Жерновски да упати јавна благодарност и извинување до Самсоненко

vardar

Го повикувам градоначалникот Жерновски доколку има доблест да излезе на прес и јавно да му се заблагодари на г-динот Сергеј Самсоненко за изградбата на капиталниот проект во општина Центар, бидејќи е единствениот проект за овие 3 години од владеењето на Жерновски со оваа општина, напиша на својот ФБ профил советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, Елена Петковска.

-Би сакала да го запрашам дали не се срами кога пред година ипол излезе на прес и обвинуваше дека изградбата на Академијата за дечиња е раскрчмување на државниот капитал ? Во минатото кога градежното земјиште се продаваше во затворена просторија во четири очи по багателни цени, како што е примерот со земјиштето за изградба на Рамстор, оваа локација каде сега се изгради овој грандиозен проект за млади фудбалски надежи беше отуѓувањето спроведено по пат на јавно наддавање, каде г-динот Сергеј ја купи оваа градежна парцела нешто повеќе од пола илион евра, од кои 40% завршија во буџетот на општина Центар односно приход од 220.000 евра, напиша Петковска.

 Таа додава дека Академија по светски стандард е изградена во центарот на Скопје, грандиозен проект, прекрасна инстиуција за развој на сите млади фудбалски индивидуи и развој на спортот за здрави спортски навики на младите генерации.

-Две осветлени фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандард, предавална за теортска и спортска настава, просторија каде што ќе можат родителите за прв па да ги следат своите дечиња како работат и тренираат во најсовремени услови по свески стандарди кои ги имаат најголемите европски клубови.  Додека некој како Жерновски се обидуваѓе да манипулира со јавноста и да обвинува за раскрчмување на државен капитал, други инвестираат во капитални проекти во општина Центар, со кои може да се гордееме !, напиша Петковска.