СКАНДАЛ СО НЕВАЖЕЧКИТЕ ЛИВЧИЊА: 90% од неважечките ливчиња биле заокружени за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!

DIK-kancelarii

Според информациите до кои што дојдовме, на околу 90 отсто отсто од неважечките ливчиња заокружен бил бројот 1 за коалицијата „За подобра Македонја“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно гласачите јасно и недвозмислено ја изразиле својата волја и поддршка за оваа коалиција.

Вкупно 38.712 неважечки ливчиња изброи Државната изборна комисија на овие парламентарни избори или двојно повеќе од изборите во 2014 година. Енормно повисокиот број отвора сомнеж за можна злоупотреба, а според нашите информации на околу 90 отсто од вкупниот број неважечки ливчиња гласот бил даден за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Ливчињата подоцна биле пречкртувани со цел да бидат поништени.