Ароганција во движење: Шах-мат, пусикет

pendarovski-sdsm-miting-aerodrom

Роден на: 3 април 1963 година во Скопје
Образование: Правен факултет во Скопје
Професија: Ароганција во движење

Стево Пендаровски веќе нема причина да се чувствува осамено. Никола Попоски му одговори на лелеците и повиците за соочување и Пендаровски е повторно на свое. Да се чувствува победено му е познато, но сега друго го мачи – требаше ли да си го бара со боринче.

Човекот кој беше кандидат за претседател на „стока народ“, за кого Македонците „таму се собрани во бачило“ небаре се овци, на овие избори е носител на пратеничката листа во првата изборна единица и ќе му се спротивстави на Никола Попоски, исто така носител на листата во оваа единица.

Пред да си ги одмерат силите на гласачкото ливче, СДСМ побара, а ВМРО-ДПМНЕ прифати јавно соочување на ТВ-дебата. А што видовме од таа дебата – празно столче спроти Попоски.  Пендарвски бил презафатен, бил на ракометен натпревар.

Од друга страна, со целата своја надалеку прочуена ароганција Пендаровски на митинзите им фрла прав во очи на граѓаните со несериозни досетки дека се „чувствувал осамен“, му избегале Груевски од ИЕ 1 и Попоски од студио.

pendarovski-osamen

Сепак, се сретнаа. Еве, и нека не биде важно кој избегал, кој кого бркал. Пендаровски го доби тоа што го бараше и си замина од студиото со наведната глава.

Бомбите на опозицијата, работата на СЈО и судството во Македонија, евроинтеграците, центрите на моќ кои мешаат прсти во македонските работи, од каде доаѓаат странските служби, што сè е проиритет на власта, излез од двегодишната криза што ја наметна СДСМ, се темите на кои Пендаровски остана нем, соборен со факти.

Мора да ја согледате реалноста во очи, граѓаните на Република Македонија треба да ги носат одлуките за тоа која политичка опција да биде на власт. Цело време инсистирате на тоа дека ние сме неспособни да носиме одлуки и дека треба некој од надвор да го прави тоа за нас. Јас целосно не се согласувам со тоа, рече Попоски и нагласи дека нема желба која СДСМ не ја стави на маса, а ВМРО-ДПМНЕ не ја исполни за да ги извади на избори.

Јас се согласувам со господинот Пендаровски дека „ние може само да гледаме и да набљудуваме“. Тоа СДСМ најдобро го прави, гледа и набљудува, не дај боже да треба да имаме некаков проблем да решаваме, не дај боже да имаме некаква криза, бидејќи проверено е во пракса дека не знаат да дејствуваат и да решаваат проблеми, рече Попоски.

На обвинувањата на Пендаровски дека власта не соработува со СЈО, Попоски реплицира дека СДСМ се обидува да воведе приватна правда со ексклузивноста што ја има врз СЈО, а тезата дека редовното судство не функционира за Попоски е неиздржана од проста причина што слично Пендаровски  е еден од актерите кои донесувале одлуки кој ќе биде во судството.

Па ве молам, вие сте биле таму во Кабинетот на претседателот кога сте ги носеле овие одлуки за тоа кој треба да биде во судството. Вие сте човек кој учествувал во носење на сите одлуки за тоа кој треба да биде во судството. Вие сте биле во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Имате политички лидер кој е единствениот аболициран политичар во РМ. Сите други им се криви, едноставно тоа е пристапот и никогаш не оставаат граѓаните да си го изразат својот став, да излезат, да имаме слободни избори и покрај тоа што сите желби им се исполнети. Секогаш некој друг им е крив. Јас предлагам ние да се фокусираме на тоа кој што нуди во државата, затоа што СДСМ сме го виделе на власт, сме виделе како изгледа со 38 процентна невработеност, сме виделе како изгледа кога има само 580 илјади вработени во државава, знаеме и како е сега. Значи, оваа влада е таа која има испорачувано резултати на конкретни работи, рече Попоски.

Шах-мат, пусикет.