ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата и надлежните институции останаа неми на експлицитни видео и фото материјали од кои се гледа целиот криминал извршен од СДС

Изминативе локални избори беа најнедемократските и најнерегуларните избори во историјата на независна Македонија. Изборите во целост поминаа во знакот на уцените и поткупот на гласачи во скоро сите општини во државата, а граѓаните беа предмет на закани од страна на полициски службеници пред сопствените домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите, но и граѓаните на социјалните мрежи објавија безброј докази за насилството од страна на партиските активисти на СДС, кои во придружба на полицијата им се закануваа на граѓаните да не излегуваат да гласаат. Полицијата наместо да ги штити граѓаните во текот на вчерашниот ден ги напаѓаше и физички им се закануваше. Снимката од Бутел, каде полициски службеник му се заканува на граѓанин да не се осмелува да излезе од својот двор, видеото со поткуп на граѓани во Штип, аудио снимката од Зоре Темелковски како се вели дека ќе избрка 1100 луѓе од работа за само еден ден доколку не излезат да гласаат се доказ како функционираше СДС и какви избори имаше Република Македонија, се вели во реакцијат аод ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Злоупотребата на полицијата во Кавадарци, Могила, Новаци и Македонска Каменица, но и поткупот на гласачи на ден на избори во Визбегово од страна на партиски шеф на СДС во Бутел се еклатантен пример за нефер избори и бришење на границата помеѓу државата и партијата. Полицијата и надлежните институции останаа неми на ваквите експлицитни видео и фото материјали од кои се гледа целиот криминал извршен од СДС, а со помош на државните органи, кои се под целосна контрола на власта. Институциите се узурпирани. Демократијата е уништена. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со 7 барања кои ќе ја вратат демократијата во државата и ќе влијаат на враќање на слободата кај граѓаните“.

ПУКАЈТЕ КОЛКУ САКАТЕ: СДСМ го озаконува пукањето по улици!

Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски од СДСМ, го озаконува пукањето по улиците низ Македонија.

Имено, од МВР има само молк за тоа што ДУИ синоќа со истрели од огнено оружје славеше на плоштадот Скендер бег. Во одбрана единствено на својот коалиционен партнер во Владата, ДУИ, на СДСМ воопшто не им е грижа за безбедноста на граѓаните.

КУРИР уште утрово испрати прашања до МВР со цел да биде информирана македонската јавност, но од МВР одговор нема.

-Дали се идентификувани лицата кои вчера вечерта пукаа од огнено оружје на плоштадот Скендербег? Колкумина се приведени?

-Колку парчиња оружје се одземени и дали оружјето било и претходно користено за кривични дела?

-За колку време се очекува да заврши вештачењето?

Додека не одговараат на прашања на  КУРИР, МВР за медиум близок до СДСМ испрати ваков одговор:

„Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот. Кога ќе биде расчистен, јавноста ќе биде известена“ велат од МВР.

Граѓаните се уплашени и загрижени, но полицијата под водство на Спасовски не превзема ништо за да ги заштити, па тие секако стравуваат за својата безбедност и своите животи.

Со игнорантскиот и незаинтересиран однос на МВР, се испраќа порака до насилниците дека секој може да пука каде сака, а ако  е близок до СДСМ за тоа нема да одговара.

Испукаа цели шаржери, а МВР не превзема ништо

 

Десетина од славениците на победата на Ганиу и на ДУИ синоќа испукаа цели шаржери во воздух и покрај тоа што имаше полициско присуство на прославата. Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Бујар Османи.

Амир Елези: Победата во општина Теарце ни ја украдоа истите крадци кои ја крадат нашата иднина

Благодарение на сите вас кои застанавте до нас, се чувствувам многу горд на огромната поддршка, определувањето и придонесот. Се соочивме со државната полиција која што се постави во служба на партијата, со подземјето кое се уште го задушува и го плаши сиромашниот народ, и со класичното купување на гласовите. Победата во општина Теарце ни ја украдоа истите крадци кои ја крадат нашата иднина. Секогаш на страната на праведните, на оние со достоинство, на оние кои не го продаваат својот народ по секоја цена, вели Амир Елези од БЕСА за вчерашните избори.

