Савески и Ванковска го разобличија Богоевски: Леле, кој очај – ги баталивте принципите штом се докопавте до фотелјите

Го читав Павле Богоевски на „Либератас“. Леле, кој очај!, ова на својот ФБ статус го пишува членот на Левица, Здравко Савески.

Тој понатаму вели: ОК, знаевме дека се борите за фотелји и борбата за принципи ви беше само за да се докопате до фотелјите, ама дека толку брзо и толку отворено ќе ги баталите принципите, е тоа и мене не ми се веруваше.

Инаку пратеникот Павле Богоевски ги нападна своите како што тој сам ги нарекуваше соборци затоа што се пожалија дека биле приведени од полицијата бидејќи држеле парола. За овој негов потег со реакција излезе и професорката Билјана Ванковска.

Кога НВО активист ќе стане власт се претвора токму во она против што се борел. Сега не е Отпор, ама затоа е естаблишмент. И после кажете дека јас сум поим на релативизатор! Ма, јас сум аматер и непрофитер, овие се махери и профитери, пишува во статус на Фејсбук Билјана Ванвковска.

Спиеш ли мирно, Александар Дојранлиев: Еден од главните пропагандисти на СДСМ вплеткан во фамилијарен криминал со пари од УСАИД?

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Д.(56) од Гевгелија, одговорно лице во Здружение на граѓани „Патокази“ Гевгелија и управител на правното лице „Генет“ ДООЕЛ Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, пишува порталот Струмица Денес.

Според информациите на порталот, пријавената како одговорно лице на Здружение за граѓани „Патокази“ спротивно на чл.4,5 и 6 од Законот за судир и интереси, по однос на одобрен и финансиран проект од УСАИД врз основа на договор на дело овозможила на нејзиниот син А.Д., како менаџер на проектот да му бидат исплатени 3.500 американски долари од вкупно предвидените 8.800 долари.

dojranliev-2

На социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека лицето А.Д. е всушност Александар Дојранлиев, ангажиран во секторот за комуникации на СДСМ/Сорос, инаку познат како сопственик на фирма која се вика „Генет“.

Но, кривичната пријава за Ј.Д. не е само поради овозможување заработка за синот, туку и заради личен профит.

dojranliev-1

„Исто така, пријавената како секретар и портпарол на проектот за себе си доделила 3.500 долари, а 83.637 денари се исплатени и на правното лице „Генет“ ДООЕЛ-Гевгелија, исто така вклучен во проектот и тоа за исти работи кои А.Д. требало да ги заврши бидејќи се опфатени во договорот за дело.“ стои во информацијата на Струмица Денес.

Доколку зад иницијалите А.Д. се крие Александар Дојранлиев, тоа значи дека човекот задолжен за фото и видео монтажи во центарот за комуникации на СДСМ во овој случај два пати бил платен за иста работа, од неговата мајка, и тоа со пари од УСАИД.

Во јавноста одамна се тврди дека на ваков начин се плаќани стотици профитери кои се претставуваа како граѓански активисти, а одработуваа за СДСМ. Финансирањето преку УСАИД дури дојде и до американскиот конгрес, каде беше покрената постапка за да се провери дали преку пари на фондацијата фактички се помагала една политичка партија во Македонија, конкретно – СДСМ. Фактите од овој случај велат: да.

dojranliev-3

„Притоа лицето А.Д. се јавува како сопственик на фирмата „Генет“, а пријавената се јавува како управител, со што пријавената свесно го загрозила јавниот интерес на сметка на приватниот, непочитувајки ги одредбите од Законот за судир и интереси“, дообјаснува Струмица Денес за криминалната мрежа во која мајката и синот се под сомнение за злоупотреба на службената должност и овластување.

Александар Дојранлиев е автор на стотици фотомонтажи во служба на спрегата СДСМ/Сорос, со кои се манипулирала јавноста. Патем, Здружението на граѓани „Патокази“ беше редовен учесник во писмата на невладните соросови организации упатени до амбасади и разни чиновници низ светот со кои се водеше квази-граѓанската кампања на СДСМ преку актерите кои глумеа невладини активисти и граѓанско општество, а денеска повеќето од нив се вработија во влада како советници на Заев.

dojranliev-4

Освен некои, кои како што гледаме, се финансирале од семејството, кое се финансирано – од УСАИД.

