Куманово со најзагаден воздух во Eвропа – кумановчани се гушат, градоначалникот слави Нова година

Со 676 мг/м3 ПМ 10 честички, Куманово оваа недела беше најзагаден град во Европа и воедно 50%  повеќе од било кој друг град во државата. Додека градоначалникот Зоран Дамјановски го нема никаде и додека неговиот партиски шеф Зоран Заев е во Грција, за жал кумановци го дишат најзагадениот и најотровниот воздух во Европа. Додека Куманово се гуши, СДСМ не прави ништо.

Куманово стандардно има 14- 15 пати повеќе од максимално дозволената концентрација на ПМ10 честички од 50 мг/м3. Градоначалникот Зоран Дамјановски- Циц го нема, од општината велат дека поради новогодишните празници се намалени активностите на администрацијата.

Граѓаните на Куманово бараат итни мерки од надлежните институции за намалување на загадувањето.Велат дека во централното градско подрачје не се дише.

СДСМ ја има апсолутната власт во општина Куманово веќе 26 години, со градоначалник и мнозинство во Советот од редовите на СДСМ. Кумановци дишат отров, како поседница на тоа што власта на СДСМ немаше ниту еден еколошки проект цели 26 години, вклучително и мандатите на Оливер Спасовски, како екс секретар на општината.

Прашањето кое се поставува е каде е гасификацијата на СДСМ и Заев која ја најавуваа во Куманово. Енормното загадување најдобар доказ дека нема ефект, односно таа не се спроведува. Исто така, нејасно е што направи Оливер Спасовски како секретар на општина Куманово против загадувањето?

Дали првиот човек на СДСМ, Зоран Заев се чувстvува одговорен што Дамјановски и Спасовски ги трујат кумановчани и додека Куманово се гуши, СДСМ не презема ништо. СДСМ е на власт во Куманово цели 26 години,  а резултатот е дека Куманово е најзагаден град во Европа.

Овие неславни европски рекорди во загадувањето на Куманово зборуваат и за неуспешноста на таканаречената “гасификација” што ја навестуваа СДСМ и Зоран Заев. Исто така, свој дел од одговорноста за загадувањето на Куманово има Спасовски, кој долги години беше секретар на општината.

Негативните ефекти од загадувањето се неколкукратни и предизивикуваат пред се проблеми со дишењето,но и проблеми на кардиоваскуларниот систем алергиски реакции на кожата.

Фактите говорат дека локалните власти на СДСМ од Куманово со децении не прават ништо, а кумановчани го дишат најзагадениот воздух во Европа. И додека загадувањето во Куманово расте, НВО платениците на СДСМ и Сорос молчат. Истите оние кои секојдневно ја обвинуваат власта за загадувањето, сега ги нема никаде да протестираат пред општина Куманово. Очигледно, за соросовите платеници воопшто не е важно здравјето на 110.000 жители на општина Куманово.

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово бара итни мерки од градоначалникот и од локалната самоуправа за намалување на загадувањето на градот. Куманово,посочија е најзагадениот град, а е лидер по бројот на заболени од грип и други заболувања од загадувањето во државата.

Оттаму обвинија дека градоначалникот и локалната самоуправа не преземаат никакви мерки за намалување на загадувањето.Да беше спротивно, додаваат Куманово немаше да биде лидер во загадувањето во државата.Од општинскиот комитет побараа од локалната власт да преземе мерки кои што нагласија СДСМ во изборната кампња ги ветуваше за намалување на загаденоста.

И додека Зоран Дамјановски и Оливер Спасовски никаде ги нема, а кумановци го дишат најзагадениот воздух, Зоран Заев одмора на чист воздух во хациендата на Халкидики. Во Струмица нема мерна станица за мерење на загадувањето на водухот. Граѓаните се жалат дека се гушат, а не знаат со колкава количина загаден воздух се трујат нивните деца.