Божик неработен за сите, Бадник само за православните верници

Сабота, 7 јануари 2017 година, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.

Бадник, пак, 6 јануари – петок, е неработен за православните верници.

Министерството, воедно, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.