БЕРИ ПАМЕТ ЗАЕВ, ТИ ДОАЃА КРАЈОТ: Амди Бајрам од Струмица распали по шпионот што сака да ја упропасти Македонија

Бери памет Заев, зашто ти доаѓа крајот. Си бил шпион, си сакал да ја упропастиш Македонија. Тоа не може да го направиш. Заев собирај се полека, полека, рече Амди Бајрам на митингот во Струмица

Бирај памет Заев, зашто ти доаѓа крајот. Си бил шпион, си сакал да ја упропастиш Македонија. Тоа не може да го направиш. Заев собирај се полека, полека. Јас правам поголеми митинзи од тебе низ Македонија, рече Амди Бајрам од коалицијата За подобра Македонија, која вечерва одржува митинг во Струмица.

Бајрам му порача на Заев да ѝ се извини на Македонија за, како што рече, сите обиди за растурање на земјава.

Заев, втор пат ти доаѓам во Струмица. Во вторникот ти бев, а еве и денеска на овој најголем митинг. Тука сум да ти препорачам, полека, има време да се извиниш на Македонија, на македонскиот народ кој живее во оваа држава, овој народ направил сè, таа е на македонскиот народ, а не твоја да ја продаваш и растураш. Нема кантонизација. Тој филм не го гледаш – беше категоричен Бајрам.

miting-vmro-strumica-7

Бајрам побара Заев повеќе да не го заведува народот.

– Тука сме, поголема гужва е во Струмица, отколку во Скопје на твојот митинг. Жално е што овој град, овој добар народ, овој мил народ сакаш да го заведеш. Си го излажал многу пати. Но овој пат, овој народ не можеш да го лажеш. Знае каде е вистината. Таа е со Никола Груевски. Бери памет Заев, зашто ти доаѓа крајот. Си бил шпион, си сакал да ја упропастиш Македонија. Тоа не може да го направиш. Заев собирај се полека, полека – рече Бајрам.

Тој додаде дека на 11 декември доаѓа голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата За подобра Македонија.

– Ние ромите си ја сакаме својата држава. Овојпат победуваме. На 11 декември масовно ве повикувам сите да гласате до 14 часот, да изгласаме сè што треба, а после тоа ситна боранија да му оставиме на Заев. Да плаче како Зајак кој се крие во планина – рече Бајрам.