Министерот Николовски во познат скопски локал направил скандал поради содржината на менито

Министерот за Земјоделие Љупчо Николовски пред неколку дена во познатиот локал „Лофт“ во Скопје каде е чест посетител направил мал скандал кој го забележале дел од гостите, а се затоа што во моментот во познатиот локал немало шкампи и јастог кои Николовски ги нарачал.
Иако келнерите прво, а потоа и менаџерот му се извиниле што во моментот не можеле да му ја достават нарачката бидејќи се погодило да ги немаат бараните јадења, Николовски кој бил со пријатели и под дејство на алкохол изреагирал бурно.
„Ме срамите пред пријателите, па како е можно да нема едни обични шкампи и јастог“, викнал пред присутните кои раскажуваат за оваа случка. „Знаете ли кој сум јас“ им викал на келнерите, „ќе видите кој сум, си играте играчки со Министер. Ако ме брукате мене ја брукате државата“ им порачал за крај Николовски на вработените во „Лофт“ пред да го напушти локалот.

Алаѓозовски за Дедо Стефан: „Ми се превртуваа цревата од него, ама морав да се смешкам пред камери“

Анонимни извори од владата сведочат дека после средбата на Заев и министрите со Архиепископот г.г. Стефан и други високи лица од МПЦ, имало големо незадоволство од министерот за култура кој беше присутен на средбата.
ala
Информациите велат дека Алаѓозовски негодувал и пред да се одржи оваа среда, веднаш откако Заев побарал од него да биде присутен како човек од ресорот под чии ингеренции е културното наследство, но не коментирал гласно бидеќи не сакал да го разочарува Заев и да си го расипе мислењето кое Заев го има за него. Но затоа по ходниците и канцелариите кај своите соработници не го криел расположението кое го има за МПЦ и особено Архиепископот Стефан.
„Црева ми се превртуваа дури седев таму, не сум ги поднесувал никогаш, ама таква е функцијата, мора да се гледаш и со такви, да се смешкаш“ се доверил Алаѓозовски на своите соработници.
ala-1
Ваквите изјави ги дал за да се оправда за средбата со МПЦ како заколнат социјалдемократ кој никогаш не чувствувал врска со христијанството, велат нашите извори. Алаѓозовски секогаш сметал дека црквата е ретроградна, а тој како уметник далеку над тоа ниво. Затоа и косата ја носи со суканици кои се карактеристика на растафаријанците, луѓе кои веруваат во други божества и практикуваат други навики.
ala-3
Потврда за негативниот став на Алаѓозовски кон црквата се и твитовите кои ги пишувал пред да има поим дека еден ден ќе се бави со политика и уште повеќе – дека ќе стане министер. Па така, Алаѓозовски своевремено сметал дека ограбувањето на ТАТ и на заштедата на илјадници граѓани во времето на СДСМ на Црвенковски бил помала катастрофа од идејата за изградба на црква во БИтоола. Исто така тој во друг твит го едначи Архиепископот Стефан со сатаната, а во трет твит се подбива со целото христијанство и навиките за празниците Божиќ и Велигден.

Можеби не го бива за работење, но го бива за потење: Кој министер од владата на Заев мириса најдалеку?

Еден од министрите во владата на Заев особено се истакнувал пред колегите, но не со труд, работа и идеи, туку по тоа што сите можеле да намирисаат кога доаѓал во нивна близина и без да го видат. Исто така во луѓето во владата знаеле во која канцеларија тој бил присутен неколку минути пред тие да влезат во неа.

Овој министер кој и визуелно се истакнува од останатите веќе го забележале дека е препознатлив по многу интензивното потење кое повлекува и мирисна реакција со себе, но соработниците и дека не се замарал премногу со тоа бидејќи сметал дека е дел од него и неговиот идентитет до кој многу држел.

„Никој не може да каже дека не се мириса со него во министерство или на седници на влада, бидеќи тоа е практично невозможно“, коментираат луѓе од кругот на овој размирисан министер.