 (Albportali.com)

ПУКНА БАЛОНОТ СО ЛАГИ: Три банки испратиле барање до судот – Побаран е стечај за Фени од Кавадарци

Побаран е стечај за Фени од Кавадарци. Трите банки, Комерцијална, Стопанска и Силк роуд денеска до судот во Велес побараа да се отвори стечај за комбинатот. Првите луѓе на трите банки денеска брифираат дека на овој начин многу побрзо ќе се најде сериозен инвеститор кој ќе го реорганизира и ќе го продолжи работењето на кавадречкиот гигант.

Споменатите банки се најголеми доверители во Фени. Комбинатот им должи 40 милиони евра, а уште 20 милиони се побарувања на други компании. Имало претходен договр, при евентуална продажба да се бара согласност и од банките. Тие се согласиле да добијат мал надомест за достасаните обврски, при тоа остатокот да го репрограмираат, но да добијат и план за реорганизација на компанијата

Фирмата која претходно објави дека го купила комбинатот, бугарската Енекод, договор нема потпишано, а при тоа немало ни договор со банките за купопродажбата. Платата која ветија дека ќе ја исплатат во петокот, всушност ја исплати домашна компанија, соработник на Фени. Заради тоа Комарецијална, Стопанска и Силк роуд денеска побараа стечај. За судбината на 850 работници одсега ќе решава судот и стечајниот управник.

Државата од своја страна, во Фени врши контрола на работењето. Инспектори на УЈП и финансиската полиција констатирале низа неправилности во работењето, меѓу другото Фени воопшто нема доставено ни завршна сметка за минатата година. Банките ќе бараат и кривична одговорност од претходниот сопственик затоа што ги отуѓил залихите без нивна согласност спортивно на договорите за кредит.

Јанчев: Ја водев најтешката битка во животот – Кавадарци ќе стане убаво место за живеење

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, ги освои изборите со 1642 гласови пресност пред противкандидатот Бетиани Китев од СДСМ, кој вторпат губи на локални избори во Кавадарци.

Победата на Јанчев е недвосмислена. Тој им благодари на сограѓаните и поддржувачите и им вети дека Кавадарци ќе стане убаво место за живеење.

Ѓорчев: Вчера се случија нерегуларни и насилнички избори, доставивме видео и фото материјали од нерегуларностите

Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги имаше најнерегуларните и нај недемократските избори во историјата на независна Македонија и никогаш во последниве 27 години немало понасилни избори и немало избори со поткуп и насилство, вели на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Забележани и документирани се огромен број на нерегуларности како и индиции за поткуп, закани и уцени вклучувајќи и од полициски службеници. Уште од рано изутрина беше прекршен изборниот молк, а постојат и сериозни докази дека биле полнети изборните кутии со така наречениот бугарски воз во повеќе општини во државата. ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и фото материјали за голем број од забележаните нерегуларности, потенцира Ѓорчев.

Тој додава и дека медиумите вчера објавиле снимка од која се гледа како активист од СДСМ во Штип дава поткуп на граѓанин.

-МВР и државните институции на СДСМ не реагираа и го премолчеа овој поткуп, а целата полиција беше на располагање на СДСМ и полициски припадници физички им се закануваа на гласачите кои не се од СДСМ да излегуваат од својот дом, рече Ѓорчев.

Ѓорчев на пресот го објави видеото каде припадник на МВР се заканува на гласач во Бутел да не излегува на гласање и кажа дека луѓето сакаат дома да ги тепаат, во куќен двор.

-Припадник на МВР се заканува на човек што има 60-65-70 години и му вика не искачај од дома. Што му фали на припадникот на МВР? Ништо! Кога тој се однесува вака, во сред Скоје, пред камера, можете да замислите што се случува по помалите градови, што се случува по помалите улици што се случува по селата и по населбите, каде што нема камери. Дома им се закануваат на луѓето дека ќе ги тепаат. Здрав, прав човек од 35-40 години се заканува на човек што има 60-65-70 години, дека дома ќе го тепа и него и син му, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека вака фунционирало МВР насекаде низ државата, дека вака полициски службеници им се заканувале на граѓаните да не излегуваат на гласање и дека оваа појава била масовна низ цела Македонија.

-Во Визбегово, во истата општина Бутел, со фотографија е документирано делење шеќер, зејтин и други материјали до граѓаните, од страна на локален лидер за време на изборниот молк и изборниот ден. Значи, зборуваме за носење на товари материјали, шеќер, зејтин, брашно и други материјали од страна на локален лидер на СДСМ документирано со фотографија и никому ништо. Пријавено реакција никаква, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека на вчерашниот изборен ден исто така граѓаните виделе и што значи за вработените во државната и јавна администрација кога СДСМ е на власт.

