#ЛАЖЕВМЕ: Галерија од неостварените ветувања на СДСМ

SDSM-kampanja-Lazevme

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и првите луѓе на оваа партија во предизборната капања за изборите минатата година, излегоа со големи ветувања, кои за народот беа нереални. Но, очигледно голем број граѓани поверуваа на тоа и го дадоа својот глас за оваа политичка партија, која сега ја предводи власта во Република Македонија.

По социјалните мрежи се проширија флаери од големите ветувања на СДСМ, од чие исполнување до сега нема ни трага ни глас.

Очигледно граѓаните се револтирани од ваквиот однос на власта кон она што го ветиле пред нив.

SDSM-Zaev-Lazevme-1 SDSM-Zaev-Lazevme-2 SDSM-Zaev-Lazevme-3 SDSM-Zaev-Lazevme-4 SDSM-Zaev-Lazevme-5 SDSM-Zaev-Lazevme-6 SDSM-Zaev-Lazevme-7 SDSM-Zaev-Lazevme-8 SDSM-Zaev-Lazevme-9 SDSM-Zaev-Lazevme-10 SDSM-Zaev-Lazevme-11 SDSM-Zaev-Lazevme-12 SDSM-Zaev-Lazevme-13

Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг

Milososki-Live-Chat

Пратеникот и член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Live Chat на ВМРО-ДПМНЕ одговори на прашањето „Каков ќе биде исходот од средбата на Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас со Никола Димитров?“

Милошоски истакна дека има еден проблем кој се провлекува во односите на Република Македонија со Грција.

-Република Македонија во моментов недоволно стои и се држи до својот најсилен аргумент во нашите билатерални односи, а тоа е пресудата од меѓународниот суд на правдата во Хаг. 2008 година кога Грција спротивно на времената спогодба стави вето на поканата за членство на Македонија во НАТО ние поднесовме тужба во судот во Хаг, каде што имав чест да бидам застапник на Република Македонија заедно со еден поголем дипломатски и правен тим. И во 2011 година добивме пресуда, едногласна пресуда доколку се иземе гласот на грчкиот судија во која што беше одлучено дека Грција нелегално и со прекршување на времената спогодба ја блокирала Република Македонија за да добие покана за членство во НАТО, истакна Милошоски.

Нашиот примарен аргумент во односите со Грција новата влада го занемарува, министерот Димитров и Заев не бараат од Грција и меѓународната заедница да ја признае пресудата од врховниот судски орган на обединетите нации судот во Хаг додаде тој.

Милошоски наведе уште еден недостаток во односите со Грција и надворешната политика која ја води владата на Заев, а тоа е нетранспарентноста во преговорите и одлуките. Тие кога беа во опозиција ја обвинуваа за нетранспарентност владата на ВМРО-ДПМНЕ, а сега немаме никаков увид во нивната надворешна политика. Во моментов има најави за нови предлози за името, а граѓаните немаат никаков увид во сето тоа додаде Милошоски.

Лагите на СДС излегоа на површина: За ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Македонија се пред мигрантите

VMRO-DPMNE-Zname

На вчерашната седница на општина Кавадарци се изгласа иницијативата за распишување на референдум за акцискиот план 2017-2027 на владата за мигранти. Граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат дали се за ваквиот акциски план за изградбата на бегалски кампови, на изградба за згради за мигрантите, бесплатно здравствено осигурување, бесплатно образование и итн, истакна Зоран Јованчев на денешната прес-конференција во просториите на општина Кавадарци.

-ВМРО не е против бегалците и ние сочувствуваме со нивната трагедија. Апелираме овој проблем да се реши во нивните земји каде што е настанат. За ВМРО граѓаните на Македонија и граѓаните на Кавадарци се пред мигрантите. Советниците на СДС ја напуштија седницата и не гласаа за иницијативата за референдум, која што беше предложена од советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со што само ја потврдија идејата на владата Македонија да биде мигрантска земја. Лагите на СДС излегоа на површина уште првиот месец, тврдеа дека нема да има двојазичност и втор службен јазик на територијата на Република Македонија на дело ја спроведуваат веќе двојазичноста. Тврдеа дека нема да го потпишат штетниот договор со соседната земја Република Бугарија, тие го потпишаа тој договор што е на штета на Република Македонија, додаде Јованчев.

