ЗА НИВ НЕ ДОЈДЕ ЖИВОТ: За 40 дена во Македонија починаа 11 бебиња

11 новороденчиња починаа за помалку од 40 дена. Ова е црната статистика која го одбележува владеењето на СДСМ и министерот за здравство Таравари.

Неизнесувањето став за „црната ноќ“ кога починаа четири бебиња, од страна на Павле Богоевски, Влатко Васиљ, Ивана Туфекџич, Замир Мехмети и останатите активисти и гласноговорници на „шарената револуција“, говори за двојни стандарди и механизми кои служеле само за доаѓање на власт и немање морален кодекс. Бруталната кампања која ја водеше тогаш опозициската СДСМ а потпомогната од членови на шарената револуција против екс министерот за здравство – Никола Тодоров, доведе до атентат на Тодоров кој за малку ќе го загубеше животот – пишува порталот Денешен.

Според Денешен, Македонското здравството „на колена“ пред потребите на македонските граѓани. Комисијата за стручен надзор, формирана од страна на министерството за здравство, констатираше дека последниот случај со четирите новороденчиња кои за една вечер починале на Клиниката за гинекологија се резултат на ризична бременост и предвремено породување.

Пренатрупаноста на одделот за интензивна нега, недостиг на персонал и несоодветни хигиенски услови се едни од главните причини за зголемување на морталитетот кај новороденчињата. Докторите бараат нова опрема и вработување на стручен кадар. Д ежурната лекарка која требало да се грижи за нив а си заминала од работа среде смена, веднаш е суспендирана. Бебињата починаа ноќта меѓу четвртокот и петокот минатата седмица на клиниката за гинекологија во Скопје. Во моментов се собираат извештаи од докторите и медицинските сестри кои биле на работа таа ноќ а на терен е и државната инспекција која испитува дали има пропусти во хигиенско санитарните услови. – анализира порталот.

Груевски: Народот ја гледа разликата – кој ги штитеше националните интереси, а кој ни ја менува историјата

Ако народот се прашуваше на изборите, ВМРО-ДПМНЕ со  Коалицијата ќе беше на чело на владата, но овој пат се случи нешто друго и сега живееме во помрачување, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од митингот во Тетово.

-Ако бараме добро во тоа зло што и се случи на Македонија, добро е што народот може да направи разлика. Од времето кога се работеше и се создаваше, кога се градеше и се решаваа проблеми, кога се зацврстуваше државата и кога се бранеа националните и државните интереси. И да се направи разлика со ова време кога незаконски се работи и насилнички, кога се работи спротивно на волјата на народот, кога се склучуваат штетни договори како оној со Бугарија каде се прифати да се менува историјата на македонскиот народ, каде што се прифати да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија и каде се направија отстапки на штета на Македонија, се прават максимални обиди да се донесат неуставни закони, време во кое едно се зборува, а друго се прави, порача Груевски.

Тој потсети дека СДСМ зборуваше дека нема да донесат мигранти во Македонија, а направија стратегија да се донесат 150.000 мигранти.

-Во секое зло може да се најде по нешто добро.  Да се направи разлика од времето кога растеше економијата, извозот,  растеа девизните резерви, кога индустриското производство беше континуирано во раст. И да се направи разлика со денес кога има пад на индустриското производство, кога се запрени сите градежни проекти и економијата паѓа, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека кога тие беа на власт субвенциите, платите, пензиите, социјалната помош растеа, а сега кога СДСМ е на власт субвенциите се условени, платите намалени.  Ги обвини СДСМ дека донеле време на помрачување и дека наместо да привлекуваат нови инвеститори тие се грижат само за личните фирми каде се газди.

ФОТО: Кандидатот за градоначаник од СДСМ за Сопиште предизвикал сообраќајка

Претседател на ОО СДСМ Сопиште и кандидат за градоначалник на СДСМ, Далибор Богановски предизвикал сообраќајна несреќа поради возење со преголема брзина.

Според информациите, Далибор Богдановски кандидат за градоначалник на општина Сопиште од СДСМ предизвикал сообраќајна несреќа во која учествувале неколку лица.

dva640

Очевидци велат дека кандидатот за градоначалник од СДСМ ја предизвикал сообраќајната незгода поради возење со преголема брзина во населено место, при што изгубил контрола над воланот и влегол во другата лента.

