Вардар јуниор лига: Академија 1 продолжува да „дели лекци“

Vardar-Junior-1

Екипата на Академија 1 во рамките на Вардар јуниор лигата во 6 коло одиграно викендов ја победи Општина Кисела Вода Вардар со 14-4, продолжувајќи суперорно во својата генерација 2004/05. Тие се лидери на табелата со 11 бода, од 6 натпревари.

Ново Лисиче Вардар се уште чека кикс на лидерот, и заостанува два бода. Тие во ова коло со 8-2 го победија тимот на Академија 2.

На табелата води Академија 1 со 11 бода, Ново Лисиче Вардар има 9, Оптина Кисела Вода вардар 4 и Академија 2 е без бодови.

Обидувајќи се да им се обезбедат повеќе натпревари на девојчињата од генерацијата 1998/99, Ракометната Академија Вардар им обезбед одигрување на дополнителни натпревари. Овој викенд нивни противници беа младинските екипи на Вардар од истата старосна генерација. Победи Вардар со резултат 27-12, но најважно е девојчињата од Ракометната Академија да имаат што е можно повеќе натпревари преку кои би собирале искуство. Претходно Академија 1 и Академија 2 одиграа и натпревари со девојчињата од РК Раднички Белград кога овие гостуваа во Скопје.

Кај најмладите ракометари, родени 2006 – 2009 година имаше и најмногу одиграни натпревари, вкупно 6. Лидерот Академија 3 останува на врвот со огромна предност во однос на другите екипи. Академија 3 одигра два натпревари и двата ги доби со убедлива предност. Прво беше победен Ѓорче Петров Вардар со 12-3, а потоа и Општина Кисела Вода Вардар 2 со 8-2.