Еве ја вистината за одлуката на Управниот суд за Теарце

trp-amet640

Управниот суд донесе незаконита и противправна одлука која е водена од политички мотиви за изборното место 2011 во Теарце, изборна единица шест. Во одлуката на судот не се наведени никакви правни основи, туку само општа формулација дека имало низа неправилности, без детали за тоа кои се истите, како се случиле и тој е одговорен за нив.

Темно светло на целиот случај дополнително фрла и фактот што за одлуката гласале тројцата судии Лулзим Салиу, Исмета Амет и со помош на Снежана Трповска е донесена истата.

Журнал уште вчера објави дека Снежана Трповска е судијката за која се зборува дека била искеширана со 400 илјади евра за да гласа за приговорот на СДСМ за прегласување во Теарце на ИМ 2011.

Според најновите информации, судиката Исмета Амет, којa исто така гласаше за прифаќање на неоснованиот приговор на СДСМ била дел од Шарената револуција. Ќерката на Амет беше еден од водачите на “шарените“ и истата беше притворана за дивеењето и вандализирањето низ главниот град. Сопругот на Исмета Амет е познат криминалец, кој лежел во затвор во Италија за дрога.

Од ова произлегува дека одлуката на управните судии за Теарце има чисто политички и финансиски мотиви. Како што веќе објавивме, парите на Трпковска биле дадени во текот на вечерта еден ден пред гласањето во црна вреќа, посредник бил Вице Заев, а конекцијата бил сопругот на Трповска.

Потврда дека Трповска го продала скапо својот глас е фактот што одлуката за прифаќање на приговорот се знаела однапред и кадрите на СДСМ се фалеле јавно за тоа уште пред да биде донесена одлуката.

Во Куманово, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во кабинет на директорката Марина Манојловска, еден од ново избраните пратеници од СДСМ Максим Димитриевски, искоментирал дека успеале СДСМ да завршат работа на Управен Суд.

Со ова се отвора дилема од каде се црните пари, се потврдува дека СДСМ е целосно насочена кон фалсификување на волјата на граѓаните и нејзино поништување. Ова е сериозен случај на поткуп и нова ерозија на правниот состем.