Над 100.000 посетители на саемот „Купи куќа, купи стан“

Над 100 илјади грaѓани го посетиле саемот „Купи куќа, купи стан“, кој се одржа од 29 октомври до 1 ноември, покажуваат податоците на Скопје Сити Мол. Согласно пиплкаунтерите, дневно во просек имало по 25.000 посетители.

KKKS-Saem-1На саемот „Купи куќа, купи стан“ учествуваа 20 градежни компании и банки кои влегуваат во проектот. Градежните компании специјално за саемот понудија попусти на становите кои достигнаа и до 200 евра по метар квадратен.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ нуди субвенции на станбениот кредит при купување на куќа или стан, кои може да достигнат и до 14.000 евра. Граѓаните можат да изберат помеѓу два модела – или Владата да плати 50 отсто од учеството при купување на стан или 75 отсто од учеството при купување на куќа или пак првите пет години Владата да плаќа половина од месечната рата од кредитот за отплата на стан или 75 отсто од ратата за куќа.