПС Струга, В.Г. исто така полицаец во ПС Струга, Б.Д. поранешен полицаец, В.О. полицаец во ПС Струга.

sdsm mvr

Инаку, од СДСМ и самиот Спасовски цело време зборуваа дека полицијата била партизирана и дека тоа ќе се промени, граѓаните се прашуваат дали ова е таа департизацијата која е најавувана.

ФОТО: Груевски во Бугарија беше пречекан со сите државни и армиски почести, а Заев кој ја продава македонската историја на најпонизен и недостоинствен начин

Заев иако со својот последен потег, поканувајќи го премиерот на Бугарија, заеднички во Македонија да го прослават Илинден, нанесе силен удар и сквернавење на македонската историја, за разлика од поранешниот премиер Груевски, во Бугарија беше пречекан на најпонизен и недостоинствен начин.

Заев претставува вистински срам на државата, тој во својата посета во Бугарија беше насмеан и среќен што е примен од бугарскиот премиер, недостоинствено и без никаква почест. За разлика од него поранешниот премиер Никола Груевски, во Бугарија од тогашниот премиер Сергеј Станишев беше примен со сите најголеми државни и армиски почести.

За разлика од Груевски кој беше на достоинствен државнички начин пречекан во Бугарија, Зоран Заев понизно положи цвеќе пред, според него изгледа „бугарскиот“ Цар Самоил.

gruevski zaev precek vo bugarija 2

 

Ова понизно сликање и положување цвеке пред споменикот на кој пишува дека македонскиот Цар Самоил е бугарски, а за кој споменик од неговата партија најавуваат дека ќе биде срушен во Скопје, не е единствено удирање врз дравноста и историјата на Македонија. Тој даде скандалозна изјава во која кажа дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави.

-На прашање на бугарските новинари Заев одговори дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави. Како ?, напиша Софија Куновска на својот ФБ профил.

Дали тоа значи дека македонските ученици ќе им биде оневозможено во учебниците по историја да учат за револуционерите Гоце Делчев и Никола Карев, кои според бугарските историчари и политичари се Бугари. Дали Заев е спремен поради финансиите кои ги има добиено од нив во кампањата, баш целата историја да и ја продаде на Бугарија?

zaev bratski hora

Положувањето на цвеќе пред Цар Самоил, на споменик каде пишува дека е бугарски цар, најавата за вадење на Гоце Делчев и Никола Карев од учебниците по историја, сепак не е единственото предавство на Зоран Заев. Како што гласно говорат и бугарските европратеници, тој на Бугарите им дал ЦД со разговори на македонскиот државен врв, во кои се откриваат информации за политиката на Македонија кон Бугарија и договорот за соработка со Бугарија. Разговори во кои што има разговори за меѓународната политика да се дадат на странски политичари, претставува големо велепредавство

 

 

Колкава е цената која македонскиот народ ќе мора да ја плати поради парите кои Заев ги добил од Бугарија?

Зоран Заев удри директно по македонската историја со тоа што го покани премиерот на Бугарија, Бојко Борисов заедно да го прослават Илинден во Македонија. Ова своевидно предавство на Македонија, сепак било скапо платено, а поклонувањето на нашата историја на Бугарија, не е единствено што Заев мора да испорача за добиените средства.

Цената која што Заев ќе треба да ја плати за средставата кои што ги добил во кампањата, не е нималку мала. Според одредени информации покрај историското предавство кое Заев го прави во моментов, наредно треба да биде влегување на бугарската нација во Преамбулата од Уставот и давање тендери за бугарски компании во Македонија.

Зоран Заев како што гласно говорат и бугарските европратеници, на Бугарите им дал ЦД со разговори на македонскиот државен врв, во кои се откриваат информации за политиката на Македонија кон Бугарија и договорот за соработка со Бугарија.

Она што Заев го должи на Бугарија, ќе го плаќа сега целиот македонски народ. Историчарите кои цело време велат дека македонската историја е бугарска, она што Заев го исполнува, сосем се согласува со нивните ставови.

Според бугарските историчари востанието, за чија прослава, новиот премиер на Македонија, го покани Борисов заедно да го прослават, било важна етапа од борбите за национално ослободување и обединување на Бугарија. Според нив тоа е најмасовното востание кое ги исполнило стратешките цели и било морална подготовка за големите бугарски победи во Балканската војна во 1912-1913 година.

-Ова е најголемото бугарско востание во долгото петвековно турско ропство. Најдолгото и најдобро организирано, беше оцената на Красимир Каракачанов за востанието, еден од најгласните бугарски политичари за тезата за непостоење на македонскиот народ.

Чекор понатака отиде директорот на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, историчар и политичар познат по своите антимакедонски ставови,  кој изјави дека Илинденското – преображенско востани од историски аспект е несомнено бугарско и одговара на тешкото прашање: „Каков народ живее во Македонија“.