Наместо решенија на локалните проблеми, владејачката СДСМ нуди омраза, гнев и навреди кон политичките противници

Со овие избори ќе биде извршен политичкиот погреб на Груевски. Со што ли не се обидоа да ги спречат промените. Ќе ве потсетам на 27 април каков срам се случи во храмот на деморкатијата. Еве нè напред во слободна и перспективна Македонија. Ве повикувам, немојте да ме напуштите, следете ме оти се работи за вашиот Аеродром, за моето и вашето Скопје, за Република Македонија – рече Заев на митингот на СДСМ во Аеродром

Омраза, гнев, навреди, измислени непријателии омаловажувања наместо презентирање програми и решенија за секојдневните проблеми на граѓаните – вака изгледа предизборната кампања за локалните избори на владејачката СДСМ.

Од она што го нуди на митинзите, очигледно е дека СДСМ заборавиле дека се на власт, а не во опозиција. На локалните избори граѓаните бираат градоначалници и локална власт кои ќе им ги решаваат основните инфраструктурни проблеми, но наместо со понуди за решавање на локалните проблеми СДСМ како единствена понуда нуди дискредитација на опозицската ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашниот митинг на СДСМ во Гостивар, заменик-претседателката на СДСМ и министер за одбрана Радмила Шекеринска, изјави дека на претсетојните избори не се бира градоначалник туку се сопира владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова не се обични општински избори за совет и градоначалник, бидјеќи Македонија повторно решава за својата иднина дали ќе се развива и ќе има европска иднина или ќе се врати назад како изолирана држава. Затоа секој глас е важен за тоа кој ќе раководи со советот и со општината, но и за да им се каже на истрошените политичари од изминатите 11 години дека Македонија сака заедничка иднина без кавги и поделби, порача заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вечерашниот митинг во Гостивар.

Шекеринска се осврна и на слоганот на ВМРО-ДПМНЕ, кој гласи „”Секогаш работа, секогаш Македонија“, според неа, овој слоган покажувал дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не правеле се, но не за живот во Македонија.

Со слоганот покажа дека 11 години правел се, но не за живот во Македонија, туку сеел страв и носеле корупција и криминал и заота сега бараат доверба од граѓаните за да ја заштити својата слобода и криминалот и корупцијата кој ги направил. Ние не сме ни судии ни обвинители, но во следниот период ќе покажеме дека законот е еднаков за сите и важи за сите, а криминалот ќе носи одговорност. Нивната ера заврши и на 15 октомври ќе покажеме дека Македонија тргна напред и оти враќање назад нема – рече заменик-претседателката на СДСМ.

Се поставува прашањето како тоа „Секогаш работа, Секогаш Македонија“, не значи живот?

Со измислени непријатели постојано се бори и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Скопје, Петре Шилегов, кој отиде до таму, што при потпишувањето на повелбата за фер избори не им посака среќа на останатите кандидати, иако тоа е џентлменска пракса која се користеше на сите изборни циклуси до сега.

На останатите кандидати не им посакувам среќа на престојните избори, бидејќи најискрено се надевам дека граѓаните ќе одлучат да направат промена и она што му се случуваше на Скопје и на останатите општини повеќе никогаш нема да се повтори – рече Шилегов.

Шилегов во телевизиско интервју изјави дека Скопје немаа потреба од булевари и улиците треба да се стеснуваат. На партиските митинзи пак, тој наместо да ги презентира идеите за решавање на проблемите на скопјани, чија доверба ја бара, најавува ослободување од ВМРО-ДПМНЕ, кои се во опозиција.

Шилегов ги помеша изборите и противкандидатите: На локалните ќе се ослободува од Груевски (ВИДЕО)

Од овде ќе ја започнеме конечната битка за дефинитивно конечно ослободување на нашата земја од режимот и диктатурата на Никола Груевски. Изборот на овие локални избори е едноставен – или сте за Никола Груевски или сте за Македонија, рече конфузниот Шилегов.

Доколку се следат настапите на митинзите на премиерот Заев, како да заборавил дека тој владее со Македонија, а не Никола Груевски. Неговата патолошка потреба да се пресметува со Груевски оди до таму што наместо на граѓаните да им понуди програма за локален економски, културен и инфраструктурен развој тој на митинзите се заканува дека лидерот на опозицијата ќе го прател во затвор.