-Во аудио снимка објавена во медиумите слушнавме како таткото на кандидатот за градоначалник од СДСМ се заканува дека во еден ден може да бидат отпуштени над 1.100 луѓе во Драчево од работа, само ако не гласаат за СДСМ, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека оваа снимка е доказ каков притисок бил вршен врз граѓаните за да гласаат за СДСМ.

-Знаете за што зборуваме тука? Зборуваме за отпуштање на 1.100 луѓе од Драчево, за 1.100 луѓе од Драчево нивно отпуштање, како во транзицијата, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев напомена дека во текот на вчерашниот ден врз граѓаните бил правен системски и психолошки притисок со цел втерување на страв за да не излезат на гласање.

-На само три часа пред затварањето на избирачките места беа искршени преку 40 надгробни плочи на православните гробишта во село Брњарци, Општина Гази Баба. Сликите се загрижувачки и многу зборуваат за оваа власт, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека забележан е и спречен обид за „бугарски воз“ во Општина Чаир, а дека информации а извршен „бугарски воз“ имаат од повеќе места.

-Полициските припадници рамо до рамо со партиските активисти на СДСМ вршеа притисок и во Македонска Каменица, Новаци, Могила, Кавадарци, Штип и во сите општини каде што имаше втор круг. Во Могила и Новаци им беше кажувано на луѓе за кои што се мислеше дека нема да гласаат за СДСМ: „Не излегувајте на гласање, од понеделник не доаѓајте на работа. Ако било кој од вашето семејство излезе, во понеделник не доаѓајте на работа“. Тоа им беше кажувано на луѓе вработени во РЕК. Могила и Новаци, општини во кои секогаш победувал ВМРО-ДПМНЕ, општини во кои што водеше ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ѓорчев.

Тој напомена дека ова се само мал дел од нерегуларностите кои биле направени во текот на вчерашниот ден, напомена и дека сите овие информации биле и се проследени до меѓународните набљудувачи, ОБСЕ и ОДИХР.

-За сите овие нерегуларности, МВР и државните институции молчат и не реагираат, затоа што се под целосна контрола на СДСМ и се извршители на изборниот криминал. Демократијата и правната држава вчера беа погребани во Република Македонија. СДСМ покажа дека нема намера да спроведува фер и демократски избори и дека сака да спроведува целосна контрола врз институциите, за целосен и тотален притисок врз граѓаните, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со седумте барања кои сметаат дека се основен предуслов за враќање на демократијата и владеењето на правото во државата.

1.Организирање на предвремени парламентрани избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на исти начин како што беа организирани парламентарните избори на 11 декември 2016 година.

2.Итна смена на директорот на Агенцијата за аудиовизулени и медиумски услуги, и избор на директор на оваа значајна институција по предлог на опозицијата.

3.Оставка и разрешување на претседателот на ДИК, Александар Чичаковски. Враќање на старото законско решение, во време на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога претседателот на ДИК беше од редовите на СДСМ, од редовите на опозицијата. Сега истото решение за кое ВМРО-ДПМНЕ имаше демократски капацитет, нека го спроведе и оваа влада што носи под наводници демократија, живот и слобода. Нека го дадат истото она што беше пред пет години.

4.Итна истрага и вештачење со наше учество на уредите за прислушкување на УБК, заради основано сомнение дека полицијата врши прислушкување на најмалку 100 лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

5.Итно и без пролонгирање завршување на судењето за случајот Поткуп, во кој Заев на очиглед на целата јавност бара мито во висина од 200 илјади вера..

6.Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности од изборите во 2016 и изборите во 2017 година, како и на злоупотребата на целокупниот државен апарат во изборни цели за изборите во 2017 година.

7.Ослободување на лицата кои што се во притвор и прекинување на процесите против граѓаните, за случувањата на 27 април 2017 година.

-Демократијата ќе се врати, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, ВМРО е константа која што трае 124 години и во добро и во лошо. Ќе победи Република Македонија. Тогаш овие прекршители на законите, сите оние кои што им се закануваа и ги заплашуваа граѓаните дека ќе ги тепаат во нивните дворови и во нивните домови ќе одговараат согласно законите, изјави Ѓорчев.

Милион и пол евра префрлени на сметките на шарените и невладините пред изборите

Околу 94.827.136 денари или 1.541.905 евра, државни пари беа префрлени на сметките на невладините организации од 7 август до денес.