Исто така, додаде тој, тврдеа дека нема да водат преговори односно нема да преговараат за промена на уставното име на Република Македонија на дело ги гледаме дека на големо преговараат за промена на името на Република Македонија.

-ВМРО секогаш ќе ги слуша барањата на граѓаните на Македонија и ќе застане зад одбраната на нивните права.

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и злосторничкото здружение околу него е синоним за криминал

SDSM-raspad

Зоран Заев и злосторничкото здружение околу него е синоним за криминал. Коалицијата на СДС со криминално-мафијашките структури не е од денес и не е само откако СДС ја формираше владата, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Петре Шилегов.

-Коалицијата на СДС со криминалот е основната потпора на партијата откако Зоран Заев стана нејзин лидер. Аболицираниот криминалец Заев никогаш не го интересирале граѓаните. Го интересирале само стотици милиони евра на личните банкарски сметки. Заев како градоначалник беше аболициран од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра за случајот „Глобал“. Фатен, жив на дело! Криминалецот Заев треба да одговара за барање поткуп од 200.000 евра, по принципот „едно евро за Вицето“, велај од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека самите советници на СДС ја разоткрија криминалната шема на нивниот градоначалник Андреј Жерновски. Повторно се споменуваат поткупи од стотици илјади евра.

-Зоран Дамјановски Циц како градоначалник на Куманово е типичен пример како владее СДС и каква локална политика води. Скандали, лицемерие, манипулации и безобразното владеење ја претвори општината во банкрот. Самиот Петре Шилегов за да затаи данок, себе си си издава станови и деловни простории, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Радмила Шекеринска освен бонбона бизнисот со струјата, успеа по примерот на Шилегов сама себе да си изнајмуваше станови.

-Сега СДС е заслепен од ароганцијата и смета дека е над законот. Ваквата забеганост нема да трае вечно. По заминување од власт на Заев и криминално-расипничката влада, правната држава ќе се врати и сите членови на злосторничкото здружение ќе одговараат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Штедењето за пред народот, по кабинетите расипништво: За бадеми и лешници се трошат 5.000 евра

Sekerinska-Zaev-Tevdovski

Штедењето и кратењето на трошоците како што најавуваа пред да дојдат на власт, СДСМ веројатно само го промовира пред граѓаните, а во пракса по кабинетите на своите министри спроведува вистинско расипништво и луксузирање со парите на граѓаните.

Имено, на Електронскиот систем за јавни набавки објавен е оглас за набавка на апетисани ( бадеми, лешници, ореви, фстак), според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.   

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ НЕ ГО ПОЧИТУВА ПРАВОТО: СДС незаконски вработува асистенти за потребите на Фрчкоски и Десковска

Frckoski-Deskoska

Утре на дневен ред на Научно-наставниот совет на Правниот факултет е распишување на конкурс за избор на асистенти.

Според дневниот ред се работи за кандидати за асистенти на сопругот на Рената Десковска, Тони Десковски, асистент на Љубомир Фрчкоски и асистент на поранешната претседателка на Комисијата за хартии од вредност, кадар на социјалдемократите, Весна Пендовска, како и асистент по Уставно право за Рената Десковска.

Правен факултет решава да распише конкурс за нови вработувања, спротивно на мислењето на Антикорупциската комисија дека таквиот избор на асистент ќе биде противзаконски. Факултетот има испратено писмо до Државната комисија за спречување на криминал и корупција, барајќи мислење за тоа дали постои законска пречка за новите вработувања.

Иако антикорупционерите посочуваат дека не постои законска пречка само ако се работи за реизбор на лица кои веќе се во работен однос на Факултетот, Правен одлучува да распише конкурс за вработување на нови лица. Се работи за вработување на лица од редовите на социјалдемократите кои ќе бидат асистенти на професорите кои доаѓаат од редовите на истата партија.

