Нов проект на ВМРО-ДПМНЕ: По 3% од добивката на кладилниците за поддршка на македонскиот спорт

Gruevski-VMRO

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најавува нови мерки за спортистите во Македонија, кои ќе поттигнат помасовно занимавање со спортот и огромна поддршка на спортот.

Се работи за 4 нови мерки во оваа област.

1 мерка е Зголемена поддршка на државата за спортските федерации чии дисциплини се олимписки. Ќе се издвојуваат средства од обложувалниците и автоматите, за развој на спортот. Ќе има и законски измени кои по јавна расправа ќе влезат во процедура.

Ќе се утврди правилник за распределба и трошење на средствата. Ќе одат на посебна сметка, 65 отсто за колективни спортови, а 35 за индивидуални. Првите четири години ќесе распределуваат линеарно, а потоа делумно линеарно. Средствата може да се користат за организација на натпреварите во домашните лиги, за организација на репрезентативни натпреварувања, учество на олимпијади, подмирување трошоци за пат, престој, опрема, финансирање тренери, спортски академии. Ќе се користат за уплаќање на членарини и ќирии.

Средствата ќе се користат и за врвни спортисти и за надоместок на работата на членовите на извршното тело.