На крајот од предизборната кампања, за промоција на политиките на социјалдемократите, само за еден ден, на 26.10.2017 година, невладините зедоа речиси половина милион евра од државниот буџет кој сите ние го полниме.

Покрај парите на фондацијата Сорос, кои изнесуваат околу 4 до 5 милиони евра годишно, невладините се финансирани и од страна на државата во сличен износ, меѓутоа, тие (НВО) бараат уште поголема државна помош, а од Владата одговорија дека ќе има „плодна година“.

Финансирањето на граѓанските организации, вкупно по сите основи од државниот буџет, е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата СОРОС… Мора да се зголеми државното финансирање, за да нема повеќе обвинувања дека невладините се поддржани од странство, бидејќи тие всушност треба да се финансираат од државниот буџет, вклучувајќи ги и критички настроените, изјави Александар Кржаловски од МЦМС.

Со изјава и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

Да се надеваме дека ќе имаме многу успешна буџетска година која ќе ни дозволи тие средства да се покачат, вели Рашковски.

За почеток на владеењето на СДСМ невладините се опарија 10 пати повеќе

Наместо вложувања и реализација на капитални проекти и добра кои ќе обезбедат повеќекратни сегашни и идни користи, парите на и онака аномаличниот буџет ќе продолжат да се трошат на шарени револуционери, невладини организации и на останати непродуктивни проекти.

Колку за споредба, невладините, од државниот буџет, примија 10 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за периодот од 7ми август до денес.

Непродуктивните трошења продолжуваат и по други основи. За стоки и услуги, во погоре опфатениот интервал (07.08. -27.10. годинава) новата Влада потроши повеќе од 125 милиони евра. Државата нема пари за покачување на пензии, за градење на автопати, болници, училишта, итн., но има за ангажирање на шарени активисти и за партизирање на невладиниот сектор.

Македонија беше единствената земја каде што можеше бесплатно да си купиш боја, и плус, ако претходно ги оштетуваше државните објекти, сега ќе си земаш пари од државата.

Алмакос: Во Тетово, Струга и Чаир неважечките ливчиња го определија победникот

Околу пет проценти е бројот на неважечки гласачки ливчиња во општините Тетово, Струга и Чаир во вториот круг од изборите. Овие рекордни бројки во споредба со другите општини, ги зголемија сомнежите во јавноста дека можеби биле фалсификувани избори и дека победникот го одредија неважечките ливчиња, кои се во далеку поголем број од разликата меѓу кандидатите.

На пример, во општина Тетово, разликата меѓу Теута Арифи и Билал Касами е 1.000 гласови, додека бројот на неважечки ливчиња е околу две илјади гласови, односно 4,5 отсто од вкупниот број на гласови.

Во Струга, околу 4 отсто од вкупниот број на гласови, односно повеќе од 1.000 гласови се покажаа како неважечки, додека пак разликата помеѓу Рамиз Mерко и Зијадин Села е помалку од 800 гласови.

Во Чаир бројот на неважечки гласачки лифчиња е пет пати поголем од разликата помеѓу двата кандидати. Неважечки гласачки ливчиња во оваа општина имало 3,5 отсто, односно околу 1.100 гласови, додека разликата меѓу Висар Ганиу и Зеќирја Ибрахими изнесува 200 гласови.

По секој изборен циклус, на избирачките места се појавуваат неважечки ливчиња, но ќе остане мистерија како се постигна рекорден број на неважечки гласачки ливчиња токму во Тетово, Струга и Чаир.

СДСМ продолжува го користи МВР во партиски цели: Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источна Македонија се повикуваат на распит

Владеачката партија СДСМ во изминатиов период пред изборите и за денот на двата изборни круга ја искористија целата државна машинерија, со која дојдоа до победа на овие избори. Изборите кои се одржаа пред две недели и вчера не се признаени од две парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, додека уште една парламентарна партија, Беса, бара предвремени парламентарни избори. Како еден од белезите на овој изборен процес во Македонија сигурно ќе остане целосното активирањето на полицијата во партиски цели на СДСМ.

Според нашите информации, користењето на полицијата во партиски цели за СДСМ не заврши со завршувањето на изборите, владеачката партија повторно го користи МВР, со кое раководи потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, за свои цели. Во текот на вчерашниот ден, но и денеска во полција се повикуваат активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источниот дел на Макдонија, од градовите Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, од општините Чешиново и Облешево.