Правниот факултет утре противзаконски, во предизборен период, ќе распише конкурс за избор на асистенти кој досега не биле вработени на факултетот, туку лица кои работеле со договор на дело. Правниот факултет одлучува да не чека да завршат локалните избори. Им се брза да ги сместат своите кадри, безразлика што антикорупционерите јасно посочуваат дека доколку се работи за нови вработувања нема можност за распишување на конкурс во овој период.

СЛЕДУВА ТУЖБА: Божиновски ги отфрли обвинувањата и со факти ги разобличи лагите на Рашковски

Bozinovski-vs-Raskovski

Поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, реагираше во врска со обвинувањата од страна на актуелниот генералниот секретар на Влада на Република Македонија, Драги Рашковски, за кои вели дека се неосновани.

Во продолжение следува интегрален текст од писмената изјава на Божиновски.

Во врска со лагите и невистините кои Драги Рашковски ги изнесе последниве неколку дена сакам да ја дадам следнава изјава:

Во периодот од 2010 година па се до 2017 година професионално, чесно и посветено ја извршував функцијата Генерален секретар на Владата на Република Македонија, при тоа почитувајќи ги сите законски пропишани процедури и постапки.

Во интерес на вистината, во однос на предметниот случај за кој Рашковски неосновано обвинува би сакал да ги предочам овие факти кои се базирани на законот:

  1. Сите посочени постапки за вработување се спроведени согласно Програмата за вработување на припадниците кои не се мнозинство во Република Македонија донесена на седница на Влада, поткрепена со соодветен Заклучок на Влада во кој се дадени конкретни насоки за постапување (заклучок и програма донесени на 23.1.2012 година), со кои целокупните идни вработувања на малите етнички заедници преминуваат од Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор во генералниот секретаријат. Истовремено министерството за финансии средствата за оваа намена ги префрли од буџетот на СРД во буџетот на Генералниот секретаријат.
  2. Пред отпочнувањето на секоја постапка за вработување во Генералниот секретаријат беше барана согласност од Министерството за финансии за обезбедени средства во Буџетот на Генералниот секретаријат за тековната година и беа запазувани сите законски одредби од Законот за државни службеници (објавен оглас во дневни весници, формирање на комисија за спроведување на селекција и интервјуа на пријавените кандидати, формирање на ранг-листа од најуспешни кандидати и финално носење на решение за вработување на најуспешниот кандидат за секое работно место).
  3. За секој вработен по оваа Програма беше определено соодветно работно место и секој вработен ги извршуваше работните задачи (било во Генералниот секретаријат, било во друга институција каде што вработениот беше упатен да извршува работни задачи).
  4. Да не заборавиме на политичката криза во која се наоѓаше државата и распишувањето на изборите во 2015/2016 година кога Владата на Република Македонија функционираше како техничка и голем дел од активностите кои што требаше нормално да бидат извршувани беа ставени во мирување. Тука пред се мислам на ограничувањата во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и генералните мислења на Државната комисија за спречување на корупцијата каде стриктно беше наведено што институциите смеат и можат да направат, а кои активности не се во согласност со горенаведените закони. Помеѓу активностите кои беа ставени во мирување беше токму хоризонталното прераспоредување на вработените од една во друга институција, измена на правилниците за систематизација на работните места во институциите. Ова претставува причина поради која постапките за преземање и прераспоредување на овие вработени формално-правно до крај не беа завршени, но во меѓувреме овие лица извршуваа работни задачи во Генералниот секретаријат на владата согласно сите законски прописи.
  5. Во периодот од 2012-2014 година беше направена голема реформа во функционирањето на државната и јавната администрација со носењето на новите Закон за административни службеници и Закон за вработени во јавниот сектор што предизвика и подолг процес на усогласување на актите за систематизација на работните места во институциите согласно новите закони.
  6. Инаку сите вработени соодветно ги исполнуваа сите права и обврски предвидени во Законот за државните службеници (сега Закон за административни службеници) и согласно тоа извршуваа работни задачи од нивниот делокруг на надлежности, и ги користеа и правата од работен однос (годишни одмори, боледувања..) и редовно беа оценувани од нивниот напосредно претпоставен.
  7. Небулозно е Драги Рашковски да се заканува дека ќе ми поднесе некаква си кривична пријава затоа што сум исплатувал плати на овие лица, кога и тој самиот на истите овие лица им ја исплатил платата за месеците мај, јуни и јули. Овој факт најдобро покажува дека во суштина се работи само за конструиран процес кој нема никаква суштина, туку единствено се користи како обид за девалвација на политичките противници на СДС.