Од премиер Никола Груевски се сторил градоначалник. Нему местото му е градоначалник во „Идрзиово“ – рече Заев при неговата посета на Гази Баба.

Со овие избори ќе биде извршен политичкиот погреб на Груевски. Со што ли не се обидоа да ги спречат промените. Ќе ве потсетам на 27 април каков срам се случи во храмот на деморкатијата. Еве нè напред во слободна и перспективна Македонија. Ве повикувам, немојте да ме напуштите, следете ме оти се работи за вашиот Аеродром, за моето и вашето Скопје, за Република Македонија – рече Заев на митингот на СДСМ во Аеродром.

Владата на Заев сакаше да сокрие четири смртни случаи на бебиња

Трагедиите во здравството откако Зоран Заев стана премиер, а Арбен Таравари министер, се поголеми и почести.

Смртните случаи ја потресуваат јавноста и се бара одговорност, па токму затоа владата на Заев се обидува да ги сокрие трагедиите и докторските грешки.

Четири новороденчиња починале во еден ден на скопска гинекологија. Сите биле предвремено родени и сместени во инкубатори на одделот за интензивна нега.

Скандалозно во овој случај е што дежурниот педијатар не бил на работното место. Докторката ја напуштила клиниката само еден час откако дошла на смена. Медицинските сестри ја повикале кога се влошила состојбата на едно од бебињата. Од Клиниката го потврдуваат случајот и информираат дека уште наредниот ден ја суспендирале од работа.

-За овој случај се води дисциплинска постапка. Извршен е и надзор од министерството за здравство. Интензивна нега со над 50 деца не смее да остане без лекар, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Според информации на Сител целиот случај го испитувал и заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски. Била формирана и комисија.

После неколкуте смртни случаи на новороденчиња кон крајот на август и последните четири починати бебиња во еден ден се поставува прашањето- Што ќе превземат надлежните здравствени власти за да се намали смртноста на предвремено родените деца?

За оваа трагедија, како и за големиот број на смртни случаи од минативе месеци, Заев и Таравари не ја информираат јавноста. Дури откако медиумите ќе објават, а граѓаните ќе го покажат својот револт, институциите излегуваат со куси информации за ваквите случаеви. Владата сака да сокрие дека поради негрижа на кадрите кои тие ги поставија умираат бебиња.

Јовановски: Богдановиќ-Српче заработува колку речиси 9 негови вработени

Коста Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека Саша Богдановиќ – Српче е најскапо платениот директор во Република Македонија.

-Дали платата на директорот Српче кога СДС дојде на власт во општина Центар изнесувала 64.324 денари? Дали плата на директорот Српче после две години, се до шести месец 2015 година се движи од околу речиси исто ниво, односно 62.277 денари? Дали платата на директорот Српче истата година, 2015, но само еден месец подоцна изнесува неверојатни 119.721 денар? Ако е така би сакале да објасни „најуспешниот“ директор како е можно две години платата да биде речиси иста, околу 1.000 евра, само во рок од еден месец да ја зголеми на неверојатни околу 2.000 евра, односно двојно повеќе?, прашува Јовановски.

Праша и на што се должи ова фрапантно зголемување на платата на Богданоќ.

-Дали обемот на работа се зголемил? Дали наплатата се зголемила до енормни граници? Ова се прашања кои што би сакале најуспешниот директор во Македонија да ни ги разјасни. Само за споредба, платата на премиерот, односно шефот на Српче, Зоран Заев изнесува 79.696 денари. Претседателот на Република Македонија заработува 78.896 денари, додека директорот Српче заработува неверојатни 119.721 денар или во бројка тоа изнасува дека Српче заработува колку речиси 9 негови вработени, посочи Јовановски.

Потенцира дека Богдановиќ бил прашан уште пред две години на кој основ тој ја заработува платата, но оти тој не дал одговор.

