2.339 години од смртта на македонскиот цар Александар III Македонски

Aleksandar-Makedonski

Денеска, 10 јуни 2016 година се одбележуваат 2.339 години од смртта на најславниот македонски син, војсководец и цар Александар Македонски. Во ноќта на 10 спроти 11 јуни 323 година пред Христос, во 33 година од својот живот, во Вавилон почина македонскиот цар Александар, син на Филип II и Олимпија, ученик на Аристотел. Тој го освои нејголемиот дел од тогашниот познат свет и се смета за еден од најважните личности во целата светска историја.

Aleksandar-Makedonski-mozaikНа 22 јули 356 година пред новата ера, пред 2.372 години, во македонската древна престолнина Пела, се роди Великиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот.

Со неговите 33 години живот остави длабоки траги во историјата на човековата цивилизација. Македонската цивилизација која ја градеше стана основа на Нова Европа и на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам кој заради профитната логика на мултинационалните корпорации помесните етноси, јазици, религии и култури ги интегрира со асмилијација до физичка ликвидација од земјината топка.

Со своите походи, на кои неговата војска за осум и пол години помина 18.000 километри, создаде Империја каква што до ден денешен не постоела во пространство, ниту пред него, ниту по него.

Великиот Цар Александар Трети Македонски, Крал на Македонија и Хегемон на Елините, Крал на Вавилон и Фараон на Египет, Цар на Персија и Крал на Ариевците, е најголемиот император во светската историја!

Тој е единствениот војсководец на сите времиња, кој своите војски – непобедливите фаланги, ги подигна во невиден воено-научен истражувачки поход. Иако сакал да го открие почетокот на раѓањето на сонцето, а со тоа и почетокот на светот, секаде каде што поминал истражувал, проучувал, градел и носел напредок. На моменти со сила, на моменти со сесрдно прифаќање од оние кои сакале и успеале да погледнат подалеку во иднината.

Великиот Цар Александар Трети Македонски најмногу од сè сакал да се одликува со севкупното знаење, а не со власта која му припаѓала. Со себе го донел најголемиот процут на науката, просветата, културата и слободоумна мисла. Иако неговиот живот траел околу 33 години, а неговото владеење помалку од 14 години, оставил огромно наследство во целиот прогресивен свет, заради што многу други светски императори го имитирале. Неговите воени стратегии и потфати и денес се темел на изучување на светската воена доктрина, неговите истражувања во сите науки се база на научната мисла воопшто, неговото сфаќање за духовната сила и моќта на самосвесноста на секој човек се основа за сите денешни религии, а најмногу од се’, неговиот поглед на микро и макро космосот е фундаментот на човечки подадената рака кон секој кој ја сака и почитува планетата Земја.

Следбеник на Херакле и Ахил во силата и храброста, поклоник на Зевс и Амон во верата и љубовта, жртвеник на Ад и Селена во издржливоста и истрајноста, веселник на Дионис и Баху во хармонијата на звукот, поет на Хомер во топлината на зборот, тој бил и ќе остане симбол на човековата возвишена светост.

Тој го отвори патот на новата цивилизација и од потопот остави само бледо сеќавање за она што значи неукост и дивјаштво, за да го одбележи почетокот на новото раѓање, на новиот милениум. Именуван да биде бранител на човековиот род пред нескротливата природа, до денес остана неповторлив патоказ за сите, свртени кон сонцето и храбри како лав, кои најмногу од се’ ја почитуваат вистината.

Aleksandar-Makedonski-smrtУмре на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера, во Вавилон. Неговата гробница остана енигма до денес, повод е на бројни преданија и локации. Македонците веруваат дека Царот над царевите е погребан во границите на Републиката, како и неговиот татко Великиот Цар Филип Втори Македонски. Божја волја е кога некрополите ќе бидат обелоденети и отворени, светот да ја виде вистината за Македонија и за Македонците!

Сеќавањето за времето на владеењето на Филип II Македонски (359-336) и Александар Трети Македонски (336-323), е навраќање кон македонските корени, на државноста, на културата и историјата на Македонија која има континуитет во време и простор од пред новата ера до денес.

И како што македонските јагули, илјадници години, по мрестењето во Саргасовото море се враќаат во нивниот и наш Охрид, во Македонија, водени од природниот инстинкт и генетски код, така и ние денес се присетуваме на Великиот Цар Александар Трети Македонски, се враќаме во нашата древност, како дел од нашето постоење и иднина.

2339 години од смртта на Великиот Цар Александар Трети македонски не се мала историја, а се само дел од Македонија. Од раѓањето на Македонскиот Император, најславниот војсководец во историјата на човековата цивилизација кој го облагороди светот, а на човекот му го всади духот на македонската култура!

И ние денес, чекорејќи во 2016 година од новата ера, како верници, како поклоници на верата во сонцето, во светлината, во Богот на Сонцето Ра, ритуално, ги прозиваме духовите на македонските цареви и кралеви, да ја благословат, облагородат и вознесат Македонија од исконот до бескрајот!

Вечна му слава на Великиот Цар Александар Трети Македонски, кој духовно нè обединува, каде и да сме.

Aleksandar-Makedonski-imperijaПоменот за Великиот Цар Александар Трети Македонски е порив за одбрана на името на Македонската држава и идентитетот на Македонската нација, на достоинството на Македонците!

Македонија е цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, Македонија е цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Македонија е цивилизација на културниот глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси јазици религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам кој врз основа на профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси јазици религии и култури се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, македонските одамна го совладаа универзумот, затоа што сме цивилизација на сонцето, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа, македонското, секаде каде што не’ има и сме!

И затоа, секогаш кога ќе погледнете во центарот на плоштадот Македонија, во метрополата на државата Македонија, споменикот на Великиот Цар Александар Трети Македонски, отспротива Вардар на татко му Великиот Цар Филип Втори Македонски и на мајка му Царицата Олимпија, нека ве потсети дека оваа држава се вика Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот! Дека сме горди Македонци и достојно ќе го одбраниме името на татковината – Македонија и идентитетот на нацијата – Македонска!

Вечна му слава и памјат на Великиот Цар над Царевите Александар Трети Македонски, Бог да ги благослови Македонија и Македонците! Амин!

Пишува: Тодор Петров