Неговото присуство особено останувало во спомен и на таксисти и шофери кои го коментирале дека ништо не било поприсутно од неговото отсуство и го чувствувале долго откако ќе го напуштел автомобилот во кој се превезувал.

Соработниците и шоферите на културен начин започнале да го нарекуваат Смрдко. Нашата редакција ќе задржи ниво на култура, па исто така нема да објави за кого се работи.

Жесток конфликт во „Излет“ меѓу Павле и незадоволниот Исмаил Малиќи- Ицко поради неисплатени пари за учество во „шарена револуција“

Павле Богоевски и Исмаил Малиќи – Ицко имале жесток конфликт пред неколку дена во неформалниот штаб на шарените профитери „Излет“ кој е сопственост на Огнен Узуновски-Оги – патем, Узуновски е човекот кој кога зема пари од Министерството за култура за да организира концерти нема режим и има мир, а кога не зема нема правда и е голем отпораш.

pajo

Приказната започна да се обзнанува вчера на социјалните мрежи, кога сведоци на настанот почнаа анонимно да објавуваат детали од конфликтот меѓу Павле и Малиќи среде „Излет“. Двајцата воопшто не биле дискретни, особено Малиќи кој бурно реагирал кон Павле во еден момент.

pajo2

Подобро упатените велат дека веројатно станува збор за стари неисплатени долгови кон Малиќи за протестите во кои земаше значаен дел. Јавна тајна беше и тогаш, а денес е само потврдена информација, дека протестите на шарената револуција беа организирани од СДСМ и Соросовата мрежа и дека многу профитери тогаш дебело се нафатираа од својата „бунтовничка“ активност.

Некои станаа пратеници, некои советници на Заев, а некои како Малиќи не станаа ништо – што исто така е една од причините за неговиот бунт и револт.

pajo-3

Присутните велат и дека на крајот на расправијата Малиќи на Павле му се обратил со зборовите „Ќе видиш, шарена сега ќе иде со друга партија“ заканувајќи му се дека јавно ќе го покаже конфликтот во нивните редови, ќе посведочи дека биле организирани и инструирани од СДСМ и лично од Зоран Заев, кој се обидел да ги смири раскараните страни, но не успеал.

pajo-4

Малиќи е инаку и човекот кој за време на еден од протестите со блокирање на крстосницата кај Соборниот храм му залепи шамар на скопскиот урбан лик Крис кој проаѓаше на тој простор со својот мотор.

Дали и Павле ќе помине како Крис или долговите ќе се расчистат и Малиќи ќе биде обештетен со парите кои му ги должат или пак ангажиран како советник на некој министер, ќе видиме многу наскоро.

Дали овој скандал е доволен за Германската Амбасада или Дојче Веле во Скопје, или колку е важен Стевица Јосифовски за Зоран Заев?

Во овој момент постојат интересни регрупирања во менаџерскиот борд на Македонски Телеком особено со позицијата на Оперативен Директор на компанијата. Првото име кое се јавува за таа позиција е Стевица Јосифовски, адвокат и моменталниот раководител на правниот тим на владеачката партија СДСМ, пишува justpaste.it.

Тој е поранешен вработен во Телеком и поранешен раководител на правниот тим од 2014 година, тој во моментов раководи со адвокатска фирма заедно со истотака поранешна вработена во Телеком Сања Милованович.

Ривалот кој претендира за истото работно место Оперативен Директор е Назим Буши, важна фигура во ДУИ, главниот коалиционен партнер на СДСМ. Господиот Буши и неговите членови на фамилија се долгогодишни политички фигури на политичката сцена во Македонија уште од 2002 година.

-За господинот Јосифовски постои голем конфликт на интереси да биде поставен на позицијата Оперативен Директор. Постојат шпекулации во Државната Комисија за заштита на конкуренција дека господинот Јосифовски сака да биде поставен на позцијата Оперативен Директор за да добие тужби кои ги има подигнато во изминатите две години. Тој лобира кај бизнис партнерите и фирмите кои соработуваат со Телеком да поднесуваат тужби против Телеком за да кога тој ќе дојде на позицијата Оперативен Директор да добие парична компензација за активноста од Телеком и од неговите бизнис партнери, пишува justpaste.it.