-Беше побарано во име на транспаретноста и отчетноста да достави финансиски извештаи за работата на ПОЦ, за кое има основно сомневање, но еве веќе две години чекаме да се изјасни. Дали центарци сакаат овој човек да им биде градоначалник? Дали овој човек ја заслужи довербата на центарци? Српче мора да разбере дека отчетноста, транспарентноста и пред се искреноста се главните карактеристики на еден градоначалник. Во спротивно, довербата се губи. Довербата кај центарци одамна е загубана во овој човек. Казната за дрското однесување ќе стигне на 15 октомври.

Агрегаторот Тајм.мк ги блокира објавите за пресовите на Коневски

Интернет агрегаторот на вести, Тајм.мк ги блокира објавите за пресовите на кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник, Ивица Коневски.

Имено, за разлика од објавите за неговиот противкандидат од СДСМ, Златко Марин, кои можат да се забележат во дел и од ударните теми на овој агрегатор, прес-конференциите за Коневски не можат да се забележат никаде.

Останува отворено прашање дали ова е само дел од кампањата на Златко Марин, кој не користи средства во политичката борба за градоначалничката функција во Аеродром.

 

ДОЈДЕ ЖИВОТ ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ: Красниќи и Сејдиу на слобода, благодарни на Заев, Темелко во затвор!

Владата на Зоран Заев ослободува тешки криминалци, а своите политички неистомисленици со неосновани обвиненија ги става во затвор.

Сосема е јасно дека Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу се ослободени за да бидат ставени во погон за изборите. Тие за својата слобода му се благодарни токму на новиот премиер, лидерот на СДСМ, а Заев од нив очекува во пресрет на изборите да му вратат за “услугата“. Од друга страна, единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко стана жртва на политички прогон.

Причината поради која Агим Красниќи од Кондово беше осуден е изборни насилства. Во пресрет на локалните избори каде СДСМ влегува со низок рејтинг, тие имаат потреба од баш ваков човек. Тој неодамна беше пуштен на викенд од затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор. Красниќи сега е на слобода, а за тоа е заслужна новата владејачка гарнитура, на која одлично би и дошло овој криминалец да го повтори делото и на следниве избори. Иако во јавноста излегоа информации дека тој не е целосно ослободен, дел од медиумите уште на почетокот на месецов пишуваа дека Красниќи ќе има право викендите да ги минува на слобода, што значи дека тој ќе биде на слобода и викендот кога ќе се одржуваат избори, во саботата кога е предизборниот молк и во неделата, на денот на избори. Со оглед на тоа дека Красниќи беше уапсен за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на парламентарни избори, може само да се претпостави овој пат која улога треба да ја одигра во корист на Заев и СДСМ. Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

„Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Осуденици за тешки кривични дела излегуваат од затвор во пресрет на локалните избори. Владата ги ослободува, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори.

Министерот Таравари сам на себе советник – Ќе си плаќа по 200 евра за да се советува самиот себе

Министерот за здравство и невролог на скопските клиники Арбен Таравари за 200 евра, односно 12.000 денари месечно е именуван за национален советник – за тие пари требало, освен другите колеги и тој самиот себе си да си се советув- покажува решението на министерот, објавено од Новатв.

На решението, покрај министерот Таравари се потпишани и неговиот шеф на кабинет Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев.

Министерот, пак, во изјава за медиумите вели дека тој е иден градоначалник на Гостивар и не е сигурен дали има определено надомест, оти за членство во многу комисии го укинале или редуцирале надоместот.

Решението за именување на Национални советници на Министерството за здравство е донесено на 27 јули годинава, кога министерот Таравари немаше најавено дека ќе го напушти министерското место и ќе се кандидира за градоначалник, пишува порталот Нова.

СДСМ ЗЛОУПОТРЕБУВА: Државни ресурси за приватните Фејсбук-профили на министрите

Владини функционери, советници и државни службеници водат фејсбук-кампања за локалните избори. Мила Царовска, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски се дел од министрите кои ги користат своите страници на „Фејсбук“ за партиска промоција на кандидатите за градоначалници – објавува Макфакс.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот фан-пејџ на „Фејсбук“ како насловна фотографија го објави официјалниот слоган на партијата СДСМ за овие избори, како и линк до партиската програма. Од нејзиниот кабинет, за „Макфакс“ велат дека профилот го уредува лице од Министерството, но и самата министерка и дека сите партиски ангажмани Царовска ги извршува строго надвор од работното време и за време на викенд.

