Заев и опозициските медиуми манипулираат: Не се повлекувал од градоначалничката функција, туку само го сменил заменикот

zaev-sekerinska

Она што опозициските медиуми го претставуваат како подготвување на лидерот на СДСМ Зоран Заев за други функции всушност е смена на заменикот-градоначалник, бидејќи актуелниот заменик стана пратеник.

По оставката на Катерина Кузмановска од функцијата советник која ја извршуваше и заменик градоначалничката функција на општина Струмица, Заев вчера изјави дека за свој заменик ќе го постави советникот Костадин Костадинов. Заев ова јавно го изјави на вчерашната седница на Советот на општина Струмица на која се носеше Буџетот.

-Согласно законот сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик Градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов, рече Заев.

На социјалните мрежи веднаш се јави и самиот Костадинов, кој не го криеше задоволството што Заев го најавил како негов “иден заменик градоначалник“.

Сето ова покажува дека Зоран Заев е повторно кабаетлија, не си заминува од златното гнездо- градоначалничка функција во Струмица, ниту пак има поднесено оставка.