Заради сето ова, од кое јасно се гледа дека законите се беспрекорно испочитувани, сакам Целосно и енергично да ги отфрлам обвинувањата од сегашниот Генерален секретар на Владата и најавувам соодветна судска постапка со цел заштита на мојот углед и угледот на сите вработени во Генералниот секретаријат.

Би апелирал кон сите кои ги следат овие настани, Да не дозволиме овој случај да ни го одвлече вниманието од незаконското работење кое сега се случува во ГС под раководството на сегашниот генерален секретар (незаконски именувања и разрешувања на функционери, назначувања на несоодветни кадри за членови во УО/НО, ангажирање на сомнителни лица како посебни советници и разно разни квази професионалци во ВРМ, владеење на непотизам при вработувања, ангажирање на адвокатски канцеларии под сомнителни услови и без спроведување на законска постапка согласно Законот за јавните набавки кои служат за вршење на закани и притисоци не само на вработените во ГС, туку и во сите други државни институции, за само еден месец од доаѓањето на Драги Рашковски во ГС беа доведени повеќе од 100 платеници чија основна и единствена задача е плукање по работењето на претходната Влада и девалвирање на трудот на секој кој претходно работел на спроведување на реформите и проектите кои беа предвидени во програмите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ)

Наместо оваа Влада да работи на унапредување на правата на малите етнички заедници и да помогне во нивното понатамошно интегрирање во државната администрација тие дополнително ги омаловажуваат и ги оставаат на маргините на општеството пробувајќи да им ја одземат и нивната можеби единствена егзистенција. Оваа политички монтирана и селективна хајка која Рашковски ја води против оваа категорија на граѓани на РМ може да остави многу семејства без приход и со тоа да им биде одземено правото на пристоен и достоинствен живот.

Би сакал да ги охрабрам засегнатите лица кои се предмет на класична политичка дискриминација да не потпаѓаат на заканите и притисоците кои им се вршат и да продолжат да работат онака како што знаат-професионално како и до сега. Ова нема долго да трае, работите набрзо ќе се променат, и сите оние кои ги организираат, инспирираат или пак учествуваат во овие монтирани и конструирани хајки и прогони ќе одговараат и ќе се соочат со правдата.

НА ЗДРАВЈЕ ДВОЈАЗИЧНОСТ: Законот за јазици на дневен ред на 13-ти септември

zaev-balist-dvojazicnost

Вицепремиерот Бујар Османи информираше дека Законот за употребата на албанскиот јазик е доставен до Собранието.

– Нашите информации се дека ќе биде ставен на дневен ред некаде на 13 септември и очекуваме брзо да се усвои бидејќи законот е со европско знаменце. Тука процедурите се дефинирани. Очекуваме и повикуваме сите политички партии да гласаат позитивно за овој закон бидејќи сметам дека така на најдобар начин ќе направиме големо унапредување во делот на Рамковниот договор кој е одобрен и потпишан од сите политички партии меѓутоа и ќе покажеме волја за соживот и прифаќање на различностите, додаде вицепремиерот Бујар Османи.

Бебињата масовно умираат, но за СДСМ коалицијата е поважна од животите на децата: Таравари е заштитен поради коалицијата Заев и Села

Zaev-Sela-Taravari-bebinja

Низа трагедии ја потресоа Македонија. Бебиња и мали деца масовно умираат, но премиерот Заев бега од одговорност, а од истата го лиши и министерот за здравство Арбен Таравари.

Заев го штити министерот кој доаѓа од редовите на партијата на Зијадин Села, бидејќи без нив тој ќе го загуби мнозинството во македонското Собрание.