„Министерката Мила Царовска е член на работни тела на СДСМ, а во владата е ангажирана на предлог на оваа партија. Таа ја спроведува програмата ‘Живот во Македонија’, која беше предложена на парламентарните избори. Сите ангажмани поврзани со партијата, Царовска ги спроведува исклучиво и строго надвор од работното време и исклучиво за време на викенд. На официјалната фејсбук-страница на Министерството за труд и социјална политика не постојат постови со партиска содржина. Министерката повлекува строга граница меѓу ангажманот како министерка и партискиот ангажман“, велат од нејзиниот кабинет за Макфакс.

Фотографијата на фејсбук-страницата на Царовска е објавена на 25 септември (понеделник) во 21:49 минути.

Покрај Царовска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, социјалните мрежи ги користи за промовирање на новите партиски штабови кои партијата ги отвора низ Македонија, но и за пренесување на пораката на граѓаните дека тие ќе гласале за „Живот во Македонија“. Доколку прегледате што друго има објавувано Николовски, ќе забележите дека тој на 26 септември (вторник) бил на партиска средба со граѓани во Валандово, заедно со кандидатот за градоначалник Перо Костадинов, а, пак, фотографиите на неговата страница на „Фејсбук“ се објавени во 20 часот.

„Фан-страницата на социјалната мрежа е страница на Љупчо Николовски, кој е член на Извршен одбор на СДСМ и шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Постовите на фан-страницата ги објавува Николовски и тим од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство кога објавите се поврзани со неговата функција – министер. Но, пристап за менаџирање на фан-страницата има и тимот од Центарот за комуникации на СДСМ, кои, пак, ги постираат објавите со партиска проблематика“, велат од кабинетот на Николовски за Макфакс.

Тие додаваат дека согласно со законските одредби, Николовски сè до завршување на работното време и обврски во МЗШВ доследно ја извршува функцијата министер.

„По завршување на работното време и за време на викенди има партиски активности, како член на Извршен одбор на СДСМ и шеф на кабинет на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Но сите активности поврзани со изборната кампања ги извршува надвор од работното време и со ресурси од партијата. Николовски прави строга граница меѓу ангажманот како министер и партискиот ангажман“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од кабинетот на Николовски се децидни дека нема прекршување на Кодексот за административни службеници. Пракса на водење политичка кампања на јавна фејсбук-страница, каде претставниците на Владата настапуваат во својство на министри, ја има и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. На 25 септември споделила објава со наслов „Живот во Македонија за сите“, каде објавила и линк кој води до партиската програма за локалните избори. Истиот ден објавила и фотографија со слоганот на владејачката СДСМ за локалните избори 2017.

„Поделбата на државата од партијата е принцип на чие почитување министерката Радмила Шекеринска недвосмислено инсистира. Објавите на официјалните социјални мрежи на Министерството за одбрана ги објавува тим од Министерството и таму во никој случај не можете да најдете постови поврзани со партиската функција на Шекеринска. Но, фан-страницата е страница на Радмила Шекеринска, која е и заменик-претседател на СДСМ. На фан-страницата постовите ги објавува тим од Министерството кога објавите се поврзани со нејзината функција во владата, а кога објавите се поврзани со партиска проблематика објавите ги постира тим од Центарот за комуникации на СДСМ“, велат од кабинетот на Шекеринска.

Од Министерството за одбрана потенцираат дека постои строга граница меѓу ангажманот на Шекеринска како министер и заменик-претседател на СДСМ, а, пак, велат дека сите активности поврзани со изборната кампања таа ги извршувала надвор од работното време и со ресурси од партијата.

Трите министерства со кои контактираше „Макфакс“ велат дека фан-страниците на „Фејсбук“ не се на министерствата туку приватна сопственост на министрите. Но, во секое министерство има тим кој работи на одржување на тие, како што велат, приватни фејсбук-страници.

Кодескот за административни службеници на Министерството за информатичко општество и администрација, објавен во Службен весник бр 27/14, во членот 10 вели „Административниот службеник ги извршува работите политички неутрално, без да навлегува во вредносно преиспитување на утврдените политики. Административниот службеник не го застапува и изразува своето политичко уверување во вршењето на службените задачи и не врши политички активности, што можат да ја поткопаат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор“.