На пример сумата за компензација може да достигне и до 200 000 евра за само еден случај со фирма соработник на Телеком. Сегашниот Оперативен Директор Назим Буши е запознаен со активностите и сака да ја задржи својата сегашна позиција и со тоа да ја заштити компанијата.

zaev_petersen1_1__small

 

Премиерот Зоран Заев ризикува дури и да се скара со својот коалиционен партнер ДУИ само за да го смести Јосифовски како Оперативен Директор на местото на Буши со аргументот дека Јосифовски знае за сите дупки во законот во договорот на Телеком и може да ја закопа компанијата со тужби. На друга страна, Дојче Телеком во моментот работи да направи компромис и да ја подели позицијата Оперативен Директор и да ги задоволи и двете парии со место во бордот на директори.

Господинот Јосифовски како поранешен вработен во Државната Комисија за заштита на конкуренцијата сеуште има силни конекции во оваа институција, кои се осигурани со политичката моќ која тој ја поседува, планира да се бори со Дојче Телеком ако не му го исполни барањето да биде поставен Оперативен Директор. Како планира да го направи ова ?

Да се вратиме три години наназад кога опозицискиот лидер Зоран Заев јавно изјави дека поседува прислушкувани материјали од членови на владата предводена од Никола Груевски. Господинот Јосифовски беше правниот советник кој ги слушна прислушкуваните материјали заедно со господинот Заев и откри во кој материјали поснови основа за покрнување на обвиненија. Многу бргу по составувањето на техничката влада, Господинот Јосифовски беше поставен за правен претставник на партијата СДСМ во ДИК за жалбите кои ги поднесе СДСМ во избирачките места во кои загуби, главно во места каде што живее доминантно албанско население.

Во меѓувреме тој се промовираше себеси како телекомуникациски експер кој се спротиставил на спојувањето на другите два мобилни оператори Вип и Оне и јавно барал од Комисијата за заштита на конкуренцијата да го запре спојувањето на двете компании. Сите овие активности и ветерот во грб од премиерот Заев става огромен притисок на новиот менаџерски тим на Македонски Телеком да го врати во Телеком но овој пат како Оперативен Директор.

Сите овие активности се невидени во германската менаџерска култура и се држат надвор од јавноста само поради улогата на тимот на Заев кој сочинуваше поранешни вработени во Телеком и УБК кои помогнаа во откривањето на скандалот со прислушкувањето со кои ја собори претходната влада. Дури и ако Дојче Телеком го прифати Јосифовски како нов Оперативен Директор тој ќе мора да ја помине проверката Оделот за Одобрување на Дојче Телеком.

Во моментов нема реакција на Германската Амбасада во Скопје или реакција од медиумите финансирани од германски пари како Дојче Веле кои долги години се најголеми критичари на корумпираноста и злоупотребувањето на функцијата на поранешната Влада.

justpaste.it.

 

Дојде живот за Шилегов, се поднови со најновото Ауди А5 вредно 80.000 евра! (ФОТО)

Додека граѓаните чекаат СДСМ да почне да ги исполнува ветувањата кои на граѓаните им ги вети пред изборите, а од кога ја презема власта почна да ретерира за истите, како што е примерот со минималната и просечната плата. Додека граѓаните се уште го чекаат животот кој го ветуваше новата власт, за нивните функционери животот пристигна, Петре Шилегов се поднови со ново Ауди А5 вредно меѓу 75 и 85.000 евра, кое впрочем не е ни пријавено во анкетниот лист во Антикорупциска.

audi a5 shilegov

Инаку, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, периодот кој во СДСМ милуваат да си го наречат режим, Шилегов со пријавена плата од 22.929 денари во својата адвокатска канцеларија, додека пак неговата сопруга во истата фирма беше пријавена на минималец т.е. на плата од 10.900 денари (информации за јануари 2014 година). Токму во овој период граѓаните и медиумите се прашуваа како Шилегов со таква плата успеал да се стекне со толкаво богатство.

