Пишев: Најдобрата инвестиција на СДСМ е Верушевски, а најдобар проект им се криминално стекнатите материјали

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев,  денес му реплицираше на Сугарески кој е пратеник од СДСМ.

-Зар ти имаш колега доблест да зборуваш за мене, или да делиш лекции за морал и етика, ти најде да ме ставаш во уста? Што се качуваше како мајмун на маса, и што се дереше на секоја седница? Вие ли од СДСМ најдовте да зборите кој како се однесувал, па тука некој мјаука како мачка,  некој се качува на претседателско столче, тропате со шишиња,  вербално провоцирате и навредувате. Јас знам дека немаш храброст да ми го кажеш тоа во лице и вчера тука си држел митинг за мене, а знаеш дека не сум тука. Па не биди кукавица, зборувај за мене кога и јас ќе сум тука.

Јас знам дека кај вас нема креативност да поднесете добар проект, добра идеја, добар закон, но да се занимавате со мене иако тоа може да ми биде и комплимент, сепак вие и вашата партија го допревте дното. Тука на комисија и место да зборувате за законот, вие зборувате за мене. Јас знам дека ви се избројани деновите и немате ништо попаметно да правите па се занимавате со мојот среден прст. Јас знам дека може сум ви болка бидејќи прв го открив криминалот на Заев, ама имајте доблест и храброст и почекајте ме и јас да бидам присутен во просторијава, рече Пишев.

Тој им порача на пратениците на СДСМ дека граѓаните одамна ги прочитале и ја знаат нивната политика.

-На граѓаните на Република Македонија им се повраќа од вас, посебно овие денови, што од вашето плачење кај странските амбасадори, што од вашата уништувачка политика. Значи Горанчо, во Македонија стана пракса, чим е СДСМ во опозиција, почнуваат навреди, конфликти, протести, деструкции, блокади и слично. Од вас веќе не се очекува ништо друго. Ако знае некој во салава да ми наброи 3 проекти од програмата на СДСМ, ако воопшто и ја има, јас ќе му честитам, но ако пак го прашам кои се десетте глупости или криминали на СДСМ, како од пушка веднаш ќе наброи најмалку 5-6. Еве јас знам која е најдобрата инвестиција на СДСМ, тоа е Зоран Верушевски, а најдобар проект што сте го извадиле пред јавноста се криминално и незаконски стекнати уценувачки материјали. Јас искрено ве жалам вас, вие излеговте од комунистичката партија на Македонија, од удбашка организација, затоа ви се овие методи на оцрнување. Ви ја разбирам нервозата и потребата да се занимавате со се и сешто, но никогаш со нешто битно. Ви ја разбирам и фрустрацијата, но не ве терав јас вие неславно да се запишете во историјата како партија која бега од сопствениот народ, како партија која бега од избори, вие влеговте во историјата како лигави и размазани млади невестулиња, порача Пишев.

Тој им посочи на опозиционерите дека  историјата памети, за комити и предавници, за удбаши и страдалници, а денес и за плашливци и патриоти.

-Не МВР, не ДИК, сите министерства да ви ги дадеме пак ќе седите во глувчечка дупка, пак ќе бегате од изборите  како ѓавол од темјан.

Не знам дали знаете но, народот мисли дека имате нов лидер во СДСМ, тој да ти бил странец, а Заев си се вратил како црпнат муртински муфтија.

Но, се ова  завршува на 5 јуни, ВМРО ќе слави, а вие од СДСМ како и секогаш ќе си плачете. А, вас ве охрабрувам да продлжите да зборувате за мене, а вашите медиуми да пренесуваат. Зар има поголем доказ дека нема медиумски мрак? Нека е бериќетна десеттата победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот Пишев.