-Повеќе од јасно е оти предците на сите овие јунаци, кои сега управуваат со Скопје и изјавуваат дека немаат ништо заедничко со бугарскиот народ, јасно е дека дедовците им биле Бугари. Во бројните документи кои ги оставиле, тоа е едно бугарско востание, кое секогаш ќе остане како аргумент за нашите права не само врз востанието, туку и врз цела Македонија, рече Димитров минатата година во интервју за агенцијата „Фокус посветено на Илинденското востание.

Граѓаните на Македонија се разочарани и гневни од однесувањето на премиерот Заев, кој вчера насмеан се сликаше покрај споменикот на „бугарскиот“ Цар Самоил, за кого од неговата партија најавуваа дека ќе биде срушен во Скопје.

zaev bratski hora

Заев кој и претходно најавуваше дека Македонија треба да ја свитка кичмата за меѓунардните прашања ова не му е прв пат вака да се однесува кон македонската историја, кога е во прашање Бугарија, тој и претходно кажа дека сме еден народ со нив.

-Сакам да испратам порака до сите граѓани на Бугарија, ние сме братски ХОРА, СШТИ народ. Македонија тежнее кон нормализација, ќе биде стабилно и спокојно во Македонија. Секако јас како потенцијален мандатор за формирање на влада, сакам да испратам само пријателски пораки од соседна земја Македонија, која што има намера да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, а секако тоа е возможно меѓу другото, ако ја унапредиме соработката со Република Бугарија,в ели Зоран Заев во интервјуто за бугарски БГНЕС во мај годинава.

zaev bratski hora

 

Граѓаните и по социјалните мрежи остро реагираа на однесувањето и сквернавењето на македонската историја од страна на Зоран Заев.

zaev bugarija soc mrezi

zaev bugarija soc mrezi 2 zaev bugarija soc mrezi 3 zaev bugarija soc mrezi 4 zaev bugarija soc mrezi 5

Наместо животот, дрогата се враќа на улиците, пуштен од притвор Еско Рахиќ

Врховниот суд издаде решение со кое ја уважи жалбата на Сеат Рахиќ и го укина притворот. Тој е брат на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ. Наместо животот, дрогата се враќа на улиците.

Сеат заедно со уште четири лица беше уапсен за препродавање кокаин, а тоа значи дека со доаѓањето на животот во Македонија, дојде и слободата за дилерите.

Тој во февруари годинава во рамки на Оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на улично дилерство на дрога беше уапсен заедно со уште четири лица.

-По претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти тогаш МВР.

Оттаму посочија дека според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка.

-Кокаинот бил набавуван од непознато лице од  Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога, се вели во соопштението од МВР.

Министерството тогаш соопшти дека Сеат Рахиќ бил организатор на групата и ги ангажирал М.Д. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, но оти по продажбата редовно го известувале Рахиќ за паричните средства кои биле добиени.

-Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, стои во соопштението.

СДСМ ќе ги враќа партиципациите за студирање на 1000 евра

Партиципациите за студирање на државните универзитети во Македонија ќе бидат вратени на висината која беше определена во времето на СДСМ пред 2006 година – и кои достигнуваа до 1000 евра.

Ова за нашата редакција го соопшти анонимен извор од кабинетот на министерката за образование Дескоска, додавајќи дека СДСМ е сериозно подготвен да крати средства во образованието за да има пари за своите популистички проекти кои ги најавуваше во кампањата.

Досега откако се на власт СДСМ го укинаа екстерното тестирање, најавија укинување на кембриџ програмата, а како што се шегуваат по социјалните мрежи, мерките за штедење ги примени и врз студентските домови, па ги остави студентите во „Гоце Делчев“ цел ден без струја, бидеќи МОН и Дескоска заборавиле да ги платат сметките за електрична енергија.

Последна „голема мерка“ на СДСМ беше таа за укинување на дисперзираните студии, со која илјадници студенти од внатрешноста ќе останат без можност за достапно високо образование, и доколку сакаат да се школуваат на факултет, ќе мора да се преселат во Скопје, да плаќаат високи кирии и да живеат со цените на главниот град.

СДСМ оваа мерка исто така ја оправда со финансиските придобивки кои ќе ги има Владата ако нема дисперзирани студии.

Токму затоа, вели нашиот извор, наредни на мета се партиципациите кои ВМРО-ДПМНЕ пред повеќе години ги намали на 200 евра за во државна квота и 400 за во приватна за сите кои студираат во Скопје, а половина од тоа доколку се студира на дисперзираните студии во внатрешноста.

Со укинувањето на дисперзираните студии се придонесува директно за намалување на бројот на жители на помалите градови, а со зголемувањето на партиципациите кои во времето на СДСМ беа до 1000 евра се очекува да се намали и бројот на студенти во Македонија.