Ибрахими: Ременски и СДСМ немаат право да зборуваат за социјална политика бидејќи тие создадоа армија невработени и социјалци

ibrahim-ibrahimi-640x411

-Времената техничка министерка Ременски во многу наврати при носење на одлуки, наредби и решенија се повикува на Законот за организација и работа на органите на државна управа, притоа заборавила дека во истиот закон во членот 48  став 2 стои  „(2) Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, но изгледа народната читано – недочитано и Фросина Ременски го толкува законот како што неа и одговара. Како Ременски ќе го оправда своето отсуство од 50 владините седници, бидејќи тоа е местото каде што се носат владините одлуки и се предлагаат законите и политиките на кои таа се повикува, или пак ќе излезе на виделина пред колегите министри нејзиното нејзиното непознавање на институцијата. Фросина Ременски за тоа време се занимаваше со минорни работи, како менување на членови на комисии, префрлање на вработени од едно на др место и намалување на трошоците за гориво за заменик министерот и државниот секретар, вели Ибрахими кој додава дека Ременски и СДСМ немаат апсолутно никакво право да зборуваат за социјална политика бидејќи тие се луѓето кои што создале армија невработени и армија на социјалци.

– Нивната политика кон другите ја покажаа со тоа што при креирањето на листите водеа грижа за лицата кои ќе донесат двојазичност отколку за другите кои ги ставија на недобитни места. Ќе дојде и 12.12.2016 година и Ременски ќе замине во историјата запаметена како времена техничка министерка за спроведување на избори со резултат 0, додава заменик министерот Ибрахими.

Инаку, техничката министерска денес по примерот на нејзиниот лидер во својата реакција продолжи да етикетира медиуми и истата ја упати на погрешна адреса. Ременски својата реакција ја упати до Курир, но појаснуваме дека текстот објавен на Курир е превземен од друг интернет портал, за што уредно стои цитирање на истиот во објавата.