Илиоски: СДСМ купува време, Дума, наместо во ДИK, оди во пензија

Во очекување денеска Државната изборна комисија да го избере генералниот секретар, највисокиот изборен орган во државава денеска ќе остане без членот делегиран од СДСМ, Виолета Дума, бидејќи собраниската Kомисија за избори и именувања ќе ја разреши од функцијата зашто таа го исполнува законскиот услов за старосна пензија. Вториот мандат на Дума во ДИK траеше само 10 дена. Ова дополнително ќе го одолжи екипирањето на ДИK, за Kомисијата конечно да почне со обврските за подготовка на изборите во април зашто за избор на нов член на предлог на СДСМ ќе поминат најмалку уште 10 дена.

Претседателот на Kомисијата за избори именувања, Зоран Илиоски, обвини дека ова е уште едно алиби на СДСМ со цел да нема или да ги одложи изборите.

Од СДСМ вчера одбија да коментираат и за разрешувањето на Дума и за обвинувањата дека бегаат од избори.

– На состаноците на работните групи на СДСМ му беше укажано дека Дума го исполнила условот за пензија во септември годинава и да предложат друг кандидат за член на ДИK. § укажавме и на пратеничката група на СДСМ, но тие инсистираа Дума да остане нивен кандидат. Kомисијата ја предложи и Собранието ја избра Дума, бидејќи во Изборниот законик нема ограничување за избор на член на ДИK. Но, според Законот за разрешувањето, има таков услов и Дума ќе биде разрешена според тој закон – ни изјави Илиоски.

По ова, Собранието уште денеска е можно да распише оглас за избор на член на ДИK. Јавниот повик трае осум дена и, како што вели Илиоски, за 10 дена Kомисијата за избори и именувања ќе му предложи на Собранието да го избере новиот член на ДИK по предлог на СДСМ.

– Со ова СДСМ сака да купи време и да бара алиби за одложување на изборите – вели Илиоски.

Од СДСМ нема информации кој ќе биде нивниот нов предлог за член на ДИK. Се шпекулира дека на местото на Дума ќе дојде поранешната пратеничка Цветанка Иванова. Според наши информации, досега со Иванова никој од партијата не разговарал за функција во ДИK.

Kомисијата за избори на ДИK вчера попладне требаше да ги селектира кандидатите што се пријавиле на јавниот повик за генерален секретар. Претседателот на ДИK, Александар Чичаковски, ни потврди дека по селекцијата на кандидатите, денеска на јавна седница ДИK ќе го избере генералниот секретар. Според Чичаковски, на огласот се пријавиле и вработени во ДИK и надворешни лица.

Со измените на Изборниот законик ДИK има зголемени ингеренции. Покрај надлежноста за Избирачкиот список и теренската проверка, Kомисијата ќе може да поведува кривични и прекршочни пријави и да одлучува од аспект на можна злоупотреба во изборни цели кога некој од дополнителниот или заменик-министер ќе стави вето.

Извор: Дневник