ВИДЕО: За федерализација одберете четири – ова се 10-те опции што ги нуди СДСМ

reklama-telefon-sdsm

Девојка седи во кафуле и треба да избере што ќе нарача. Сепак, наместо класично мени добива два мобилни телефона на кои може да врти. На едниот е СДСМ, а на другиот а ВМРО-ДПМНЕ, така се одвива приказната во новиот рекламен спот на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше пуштен вечерва.

При повикот кон СДСМ, операторот на девојката ѝ дава неколку можности и тоа:

За промена на јазикот, притиснете еден. За промена на името притиснете два. За промена на знамето, притиснете три. За федерализација на Македонија, одберете четири. Според опциите, за виткање на кичмата треба да се притисне пет.

За најновите информации за незаконските тендери на кланот Заеви притиснете шест. Исто така има и опција за „Да донирате едно евро за Вицето“, а тоа е бројот седум. За да јадете живи луѓе, притиснете осум, за да го промените Уставот притиснете девет.

Во рекламата, крајната бројка е нула, а во неа се вели: Ако сакате Заев лично да ви каже дека сте грдото лице на Македонија, притиснете нула.