Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи јавно се заканува!

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи јавно се заканува, објави Медиа.мк. По одлуката на Судот да не определи мерка притвор на барањето на СЈО за 8 лица опфатени во нивната истрага, специјалната обвинителка реши да се стави над Уставот, законите и над Република Македонија и јавно преку нејзиниот фан клуб на социјалната мрежа Фејсбук порача:

Fatime-zakaniТие мислат дека преживеале? Многу згрешат само што почнаа да тонат!

За јавна закана и јавно вршење притисок, малтретирање во вршење служба, казната затвор е од една до 5 години затвор по член 143 до Кривичниот законик. Ако на ова се додаде и незаконско влијание на сведоци, на Фатиме Фетаи и се заканува плус казна затвор од една до 3 години.

Ова не е прв пат јавните обвинителки да се ставаат над Уставот, законите и да изигруваат Господ. Претходно, веќе се поднесени кривични пријави против СЈО за исти и слични дела, особено за закани и влијание врз сведоци.

Zakon-zakaniНа фан страната на Фатиме Фетаи, граѓаните реагираат дека таа треба да биде обвинител, а не старлета која ќе се фали и заканува преку социјални мрежи.

Граѓаните и порачуваат да внимава кој тоа ќе си замине, бидејќи како СДСМ порачува, така СЈО испорачува!, пишува Медиа.мк.

Fatime-fanovi