Пратениците на ДУИ не му беа доволни на Заев за да дојде на власт, па во тоа му помогна Села. Овие партии заедно едвај направија мнозинство од 62 пратеника.

СДСМ со освоени 49 пратеници беше далеку од формирање на мнозинство. ДУИ кои имаат 10 пратеници не беа доволно, па затоа Села со само 3 влезе во нивната коалиција за да направат Влада. Оваа математика е доволен доказ дека Заев не смее да побара од Села било какво разрешување, ако не сака да го загуби тенкото мнозинство.

Сега, дури и по цена на детските животи, Заев ја штити коалицијата со партискиот лидер на Таравари, Села. Очигледно за сите овие тројца политичари, политиката е поважна од трагедиите.

Три новороденчиња починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство

Пациентката И.М. била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство поради болки во абдоменот. Истиот ден е породена со царски рез во 27. недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување.

Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано, со цел да се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три.

Освен што го заштити Таравари, Заев застана во одбрана и на новата директорка на ГАК, Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на неговата сопруга.

По овие три дечиња, на ГАК почина уште едно новороденче. Министерството за здравство молчеше додека не почна притисокот од јавноста.

Откако докторите ја вратиле дома, малата Анастасија почина

Голема трагедија се случи и во Охрид. Почина малата Анастасија Маркоска која била донесена на детското одделение при медицински центар Охрид со симптоми на малаксаност. Според информациите, лекарите го враќале дома детето за на крај родителите да ја донесат својата ќерка мртва. Одговорот на Таравари за оваа трагедија гласеше „Формирана е комисија“!

Новороденче почина во кичевска болница

На охридската гинекологија била примена мајка во својата 30-та недела од бременоста. Детето родено во таа гестациска недела по правило се пренесува во Скопје во инкубатор. За транспортот на вакви комплицирани случаи, постои веќе воспоставен протокол, кој најверојатно не бил испочитуван од страна на вработените во охридската болница, поради што состојбата на бебето се влошила некаде пред Кичево.

Бебето е префрлено во кичевската болница, каде два часа се обидувале да го реанимираат, но за жал не успеале.

Почина седуммесечно бебе во Струга

7-месечното девојче од Струга било донесено без знаци на живот на детското одделение во овој град, објави телевизија Алсат. Според директорот на болницата, Асим Муса, бебето имало тешка вродена болест на главата, а состојбата деновиве се влошила. Детето било донесено на детското одделение во Струшката болница. Лекарите им предложиле на родителите да го хоспитализираат, но родителите не прифатиле и го вратиле дома.  По кратко време детето повторно било донесено, но овој пат мртво.

Бебе од Гевгелија и новороденче од Гостивар починаа на Детска клиника

Четиримесечно новороденче од Гевгелија со респираторен инфект и тежок малформативен синдром со засегнувања на повеќе органи – срце, белите дробови…, почина денеска на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести.

Ова денеска го истакна директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, која рече дека и новороденче од Гостивар донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и кое веднаш било ставено на респиратор починало денеска.

– Ова е терциерна установа. Сите најтешки случаи доаѓаат тука. Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење не секогаш можеме се да излечиме. Се случува тешки деца и да починат. Тоа се тешки деца кои престојуваат во интензивна нега на машини. Голем дел од нив преживуваат со овие можности и со несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш тоа е возможно, посочи Ставриќ.

Таа рече дека новороденчето од Гевгелија од самото раѓање е донесено на Клиника со проблеми, престојувало на интензивна и тогаш стартно, било на респиратор. Со подобрување на состојбата, посочи таа, е пренесено на Одделот за интензивна нега.

Мајката на починатото бебе се сомнева дека се работи за лекарска грешка

Родителите на четиримесечното доенче кое почина на скопската Детска клиника се сомневаат дека станува збор за лекарска грешка. Бебето пред два дена било хопситализирано со белодробна инфекција. Иако било приклучено на апарати, здравјето не му се подобрило, пишува Република.

