НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица

Vice-Fatime

СЈО не успеа да покаже дека важи за институција со посебен капацитет за спроведување на законите и правдата, онака како што беше договорено со Договорот од Пржино каде што беше предвидено СЈО да биде составено од врвни професионалци и луѓе со висок морален кредибилитет и интегритет. Напротив, корупцијата и скандалозното однесување на збирот лица собрани во СЈО одамна ги премина сите граници на непрофесионалност и политикантство.

Во петокот, во рибниот ресторан „Пеликатник“ во Струмица, околу 15.00 часот била остварена средба помеѓу обвинителката која беше задолжена за противправното апсење на Едмонд Темелко, Фатиме Фетаи, заедно со уште неколку лица од СЈО, од една страна, и Боби Заев братучед на Зоран Заев, како и братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев од друга страна.

На средбата била договарана стратегијата за политичкото делување на Специјалното Јавно обвинителство, кое во наредниот период треба да служи како главно орудие на Заев и СДСМ во недостиг на идеи, програма и реално политичко дејствување, пред изборите закажани за 5-ти Јуни.

Сметката во ресторанот била платена од страна на фирмата „Струмица Табак“ која е со 100% грчки капитал.

Потсетуваме, дека Фатиме Фетаи беше фатена и во интимна врска со кумот на адвокатот на Зоран Заев, Гаврил Бубевски со кој Фатиме често била забележувана како ги напушта просториите на СЈО, а од извори во обвинителството дознаваме дека често биле затворени заедно во канцеларија.

Дополнително, Гаврил Бубевски служи како курир помеѓу Заев и Катица, преку кој се испраќаат пораки, а за возврат Бубевски и помага на Фетаи да напредува во кариерата.

Извор: Инфомакс.мк