ЦРПКО Е ПАТОЛОШКИ ЛАЖГО: Во записникот од 20 декември стои дека Заев има средба со амбасадорот

zaev-sudenje-puc

Италијанската амбасада во писмо до „Дневник“ објасни дека нивен официјален претставник не се сретнал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денот кога требаше да се одржи главната расправа за „Поткуп“ – 20 декември. Средбата била со т.н. конзуларен кореспондент од Струмица, Стојан Витанов, кој, според амбасадата, ниту е вработен во неа пак е платен за функцијата што ја извршува, што значи не бил нејзин претставник на состанокот со Заев.

Сепак, Заев успеа да добие одложување на закажаното рочиште оправдувајќи се токму со овој состанок, првично најавувајќи го како состанок со амбасадорот, кој подоцна стана конзул, а всушност се работи за конзуларен кореспондент – за кого италијанската амбасада вели оти не настапува во нејзино име.

Kако и да е, Заев успеа да го убеди судот да го одложи рочиштето за „Поткуп“ со тоа што неговата партија достави писмено известување дека навистина се одржал состанок во терминот кога било закажано рочиштето, со нагласување дека на средбата бил присутен конзулот на амбасадата.

Дали италијанската амбасада реагирала до Заев и СДСМ поради тоа што неосновано е искористена како еден вид оправдување за опозицискиот лидер да го одложи рочиштето? Доколку не реагирала, има ли намера? Овие прашања вчера ги испративме до амбасадата, но до затворањето на весникот одговор не стигна.

Во врска со ова што ќе преземе Kривичниот суд во Скопје? Дали сега има основа за санкционирање на Заев поради тоа што известил дека бил на средба со конзулот на амбасадата, кој всушност не е конзул? Од одговорот на судот за „Дневник“ е очигледно дека санкција нема да следува, а според нив, не постои ниту строга законска одредба со која се предвидува казна во ваков случај.

– Во однос на вашето прашање, ве информираме дека судот секако во иднина ќе има во предвид и со должно внимание ќе ги цени причините за оправданоста или неоправданоста на одлагањето на судењето од страна на обвинетите во текот на постапката, а законска обврска на странките во постапките е да го почитуваат судот кој постапува и само на тој начин ќе докажат дека ги почитуваат и се одговорни пред законите на Р. Македонија – велат од Основен суд Скопје 1.

Од таму уште еднаш потврдија дека во записникот од 20 декември стои дека Заев побарал одложување поради средба со италијанскиот амбасадор Kарло Ромео.

Kога станува збор, пак, за конзуларната функција во италијанската амбасада, како што објаснија од таму за „Дневник“, таа формално не постои.

Во персоналот на амбасадата на Италија во Скопје, всушност, не постои функцијата конзул. Со амбасадата соработуваат на доброволна основа и без финансиски надоместок двајца конзуларни кореспонденти, што е предвидено од страна на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Тоа се Стојан Витанов во Струмица и Зоран Ристевски во Битола. Тие не се вработени, ниту се репрезенти на амбасадата. Немаат никаква моќ, дури и оние (ограничени) што се припишуваат на конзулите или на заменик-почесните конзули. Според нашите информации, г. Витанов се сретнал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 20 декември минатата година – објаснуваат од амбасадата.

ВМРО-ДПМНЕ: Судот да не дозволи одложување на следното рочиште

Во врска со ова вчера реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Вистината на крајот покажа дека Зоран Заев неоправдано го одложувал своето појавување во судот затоа што наводно имал некаква средба со извесен Стојан Витанов, лице што не е вработено во италијанската амбасада.

Од партијата апелираат судот да не дозволи следно неосновано одложување на рочиштето за „Поткуп“. Судовите не смеат да подлегнуваат под притисоците за реизбор на судии и треба да ги санкционираат сите лаги. Недозволиво е следното рочиште аболираниот Заев да бара да го одложи поради наводна средба со помошникот на водоинсталатерот во некоја од амбасадите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.