Според лекарите инфекцијата го потикнала мулти-малформацискиот синдром од кој боледувало бебето– слабо срце и оштетени бели дробови. Прогнозите да преживее биле мининални, затоа што со овој синдром, како што велат лекарите, бебињата не живеат повеќе од една година. Но мајката на бебето која не сакаше да зборува пред камерите рече дека се сомнева на лекарска грешка. Доенчето, како што наведе, тешко голтало и повеќе пати било лекувано на неонаталниот оддел, пишува порталот.

Смртта стана невидлива за невладините под контрола на СДСМ

Каде е сега активистот Огнен Јанески да му испорача ЦРВЕН КАРТОН на Таравари како што тоа го направи на поранешниот министер  Тодоров?

Каде е сега Мирјана Најческа која пишуваше секојдневно за лошата состојба во здравството и дека за секоја смрт одговара министерот. Или сепак овие критики само се однесуваа на министрите од ВМРО-ДПМНЕ?

Симница и Гостивар во грч и страв од епидемијата беа на погреби, Таравари си тераше посета во странство со изјава од хотелот

Наместо веднаш да излезат со информации за јавноста, смртта на таткото и синот од село Симница, беше мистерија. Надлежните молчеа, граѓаните на Гостивар живееја во страв бидејќи не знаеја од што починаа нивните сограѓани.

Жителите на околните места од Горна и Долна Ѓоновица, Маврово, Ростуше како и градот Гостивар беа вознемирени од  настанот со трагичен епилог каде што животот го загубија две машки лица на возраст од 50 и 23 години кои се во роднинска врска и се презиваат Мифтари.

320 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 3 МЕСЕЦИ: Заев и Тевдовски ќе ја задолжат Македонија за нови 27.6 милиони евра

Zaev-Tevdovdski-evra

Новата Влада продолжува да ја задолжува Република Македонија, државата на 5-ти септември треба да се задолжи за 27,64 милиони евра, а на 6-ти септември терба да се вратат 23,64 милиони евра од државната каса. Откако дојде на власт СДСМ досега се има задолжено за енормни 320 милиони евра, за помалку од 3 месеци.

Објавени се акции за 12 месечни записи во вреднос од 800 милиони денари, 2 годишна обврзница во износ од 300 милиони денари и 15 годишна обврзница од 600 милиони денари, или вкупно милијарда и 700 милиони денари, во евра тоа се 27,64 милиони. Аукцијата е закажана на 5-ти септември оваа година.

Експертите гласно прашуваат дали ова е доказ за неспособноста на новата Влада на СДСМ, која на ден пред да треба да врати 23,64 милиони евра, се задолжува за четири милиони евра повеќе.

Граѓаните се гневни што парите од буџетот место да одат за продуктивни проекти кои би донеле подобар живот за нив, за остварување на ветувањата за повисоки плати, како што велат тие одат за досега единствените инвестиции на новата власт, а тоа се вработувањата на партиските војници и кадрите од невладините организации финансирани од Сорос.

Инаку министерот за финансии, Драган Тевдовски гласно се фали дека државата повеќе ги враќа долговите отколку што се задолжува, што со овој пример може да видиме дека не е точно, во само два дена Македонија се задолжува за 4 милиони евра повеќе од она што треба да го врати.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија сомнеж дека целта на овие задолжувања на Владата на СДСМ се купување на гласови во пресрет на локалните избори. Христијан Делев денеска аплелираше до сите претставници на меѓународните организации кои го мониторираат изборниот процес да внимаваат на можни нерагуларности и обиди за изборна корупција.

-СДС не смее со парите на граѓаните да купува гласови за да може да ги реализира своите антидржавни и антинационални политики на штета на државата. СДС, покажа дека не сака транспарентност и јавност во работењето на институциите. Министерството за финансии 5 дена не го објавуваше дневниот изештај за трошења од буџетот, што им е законска обврска во период по распишување на изборите. Министерствтото за финансии со ова директно го прекрши чл.8-а, ст.3 од Изборниот Законик, според кој, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страната во посебна база за буџетски трошоци во изборниот период, изјави Делев.