Според нашите информации ова е само продолжување на притисокот кој се случуваше во текот на вчерашниот ден, како и во текот на целата кампања. Во полициската станица во Кочани се повикан- повеќе лица, кои важат за симпатизери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, врз кои полицијата врши притисоци.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера не ги призна овие локални избори, кои ги прогласи за најнедемократски досега во Македонија, а како еден од примерите дека овие избори се далеку од фер и демократски е фактот, што според него СДСМ, за овие избори си ја стави полицијата во целосен партиски погон. Груевски кажа дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.

-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден беше Груевски.

Дека полицијата имала свое влијание во изборниот резултат смета и претседателот на ЗНМ, новинарот Несер Селмани. Тој на Фејсбук напиша дека Македонците гласале како што им наред полициската држава, а дека кај Албанците победила заробената држава.

-Кај Албанците победи заробената држава. Моите сограѓани Македонци, гласаа така како што им нареди полициската држава. Не им наштетивте на моите Албанци, туку на Македонија, како што Вие ја сакате. Нека Ви се среќа криминалците од мојот род! Фала Ви што ни ги отворивте очите! Вие ги изгубивте највредните Албанци! Среќно!, напиша Насел Селмани на Фејсбук.

Во текот на целата кампања медиумите јавуваа дека полицијата место да го спречува ги чува активистите на СДСМ додека го прекршуваат изборниот законик, давајќи поткуп на граѓаните. Еден од примерите каде што полицијата претставуваше заштитник на владеачката партија можеше да се види и со фотографии во Крива Паланка.

Имено на фотографиите до кои стигна тогаш поралот „Денешен“, се гледа како активисти на СДСМ делат зејтин како поткуп, а во нивна придружба, би можело да се каже нивни чувар е службено возило од МВР.

Синиот автомобил Шкода е во сопственост на МВР

Директното мешање на полицијата со партијата, за СДСМ не беше само пракса во текот на кампањата, тие и на изборниот ден ја искористија полициајта за на разни начини влијаат врз луѓето да ја дадат поддршката за нивните кандидати.

Вчера од рано утрото во Штип бувално вриело полиција низ улиците на градот. Полицијаци застанувале возила и граѓаните, објави вчера порталот „Денешен“.

Граѓани на Штип испратија фотографии до редакцијата на „Денешен“ на кои јасно се гледа дека полицијата се обидува да направи опструкции.

Покрај тоа што полицијата беше директно уклучена во изборниот поткуп и во притисоци врз гласачите на денот на изборите, таа и во текот на кампањата може да се кажа дека падна на испитот за својата работа. Имено, голем број на нерегуларности кои што се случија во текот на кампањата не се решени, а дел од граѓаните коментираат и дека не ни гледаат дека полицијата има идеја да ги истражува и реши. Инаку во текот на оваа кампања еден кандидат за градоначалник доби скршен череп, еден градоначалник ќе беше прободен со нож, убиен беше носител на советничка листа, искршени штабови, но полицијата како за поткупите и за овие, како и за сите други прекршувања на изборниот законик молчи.

Коѕијас: Македонија е дар од Бога, но избрала погрешен кум

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија, но смета дека освен името, главен проблем со неа е иредентизмот.

– Всушност во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема, првиот е досегашната неодговорност, а вториот е чувството на Македонија дека Грција не го сака нејзиното постоење. Јас тоа со моите изрази на афинитет го порекнувам, но тие не сакаат да слушаат, дека нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција не го сака постоењето на оваа држава, како и дека има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција, вели Коѕијас во изјава за урденици за надворешна политика во грчките медиуми – пренесува МИА.

Најавува дека Македонија и Грција ќе формираат комитет, кој ќе направи ревизија на учебниците и ќе се обиде да ги надмине несогласувањата во однос на историскиот контекст.

Коѕијас посетува дека ваков комитет веќе е формиран меѓу Грција и Албанија и оти досега се решени споровите за тоа што во двете земји се изучува во десет од 12 одделенија, но дека двете преостанати се најтешки во контекст на историјата и географијата.

– Ќе создадеме таков комитет и за Македонија. Немаме ништо против да погледнеме во нашите книги и ако во нив има нешто погрешно, немам ништо против да биде коригирано, рече Коѕијас.

Тој смета дека всушност е добро што Македонија постои и нагласува дека доколку Атина и Скопје ги решат проблемите ќе имаат забрзана и одлична соработка, поради сличностите меѓу нив, особено со северна Грција.