audi a5 shilegov 2

Шилегов за кого немаше живот, во својот запишан имот има 4 стана и една куќа, која е на три ката, со големина од 313 метри квадратни, вредна 440 илјади евра, како и неколку луксузни автомобили, најголемиот дел од нив купени за време на владеењето на „режимот“ на ВМРО-ДПМНЕ.

kuka shilegov

Петре Шилегов во 2015 и 2016 се поднови со 3 нови стана, во вредност од 208.000 евра. Двата нови стана од 72 и 64 м2 фамилијата Шилегови ги купила во 2015 година и изнесуваат 160.000 евра, додека во 2016 година Шилегов сеподновил со уште еден стан од 68 м2 во вредност од 48.500 евра. За само две години усепале да купат три стана во вреднос од околу 208.000 евра.

staro audi shilegov

Покрај становите медиумите во времето додека Шилегов  мачно се бореше против „режимот“ открија за неговиот возен парк кој тој го имаше тогаш, а сега плус подновен со новото Ауди А5, кое инаку ја има цела можна опрема и претставува најскапиот автомобил на Шилегов, вреден помеѓу 75 или 85 илјади евра.

mercedes shilegov

Шилегов во својот возен парк има и уште еден автомобил Ауди и Мерцедес, кој го вози неговата сопруга, како и Сеат Леон кој тој му го купи како поклон на својот син, автомобил вреден околу 30.000 евра, кој исто како и новото Ауди А5, не е пријавено во анкетниот лист на пратеникот на СДСМ.

shilegov ivan seat leon

Граѓаните гласно коментираат дека најверојатно СДСМ пред изборите мислел дека ќе дојде живот за нивните функционери, а не за сите граѓани на оваа држава. Граѓаните бараат објаснување од пратеникот Шилегов, кој вчера гласаше против укинувањето на радиодифузната такса, работа која СДСМ ја вети во предизборната кампања, како за време на „режим“ тој успеал да стигне до толку големо богатство.

Соросовата новинарка Билјана Секуловска блиска до Заев со навреди кон Куранот и Библијата, со цинизам кон Алах и Господ

Соросовата новинарка Билјана Секуловска позната по својата омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и поддршка за Зоран Заев и СДСМ, во свој фејсбук пост упати директна навреда кон христијаните и муслиманите, со конкретно омаловажување на Куранот и Бибилијата и со цинизам кон Алах и Господ.

sekuloska rada

Во својот фејсбук пост Секуловска вели:

„Чеда мои наивни. Многу сериозно го сфаќате Куранот. Потпис: Алах. Да дополнам: Многу сериозно ја сфаќате Библијата. Потпис: ГоспоТ“.

status sekulovska

 

Ваквиот став на Билјана Секуловска наиде на големи осуди, дури и од гласачите кои гласале за СДСМ.

Еве дел од нивните коментари:

Овие искажани навреди на Секуловска наидоа и на поддршка од друга група на активисти и членови на СДСМ и на шарената револуција.

sekuloska komentari

sekuloska komentari 3

Мегафоните на СДСМ со жестоки напади кон сите жени муслиманки покриени со марама – „Абе мајсторе, жена ти е забулена“

Мегафоните на СДСМ/Сорос тргнаа во отворена хајка против сите жени од исламска вероисповест кои од верски причини и лични убедувања носат марама на главата.

Таков е и доскорешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски.

Мегафонот на СДСМ на неговиот фејсбук профил директно се обрати до Мухамед Зекири и неговата сопруга, но и до сите жени муслиманки кои носат марами:

„Зекири, за кој ку*ац ќе ни се социјалдемократи ко тебе. Ало бе мајсторе, држиш забулена жена… Заостанато општество… Иди у Саудиска Арабија…“.

Ова е отворена навреда кон сите жени со исламска вероисповест, кои се нечии баби, мајки, сопруги, сестри или ќерќи и кои порано или сега носат марама на главата.

Ваквиот став на Мицковски од СДСМ има полна поддршка од поддржувачи од неговата партија. Оние кои имаат стиснато лајк на статусот на Мицковски со својата јавна поддршка се поддржувачи на овој говор на омраза кон муслиманите, особено кон муслиманската жена.